Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
„ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти. Тоа беше занаетот ...
Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште ...
Покраинскиот суд во Хамбург донесе привремена мерка со која на германскиот неделник „Дер Шпигел“ му се забранува да објавува и шири тврдења што го поврзуваат српскиот претседател Александар Вучиќ со наводна вмешаност во случајот „Сараево Сафари“. Од Судот во петокот соопштија дека мерката се однесува на наводите со кои се создава сомневање дека Вучиќ бил вмешан во активности поврзани со таканареченото „сафари“ за време на опсадата на ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...
Зголемена фреквенција на возила и утрово е регистрирана на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, каде голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за патување кон грчките летувалишта. Според информации од патници кои утрово ја минале границата, на македонска страна, односно на граничниот премин „Богородица“, се формираат колони поради зголемениот број возила. Времето на чекање за патничките автомобили изнесува околу ...
Бугарија нема промена на ставот во однос на евроинтегративниот процес на Македонија, а фокусот на земјата треба да биде ставен на исполнување на преземените обврски кон Европската Унија, а не на отворање нови прашања со Софија. Ова го порача шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова во изјава за Бугарската национална телевизија. Петрова истакна дека за бугарската страна ова прашање повеќе не се третира како билатерален спор, туку ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе престојува во Нови Сад, каде ќе присуствува на свечена академија организирана по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина., Според информациите од владината прес-служба, свечената академија ќе се одржи во Студентскиот културен центар во Нови Сад. На настанот свое обраќање ќе има премиерот Мицкоски, а пред присутните ќе се обрати и Зорица Митровиќ од Националниот совет ...
Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира. Израел, кој се бори против проиранското движење ...
Најмалку 50 герилци се убиени во судири меѓу сопернички вооружени групи во југоисточна Колумбија, наведува една од вклучените групи. Најсмртоносните борби во последните месеци се случија во колумбискиот департман Гвавијаре, стратешки коридор за трговија со кокаин и нелегална сеча на шума, што стана клучно бојно поле меѓу сопернички вооружени групи кои бараат контрола врз патиштата што го поврзуваат регионот на Амазон со границите на Бразил и ...
Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, вечерва гостуваше во „Тема на денот“ на Сител телевизија при што се осврна на предлогот на опозициската СДС за организирање на референдум за ЕУ и најнапред констатираше дека со истиот се потценува интелигенцијата на граѓаните бидејќи предлогот доаѓа од Венко Филипче, министер во Владата која веќе еднаш неуспешно организираше референдум за промена на уставното име ...
Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ. „По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, на вчерашната седница за пратенички прашања поставил прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до министерот за здравство, Азир Алиу. Како што информира Марков преку објава на социјалните мрежи, двете прашања упатени до премиерот се однесувале на напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, како и на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за неделникот Фокус истакна дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот. Во интервјуто, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер рече дека Русија подготвува нов голем напад врз украинските градови и населби, јавија украинските медиуми. „Разговарав со австрискиот канцелар Штокер, на кого му сум благодарен за неговото сочувство во врска со постојаните руски воздушни напади. Го информирав за нашите разузнавачки податоци кои говорат дека Русите подготвуваат нов голем ...
Суд во Австрија осуди 19-годишен маж на 15 години затвор поради планирање терористички напад за време на концертите на светската поп-ѕвезда Taylor Swift во Виена. Според австриските и германските медиуми, станува збор за Беран А., роден во Австрија од родители со потекло од Македонија. Тој бил прогласен за виновен за обид за убиство и терористички активности поврзани со планиран напад на концертите на Свифт, кои требало да се одржат минатото ...
Филм за контроверзниот рапер Слаткар, познат по стиховната поддршка на промената на името и договорот со Бугарија, доби финансиска поддршка од Министерството за култура. Сепак, темата е за неговата успешна приказна како лице со проблеми со говорот. Агенцијата за филм вчера ги донесе одлуките за прифатени проекти по Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, за кои се обезбедени 93 милиони ...
НАТО реагираше откако руски дрон се урна врз станбена зграда во романскиот град Галац Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска испрати остра порака до Москва по синоќешниот инцидент во Романија, каде руски дрон падна врз станбена зграда и повреди две лица. По разговорот со романскиот претседател Никушор Дан, Руте оцени дека последниот инцидент уште еднаш покажува дека последиците од војната во Украина се чувствуваат и надвор од ...
Владата усогласи нови 20 отсто за полупроизводи и суровини Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со новата владина одлука за намалување и усогласување на царинските стапки се зголемува конкурентноста на домашните и странските инвеститори во земјата. Тој објасни дека мерката се однесува на полупроизводи и суровини што ги користат извозниците во производството. „Донесовме одлука со која се зголеми обемот на полупроизводи и суровини ...
