Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија. Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, ...
СДСМ повторно го споредува начинот на кој Христијан Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ со периодот во кој Ванчо Михајлов бил на чело на историското ВМРО, овојпат посочувајќи дека паралелата не е само во политичката реторика, туку и во концентрацијата на моќта во рацете на еден лидер. Од партијата потсетуваат дека Михајлов и неговото крило на ВМРО политичките противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“, оценувајќи дека сличен модел ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината ја потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот. Станбени згради, ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека ...
Адвокатот Умејр Мухамеди излезе со серија тешки обвинувања на сметка на Изет Меџити, актуелен политички противник на ДУИ, притоа споредувајќи го неговиот третман од институциите со постапката против поранешниот вицепремиер Артан Груби. Мухамеди преку повеќе прашања изнесува тврдења за наводен непотизам, криминални структури, приватизирање институции и постоење кривични пријави против Меџити. Станува збор за тврдења на адвокатот, а не за ...
Ова е веќе друг процес на привремено затворање, процес на социјализација на учениците, во правец на постигнување поквалитетно образование, вели Јаневска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја брани идејата за затворање на подрачни училишта и покрај противењата на родителите во дел од засегнатите места. Таа вели дека има случаи на едно дете во еден клас и во едно училиште, што го смета за несоодветно. Целта е поквалитетно ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово, поради сомнение дека лажно пријавил кривично дело. Според пријавата, на 3 март 2026 година тој во полиција пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле околу 3,5 милиони денари. Полицијата презела мерки и извршила проверки, при што било утврдено дека настанот не се случил на начинот на кој бил пријавен. Поради тоа, против ...
Одлуката на Советот Општина Куманово да земе кредит од 1, 6 милиони евра кај комерцијалните банки не е донесена согласно законот, утврдил Државниот инспекторат за локална самоуправа, откако советниците на СДСМ поднесоа преставка за законитост на постапката. Мнозинството во Советот на Општина Куманово на 4 јули годинава, изгласа Општина Куманово да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување ...
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, кои наводно се испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци. Изминатиов период, нагласува МВР, е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Додека државата се празни, дијаспората на Македонија во странство станува се поголема – и тоа не само поради новите иселеници, туку и преку семејствата што тие ги формираат надвор од нашите граници. Како илустрација, според неофицијални податоци, во текот на оваа година во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на Филипинки кои стапиле во брак со македонски државјани и по таа основа се стекнале со право да добијат македонски ...
Јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од Железница ова не може да се направи, вели министерот Николоски Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го опишува како „филмски“ грабежот на електровлечната потстаница во Драчево, кој ресорното министерство минатиот месец го оцени како тежок напад врз критичната железничка инфраструктура. За потсетување, при кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски ...
Важи за еден од најценетите унгарски правници, а неговото назначување се смета за симболичен раскин со досегашниот политички поредок Унгарскиот парламент го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата, пишува Ројтерс. Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес не гласаа. Неговиот мандат ...
Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба. Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места. Во ...
Постигнат е договор за пиперката – куртовска капија, откупната цена за пиперката која ќе се носи во преработувачките капацитети ќе биде 30 денари за килограм. „Оние 25 денари за килограм пиперка што беа спорни на почетокот успеавме таа класа на пиперката да ја вметниме во прва-втора класа, тоа се 80 проценти од родот на земјоделците што припаѓа во таа класа. Добив уверување од откупувачите и преработувачите дека ќе го почитуваат договорот“, ...
„Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење“, пишува градоначалникот Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Неговата ...
Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани. Од МВР информираат дека на 10 август во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба. За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да преземе активности за подигнување на ...
Се очекува дека сегашниот топлотен бран во Италија ќе биде најдолгиот од четирите што ја погодија земјата оваа година и ќе трае најмалку до 17 август, изјави денес физичарот од Универзитетот во Тренто, Лоренцо Џованини. Тој изјави за Анса дека климатските промени влијаеле периодите на екстремна топлина да бидат подолги и почести. Џованини изјави дека сегашниот топлотен бран во Италија ќе трае најмалку до 17 август, кога ќе се наполнат 20 ...
Соопштение на СДСМ Алта банка, блиска до Александар Вучиќ и СНС, продолжува со ширење во Македонија. По Стопанска банка АД Битола, сега влегува и во осигурувањето. ЗОИЛ официјално преминува во Алта осигурување. Во исто време, Владата на Црна Гора го стопира аранжманот со истата Алта банка. Одбиваат да влезат во бизнис со банка околу која има сериозни европски истраги, контроверзии и прашања околу потеклото на парите на банката. Црна Гора оди ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е речиси безбедна за користење и пиење, информираат од Локалниот кризен штаб. Микробиолошките анализи подолго време покажуваат поволни резултати, а последните мерења потврдуваат дека и зголеменото ниво на хлор, кое се користеше за дезинфекција, веќе се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб, Зуди Џелили, во изјава за МИА вели дека одлуката за целосно повлекување на ...
Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција и адвокат се тројца од петте номинирани идни амбасадори за кои Владата неодамна на седница дала зелено светло, пишува „Слободен печат“. Во Атина заминува Филип Пасху, кој на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. ...
Министерството за здравство реагира на наводите изнесени од Левица во врска со состојбата на ПЕТ/КТ скенерот. „Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ), моменталниот застој е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори ...
Од СДСМ потсетија дека членот 30 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната предвидува санкции за прекршочна одговорност доколку организатор на јавен настан истакне погрешно знаме Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол, праша Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Жерновски на денешната прес-конференција посочи дека токму на ...
Соппштеное на Левица 🚨Единствениот државен ПЕТ/КТ, апарат од кој зависи проценката дали малигното заболување се проширило и дали терапијата воопшто делува, со месеци е надвор од функција. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, дел се принудени да одат приватно или во странство и да издвојат околу 1.300 евра, а државата нема ни датум кога услугата повторно ќе биде достапна. Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за ...
Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување полициските службеници. Ова го посочуваат од Независниот синдикат на полицијата од каде истакнуваат дека внимателно ја следат состојбата со проблемот со здравственото осигурување на припадниците на Министерството за внатрешни работи, кој повторно се појавува во Фондот за здравствено осигурување на ...
СДСМ алармира дека во околината на изворот за вода Рашче тлее нова еколошка катастрофа. -Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија. Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар. Страшно е тоа што го гледаме тука на терен. За ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Апсењето следува по претходна пријава поднесена истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола од страна на 21-годишна девојка, државјанка на Шведска. Според пријавата на оштетената, тешкото кривично дело било извршено во ноќта меѓу 8 и 9 август 2026 година во ноќен клуб. ...
Бурни реакции во романската јавност предизвика неодамнешниот случај на напад врз возило на Службата за итна медицинска помош, со повици и за целосна забрана на социјалната платформа „ТикТок“ во земјата. Јавноста во Романија се разбранува откако завчера во селото Речја-Кристур во округот Клуж, во северозападниот дел на Романија, локално население нападнало со секири и камења екипа на Службата за итна медицинска помош, при што било искршено ...