Британскиот премиер Енди Бернам доби интересен предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, кој вклучува создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија. Поранешниот конзервативец Ник Боулс формално му предложи на Бернам да го поддржи создавањето на зона на слободна трговија што би ги вклучила Европската Унија, Обединетото Кралство, Западен Балкан, Норвешка, Швајцарија и Украина. Оваа зона на ...

Од денеска започнува реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево, соопшти град Скопје. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста за сите граѓани – потенцираат од ...

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...

Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...

Грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) открила и запленила вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција на граничните премини Дојран/Дојрани меѓу Македонија и Грција и Кипи меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со ...

Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски израз, спектаклот ...

Лицата над 65 години се сметаат за ризичнита категорија затоа што се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури, а почесто некои имаат хронични заболувања и користат редовна терапија. Одредени лекови пак може да влијаат врз нормалните реакции на организмот на топлина. Затоа од Институтот за јавно здравје, препочаруваат мерки за ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДС за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“, посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од владејачката партија велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, иако, како ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, ...

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Во 8 ...

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, но состојбата утрово е стабилна. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 7:30 часот нема активни пожари, 25 се целосно изгаснати, а еден пожар останува под контрола. Единствениот пожар кој сè уште се следи е во Општина Крива Паланка, на излезот од градот, во близина на депонијата. Пожарот е ставен под контрола и нема ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски возврати на критиките од Левица по употребата на метафората „талог“ од страна на Драган Ковачки, оценувајќи дека во партијата повеќе ги погодила таа квалификација отколку луѓето од врвот на СДСМ на кои, како што вели, се однесувала. Во објава на Фејсбук, пренесена во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, тој го отвори и прашањето за професионалната биографија на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Очигледно во ...

Алтернатива за Германија (АФД) има најголеми шанси за победа на покраинските избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а според анкетите ужива поддршка од над 40 отсто. Во зависност од резултатите на помалите партии, АФД би можела да освои и апсолутно мнозинство во покраинскиот парламент во Магдебург, што би ѝ овозможило за првпат во повоената историја на Германија да предводи покраинска влада. Помалку од еден месец пред изборите, ...

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 годишнината од независноста во Македонија вечерва започна од Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Во 11 градови преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. На 11 ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека светот се движи кон многу поголем воен конфликт и оцени дека досегашните обиди за создавање мир не дале резултат. Во подкастот „MD MEETS“, тој рече дека не очекува брзо смирување на глобалните тензии. „Ако ме прашате што лично мислам, а нема да објаснувам зошто така мислам, мислам дека сме на почетокот на поголема војна. Затоа се надевав дека некој досега ќе направи нешто за да создаде ...

Седумнаесетгодишник од скопско бил лишен од слобода во Полициската станица Центар, откако физички нападнал полициски службеник кој претходно се обидувал да му помогне бидејќи малолетникот бил повреден. Според пријавеното, на 8 август 2026 година во 8 часот, граѓани пријавиле дека 17-годишникот агресивно и недолично се однесувал. На местото пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, кои забележале дека тој има повреди и се обиделе да му ...

Шкендија го совлада Вардар со 2:0 во големото дерби на Националната арена „Тодор Проески“, но по последниот судиски свиреж фудбалот падна во втор план поради инцидент меѓу играчите на двете екипи. По завршувањето на натпреварот дошло до физичка пресметка меѓу дел од фудбалерите на Вардар и Шкендија. Неколку играчи се бркале низ теренот и влегле во директен конфликт, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидувале да ги ...

Украина негира дека намерно ја таргетирала Бугарија, откако дрон експлодирал во близина на стратешкиот Трансбалкански гасовод, недалеку од границата со Романија. Бугарското Министерство за одбрана претходно соопшти дека леталото било од тип што широко го користи украинската војска. „Во близок контакт сме со бугарската страна за да се разјаснат околностите на инцидентот. Можеме со сигурност да кажеме дека украинските вооружени сили не ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека светот се движи кон многу поголем воен конфликт и оцени дека досегашните обиди за создавање мир не дале резултат. Во подкастот „MD MEETS“, тој рече дека не очекува брзо смирување на глобалните тензии. „Ако ме прашате што лично мислам, а нема да објаснувам зошто така мислам, мислам дека сме на почетокот на поголема војна. Затоа се надевав дека некој досега ќе направи нешто за да создаде ...

Тајфунот „Долфин“ денеска ја погоди источна Кина, а властите евакуираа повеќе од еден милион луѓе поради силниот ветер и обилните врнежи. Центарот на тајфунот стигнал до копното во близина на градот Јухуан, во провинцијата Џеџијанг, околу 17:30 часот по локално време, со ветрови посилни од 150 километри на час. Само во крајбрежниот град Венџоу биле евакуирани повеќе од 900.000 жители, а биле отворени над 1.000 прифатни центри. Поради ...

Жално е да се гледа уште едно промашување на темата, овојпат национална, обединувачка, заедничка – јубилејот 35 години независност на Република Македонија. Сигурен сум дека не го ни изгледал видеото, инаку не би си дозволил да се резили на јавна сцена на овој начин. Што пишал? Во видеото сме виделе „промоција на државотворната политика на СДСМ”. Недостигале само влезот во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ. И додава: „Сè што е позитивно во ...

Момчето кое се здоби со сериозни повреди на рбетниот столб додека летувало во Кушадаси е во стабилна состојба, а лекарите бележат подобрување. Директорот на Клиниката за трауматологија Игор Мерџаноски информираше дека пациентот од денеска почнал нормално да се храни, а веќе е започната и физикална терапија. „Параметрите витални се добри, вчера имаше зголемена температура, направени се тестови, негативни се тестовите на било каква инфекција, ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инфраструктурни и развојни проекти ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави пратеникот Александар Јамалов. Според него, развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети, а инвестициите се насочени кон подобра поврзаност, посовремена инфраструктура и создавање нови можности за локален економски развој. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“, откри дека и денес го чува својот вевчански пасош и дека Вевчани за неа има посебно значење поради својот бунтовен дух, традиција и историја. „Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка“, напиша Сиљановска-Давкова. Таа Вевчани го опиша како синоним ...

Скопската полиција уапсила двајца 26-годишници осомничени дека минатиот месец во населбата Илинден нападнале 28-годишен жител на Арачиново, му се заканиле со пиштол и му одзеле пари. Полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје на 8 август ги лишиле од слобода Џ.А. и А.А., двајцата од селото Брест. Тие се сомничат за кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Според полицијата, разбојништвото се случило на 4 ...

Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград порача дека ставот на Украина за непризнавање на независноста на Косово останува непроменет. Големото украинско знаме отстрането од Приштина Големото знаме на Украина, поставено во центарот на Приштина на почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина како знак на поддршка за Украина, денеска беше отстрането. Видеото од отстранувањето го објави ...

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Возилото му го пресекло патот Според обвинителството, на 7 август околу пладне, осомничениот управувал автомобил „Сеат Алтеа“ по улицата „Радишанска“. На крстосницата со улицата „18“, каде што сообраќајот не е регулиран ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25