Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, доведувајќи ги во прашање неговите академски квалификации и професионално искуство. Апасиев оцени дека во „нормална држава“ професорите стануваат уставни судии, а не обратно, додавајќи дека, според него, објавените четири научни труда не претставуваат биографија што заслужува почит во академската ...
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа. Фактите ги демантираат во целост. Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот модел во една изборна единица и како најразумно решение, бараше целосно укинување на парите за ...
По повеќе од две десетлетија емитување, криминалистичката серија „Нејви“ (NCIS) останува една од најгледаните во светот, а името на Марк Хармон е синоним за нејзиниот успех. Затоа веста за неговото враќање во приказната одекна кај милиони обожаватели. Глумецот ќе го повтори ликот што ја одбележа неговата кариера – истражителот Лерој Џетро Гибс, но овојпат во серија што претходи на оригиналот – „Нејви: Почетоци“ (NCIS: Origins). Враќањето на ...
Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Португалија од 2:1 во еден од најдобрите натпревари пред сè второто полувреме. Хрватската репрезентација поведе со голот на Иван Перишиќ, но Португалија направи пресврт. На натпреварот поради офсајд позиции беа поништени три гола, два на Хрватска и еден на Португалија. – Не е лесно кога ќе примите гол во продолжение. Ни се случи неколку пати, и тоа е навистина лоша одбранбена реакција, а ...
Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе ...
Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост. На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа ...
Властите во Монако ја идентификуваа осомничената за бомбашкиот напад во кој тешко беа повредени украинскиот мултимилионер Вадим Јермолаев, неговата партнерка и нивниот малолетен син. Според француските медиуми, истражителите сметаат дека лицето снимено од безбедносните камери со црна рибарска шапка не е маж, туку жена која се маскирала за да го прикрие својот идентитет. Државното обвинителство во Монако соопшти дека по осомничената е ...
Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. „Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата“, изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на ...
Бројот на жртви во масовниот руски напад врз Киев во ноќта меѓу 1 и 2 јули се зголеми на 30, објави денеска Украинската државна служба за вонредни ситуации. „Пронајдени се уште три тела. Бројот на жртви се искачи на 30“, се наведува во извештајот објавен од Укринформ. Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот руските сили извршија масивен напад врз украинскиот главен град при што беа повредени речиси 100 луѓе и беа погодени неколку делови ...
Американските претставници индиректно ги предупредиле шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денеска „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на американски претставници. Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да ги ...
Двајца македонски тенисери ќе имаат мечеви денеска на терените на ТК Југ во рамки на програмата во сингл конкуренција. Обрад Марковски продолжението од мечот од второто коло против Владислав Орлов од Украина, кој беше прекинат поради темница први водство од 1-0 во сетови за Орлов и 2:2 во гемови во вториот сет ќе продолжи на теренот број 6 во 10 часот. Победникот од овој меч во четвртфиналето на истиот терен ќе игра против Петар Јовановиќ од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на воспоставување домашно производство на ракети за противвоздушниот систем „Патриот“, по големиот руски напад врз Киев во кој беа убиени 27 лица. „За да сигурно ги заштитиме животите нам ни треба сопствено производство“, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, осврнувајќи се на европските производствени проекти во Украина или на партнерските проекти на Киев со ...
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во општина Ѓорче Петров Без ...
Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство откако утрово ја совладаа селекцијата на Алжир со 2:0. На тој начин од програмата на натпревари за 2.јули го комплетираа списокот на од три европски репрезентации што ги продолжуваат натпреварите. Раниот гол на Бри Емболо во 10.минута на Швајцарија и донесе стабилност во играта и натпреварот, а победата беше потврдена со голот на Дан Ндоје во ...
– Цените на нафтата вчера на меѓународните пазари се спуштија под 71 долар за барел, со навестувања за натпревар меѓу производителите во Персискиот Залив до купувачите во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина. Барелот на пазарот во Лондон вчера попладне се тргуваше за 78 центи пониско од вчерашната цена на затворање од 70,79 долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 90 центи и чинеше 67,68 долари. ...
Шефот на сириската дипломатија, Асад ал-Шаибани, вчера од Бејрут изјави дека неговата земја „нема намера“ воено да интервенира во Либан против проиранскиот Хезболах, и покрај повторените повици од американскиот претседател да го стори тоа. За време на посетата на Либан, сирискиот министер се сретна со бројни политички и религиозни лидери, вклучувајќи го и претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, сојузник на Хезболах. Откако дојдоа ...
– Репрезентацијата на Португалија успеа да се пласира во осминафиналето откако ноќеска во Торонто ја победи Хрватска со 2:1 во еден од најдобрите натпревари на Мундијалот. Во следниот натпревар Португалија ќе игра против Шпанија која синоќа со 3:0 ја победи Австрија. По не толку добро прво полувреме исклучително второ одиграа Португалија и Хрватска. Со голот на Иван Перишиќ во 53.минута Хрватска поведе со 1:0. Потоа следуваше поништен гол на ...
