Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Попладнево пожар избувна и во скопско Волково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. Ангелов информира дека исто така е изгаснат и ...
Жорге Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина синоќа на 68-годишна возраст. Аргентинските медиуми објавија дека Жорге Меси починал во болница во Росарио по борба со тешка болест. Таткото на Меси бил тешко болен неколку години, а самиот Лионел истакна за време на Светското првенство дека Жорге е во сериозна состојба. Жорге одигра голема улога во кариерата на Лионел, давајќи сè што можел за да ги плати третманите ...
Инцидент го одбележа денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, откако пратеничката Тимеа Кадријај од Алијансата фрли јајца кон вршителот на должноста премиер Албин Курти. Тоа се случи откако Курти повторно побара дополнително време за консултации. Седницата потоа беше прекината, а во салата влегоа неговите телохранители. Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати порака по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај локалноста Карпалак, истакнувајќи дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ. Тој нагласи дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. „Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку ...
Британски „Телеграф“ објавува бомбастична ексклузива под наслов „Љубовницата на Џани Инфантино платена со пари од УЕФА“. „Телеграф“ тврди дека добил докази дека пари од УЕФА и биле исплатени на наводната љубовница на Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на Европската фудбалска унија (УЕФА). Станува збор за шестцифрена сума. Неименуваната жена ги добила парите по наводна афера со Инфантина додека тој бил генерален секретар на ...
Се судрија патнички и товарен воз во близина на Крижевци, Хрватска. Во несреќата според последните информации, повредени се вкупно 14 лица, од кои шест потешко, а машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Судирот се случил во 10:05 часот наутро меѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на на Хрватски железници помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Крижевци. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. ...
Полицијата лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера (7 август) загина 19 годишен мотоциклист од скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера напладне во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и ...
До 13 часот денеска на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а четири се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари во скопскиот регион Активни остануваат пожарите кај селото Брњарци во Општина Арачиново и во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров. На двете локации гори ниска вегетација. Изгаснати четири пожари Под контрола се ставени ...
Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, а последните наоди покажуваат подобрување, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Последните наоди покажуваат подобрување Според Ангелов, и покрај подобрената состојба, потребно е да помине одредено време пред водата официјално да биде прогласена за исправна за пиење. АХВ ќе ја донесе конечната одлука Тој посочи дека одлуката за тоа кога водата ...
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. – По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...
Полицијата уапси возач на автомобил кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа во која вчера во Бутел загина 19-годишен мотоциклист. Тој немал контакт со мотоциклот и со автомобилот кои се судрија, но е дел од причините за несреќата. По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. „На 7.8.2026 во ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска им оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите кај Карпалак. Тој потсети дека станува збор за припадници на резервниот состав на македонската Армија кои ги положиле животите во одбрана на Македонија. „На овој тажен ден, со длабока почит се поклонуваме на сите бранители кои се одзваа на повикот, кои покажаа како се сака сопствената држава“, порача ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 241 случај на инфекции на луѓе се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. Центарот соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 во Македонија, 6 во Романија, 4 ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој престојува во својата прва официјална билатерална посета на Србија. Пред Палатата на Србија за Зеленски беше организиран церемонијален пречек со државни почести. Прва официјална посета на Зеленски на Србија Зеленски пристигна во Белград вчера, а на аеродромот „Никола Тесла“ беше пречекан од српската министерка за рударство и енергетика, ...
Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во ...
Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за ...
Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители, објави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од ...
Претседателот на Стопанската Комора на Македонија смета дека државниот буџет треба да има милијарди во него за да може да створи олигарси како во Русија, коишто ќе влијаат на раководството да се носат прописи коишто ќе ја подобруваат нивната позиција и екстра заработувачка. Тој тоа во Македонија не го гледа. ,,Јас гледам една друга ситуација во којашто меѓу бизнисот не владее единство како што треба да се очекува, затоа што ако владее ќе ...
Црна Гора и Исланд би можеле да влезат во Европската Унија како пакет. Црна Гора веќе има затворено поглавјата и цели членство во 2028 година. Исланд, доколку на референдумот одлучи да ги продолжи преговорите, брзо може да ја стигне. Албанија напредува. Молдавија напредува. Украина напредува. Македонија стои во место, велат од опозициската СДСМ. „Мицкоски вети дека до 1 јуни ќе ја исполни Реформската агенда. Рокот истече. Реформите повеќе не ...
За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати. Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Државниот долг сега ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија”, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, предупредува ВЛЕН. На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори, додава партијата. „Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прав фаќа и ...
Фабрицио Романо синоќа кратко пред полноќ објави трансфер бомба што никој не ја очекуваше – Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона, Роналд Араухо. Како што Романо ексклузивно објави со неговото карактеристично „here we go!“, Араухо ќе му се придружи на Ливерпул како позајмен играч од Барселона. Високиот дефанзивец е член на Барса седум години, за кого одигра повеќе од 200 натпревари во сите натпреварувања и официјално е капитен на ...
Американски претставник соопшти дека е постигнат напредок во преговорите со Иран, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормутскиот Теснец и обновување на вообичаениот поморски транспорт на нафта, пренесува Ројтерс. Американскиот претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека Вашингтон наскоро очекува договор меѓу Иран и Оман за контролата на стратешкиот поморски пат. Таквиот договор се смета за клучен и за ...
Шпанија од полноќ ќе воведе привремени гранични контроли за патниците кои по воздушен и поморски пат пристигнуваат од Италија, со што дополнително ескалира спорот меѓу двете членки на Европската Унија поради мигрантската криза во Сеута. Контролите ќе траат до 7 септември, освен ако околностите во меѓувреме не се променат. Шпанските власти ќе ги проверуваат пасошите, државјанството и, кога е потребно, визите на патниците кои пристигнуваат од ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемената фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути за влез во државата. На граничниот премин Богородица, пак, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на ...
Портокалово ниво на опасност од високи температури е активно денеска. Минималната температура ќе биде од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ...
Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги извршува сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера ги упатуваше на патот на спасението и другите. Кога и умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа ...
Законот е во сила речиси еден месец, полицијата веќе изрекува казни, но малолетници и понатаму можат да се забележат како управуваат со електрични тротинети, иако тоа е забрането со новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што објави ТВ Алфа, и покрај новите правила со кои се забрани управување со електрични тротинети за лица помлади од 18 години, низ населбите и маалските улици сè уште може да се видат деца ...
Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој треба да ја обедини расцепканата државна ИТ инфраструктура, да ги намали трошоците за одржување и да обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ посочи дека во моментов државните информациски системи и опрема се распоредени на повеќе од 20 различни дата-центри ...