Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото своето семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома. Ги одложува своите настапи за Интер ...

ОВЕН Денеска ќе имате поголема потреба од одобрување и поддршка и во личниот и во професионалниот живот. Доколку не го добиете одговорот што го очекувавте, не го сфаќајте лично – можеби луѓето од вашето опкружување се само зафатени со своите проблеми. Наместо да дејствувате брзоплето, одвојте време да набљудувате и да размислувате. БИК Денеска ставете се себеси на прво место и грижете се за сопствените потреби и желби. Одвојте време за ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, верува дека Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) би направила грешка ако го замени својот претседател, Џани Инфантино. – ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина го замени претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, штотуку го организираше најуспешното Светско првенство во историјата, четири пати поголемо од сите претходни Светски првенства. Ако си оди, Мундијалот никогаш повеќе нема ...

Денес најгласно за состојбата во Македонија зборуваат токму оние политички структури кои со години ја имаа можноста да ја водат државата и да ги решаваат проблемите за кои денес самите држат лекции. СДСМ и ДУИ беа дел од власта во клучни периоди од поновата историја, а денес, наместо со сопственото политичко наследство, се обидуваат да се занимаваат со ЗНАМ. Токму на ова лицемерие во политиката се осврна претседателот на Движење ЗНАМ, Максим ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека за скоро ќе започне асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, посочувајќи дека за нешто повеќе од три месеци биле надминати проблемите што со години ја попречувале реализацијата на проектот. Според него, трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а следниот чекор е поставувањето на првиот слој асфалт. ...

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...

Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили – погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега и ...

Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид. На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука, Весна ...

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет. Спектакуларен примерок на ...

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...

Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...

Турскиот гигант Бешикташ испрати понуда до Душан Влаховиќ и неговиот татко и агент Милош Влаховиќ, нудејќи четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра и дополнителен бонус од 10 милиони евра за потпис, со што вкупната вредност достигнува околу 50 милиони евра. Операцијата ја води претседателот Сердал Адали, а тренерот Винченцо Италијано го посакува играчот со кој соработуваше во Фиорентина. Сепак, поради чекањето на повици од ...

Километарски колони возила се создадени вечерва на граничниот премин Евзони, на излез од Грција кон Македонија, поради огромниот број туристи кои се враќаат од летните одмори. Според информациите од терен, колоната започнува уште кај патарината пред граничниот премин и се протега во должина од неколку километри. Во моментов, за излез од Грција и влез во Македонија се чека околу 5 часа. Долгото чекање е особено тешко поради високите ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе ...

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на ЕП од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. „Првите два напади беа токму онака како што сакавме. Потоа се случи нешто што за мене беше несфатливо – не го следевме тоа што го договоривме. Швајцарија погоди седум тројки во првата четвртина и десет за едно ...

Американскиот кошаркар Китон Валас е нов играч на Макаби Тел Авив. Валас, кој претходните две сезони настапуваше за Атланта Хокс, потпиша двегодишен договор со овој тим. За времетраењето на договорот, тој ќе заработи 2,5 милиони евра. Валас играше за Универзитетот во Тексас, од 2021 до 2024 година настапуваше во „Џи-лигата“ за развојните тимови на Клиперс и Хокс, а претходните две сезони беше дел од главниот состав на тимот од Џорџија. ...

Најбрза во Европа на 100 метри е Ејми Хант од Велика Британија. Таа приреди радост за домашната публика, победувајќи со точно 11.00 секунди пред Полската атлетичарка Ева Свобода. Ѓулето најдалекуго фрли Џесика Схилдер од Холандија. Таа го освои првото злато на првенството со фантастичен резултат од 20.73 метри во шестата серија. Леонардо Фабри oд Италија успешно ја одбрани својата европска титула во фрлање ѓуле со доминантни 22.31 метри. ...

Машката штафета на Велика Британија, 4х200 метри слободно, во состав Мет Ричардс, Џек Мекмилан, Џејмс Гај, Данкан Скот стана нов европски првак и со резултат 7:01.52 минути (нов рекорд на шампионатите) ја победи конкуренцијата. Французите Леон Маршан, Натан Ларжерон, Колен Кристофини, Роман Фукс освоија само сребро, а Германците Лукас Мертенс, Јанис Соргиус, Јарно Башнит, Корнелиус Јан се закитија со бронза. Во женската штафета 4х200 метри ...

Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственик на Амазон, наскоро треба да стане еден од сопствениците на Ливерпул, англискиот фудбалски гигант, објави денес Скај Спортс. Гласините за ова започнаа пред неколку недели, но денес Скај Спортс носи ексклузивни информации дека договорот за купување на третина од акциите на сопственикот во Ливерпул е близу до реализација. Безос ќе купи третина од акциите на Ливерпул со ко-основачот на ...

Јувентус тргна кон обезбедување на трансфер на Унаи Симон. Вредноста на Симон се проценува на околу 25 милиони евра, а неговото евентуално пристигнување би можело да претставува сериозно засилување за италијанскиот гигант. Нов голман е еден од приоритетите на Јувентус уште од почетокот на летото. Незадоволителните настапи на Микеле Ди Грегорио за време на подготовките дополнително го убедиле раководството дека е потребно да се реагира и да се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе бара компензација од Иран за конфликтот на Блискиот Исток како дел од евентуалните идни преговори за мир. Трамп како причина за оваа своја одлука ги наведе насилството и нападите, поддржани и извршувани од Иран во текот на децении. Иран „бара компензација за штетите што ги претрпеле во последните пет месеци воен конфликт … Јас исто така барам компензација од Иран за сите луѓе кои ги ...

Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од ...

Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина и во моментов разгледуваат одредени технички прашања, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Техеран истовремено порача дека преминот низ овој стратешки пловен пат ќе биде овозможен под услови што ги поставува Иран. Багеи преговорите меѓу Иран и Оман ги оцени како конструктивни и позитивни, наведувајќи дека нивната цел е утврдување ...

Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија, нагласувајќи дека блокадата од страна на Софија е политичка и нема врска со реформскиот напредок на земјата и дека Македонија во моментов постигнува најдобри резултати во однос на реформската агенда. Осврнувајќи се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери. – Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со (началникот на Генералштабот) Ихор Скибјук и ...

Во наредните денови ќе дефинираме возен ред, а на 21 август првата делница од проектот “Градски воз” треба да добие и технички прием. Целта е што повеќе ученици да го користат градскиот воз и да им се олесни секојдневното патување до училиште, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите ...

Македонија обезбеди 149,2 милиони евра грант за изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е најголемиот грант што државата досега го добила. Покрај грантот, обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за ...

Повеќе од 80 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија и урна згради во повеќе градови, пренесе ДПА. Стотици луѓе се повредени, а се известува за сериозна штета во повеќе делови од земјата, додека се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Силниот земјотрес се случи околу 7:34 часот наутро по локално време во департманот Чоко, при што потресите беа почувствувани во поголемите градови, ...

Само што седнав вчера да го касапам Венкота Филипче, за неговата непристојна и политички суицидна реакција на спотот за јубилејот 35 години независност на Македонија – реакција во која октроираниот лидер од Кланот Дубаи се обиде да се убеди самиот себеси и уште неколкумина од својата потесна околина на Бихаќка, дека спотот наводно потврдил дека само СДСМ бил државотворна партија – ме претрка Богдан Илиевски, со еден извонреден пост што го ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76