Бројот на невработени е понизок и во споредба со лани Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2026 година е регистрирано намалување на бројот на невработени лица во земјава. Според податоците, невработеноста е намалена за еден отсто во споредба со последниот квартал од 2025 година, додека во однос на истиот период лани падот изнесува 2,3 проценти. Од вкупниот број невработени, 62,4 отсто се мажи, а 37,6 проценти се ...
Ќе се изјасниме кога предлогот ќе стане официјален Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека засега не може да коментира конкретно за идеите околу т.н. „придружено членство“ во Европската Унија, бидејќи, како што рече, сè уште не станува збор за официјален предлог. „Тие размислувања и тие идеи ние веќе ги слушаме подолго време, не би можел ништо да зборувам додека тоа не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште ...
PCC и CV од 5 јуни на американската листа на терористички организации Американскиот Стејт департмент најави дека на почетокот на јуни ќе ги означи двете најголеми бразилски нарко-банди – Primeiro Comando da Capital (PCC) и Comando Vermelho (CV) – како странски терористички организации. Одлуката, како што пренесува ДПА, значи дека двете групи од 5 јуни ќе бидат официјално третирани како терористички организации од страна на САД. „PCC и CV се ...
Инцидент на плоштадот „Крушевска Република“ по нарушување во угостителски објект На 28 мај 2026 година во 17:45 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, полициски службеници привеле 44-годишен охриѓанец со иницијали Д.Н., откако претходно нарушил јавен ред и мир во угостителски објект. Според информациите, тој викал и се однесувал непристојно, по што интервенирала полицијата и го привела лицето. Алкотестот покажал 2,51 промили ...
Томографот од следната недела ќе биде ставен во функција за граѓаните Компјутерскиот томограф за струмичкиот регион од следната недела ќе биде инсталиран и ставен во функција согласно сите стандарди, со што граѓаните ќе добијат нова дијагностичка услуга, изјави министерот за здравство Азир Алиу во Собранието. Тој одговараше на пратеничко прашање за состојбите во струмичката болница, нагласувајќи дека институцијата била затекната со ...
Инцидент во Галац по влегување на беспилотно летало во воздушниот простор Руски дрон ноќеска погодил станбена зграда во Романија, земја членка на НАТО, во град во близина на границата со Украина, при што се повредени две лица, соопшти романското Министерство за одбрана. Според соопштението, едно од беспилотните летала влегло во романскиот воздушен простор и било следено со радар сè до јужниот дел на градот Галац, каде што паднало врз покрив ...
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за трошење синдикални пари во Црна Гора ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон претседателот на Синдикатот УПОЗ, Трпе Деаноски, тврдејќи дека организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, за што биле потрошени околу 60.000 евра. Од партијата велат дека патувањето било финансирано од членарините што членовите на УПОЗ редовно ги плаќаат од своите плати. „Трпе Деаноски, кој ...
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, објави истражувачкиот портал „VSquare“, повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според истите извори, Груевски и натаму престојува во Унгарија, што значително ги намалува шансите за негова екстрадиција во Северна Македонија. Според порталот, државјанството му било доделено врз основа на „државен ...
Во Солун одржан итен состанок за состојбата на премините кон Македонија и Турција Грчките власти најавија пакет нови мерки за намалување на метежот на граничните премини Евзони и Кипи, откако воведувањето на новиот европски ЕЕС систем повторно предизвика долги колони и повеќечасовни чекања за патниците. Одлуките биле донесени на работен состанок во Солун, свикан од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Константинос Гулекас, ...
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ставовите на Филипче се совпаѓаат со бугарските позиции за евроинтеграциите ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека има исти ставови со бугарски претставници во однос на евроинтегративниот процес на Македонија и уставните измени. Од партијата наведуваат дека Филипче и бугарската министерка за надворешни работи „се на ист став“ кога станува збор за ...
Над 14.500 средношколци ќе полагаат државна, стручна и уметничка матура Следната сабота стартува полагањето на екстерните испити од државната матура, на кои оваа година ќе учествуваат повеќе од 14.500 матуранти од целата држава. Согласно законските измени, учениците ќе полагаат три различни типа матурски испити – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Според податоците на Државниот испитен центар, вкупно 14.587 ...
Вашингтон тврди дека има напредок во разговорите Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека сè уште нема гаранции дека претседателот Доналд Трамп ќе даде поддршка за евентуален договор со Иран, иако американските и иранските преговарачи постигнале напредок во разговорите. Изјавата на Венс доаѓа откако медиумите објавија дека двете страни постигнале прелиминарен рамковен договор за продолжување на прекинот на огнот и отворање ...