Македонското друштво „Илинден“ од Тирана побара официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, покрај албанскиот. Иницијативата е упатена до градоначалникот на општината, претседателот на Општинскиот совет и општинските советници. Од друштвото посочуваат дека барањето се темели на Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија. Со него се гарантираат правата на националните ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, тврди дека опозициската партија располага со информации од Брисел дека Владата веќе договорила конкретни чекори и дека прави пресврт во однос на своите претходни ставови. „Се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали што пристигнаа и од Брисел, Берлин и од Париз. ...

Од вкупно 14 пожари на отворен простор регистрирани денеска во Македонија, еден сè уште е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Најсериозна е состојбата кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, на месноста Стојанова Населба. Огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, а противпожарните екипи работат на негово локализирање. Под контрола се пожарите на ...

Товарен брод под индиско знаме потона во Црвеното Море откако бил погоден со проектил во близина на западниот брег на Јемен. Сите 14 членови на екипажот се спасени, меѓу кои 13 индиски морнари и еден Јеменец, објави „НДТВ“. Бродот „МСВ Фаиз Нуре Олија“ бил нападнат на околу 13 наутички милји јужно од јеменскиот пристанишен град Ходеида, кој е под контрола на Хутите. По нападот, бродот се превртел и потонал. Јеменските сили успеале да ги ...

Италија се подготвува за екстремни температури, поради што од четврток во 27 градови ќе биде активиран највисокиот степен на предупредување. Во делови од земјата температурите се искачуваат до 40 степени Целзиусови, а опасноста од топлотниот бран се однесува на целото население. Црвениот аларм ќе биде воведен од италијанското Министерство за здравство поради силниот топлотен бран кој го зафати поголемиот дел од регионот. Властите ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, оцени дека реакциите на опозицијата на употребата на зборот „талог“ покажуваат дека нејзините претставници самите се препознале во изјавата, иако никој не ги посочил по име. „Проблемот не е во зборот, туку во огледалото! Една изјава беше доволна за целата опозиција да скокне како попарена. Но, зошто? Ако тврдат дека тие не се талогот на општеството, зошто толкава паника и драматизација? Навистина ...

Четворица мажи се повредени во напад со нож што денеска се случил во центарот на Лондон, во близина на туристичкиот Ковент Гарден. Полицијата ја уапсила 47-годишната осомничена, која е задржана под сомнение за напад и поседување офанзивно оружје, пренесе „Си-ен-ен“. Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека повредените се четворица мажи на возраст од 34, 39, 42 и 52 години. Тие биле згрижени на местото на нападот, а потоа сите биле ...

Македонскиот електроенергетски систем засега е стабилен и нема непосреден ризик за домашното производство на струја, иако енергетските проблеми во Европа можат да се одразат врз берзанските цени и врз трошоците на македонските компании. Од Министерството за енергетика посочуваат дека акумулациите се исполнети околу 70 отсто, што овозможува нормално управување со хидропотенцијалот. Во мај годинава во Македонија биле произведени 462.653 ...

Владата повторно излезе со бројки. Растат даноците. Растат приходите. Растат капиталните инвестиции. А во исто време државата излезе на берза со нови обврзници од 41 милион евра – ново задолжување. За две години Мицкоски нè задолжи за повеќе од 2,5 милијарди евра. Ова историјата не го памети. Ова е класичен модел на Мицкоски – причина: • Трета економија во Европа • Први по туризам • Лидери во авио-сообраќајот • Најбрзо растечки плати • ...

Македонското друштво „Илинден“–Тирана побара официјалната веб-страница на Општина Пустец, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Официјалното барање е доставено до градоначалникот на Пустец, претседателот на Општинскиот совет и до членовите на Советот. Од друштвото посочуваат дека иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 за заштита на националните малцинства во Албанија. Со законот се гарантира правото на ...

Лекувањата во странство, контролата на боледувањата и трошоците за ортопедски помагала ќе бидат трите главни приоритети на новото раководство на Фондот за здравствено осигурување, најави директорот Златко Перински. На брифинг со новинарите, Перински се осврна на последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот во 2024 година и најави засилени проверки во областите што ревизорите ги посочиле како најризични. Тој ...

Мечка е забележана во реонот на Отешево, информираат од националниот парк Отешево Според информациите со кои располагаме, денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот на Отешево.Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа, велат оттаму. Доколку сте во контакт ...

Околу 15 семејства беа евакуирани денеска во јужниот албански регион Малакастер поради голем пожар кој се закануваше да стигне до населени места. Од загрозеното подрачје биле евакуирани и добитокот и домашните миленици, додека пожарникарите продолжиле со интервенцијата на терен. Албанија распореди копнени и воздушни сили за да спречи огнената стихија да се приближи до куќите во селото Рибан, соопштија службите за итни случаи. Во исто време, ...

Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат делови на скопската територија, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, поради уличен дефект, вода ќе немаат корисниците на дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од осум часот до завршување со работните ...

Полициски службеник од СВР Скопје е осомничен дека во период од април до јули годинава со злоупотреба на службената положба овозможил противправна имотна корист за себе и за други лица. Според Обвинителството, со неговите постапки Буџетот на Република Македонија бил оштетен за најмалку 85.500 денари. Против него кривична постапка води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски ...

Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...

Сантос забележа минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Ремо во осминафиналето од Купот на Бразил. Стрелец на единствениот погодок беше Рони во 74. минута, по асистенција на Нејмар. Домашната екипа од 28. минута играше со фудбалер помалку, откако Марлон доби директен црвен картон. Нејмар влезе во игра во второто полувреме и имаше значајно влијание врз текот на натпреварот. Провокации по последниот судиски свиреж Тензиите ескалираа по ...

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Ова е почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, професионализам и промоција на Македонија на ...

Осум од најголемите светски нафтени компании оствариле вкупен профит од речиси 93 милијарди долари во трите месеци до крајот на јуни, откако војната со Иран предизвикала силен раст на глобалните цени на енергијата. Според анализата на „Гардијан“, станува збор за првиот целосен финансиски квартал по почетокот на американско-израелската војна против Иран, во кој цената на нафтата достигнала повеќе од 126 долари за барел. Компаниите речиси ги ...

Српскиот државјанин Љубиша Каровиќ, кој на 10 јули за малку ќе беше извлечен од авион на „Рајанер“ откако за време на летот пукна прозорец до неговото седиште, подготвува тужби против авиокомпанијата, производителот на авионот „Боинг“ и производителот на моторите, CFM International, заедничка компанија на GE Aerospace (поранешен General Electric Aviation) и францускиот Safran. Според српските медиуми, Каровиќ и неговиот правен тим, предводен ...

Вистински хорор доживеале две другарки од тетовско. Додека се возеле такстисот се однесувал непримерно, па тие скокнале додека возилото било во движење. Случката во полиција ја пријавил дечкото, на една од девојките. Вчера во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од село Пршовце, тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда, поради сомнение дека ги сторил кривичните дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, информираа од Министерството за внатрешни работи. Исечени 110 стебла без одобрение Според полицијата, на 20 април 2026 година, пријавениот без претходно одобрение и спротивно на Законот за шуми организирал сеча на туѓ недвижен имот, на локалитетот ...

Мајкл Бери, финансиски експерт кој стана познат по своето точно предвидување за финансиската криза од 2008 година, прикажана во филмот „Облог на векот“ (The Big Short), повторно предупреди на опасноста. Иако американската берза во моментов руши историски рекорди, Бери тврди дека ова е привремено и дека чекаме нагло опаѓање на цените на акциите, слично на големиот пад на берзата во 1987 година, пишува CNBC. „Верувам дека сме многу блиску до ...

Владата ја зачувува енергетската сигурност и ги поставува темелите на енергетиката. Тоа го прави со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов. Тој посочи дека е усвоен нов Закон за енергетика кој е целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница. „Со тоа создадовме стабилна и ...

Шведска од 2028 година ќе ја забрани употребата на таканаречените „вечни хемикалии“, познати како PFAS, во производите за широка потрошувачка. Ограничувањето ќе се однесува на облека, обувки, козметика и кујнски прибор, со што земјата ќе биде меѓу првите во Европа што воведуваат толку строги правила пред заедничката регулатива на Европската унија. Шведската министерка за животна средина и клима, Ромина Пурмохтари, изјави дека PFAS немаат ...

Почина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија во поранешна Југославија, пренесе Нова Македонија. Станоевски беше дипломиран економист, а во текот на својата кариера извршуваше повеќе раководни функции во општествено-политичките организации на тогашна Социјалистичка Република Македонија во рамките на СФРЈ. Во првата половина на седумдесеттите години ...

Скопјанец загина откако го удри стебло при дива сеча на дрва во Струшко. Полицијата поднесе кривична пријава против лицето коешто го ангажирало работникот. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Пустошење шуми и Непреземање мерки за заштита при работа. „На 20.4.2026 година, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од ...

Полицијата уапси 15-годишно дете, затоа што возело камион без возачка дозвола. Настанот се случил во Скопје, среде ноќ. Во камионот бил и таткото на детето. „На 5.8.2026 во 2:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на улицата Горно Лисиче полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека ...

Цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар за помалку од еден месец. Тоа е зголемување од 20,6 отсто и е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ. -Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски најави дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривичнаta евиденција од основните судови. „Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75