Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања надвор од нивните ресори. Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од небезбедна вода во повеќе од 50 населени места, загадени реки и појава на западнонилска треска. Според СДСМ, додека премиерот Христијан Мицкоски е отсутен, министерот за внатрешни работи Панче ...
По повеќе од две децении американско воено присуство, САД планираат до 30 септември да ги повлечат преостанатите свои војници од Ирак и да ја завршат воената мисија на меѓународната коалиција против Исламската држава во земјата. Одлуката следува по средбата на ирачкиот премиер Али ел Заиди со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД. По состанокот беше потврдено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум“ за завршување ...
Во Македонија е регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска годинава. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Според Институтот за јавно здравје, кај пациентот симптомите започнале на 2 август со покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест. Кај него била дијагностицирана и ...
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери ...
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот Без вода денеска од 8:30 часот ...
Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN. Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. – – – Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес ...
Пожарот во Рамни Габер, Општина Студеничани се уште не е изгаснат, информираше од терен директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој во видео изјава потенцира дека пожарот во моментов е најтежок, а утре рано наутро трите ер трактори повторно ќе гаснат на ова место. Денеска значително ја олеснија работата на пожарникарите но вели тој, линијата на огнот е долга. Пожарот во Рамни Габер, Општина Студеничани се уште не е изгаснат, информираше од ...
Ретко целосното затемнување го достигна својот врв во Исланд, додека е во тек и во други делови од Европа, вклучително и Шпанија. Целосно затемнување на Сонцето ќе помине низ делови од Европа и Северниот Атлантик, при што патеката на целосното затемнување ќе се движи низ Гренланд, Исланд, Шпанија и мал дел од североисточна Португалија. Според Европската вселенска агенција, околните области низ Европа доживуваат делумно затемнување на ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на ...
„Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта“, велат од Левица по денешната прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје Орце прави спектакл за да си го крене рејтингот, велат од Левица по денешната вонредна прес-конференција ...
Шпекулациите за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод, кои брзо се раширија преку приватни пораки и социјални мрежи, за кратко време предизвикаа масовна паника меѓу граѓаните и стопанството. Иако официјалниот лабораториски извештај бр. 6637 на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потврди нула присуство на штетни бактерии, со што беше демантирана небезбедноста на ...
Заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски, и екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, се наоѓаме во село Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране, објави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните населени места. -Поради ...
Чистењето на депонијата, вели градоначалникот, се спроведува иако не е под надлежност на Град Скопје По обвинувањата на СДСМ дека во заштитеното еколошко подрачје на Рашче тлее нова еколошка катастрофа од која под закана се доведува изворот кој го снабдува главниот град со вода, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека, и покрај тоа што не постои основа за ваквите тврдења, депонијата денеска се расчистува. Чистењето на ...
Четиригодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќа, детето е пронајдено и е заедно со своите родители Четиригодишниот Богдан од ...
Во повеќе скопски населби и општини е прогласена епидемија на западнонилска треска, откако од почетокот на годината се потврдени 24 случаи на заболување. Регистрирани се и два сомнителни случаи, а здравствените власти информираат и за еден смртен исход. Епидемијата го опфаќа подрачјето на Кисела Вода, односно реонот на Пржино, како и Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Од 24-те потврдени случаи, 20 ...
Масовна кражба на уметнички скулптури во Салцбург го прекина предвреме проектот посветен на 270-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт. Од поставените фигури исчезнале дури 210 минијатурни позлатени скулптури на познатиот композитор. Германскиот концептуален уметник Отмар Херл во јули поставил стотици позлатени скулптури во родниот град на Моцарт, во соработка со Фондацијата Моцартеум. Фигурите биле високи околу 50 сантиметри и ...
Рекорден број пожари се регистрирани во текот на денот, со 21 активен пожар на територијата на земјава до 17 часот, информира Центарот за управување со кризи. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека станува збор за рекорден број пожари ова лето, а службите се максимално ангажирани на терен за нивно локализирање и целосно гасење. Пожари се регистрирани во повеќе општини низ земјава. Најголем дел зафаќаат ниска вегетација, шума и грмушки, ...
Долгот на Американците по кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годинава, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари забележани на крајот од минатата година, покажаа податоците на Федералните резерви на Њујорк. Долгот за три месеци е зголемен за 21 милијарда долари, а економистите овој раст го поврзуваат со високата потрошувачка и порастот на цените на храната, горивото и другите основни производи, ...
Се чини дека спотот што го лансираше Владата во предвечерието на големиот јубилеј од независноста на нашата држава, 8 Септември, кога државата треба да наполни 35 години, ја промаши поентата. Прво, нејасно е зошто спотот за 35 години независна Македонија односно Северна Македонија, е направен да биде аполитичен. Држава се гради со политика и избегнување на политиката е бегство од грешките, но и од успесите. Замислете странец да го гледа ...
Соопштение на Левица ‼️Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат ...
Затвореникот Бесим Красниќи, кој пред две години беше екстрадиран во државата од Косово, бидејќи за него беше распишана меѓународна потерница за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам, сега избегал од затвор. Поточно, тој добил прекин на затворската казна за лекување, па кога требало да се врати во затвор, тој не се ...
68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото. Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. „Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Македонски рок во Радовиш: На 28-ми август концерти на Меморија и Ареа По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок. На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите „Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме. 28 август 2026 година, Паркинг Орел, Радовиш со почеток од 21:00 – 23:00 часот „Меморија“ и од 23:00 часот „Ареа“. ...
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Натаму во соопштението на Вреди се истакнува: Еве ги фактите. Инвестициите во акции се правени во повеќе ...