Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на земјава. Прашан како ја коментира изјавата на шефот на литванската дипломатија ...

Работната група не постигна консензус за предложените измени на Изборниот законик, а учеството на Левица во овој процес во ниту еден случај не значи согласност со понудените решенија. Ова денеска на прес-конференција го изјави пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, најавувајќи дека партијата уште денес собраниски ќе го блокира донесувањето на законот доколку власта се обиде насилно да го протурка. Апасиев нагласи дека Левица од ...

Опозицискиот СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик во Собранието, бидејќи содржи решенија кои се недемократски и отвораат простор за злоупотреба и контрола на изборниот процес, кажа денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Филипче го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека власта се обидува да воспостави контролиран систем по примерот на поранешниот премиер Никола Груевски. „Ваков закон ова Собрание не смее да донесе. Ќе ...

Првото Светско фудбалско првенство во историјата со 48 репрезентации кое се одржува во САД, Мексико и Канада ги исполни очекувањата и донесе рекордна посетеност со вкупно 4.644.549 гледачи на стадионите на сите 72 натпревари во групната фаза, јави денеска агенцијата ДПА. Мундијалскиот турнир со тоа го урна рекордот на посетеност на Светското првенство во 1994 година во САД, кое привлече околу 3,6 милиони гледачи, дури и пред почетокот на ...

– Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област. Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и ...

Економската доверба во еврозоната малку се зголеми во јуни, бидејќи очекувањата за инфлација се нормализираа, а цените на нафтата се намалија, бидејќи тензиите на Блискиот Исток се намалија. Ова го покажуваат заклучоците од најновото истражување на Европската комисија за економските услови во еврозоната, објавени денеска на веб-страницата на институцијата. Индикаторот за економската доверба (ESI) на Европската комисија се зголеми на 95 поени ...

По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор. Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство во кој се вртат милионски суми , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како актуелниот директор на Градската болница „8 септември“, Синиша Стојановски, но и актуелниот директор на Фондот за ...

Соопштение на „Сакам да работам“ Разочарани сме што пратениците на најголемите македонски партии не ги прифатија нашите апели. Изгласувањето на законот за игри на среќа и покрај нашите предупредувања и забелешки е јасна и сурова порака за нас вработените. Веројатно не сме подобни за вниманието кое го бараме од надлежните институции. Мнозинството пратеници озаконија политичко – етнички инженеринг. За задоволување на политички поени во ...

Предлогот за електронско гласање на дијаспората отвора сериозен ризик од масовни злоупотреби и неконтролиран изборен процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ваквото решение не обезбедува доволни гаранции за проверка на идентитетот на гласачите и остава простор за манипулации што можат директно да влијаат врз изборниот резултат. „Прво се предлага електронско гласање на дијаспората. ...

Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави за МИА, доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје. Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. – Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни докторката. Таа информираше ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот започнат пред две години и дека е неважно замената на луѓе во ресорите зашто тоа, според него, за граѓаните ќе нема бенефит. – Континуитет на осиромашување на земјата, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа додека регионот оди напред и напредува. Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња ...

Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. Полисијата соопшти дека некои од повредените се тешко ранети и бројот на жртвите може да порасне. Полицајците уапсија осомничен. „Две лица се уапсени, а едно од нив е осомничено“, изјави ...

Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит. Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите што го сакаа, почитуваа и растеа со музиката на Владо Јаневски да присуствуваат на настанот и заедно достоинствено да се простат од големиот уметник. „Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека ...

Критичните минерали стануваат еден од најважните ресурси на 21 век, а државите што располагаат со нив сè повеќе ја препознаваат нивната економска и геостратешка вредност. Во најновата анализа на Телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD) се наведува дека побарувачката за овие суровини продолжува забрзано да расте поради развојот на зелената енергија, електрификацијата и дигиталната трансформација. Според извештајот, кој се ...

Во пресрет на најавената реконструкција на Владата, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ објави отчет за сработеното, истакнувајќи дека Министерството го остава со значително намален буџет, рационализирани трошоци и целосно прераспределени вработени. Со реконструкцијата е извесно дека Демократската партија на Србите ќе излезе од Владата, а Министерството за односи меѓу заедниците ќе го преземе кадар на ...

