Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Утре (12 август) е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски ...

Неочекувано прашање го прекина разговорот на српскиот претседател Александар Вучиќ со граѓаните при неговата посета на Нова Варош. Жена од публиката јавно побара одговор зошто не добила работа за која, како што тврди, ѝ било ветено дека ќе ја добие доколку собере одреден број гласови на изборите во 2020 година. Неочекувано прашање го прекина разговорот на српскиот претседател Александар Вучиќ со граѓаните при неговата посета на Нова Варош. ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...

Сириски суд денеска го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна, јави „Асошиејтед прес“. Братучед на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, исто така беше осуден на смрт на истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара што му претходеше на востанието и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тајно го напуштил минатомесечниот самит на НАТО во Анкара (Турција) користејќи алтернативен воен авион и возило за кетеринг, додека Белата куќа креирала илузија за новинарите дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс Уан“, објави весникот „Вашингтон пост“. Главна причина за оваа вонредна оперативна маневра била сериозна и конкретна закана за атентат врз американскиот претседател од страна на Иран. ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека побарал Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност за каква било злоупотреба на довербата. „Ако не добие обвинение, Артан Груби за десетина дена ќе излезе од домашен притвор во случајот „Лотарија“. Ахмети нагласи дека бара вистинска и неселективна правда, надевајќи се дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи. Ахмети нагласи дека бара ...

Соопштение на Левица Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури. Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не се вознемирува со ...

Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...

Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување. Наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, ...

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува. Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време. „Треба да се ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра, соопштија од Народната банка. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. „И ...

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во политичката комуникација користи поделби на „патриоти“ и „предавници“ и дека со таквата реторика го следи моделот што, според партијата, го применувал Ванчо Михајлов кон своите политички противници. Во соопштение од партискиот Центар за комуникации, СДСМ тврди дека означувањето на политичките неистомисленици како предавници и одроденици било дел од пропагандата на Михајлов, а дека слична ...

Денко Малески Зад вообичаената мантра како „Македонија ја стекна својата независност на мирен начин“, стојат бројни опасни настани како оној за кој сведочи првиот цивилен министер за одбрана Трајан Гоцевски. Интервјуто на Гоцевски со Сеад Ризвановиќ од телевизија „24 “ е за историја. Ососбено неговиот прв дел. Гоцевски раскажува за настанот кој му претрходел на потпишувањето на договорот помеѓу претседателот Глигоров и началникот на ...

Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, обвинуваат од ДУИ. „Спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те години на ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, се осврна на изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека Србија би можела да размисли за промена на текот на реката Ибар, со што Косово би останало без водоснабдување. Рама се осврна и на размената на мислења меѓу министрите за надворешни работи на Србија и Албанија, при што ставовите на Белград ги опиша како политички фолклор. „Многу интересна летна размена на мислења меѓу нашите министри за ...

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, упати жестоки обвинувања и критики до претседателот на ДУИ, Али Ахмети, нарекувајќи го „најневерниот човек што го запознал во животот“. Овие изјави Тачи ги даде за време на своето гостување во емисијата „Pressing One“ на телевизијата Т7, каде што отворено говореше за нивниот долгогодишен политички ривалитет. Тачи истакна дека неговите проценки за лидерот на ДУИ се субјективни, но се засноваат на децениско ...

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишник во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 20:40 часот, на улицата 11 Октомври во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода двајцата малолетници. Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот Кочо Рацин, тие физички го нападнале 14-годишниот малолетник од ...

На 11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“. Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден. Неговата употреба траеше до ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...

Русија стана еден од најголемите продавачи на злато во светот во изминатите 12 месеци. Тоа е обид да се соберат пари за справување со буџетските проблеми, но не е нужно знак за претстојна финансиска криза. Русија продава големи количини од своите златни резерви од почетокот на 2026 година, додека Кремљ се обидува да собере пари за да го покрие големиот буџетски дефицит. Централната банка на Русија неодамна објави дека нејзините златни ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ...

Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погоди земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се стравува бројот на жртвите да се зголеми додека спасувачите трагаат по луѓето затрупани под урнатините, јавува Би-Би-Си. Strong #Earthquake in Pereira 🇨🇴 — footage from the airport shows just how intense and prolonged the shaking was. 😟✈️#Pereira #Airport #Colombia #Temblor ...

Владата даде зелено светло за ново задолжување на Државни патишта. Претпријатието овој пат ќе подигне кредит од 40 милиони евра. Средствата ќе ги стокми преку Комерцијална и Халк банка. За ова Владаа на седница на 4 август издаде државна гаранција и со тоа му одобри на ЈПДП повторно да се задолжи на домашен пазар. За разлика од претходно, овој пат не е јасно прецизирано за што точно е задолжувањето. Во одлуката пишува само – финансирање на ...

Трифун Костовски и Коста Костовски против Северна Македонија во судот во Стразбур кој денеска објави дека упатил официјални прашања до владата за случајот кога на сопствениците на Еуростандард им беше замрзнат имотот во истрагата за пропаѓањето на банката, пренесе Телма. Со тоа, Европскиот суд за човекови права ја почнува првата фаза по апликацијата на Костовски. На таткото и синот Костовски во три наврати им бил замрзнат различен имот, ...

Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...

Обидите на СДСМ да го претвори случајот со водата во Гостивар во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите – реагираат од Министерството за здравство откако претходно денеска СДСМ поднесе кривична пријава против министерот Сашо Клековски и директорите на повеќе здравствени институции, обвинувајќи ги за пропусти и непреземање мерки при загадувањето на водата од гостиварскиот водовод. Наместо политички квалификации и ...

Јасин Мустафа (18 месеци) бил нападнат и искасан од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители за „Рома Прес“. Според нивното сведоштво, кучето најверојатно влегло во дворот, додека членовите на семејството биле заедно на терасата. Детето во моментот било малку пооддалечено од останатите. Кога мајката започнала да го брка кучето, тоа, според кажувањето на семејството, се нафрлило врз детето. Во ...

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја потресе Колумбија, а десетици згради се разрушени, соопштија локалните власти. Разорниот потрес заглави локални жители под урнатините, а има и повредени. Катастрофата беше причина за евакуација на луѓе во низа населени места, сè до главниот град Богота. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар – општина со население од околу 4.800 жители во департманот Чоко, на ...

Колумбиската влада прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени, кој погоди повеќе департмани во земјата и однесе повеќе од 70 животи. Одлуката е донесена поради големината на последиците од земјотресот, чиј епицентар бил во департманот Чоко. Вонредниот одбор за управување со катастрофи, предводен од новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, го прогласи статусот со цел да се забрза ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34