Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...

Поранешниот фудбалер Њукасл, и репрезенаттивец на Бразил, Бруно Гимараеш, го комплетираше својот трансфер во екипата на Арсенал откако беше промовиран официјално како нов играч на англискиот фудбалски шампион. Целиот трансфер е околу 87.5 милиони евра, а Гимараеш се обврза на верност до 2030 година. Гимареш ќе игра со број 39 во чест на својот татко, кој бил таксист во Рио де Жанеиро, а бројот 039 бил неговиот официјален број на возилото кое ...

Соединетите Американски Држави се на три месеци од меѓуизбори на 3 ноември, гласање кое би можело длабоко да ги преобликува последните две години од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп и да одреди кој ќе го води Конгресот додека земјата се подготвува за претседателските избори во 2028 година. “Мидтерм” избори се нарекуваат така бидејќи се одржуваат во средината на мандатот на претседателот. Сите 435 членови на Претставничкиот дом, ...

Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се ...

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од 40-дневната операција насочена кон ослабување на руската воена логистика и зголемување на притисокот врз Москва за прекин на војната. На крајот на јуни, Зеленски ја задолжи безбедносната служба на Украина (SBU) да ја спроведе операцијата, која заврши со напади врз десетици руски танкери што го снабдуваа окупираниот Крим и уништување на бројни ...

Автобус со полски средношколци заглави на рампата за качување на траект на линијата Оребиќ–Корчула, поради што сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“. Траектот „Илок“ требало да исплови во 14 часот, но автобусот не можел ниту да се качи, ниту да се симне од траектот. Сообраќајот повторно бил воспоставен околу 15:15 часот. Според сведоштвото, капетанот на траектот се обидел со маневрирање да го ослободи ...

Бугарското Министерство за надворешни работи го повика украинскиот амбасадор по денешниот инцидент со воен дрон што се урна на бугарска територија, во близина на границата со Романија. Според прелиминарните информации од бугарските институции, леталото најверојатно било од типот „Маја“, дрон што, според локалните медиуми, широко го користи украинската војска. Од бугарското Министерство за одбрана соопштиле дека првичниот преглед на ...

Во Албанија стапија во сила измени на Законот за сообраќај со кои значително се заоструваат казните за опасно однесување на патиштата. Најстрогата мерка предвидува трајно одземање на возачката дозвола за возачи кои повторно ќе бидат фатени како управуваат возило со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта, откако претходно веќе биле предупредени или казнети за истиот прекршок. Построги правила се воведуваат и за возење без дозвола. Возрасните ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека вонредни избори во Србија ќе се одржат најдоцна во рок од три месеци, оценувајќи дека на нив ќе се одлучува иднината на државата. Изјавата ја даде на политички митинг во Белегиш, во општина Стара Пазова. Вучиќ истовремено зборуваше и за економските резултати, тврдејќи дека Србија во првата половина од годината имала највисока стапка на економски раст во Европа според податоците на Евростат. ...

Осумгодишно девојче од Гостивар се здобило со тешки телесни повреди откако синоќа било удрено од автомобил „јагуар“ на улицата „Марко Симоновски“, соопшти полицијата. Возилото било со гостиварски регистарски ознаки, а го управувал 31-годишниот А.О. од Гостивар. „На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, ...

Софија се најде меѓу десетте туристички дестинации со најголем ризик од џепарење и други улични измами, според анализа на платформата Compare the Market. Бугарската престолнина е рангирана на осмото место, со резултат од 29,19 на индексот за ризик од кражба на паричник, а покрај џепарењето, туристите се предупредуваат и на прескапи такси и измами во менувачниците. Како места каде што е потребна особена внимателност се наведуваат Централната ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Полициската станица Центар, осомничен дека без основ употребил физичка сила врз лице кое веќе било лишено од слобода и со врзани раце. Станува збор за А.Т., вработен како помлад полицаец во ПС Центар при СВР Скопје. Според МВР, на 24 мај околу 2:53 часот, кај фонтаната во Градски парк на булеварот ...

