Најмалку десет лица, меѓу кои три жени и три деца, загинаа во израелски воздушен напад во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. „Израелски воздушен напад врз градот Деир Канун ал Нахр во округот Тир, според првичните информации, резултираше со десет загинати, меѓу кои три деца и три жени, како и тројца повредени, вклучително и едно дете“, се наведува во соопштението на Министерството, од каде нападот е опишан ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 20 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Во текот на овој ден ве очекуваат многу позитивни настани на полето на работата, па логично е енергично да се движите кон реализација на зацртаните планови. Денеска најверојатно ќе доживеете промена на вашите планови во љубовната сфера. Можна чувствителност на уринарниот тракт. Бик Бикови, иако комуникацијата со соработниците нема да биде ...

Многу интернет корисници мислат дека знаат како да создадат безбедна лозинка, но експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека многу од правилата што луѓето ги следеле со години сега се застарени и недоволни за да ги заштитат своите сметки. Една од најчестите грешки е верувањето дека лозинката е автоматски безбедна ако содржи број или посебен знак. Комбинациите како „Password1!“ се меѓу првите што хакерите се обидуваат да ги пробијат. ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај. Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и ...

Колку пати ви се случило едвај да помислувате на слатки во текот на денот, а потоа навечер одеднаш „морате“ да јадете нешто благо? Чоколадо, колачиња, крем, сладолед, сè што брзо ќе ви даде чувство на задоволство. Експертите велат дека вечерната желба за слатки честопати не е поврзана со вистинскиот глад. Телото всушност се обидува да компензира за нешто друго, енергија, одмор, смиреност или емоционално олеснување. Кога сме под стрес, телото ...

Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...

Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 20.05.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Црвена Вода бр. 7. ( општина Центар ) – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24. ( општина Кисела Вода ) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци. ( општина Карпош ) – во периодот од 09.15 до ...

Панел дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии. На панел дискусијата, што е дел од одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, се предвидува учество на претставници од државава и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Рубен Аморим е фаворит за нов тренер на Бенфика. Тој е без ангажман од почетокот на годината, кога доби отказ од Манчестер Јунајтед. Се очекува Аморим, кој е поранешен фудбалер на „орлите“, да се врати во Португалија по успешниот период во Спортинг, каде што оствари одлични резултати и го привлече вниманието на раководството на Манчестер Јунајтед. Според шпанските медиуми, тој го информирал раководството на португалскиот клуб дека заминува. ...

Двократниот шампион на Вимблдон, Карлос Алкараз, и официјално потврди дека поради тешката повреда на десниот зглоб на раката нема да настапи на овогодинешното издание на „Ол Ингланд Клубот“. Ова значи дека шпанскиот генијалец, кој уште минатиот месец се повлече од Ролан Гарос, комплетно ја пропушта целата пролетна и летна турнеја на земја и трева. Младиот 23-годишен тенисер ја сподели тажната вест преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека ...

Поранешната УФЦ-ѕвезда, Нејт Дијас, се соочува со пауза од дури 180 дена по поразот од Мајк Пери на ММА-спектаклот во Инглвуд, кој беше пренесуван на „Нетфликс“. Дијас призна дека уште во првите секунди од борбата, најверојатно, го скршил прстот на левата рака и токму таа повреда е главната причина за долгата суспензија. Неговиот корнер ја прекина борбата по втората рунда и тој подоцна потврди дека се согласил со одлуката. Покрај ...

Кошаркарски гигант, Фенербахче, официјално се огласи со соопштение во кое јасно ја отфрла можноста за приклучување кон проектот „НБА Европа“. Во соопштението се наведува дека актуелниот договор за лиценца со Евролигата, кој требаше да истече на крајот од тековната сезона, ќе биде продолжен.„Во овој момент, Фенербахче Беко донесе одлука да го продолжи лиценцниот договор со Евролигата. Нашата цел не се однесува само на спортски успех, туку и на ...

Во Барселона доколку Чаби Пасквал во Дубаи од тренерското место би останало празно, а изгледа дека еден од главните кандидати за наследник на Пасквал е грчката легенда Василис Спанулис. Грчкиот стратег е без ангажман од средината на март, кога го напушти Монако поради лошата ситуација во клубот. Иако е млад за тренерската професија, поранешниот плејмејкер на Олимпијакос досега се покажа во одлично светло, а во Барселона веруваат дека би можел ...

РК Мулти Есенс се врати во Суперлигата. Ракометарите на оваа екипа во рамките на последното коло од Првата лига славеа против РК Драчево со 39:25 и со тоа ставија печат на големиот успех. Најдобар стрелец во тимот беше Бобан Поповски со осум гола, пред Немања Џигеровски со седум гола. По две години минати во Првата лига, РК Мулти Есенс и тоа како на убедлив начин се врати во нашата ракометна елита. На 24 натпревари успеа да победи дури на 23. ...

Престедателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиѓ, се огласи по повод недоличното скандирање од фудбалерите на Вардар по освоената шампионска титула во Првата македонска лига. Првиот човек на мак-фудбалот изјави дека разговарал и со селекторот на репрезентацијата, Гоце Седлоски, за кого рече дека не ја пее невкусната песна, но дека можеби добро би било да упати извинување до јавноста. „Ја погледнав снимката неколку ...

Антонио Конте ќе го напушти Наполи по крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот стратег наводно уште пред еден месец го информирал претседателот Аурелио Де Лаурентис за својата одлука, а разделбата ќе биде во добри односи. Италијанецот зад себе остава успешна епизода во Неапол, откако со тимот лани ја освои титулата во Серија А и трофејот во Суперкупот. Во тековната Наполи ќе заврши на втората позиција и од септември ...

Арсенал е шампион на Премиер лигата за прв пат по „Непобедливите“ на Арсен Венгер во 2004 година, откако Манчестер Сити ремизираше 1-1 против Борнмут. Микаел Артета го трансформираше Арсенал во претендент откако ја презеде функцијата од Унаи Емери во декември 2019 година. Неговиот тим заврши како второпласиран во последните три сезони и водеше поголемиот дел од оваа сезона пред Сити да ја намали предноста на Арсенал од девет бода откако ги ...

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДС. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДС. -Во 2017 година кога вашиот поранешен лидер ја презема власта, ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во рамки на 11. ЕУСАИР форум и министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива (AII), остварил серија значајни билатерални средби со европски и регионални партнери, фокусирани на регионалната соработка и процесот на европска интеграција. -За време на средбата со италијанскиот министер за кохезија и европски политики, Томазо Фоти, разговаравме за ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров, информираат од прес службата на владата. -Ве известуваме дека утре 20.05.2026 година (среда) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населено место ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази уверување дека може да се постигне дипломатски договор со Куба. На прашање од новинарите во Белата куќа за можноста за договор со Хавана, американскиот претседател одговори потврдно. – Мислам дека да. Куба нè повикува. Ним им е потребна помош. Сепак, Куба е пропадната држава. На Куба ѝ треба помош и ние ќе ѝ помогнеме – истакна Трамп пред медиумите. Трамп претходно ги оцени комунистичките ...

На 18 мај 2026 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во селото Јурумлери, на крстосницата меѓу регионалниот пат Скопје–Велес и општинскиот пат Јурумлери–Долно Лисиче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (44) од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П. (33) од селото Идризово. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со ...

Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на темата за Изборниот законик, поконкретно за работната група која во моментов работи во Министерството за правда под покровителство на министерот. Тој вели дека СДС е единствената политичка партија која ги напушти преговорите, и според него, тоа е една од недржавотворните одлуки кои опозициската партија ги носи ...

Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто од вкупниот пазарен волумен. Локалниот весник „Шарг“ наведува дека меѓу ...

Бројот на физички и вербални напади врз членови на политички партии и политичари во Германија во текот на изминатата година забележа драматичен пораст, при што најчеста мета биле претставниците на десно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД), покажуваат денеска објавените официјални податоци. Германската полиција лани евидентирала вкупно 5.140 напади врз политичари, што претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2024 година, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија. -Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.39
82%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.61
80%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.39
86%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.48
86%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.84
79%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.12
91%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
40%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.67
79%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.09
73%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
93%
1014
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
5.36
90%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.16
90%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.4226

Currency

71.4567

Currency

37.4477

Currency

38.2887

Currency

66.7639

Currency

7.87774

Currency

0.73849

Currency

0.33248

Currency

0.52512

Currency

1.15642

Currency

0.55977

Платина

53981.10

Родиум

257205.97

Бакар

12.62

Калај

53.31

Паладиум

39288.21

Алуминиум

3.47

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

133489.54

Сребро

2076.79

Иридиум

253540.09