Администрацијата на Трамп засега не мора да ги враќа спомениците и изложбите за ропство, расизам и други теми во националните паркови и јавните простори, откако Апелациски суд вчера ја укина привремената наредба на понизок суд со која се бараше да се поништи отстранувањето, јавува ДПА. Предметот се однесува на промените на јавните изложби и комеморативните места извршени од минатата година по наредба на американскиот претседател Доналд ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 ...
Хрватскиот генерал Анте Пркачин во емисија на ТВ Далмација оцени дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исклучително успешно ја води надворешната политика на Србија во многу тежок меѓународен момент, нагласувајќи дека Белград, за разлика од многу други, успева да одржува односи и со Истокот и со Западот. Зборувајќи за позицијата на Србија и начинот на кој Вучиќ ја води земјата, Пркачин го изнесе своето мислење дека Србите, по ...
Репрезентацијата на Шпанија без поголеми напори стигна до осминафиналето откако вечерва ја совлада Австрија со 3:0. „Црвената фурија“ на тој начин ја потврди фаворитската улога. По иницијативата што ја имаа репрезентативците на Шпанија поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 36.минута. Водството Шпанците го зголемија кон средината на вториот дел, а стрелец во 66.минута беше Педро Поро. Конечните 3:0 ги постави Ојарзабал со својот втор гол на ...
Фото: Принтскрин / Фејсбук Срната стара само два месеца, наречена Бамби, која минатата недела беше пронајдена во Кичевско со тешки повреди од нелегална стапица, засега нема да биде евтаназирана, информираат од Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проект“ Срната, пронајдена во поле во Кичевско со тешки рани на нозете откако се фатила во стапица за диви свињи, сепак има исклучително лоши прогноси, но активистите велат дека ќе ѝ ...
Лионел Меси (39) продолжува да блеска на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Аргентина ја заврши групната фаза со три победи, а Меси моментално е најдобар стрелец на турнирот со шест гола. Así revisaron a Lionel Messi 🇦🇷 antes de viajar a Miami.pic.twitter.com/qT1mg1VB9F — En Una Baldosa (@enunabaldosa) July 2, 2026 Во осминафиналето во Мајами, тие ќе се соочат со Зеленортските Острови – градот каде што Меси со години живее и игра ...
Моџтаба Хамнеи – синот на убиениот ирански врховен водач Али Хамнеи нема да присуствува на погребот на својот татко поради сериозни безбедносни закани, потврди претставник на иранското религиозно раководство во Индија. Ајатолахот Хаким Елахи изјави дека одлуката е донесена поради, како што изјави, континуираните закани од израелските претставници насочени кон иранските лидери, проценувајќи дека неговото присуство би претставувало голем ...
Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред едукативниот панел ...
Светската здравствена организација денеска прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, соопштувајќи дека не се пријавени нови случаи од 25 мај. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека и последното лице кое било под опсервација го завршило карантинот, има негативен тест и се вратило дома, што ѝ овозможи на здравствената агенција на ОН и официјално да прогласи крај на епидемијата. За ...
Во кафуле во центарот на Дамаск денеска експлодира импровизирана експлозивна направа при што загинаа најмалку девет лица, а 19 беа повредени, соопшти медицински извор. Изворот од Дирекцијата за здравство во Дамаск изјави за ДПА дека бројот на загинатите во бомбашкиот напад во текот на вечерта пораснал на девет. Меѓу загинатите има шестмина адвокати, додека неколкумина од повредените и понатаму се во критична состојба. Експлозијата се случи ...
Шпанија и Франција се подготвуваат за нов бран екстремни жештини кој во наредните денови би можел да донесе температури до 44 степени Целзиусови, додека прелиминарните податоци покажуваат дека во текот на јуни во овие две земји како последица на високите температури починале повеќе од 2.000 луѓе. Истовремено, здравствените власти во Германија проценуваат дека од почетокот на годината до крајот на јуни жештините придонеле за смртта на повеќе ...
,,Никогаш не сум му сезаканувал на Филипче со затвор реагираше Премиерот на прашањето дека му се заканувал на опозицискиот лидер од собраниска говорница. во „Тема на денот“ на Дневникот на ТВ Сител. Мицковски не се согласува дека се заканувал со затварање на Фличе и дека до таков заклучок бил заради погрешно толкување на тоа што го кажал од говорница како одговор на опозицискиот лидер Филипче на пратеничко прашае во парламентот. ,,Јас не му ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска вети дека неговата земја ќе одговори на масовниот руски напад врз главниот град Киев во текот на ноќта. – Русија напаѓа цивилни цели само за да ја принуди Украина да се откаже од својата државност, да внесе раздор меѓу граѓанското општество и војската. На тоа сметаа во текот на целата војна. Тоа нема да се случи – рече Зеленски. Тој додаде дека Украина „сигурно“ ќе возврати. Бројот на жртви ...