НЛБ Банка ги предупреди граѓаните на нов обид за фишинг-измама во кој преку лажни СМС-пораки се злоупотребуваат името и брендот на банката. Во пораките од примателите се бара итно да ја „ажурираат сметката“ преку приложен линк, со закана дека во спротивно сметката ќе им биде блокирана. Од банката нагласуваат дека не стојат зад овие пораки и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични податоци, броеви од платежни ...

Масовна тепачка меѓу навивачи на Динамо Загреб и Хајдук Сплит избила на паркингот на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб, во моментите кога приврзаниците на Хајдук се враќале од Литванија. Навивачите на сплитскиот клуб се враќале по натпреварот во кој Хајдук победил со 5:2 во квалификациите за Лигата на Европа. Според информациите од настанот, се претпоставува дека дел од навивачите на Динамо однапред знаеле кога пристигнуваат навивачите на ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран го известил Вашингтон оти не планира да воведува такса за минување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи протокот на нафта и гас од Персискиот Залив да се врати на нивото од пред конфликтот. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат“, рече Венс во ...

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Оттаму наведуваат дека во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли ...

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде ...

Стариот земјен пат на Пелистер, изграден во периодот на Првата светска војна, ќе биде обновен и повторно ставен во функција како пешачка и велосипедска патека што ќе ги поврзе Големото Езеро и Брајчино во Преспа. Проектот е дел од пошироката програма на Националниот парк „Пелистер“ за подобрување на пристапот до планината, заштита од пожари и развој на еко и активниот туризам. Со возобновувањето на стариот француски пат, од инфо-центарот на ...

Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент. Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ...

„Децата“ на Венко Филипче се децата на предавникот Зоран Заев, талогот од СДСМ испливува на површина, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. – „Деца“ осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина. Христијан Ефтимов, внук на Заеви, и Илија Стојанов, негов другар, ...

Дрон што носел значителна количина експлозив денеска влегол во бугарскиот воздушен простор од Романија и експлодирал во близина на Трансбалканскиот гасовод, на околу еден километар од компресорска станица кај граничниот премин Кардам. Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека леталото потоа се урнало во поле и дека во инцидентот нема жртви ниту штети на објектите. „Дрон што носеше значителна количина експлозив утрово влезе во бугарскиот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не верува оти Србија може брзо да стане членка на Европската Унија, а изрази сомнеж и дека сите европски земји се подготвени да го поддржат членството на Украина. Изјавата ја даде по првата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград. „Во овој момент не гледам можност за брз влез на Србија во ЕУ. Не верувам дека сите Европејци се наклонети и кон украинското членство. Тие ...

Охрид утре, 9 август, ќе биде првата станица на големиот музичко-сценски проект „Силно светнал ден“, создаден по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. Настанот ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“, а влезот за посетителите е слободен. Проектот ќе го предводи Игор Џамбазов, кој ќе биде главен лик, домаќин и раскажувач, додека режијата е на Дејан Пројковски. Преку музика, театар, поезија, танц и современ ...

Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на ...

Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 20:40 часот ги лишиле од слобода Ѓ.Ш. (33) и С.Ш. (29), двајцата од Велес, откако претходно била поднесена пријава за запуштање и малтретирање на дете. Полицијата, заедно со претставници на Центарот за социјални работи Велес, извршила увид во домот во кој престојувале родителите со нивните пет малолетни деца. При увидот било утврдено дека во домот немало основни услови за живот и за соодветно ...

Двајца 20-годишници биле повредени во физичка пресметка меѓу две групи што се случила синоќа пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. Во инцидентот бил употребен и нож. Случајот во СВР Тетово бил пријавен во 23:50 часот, а повредени биле Е.М. и А.Р., двајцата на возраст од 20 години и од селото Камењане. По преземените мерки, во 01:25 часот во Клиничката болница во Тетово полицијата го лишила од слобода А.Р. Само пет ...

Голем пожар избувнал денеска околу пладне во скопско Волково, при што огнената стихија зафатила куќа која целосно изгорела. При интервенцијата бил повреден и еден пожарникар, кој се здобил со изгореници на раката, пренесе Плусинфо. Според жителите, пожарот најпрво избувнал во мал канал, по што пламените јазици брзо ги зафатиле дрвјата во близина. Силниот ветер дополнително го разгорел пожарот, кој преку сувата ливада се проширил до куќата. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35