Со читање на листа од 83 докази што ги предложи обвинителката Спасенка Андонова, денеска продолжи судењето на деветтемина полициски службеници обвинети во случајот „Пулс“. За злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко Илиев, Александар Темелков, Гоце Ристов, Боби Гидиовски, Влатко Наумов и Гоце Иванов. Според обвинителството, тие со злоупотреба на службената положба и ...

Тој смета дека наместо државата да биде лидер во регионот во спроведувањето на реформите и користењето на европските фондови, денес „сведочиме на доцнења, недоволна реализација и отсуство на вистинска реформска волја“ На новинарско прашање да даде коментар за најавената реконструкција на Владата, Османи рече дека изминатите две години јасно ги покажале вистинските намери на владејачкото мнозинство и смета дека персоналните промени нема да ...

Моментот за проширување на Европската Унија е сега и треба да се искористи, порача министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Скопје. Будрис оцени дека постои јасна политичка волја за продолжување на процесот на проширување, но дека земјите-кандидати треба да ги исполнат преземените обврски, паралелно ...

Од партијата посочуваат дека вториот пензиски столб е воспоставен врз основа на анализи на ММФ и Светската банка, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. Според ГРОМ, средствата во вториот пензиски фонд се приватна сопственост на осигурениците и не смеат да бидат предмет на интервенција. Во соопштението се наведува дека евентуално користење на тие средства би имало негативни последици врз идните генерации ...

Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огњен Лазиќ, генералниот директор на Пивара, на денешната прес конференција рече дека скопска Пивара над 50 години дава поддршка ...

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 84,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86,5 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 79,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,796 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,495 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на ...

Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на членката на Извршниот одбор на партијата, Наташа Поповиќ. Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен ...

Договор со коалициските партнери Влен и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија и имињата на новите министри ќе бидат соопштени дури откако ќе заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања во врска со информациите дека Влен го презема ресорот правда од ЗНАМ и што би добила партијата на ...

Марјан Јованов беше претседател на Одбојкарската федерација на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година. Во неговиот мандат беа поставени темелите врз кои подоцна се изградија најголемите успеси на машката сениорска репрезентација на Македонија на меѓународната сцена. Токму во тој период започна создавањето на репрезентација која го направи првиот голем исчекор, со бараж-натпреварот против Чешка за пласман на Европското првенство во ...

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...

Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст. Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе се изврши веднаш потоа на гробиштата во Бутел. Со неговото заминување, ...

Демократската унија за интеграција им се приклучи на трите партнери во владината коалиција (ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ) како потписник на прелог-измените на Изборниот законик кои треба да се усвојат во набрзина подготвена процедура. СДСМ уште под порано ја напушти работната група за изработката на измените во Министерството за правда поради наврапитото укинување на пржинската влада без консензус, а денеска и Левица откажа да се потпише на ...

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на автопатот „Пријателство“ во близина на исклучувањето што води кон меѓународниот аердром „Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила утринава во 5:30 часот кога возило со српски регистарски ознаки удрило во метална ограда и се превртело на патот. Освен возачот на возилото „нисан“, 34-годишниот Н. Џ. од ...

Собранието на акционери на Градски трговски центар го усвои извештајот од работењето за 2025 година во која беше прокнижена уште една загуба на симболот на главниот град. Во извештајот стои дека вкупните приходи за 2025 година изнесуваат 268.929.218 денари, а расходите 287.310.316,50 денари. И покрај зголемувањето на приходите од 120 илјади евра, ГТЦ ја завршил годината со загуба која изнесува 18.281.098,50 денари пред оданочување или ...

Министерството за култура и туризам изрази длабоко жалење по повод смртта на македонскиот музички автор и изведувач Владо Јаневски, оценувајќи дека со своето богато творештво оставил неизбришлива трага во современата македонска музика.” Во соопштението се наведува дека Јаневски бил уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обединил генерации љубители на македонската музика.Од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.64
36%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
1.22
53%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.02
53%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
0.79
42%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.31
37%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
3.58
39%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.59
25%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.45
32%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
49%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
69%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
2.25
67%
1017
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.228

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Иридиум

247560.75

Бакар

12.79

Сребро

1891.04

Калај

52.95

Цинк

0.00

Родиум

260421.05

Кобалт

56.29

Паладиум

41378.01

Злато

130535.25

Алуминиум

3.18

Рутениум

49029.89

Платина

52309.26