Избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338 000 евра На граничните премини „Дојрани“ кон нашата земја и „Кипи“ кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1 296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценува дека надминуваат 338 000 евра. Од боците со ...

Гренландските власти упатија остро предупредување до американската нафтена компанија „Гренланд енерџи“, поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, откако таа донела опрема за истражувачко дупчење на копно без потребните владини одобренија. Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на критиките од СДС за визуелните елементи на спектаклот „Силно светнал ден“. Од владејачката партија велат дека станува збор за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското државно знаме со осум зраци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС и лидерот на партијата Венко Филипче намерно го оцрнуваат настанот, иако, како што наведуваат, тој бил позитивно прифатен од граѓаните. ...

Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, иако иранската агенција не кажа кога или каде е снимена сцената. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека светот е на почетокот на голема војна која би можела значително да се прошири. Тој ја изрази својата оценка во подкастот „MD MEETS“ на режисерот на „Аксел Спрингер“, Матијас Депфнер. Вучиќ одговараше на прашањето дали светот е на работ на значително поголем конфликт или „војна меѓу Европа и автократи како Русија“, објави 4news.mk – – „Ако ме прашате што лично мислам, а нема да објаснам ...

Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 септември во Скопје. Прикажувањето на знамето предизвика реакции од ...

Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски, се наведува во соопштението од СДСМ. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало ...

Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на – Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за ...

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...

Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и ...

Ал Џезира – Доха Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби планот од 15 точки на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Газа, велејќи дека израелските сили нема да се повлечат додека Хамас не биде „вистински разоружан“. „Израел го одбива документот од 15 точки“, рече тој на седница на кабинетот, нагласувајќи дека Хамас мора да се откаже од целото свое оружје пред какво било повлекување. Трамп на крајот од ...

Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули откако започнаа мерењата, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Ова е за 2,79 степени повисоко од просекот за периодот од 1991 до 2020 година, објави во понеделник одделот за климатски промени на европската програма Коперник, пренесува Хина. На рекордните температури им претходеше невообичаено долг период на топлина што започна кон крајот на пролетта, за време на кој беа ...

Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во непосредна близина на огнената ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот Без вода денеска од ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е снимен на Соборот на трубачи што викендов се одржуваше во српска Гуча. На Орбан друштво му прават Оскар Вилаги, заменик-генерален директор на нафтената компанија МОЛ, и архитектот Даниел Тарацки кој се поврзува со проектирање имоти на семејството на екс премиерот. На видео-снимките, објавени од новинската агенција РИНА, се гледа како Орбан, видно расположен, се шета на собирот и се фотографира со ...

Москва забележува промена во реториката на Софија во однос на Русија и кризата поврзана со Украина по доаѓањето на власт на владата предводена од Румен Радев. Според руското Министерство за надворешни работи, позицијата на Бугарија станала „повоздржана“ и добила „рационални елементи“. Ова го изјави Јуриј Пилипсон, директор на Вториот европски департман на Министерството за надворешни работи на Русија, во интервју за ТАСС. -По доаѓањето на ...

Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, по денешниот прекин на конститутивната седница на парламентот, ги покани лидерите на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово на разговор за формирање на институциите. Курти истакна дека партиските лидери треба да се сретнат во интерес на граѓаните, додавајќи дека идниот претседател на Косово ...

Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој додека управувал возило изгубил свест и удрил во друго возило. Пациентот со повреди бил примен на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде што бил и опериран. Случајот го потврди директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, кој информираше дека во изминатиот период се зголемил бројот на пациенти со повреди од сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, ...

Дерби дуелот од 2 коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигран во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0. Во првиот дел вардарци беа оние кои најлесно ја имаа топката во свој посед и напаѓаа. Сепак, тие напади беа јалови, а од нив може да се издвојат само обидете на Пулео во 13 минута и на Родриго со глава. Тетовци, пак, само еднаш се заканија по вардаровиот ...

СДСМ тврди дека со промотивното видео на премиерот Христијан Мицкоски, по повод 35 години независност на Македонија, всушност се слават нивните државотворни политики. „Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија“, се вели во партиската реакција. Оттаму ...

Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на Кина. Во ...

Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија поддршката во текот на ...

Големите шумски пожари што ја зафатија канадската провинција Британска Колумбија принудија околу 18.000 жители да ги напуштат своите домови, а канадската федерална влада најави помош за обезбедување сместување и засолниште за евакуираните. Пожарот „Балд Ренџ“ ја натера провинцијата да прогласи вонредна состојба. До саботата навечер огнената стихија зафатила повеќе од 10.300 хектари, додека пожарникарите продолжуваат со напорите за нејзино ...

Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Киро Тодоровски кој имаше условна пресуда за изборни нерегуларности во случајот Титаник но беше именуван да ја претставува Агенцијата за разузнавање во Виена со стекнат сертификат државна тајна. По речиси неколку дена молк а по барање на дел од опозициските партиите и јавноста откако побарвме и ние став од Вила Водно во дописот за ТВ 24 наведуваат ...

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. ...

Спорната зделка се однесува на марината и крајбрежното шеталиште во комплексот Луштица Беј кај Тиват, изградени на државно земјиште со површина од околу 18 000 метри квадратни. Како што објави црногорски „Вијести“, Владата на Црна Гора на 29 јуни го прифатила барањето на „Луштица Девелопмент“ со што требало да се овозможи воспоставување заложно право во корист на Алта банка – Белград како обезбедување за враќање на кредитот од 15 милиони ...

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска глетка во самиот центар на унгарската престолнина. Во непосредна близина на унгарскиот Парламент, од речното корито се појавија остатоци од Втората светска војна кои лежеле недопрени 81 година. Случајните минувачи и локалните власти забележале метална конструкција и материјали во калта, по што веднаш биле повикани специјализирани ...

Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава во ресенскиот регион, каде животот го загубил 44-годишен жител на Љубојно. Според информациите од МВР, околу 05:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на влезот во село Брајчино, Ресенско, мотоциклистот В.Т. (44) од Љубојно, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75