Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Обидите на СДСМ да го претвори случајот со водата во Гостивар во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите – реагираат од Министерството за здравство откако претходно денеска СДСМ поднесе кривична пријава против министерот Сашо Клековски и директорите на повеќе здравствени институции, обвинувајќи ги за пропусти и непреземање мерки при загадувањето на водата од гостиварскиот водовод. Наместо политички квалификации и ...
Јасин Мустафа (18 месеци) бил нападнат и искасан од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители за „Рома Прес“. Според нивното сведоштво, кучето најверојатно влегло во дворот, додека членовите на семејството биле заедно на терасата. Детето во моментот било малку пооддалечено од останатите. Кога мајката започнала да го брка кучето, тоа, според кажувањето на семејството, се нафрлило врз детето. Во ...
Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја потресе Колумбија, а десетици згради се разрушени, соопштија локалните власти. Разорниот потрес заглави локални жители под урнатините, а има и повредени. Катастрофата беше причина за евакуација на луѓе во низа населени места, сè до главниот град Богота. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар – општина со население од околу 4.800 жители во департманот Чоко, на ...
Колумбиската влада прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени, кој погоди повеќе департмани во земјата и однесе повеќе од 70 животи. Одлуката е донесена поради големината на последиците од земјотресот, чиј епицентар бил во департманот Чоко. Вонредниот одбор за управување со катастрофи, предводен од новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, го прогласи статусот со цел да се забрза ...
Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...
Во објава на Икс се споделува видео за кое се вели дека е од руската рафинерија за нафта ТАНЕКО во Нижнекамск, која утрово е нападната со беспилотни летала, а која има проектиран капацитет за преработка од околу 15 милиони тони годишно, што ја прави една од најголемите во Русија Најмалку 13 лица, меѓу кои и едно дете, се загинати, а 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало во градот Нижнекамск во руската република Татарстан, ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово. Според информациите се работи за двегодишно дете, кое вчера било донесено во кумановската болница откако се затруло со лекови. „Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било ...
Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за ...
Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на Плоштадот на Уставот, исполнет ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...
Вработен во Итната медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицински персонал во здравствена установа на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 19:30 часот. Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде Ф.С., вработен во Итната медицинска помош, ...
Андоновски додаде дека за ова не им било кажано на граѓаните на Гостивар, а не се преземале ниту мерки за справување со проблемот. „Со години Филипче и власта предводена од СДС добивале извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот. Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и ...
Соопштение на СДСМ Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел – административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина. Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со часови чекање на граница на жега. А самиот го избра Брисел. Од денеска ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата колумна објавена на порталот „Независен.мк“ и на неговата официјална Фејсбук-страница. ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено загрижува фактот што дел од ...
Две лица ограбиле 67-годишна жена на подрачјето на Центар во Скопје, а кога таа тргнала по нив и влегла во автобус обидувајќи се да си го врати ранецот, била нападната со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 14:40 часот од 67-годишната Г.С. од кочанско. Според пријавеното, околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле на жената, по што едното со ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата колумна објавена на порталот „Независен.мк“ и на неговата официјална Фејсбук-страница. ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено загрижува фактот што дел од ...
Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го искажат незадоволството од откупните цени кои не ги покриваат ни производствените трошоци. ...
Од полноќ возачите ќе плаќаат значително пониски цени за гориво, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. ...
Соопштение на Левица: ⚠️Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. 📌Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со основна ...
Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе ...
Унгарија започна со рестартирање на една турбина во нуклеарната централа Пакш во понеделник откако нивото на водата во реката Дунав, која го лади објектот одговорен за производство на половина од електричната енергија во земјата, се зголеми. Нивото на водата во Дунав падна на рекордно ниско ниво во последните недели поради продолжениот топлотен бран и суша низ поголемиот дел од Европа, оставајќи ја централата да работи само со околу 10 ...
Распарчените тела на осум лица се пронајдени во масовна гробница, во јама покрај нелегален рудник во тешко пристапен регион во близина на градот Пукар, во еквадорската покраина Азуај, соопшти денеска еквадорската полиција. Според прелиминарните информации, жртвите се седум мажи и една жена, а нивните тела, кои беа пронајдени вчера, покажувале видливи знаци на насилство, објавува порталот „Комесарио“. Како што е објавено, најмалку четворица ...
Американската сајбер команда започна истрага по серија смртни случаи меѓу нејзините членови и луѓе кои тесно соработувале со единицата, при што најмалку пет самоубиства се регистрирани од почетокот на јуни до почетокот на јули, објави Блумберг. Концентрацијата на случаи во толку краток временски период предизвика загриженост кај военото раководство и Конгресот, а раководството на Сајбер командата ја третира ситуацијата како таканаречен ...
Најновите анализи што ги изврши Центарот за јавно здравје – Велес покажаа дека реките Тополка и Бабуна се микробиолошки загадени и не се препорачуваат за капење и рекреација. Кога на ова ќе се додаде дека езерото Младост веќе две години е под забрана, единствена безбедна опција за граѓаните во Велес остануваат градскиот базен и приватните хотелски базени. Испитувањата на реката Тополка покажаа влошен квалитет на водата уште во нејзиниот ...
Додека Европската Унија работи на воспоставување единствен систем за критичните минерални ресурси, Македонија веќе има наоѓалишта чие истражување трае со децении. Европската иницијатива за создавање Центар за критични минерали беше позитивно оценета од Асоцијацијата на европски геолошки заводи – EuroGeoSurveys. Европските геолози сметаат дека е потребен усогласен систем кој ќе овозможи подобро следење на ресурсите, резервите, наоѓалиштата и ...
Сè уште нема обвинение против Артан Груби иако ВМРО-ДПМНЕ уште во февруари кажа дека судскиот процес за Груби ќе почне наскоро, обвинија од Левица. „Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, ...
Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент за време на интервјуто за „Punchbowl News“, откако новинар директно му возврати на неговото тврдење дека е „еден од најголемите претседатели“ во американската историја. Разговорот со новинарот Џејк Шерман се водел околу можноста демократите да ја преземат контролата врз Конгресот по изборите во 2027 година и можните истраги против Трамп, вклучително и повторно покренување ...