Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (02.06.2026) со почеток во 10:30 часот ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош (До салата Наум Наумовски Борче – Партизан позади Сити мол Карпош). Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Потоа премиерот Мицкоски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изјави дека нивна цел како Влада не е да ја стават државата во позиција каде што таа само ги отпочнува преговорите, туку да биде во ситуација каде што, доколку се спроведат соодветните реформи во различните области, да може да ги заврши преговорите. -И тука е всушност каде што настанува моментот на постоење на на спор. Односно, убедувањето на најголем дел од земјите ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (02.06.2026) со почеток во 17:25 часот во Владата на Република Македонија ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Ќе биде остварена тет-а-тет средба, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Во 18:30 часот претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет, ...
Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”. “ Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на ...
Работиме на многу фронтови. Речиси го завршивме источното крило на Коридор 8, сега интензивно работиме и на изградба на нови автопати на западното крило на Коридор 8” вели вицепремиерот Николоски во поткастот “ Риштази” “Имено од Страцин до Крива Паланка се изгради експресен пат, изградивме и рехабилитиравме обиколница на Крива Паланка и граничниот премин со Бугарија, сега одиме на втора фаза на проширување на граниќниот премин. Со ЕУ ќе го ...
За година и половина завршивме 37 км и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски во интервју на поткастот “ Риштази”. “ Проблемот е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ...
“За автопатот Скопје -Блаце имаме дел кредит, дел грант со ЕБОР и со договор со ЕБОР да одиме според нивните правила, затоа што за да се изгради еден инфраструктурен објект најважно е да се обезбедат средства. Имајќи предвид дека ги обезбедуваме од таму, ги следиме нивните правила. И според нивните правила сме во финална фаза на избор на изведувач, која велам финално очекувам за максимум недели, не месеци, туку недели, Европската банка за ...
За година и половина отворивме 28 дестинанции, двојно повеќе отколку што имаше цел период пред да бидеме избрани. Имаме најдобри резултати со над 3 милиони патници, очекувам годинава да достигнеме и над 3,5 милиони патници, изјави вицепремиерот Aлександар Николоски. “Откако беше избрана ова Влада, денес имаме 28 нови дестинации, тоа е скоро дуплирање. На пример, скопскиот аеродром беше со 38 дестинации пред да бидеме ние избрани, охридскиот ...
Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, ...
СДСМ соопшти дека повторно ја враќа можноста за коментари на своите објави на социјалните мрежи, на сите платформи, откако пред неполн месец партијата ги затвори коментарите на официјалните профили. Опозициската партија сега повикува на поголема вклученост на граѓаните и јавна дискусија во дигиталниот простор, иако токму таа претходно ја ограничи можноста јавноста да коментира на нејзините објави. Од СДСМ апелираат граѓаните да се вклучат во ...
Ниту еден македонски универзитет не се најде на новата листа „Глобал 2000“, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети, која е составена врз основа на анализа на повеќе од 80 милиони податоци. Најдобро пласиран универзитет од земјите на поранешна Југославија е Универзитетот во Белград, кој се наоѓа на 393. место. Универзитетот во Љубљана е рангиран на 444. место, а Свеучилиштето во Загреб на 522. позиција. На листата има уште ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...
Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, се осврна на актуелната тема за уставните измени како услов што Бугарија и го поставува на Македонија во процесот на евроинтеграциите. Конески истакна дека членството во ЕУ останува стратешки интерес на државата, но дека тој процес треба да се одвива со зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет и врз основа на широк јавен консензус. ...
Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше. Тој повеќе од два месеци не се појавуваше на работа. Во јавна објава на социјалните мрежи, тој напиша дека одлуката е донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Фетаи оцени дека за време ...
Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да ...
Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...
Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...
Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...
Новинарот на ТВ24, Сеад Ризвановиќ, ја критикуваше стратегијата на опозицијата по формирањето на „Фронт за слобода“, оценувајќи дека потегот личи на концепт препишан од Србија и дека не одговара на реалните проблеми во Македонија. „Не знам кој ја прави стратегијата на опозицијата, ама се редат утка до утка“, напиша Ризвановиќ на Фејсбук. Тој важи за новинар кој е критички настроен кон власта. „Се формирал Фронт за слобода? Мислам, ок е да се ...
Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на ...
Шест млади лица од Битола, на возраст од 15 до 22 години, се опфатени со кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, откако, според информациите на Телма, се претставувале како дел од неформалната балканска група „Пантери“, позната по таканаречен лов на педофили. Тие, според пријавата, ловеле потенцијални педофили, ги снимале, јавно ги објавувале и ги омаловажувале. На овој начин, македонската група дејствувала слично како и ...
Редакцијата на Радио Лидер ексклузивно и неофицијално дојде до списокот со девет брендови на млечни производи кај кои, според анализите, биле утврдени разлики меѓу декларираните состојки и реалниот состав на производите. Станува збор за млекари и производи кај кои анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство покажале отстапувања во процентот на млечни масти и протеини, а кај еден производ било утврдено присуство на растителни масти. За ...
Судскиот совет од Основниот суд во Куманово денеска изрече затворска казна во траење од седум и пол години за обвинетата Вангелица Илијевска, откако таа ја призна вината за убиството на сопругот Јован и свекорот Стојан. До пресудата дојде откако Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од Кривичниот законик. Инцидентот се случи ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
„Енвидија“ претстави нов чип за персонални компјутери, со што навлегува подлабоко во потрошувачкиот пазар на уреди интегрирани со технологија за вештачка интелигенција. Нов чекор кон компјутери со вештачка интелигенција Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хванг, при претставувањето на чипот „RTX Spark“ истакна дека станува збор за значајна промена во начинот на кој се разбира персоналниот компјутер. „Ова повторно осмислување на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече ...