Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со задоволство ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции. ...

ЈП „Комуналец“ Битола се огласи по информациите дека телевизиска екипа била задржана на стадионот „Петар Милошевски“, дека не ѝ било дозволено снимање и дека ѝ била одземена опрема. Од претпријатието ги отфрлаат ваквите тврдења и велат дека станува збор за неовластено влегување во објектот. Во соопштението се наведува дека лицето кое подоцна се претставило како снимател во локална телевизија влегло преку влез наменет за товарни возила, без ...

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека најновите податоци на Евростат укажуваат на раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија, мерено според паритетот на куповната моќ (ППС). Според партијата, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година изнесува 1.142 ППС, со што државата се наоѓа на 16-то место на листата што ја објавил Евростат. Во соопштението се наведува дека Македонија е пред Србија (1.094 ППС), ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5. Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Ако сакате вкус што потсетува на домашната кујна на баба, овој компот од дуња е вистинскиот избор. Ароматичен, златножолт и освежителен, совршено оди како десерт, со колачи или како напиток во студените денови. Потребни состојки: 2 кг зрели дуњи 2 литри вода 600–800 г шеќер (по вкус) 1 лимон (сок) 2 стапчиња цимет 4–5 каранфилчиња (по желба) Подготовка Дуњите измијте ги добро, излупете ги и исечете ги на кришки или коцки. Веднаш ставајте ги ...

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа фотографирани за време на прошетка во Париз, а вниманието на минувачите и медиумите го привлекоа прстените на нивните раце, поради што мрежите дебатираат дали се венчале во тајност. Според фотографиите објавени од популарниот блог на Инстаграм DeuxMoi, Хадид носеше сребрен прстен, додека Купер беше виден со златен венчален прстен. Двојката избра лежерна облека за дневното излегување. Хадид (31) носеше бела маичка ...

На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. -Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл ...

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија. Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во ...

Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување. Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“. Во операцијата учествуваат британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод на ...

Белгискиот репрезентативен играч од средниот ред, Кевин Де Брујне ќе остане во Наполи за сезоната 2026/27, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, 35-годишниот Белгиец, по разговорот со своето семејство, одлучил да не го менува клубот и ќе продолжи да игра за клубот од Наполи. Медиумите претходно објавија интерес за фудбалерот од Интер Мајами. Тековниот договор на Де Брујне со Наполи важи до 2027 година. ...

Турција денеска ги повика Русија и Украина да ги преземат неопходните мерки за зачувување на безбедноста на поморскиот сообраќај во Црното Море, откако дрон погоди турски брод кај руското пристаниште Новоросиск при што тешко беа повредени тројца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Анкара со голема загриженост ги следи нападите врз цивилни бродови во Црното Море, и покрај раните предупредувања. ...

Поп-ѕвездата Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо ја покажаа блискоста и опуштената страна на нивната врска додека одмораа на француската ривиера. Сончевиот Сен Тропе повторно стана место каде што се среќаваат луксузот, познатите лица и медиумското внимание. Katy Perry and Justin Trudeau make a splash during PDA-packed beach day in Saint-Tropez… one year into romance https://t.co/UlxDaM92SQ — Daily Mail (@DailyMail) August ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. -Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...

И ова може да биде вест во Република Македонија. Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. -27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 22 часот ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа и се заканувала, информира МВР. Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 22 часот ја лишиja од ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...

Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин – Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот. За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како што се дијабетесот и ракот. Според ...

Американската вселенска агенција НАСА планира да го продолжи договорот со рускиот Роскосмос за вкрстени летови на екипажи до Меѓународната вселенска станица (МВС) за уште една година, односно година и пол, изјави денеска менаџерот на програмата на МВС во НАСА, Дана Вајгел. „Обично, планираме активности за период од една до година и пол. Нашите мисии во рамките на програмата за вкрстени летови се координираат за тој период“, рече Вајгел на ...

До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци – села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце – села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Системот беше досега таков, затоа што со децении лица ...

Силен поларен бран денеска донесе снежни врнежи на ниски надморски височини низ Нов Зеланд, што предизвика затворање патишта и училишта, како и нарушување на траектниот сообраќај, додека властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Како што објави „Њу Зиланд хералд“, снегот наврна во делови од Јужниот Остров додека студениот временски систем се движеше низ земјата. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данидин да ...

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови. Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен ...

Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со кој повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој. Станува збор за првиот проект од ваков вид во Република Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни училишта ќе бидат ...

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
6.7
41%
1016
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
60%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.84
69%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
37%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 22ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
44%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
3.09
64%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
45%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
94%
1016
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.8834

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Калај

56.14

Злато

149009.07

Родиум

282926.57

Платина

60379.10

Алуминиум

3.25

Паладиум

42824.79

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

2214.40

Бакар

13.17

Рутениум

53852.50