Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил ја изложи целта на Леброн Џејмс за крајот на неговата кариера. Шекил верува дека импресивниот рекорд на Леброн Џејмс го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година. – Леброн ужива во тоа што е најефикасниот кошаркар во историјата на лигата. И еве што ќе ви кажам. Неговата цел е да го направи рекордот апсолутно недостижен, да го обезбеди засекогаш. Кога играв, гледајќи ја статистиката на Карим, си ...
Сообраќајот на улицата „Перо Наков“, во делот кај Железничката станица Маџари, утре од 8:00 до 16:00 часот ќе биде целосно во прекин поради санација на патниот премин. Како што соопшти Општина Гази Баба, градежните работи на преминот ќе ги изведува ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, а активностите ќе се реализираат во координација со СВР Скопје. – Општина Гази Баба ги замолува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Секој шести жител на Европската Унија на возраст од 16 години и повеќе секојдневно користи тутунски и сродни никотински производи – покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои во 2025 година е забележано благо намалување на нивната употреба. Според статистиката објавена денеска, 16,5 проценти од населението во ЕУ секојдневно користи тутунски производи, електронски цигари, никотински кесички или производи со загреан тутун, што ...
Најмалку 21 лице починало од заболувања поврзани со високите температури во Јужна Кореја од почетокот на годинава, додека земјата и натаму е зафатена од интензивен топлотен бран, јавија локалните медиуми. Според агенцијата Јонхап, која се повикува на Корејската агенција за контрола и превенција на болести, до вчера вкупно 2.441 лице побарале лекарска помош во итните служби поради последици од жештините, откако во средината на мај беше ...
Директорот на ЈКП Сарај, И.Х.(41), вчера во Полициското одделение Сарај пријавил дека во периодот од 16:30 часот на 31 јули 2026 до 6:40 часот на 4 август 2026, од неговата канцеларија биле украдени пари од прометот на Јавното комунално претпријатие. Министерството за внатрешни работи соопшти дека со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата, која е сместена во објектот на општината, и од фиока од негово работно биро биле ...
Дејан Павловски е сопруг и татко на две малолетни деца, кој веќе два месеци се бори за најскапоценото – својот живот. И покрај долгото лекување, неговата здравствена состојба останува критична. Кај него е дијагностицирана тромбоза на порталната вена и панкреатит, состојби кои бараат итен и континуиран медицински третман. Лекарите препорачуваат лекувањето да продолжи во приватна болница, каде Дејан ќе може да добие соодветен третман и ...
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни ...
Шведска ќе ја забрани употребата на таканаречените „хемикалии засекогаш“ (PFAS) во производите за широка потрошувачка, вклучувајќи облека, обувки, кујнски прибор и козметика, од 2028 година, што ќе ја направи една од првите европски земји што воведе толку строги ограничувања пред да стапат во сила регулативите на Европската унија. „PFAS немаат место во облеката, козметиката, кујнскиот прибор и другите секојдневни производи кога постојат ...
Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот. Најлесно е да се препознае кога некој нема аргументи тогаш почнуваат манипулациите, лагите и обидите да се создаде страв. Но граѓаните одамна научија да ја препознаваат разликата помеѓу празни зборови и вистински резултати, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова. -Предолго гледавме како државата стагнира, како кризите се ...
Тоа е млака вода со свежо исцеден лимон, која многу луѓе ја пијат на празен стомак. Овој пијалок ја поттикнува хидратацијата по ноќниот сон, може да го стимулира дигестивниот систем и да придонесе за полесно празнење на цревата. Лимонот содржи витамин Ц и антиоксиданси, додека топлата или млака вода помага да се „разбуди“ дигестивниот систем. Иако не е чудотворен лек или апче за слабеење, многу луѓе забележуваат дека редовното консумирање на ...
Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во календарот на аукции на ...
На 04.08.2026 во 07:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(22), удрил во пешакот Ц.Н.(83), двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ц.Н., додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР. ...
Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. -Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е ...
Доста е од умислени елити и лажни авторитети! Општествениот талог со години се обидува да се претстави како елита, луѓе кои не знаат да работат, не знаат да создаваат, а уште помалку знаат што значи да се работи за државата и за народот, вели Душко Иванов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -Од високо гледаат на обичните граѓани на Македонија, убедени дека им припаѓа правото да одлучуваат, да владеат и да ја кројат иднината на Македонија, притоа ...
Фудбалерот Мохамед Салах слета во Турција, а неговото пристигнување на аеродромот во Истанбул предизвика огромно внимание. Салах се појави во дрес на Трабзонспор, a трансферот најверојатно ќе биде финализиран во Истанбул, по што тој ќе се упати кон Трабзон навечер. На аеродромот Салах беше пречекан од голем број навивачи кои го поздравија и славеа неговото доаѓање во екипата на Трабзонспор. Претходно, од клубот на социјалните мрежи објавија ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Одборот за мир за Газа, поддржан од САД, дури и откако добил уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа само откако палестинската милитантна група Хамас ќе биде разоружана. Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху рече дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го предводи Одборот за мир , „верува дека тие можат да ...
Во организација на НУ Музеј-Куманово, со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, утре ќе започне 52. издание на ликовната колонија „Куманово 2026“. Колонијата ќе се одржи во комплексот етно-село Тимчевски од 6 до 11 август, а во нејзината реализација учествува и Фондацијата за култура и спорт. На годинашното издание ќе творат тринаесет ликовни автори од Македонија, ...
На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол. Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својата официјална фејсбук страница информира дека од 3 август 2026 година Бугарија воведе засилени официјални контроли при увоз на пратки со свежо овошје и зеленчук – домати, пиперки, праски и лубеници – преку граничните контролни пунктови Ѓуешево (Деве Баир) и Златарево (Ново Село). Мерката се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и од Македонија, кои се наменети за ...
Министрите за надворешни работи на арапските и муслиманските земји денеска се состанаа во Јордан со цел да усогласат заеднички став за Ерусалим, поради, како што наведуваат, засилените незаконски израелски мерки насочени кон идентитетот на градот и неговите исламски и христијански свети места. На состанокот учествуваат членовите на арапскиот министерски комитет задолжен за спротивставување на израелските политики во Ерусалим, генералниот ...
Поддршката за реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото беа дел од темите на разговор на средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон. Во изминатиот период, преку заедничките иницијативи и реализираните проекти, се обезбедува поддршка за модернизација на правосудниот систем, зајакнување на институционалните капацитети и ...
Летната топлина и екстремните топлотни бранови претставуваат значаен здравствен ризик за целата популација, но бремените жени спаѓаат во особено чувствителна категорија. За време на бременоста, телото поминува низ физиолошки промени што ја отежнуваат природната терморегулација, правејќи ги високите температури не само непријатни, туку и потенцијално опасни за мајката и бебето. Зголемената телесна маса, забрзаниот метаболизам и зголемениот ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја рекреираше својата позната фотографија од 1997 година на која седи пред компјутер. Фотографијата стана популарно меме низ годините, особено со шегите за канцелариската работа, работата од дома и почетоците на интернетот. Пејачката, која сега има 49 години, објави нова верзија на фотографијата, направена во речиси иста поза и амбиент. Објавата брзо предизвика бројни шеги и коментари на социјалните мрежи како ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во руските напади во поширокиот регион на Киев изведени во текот на ноќта биле убени 17 лица, а 44 лица се повредени. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека меѓу погодените места се пиварница, магацини на градежни материјали и платформи за цивилна логистика. „Оние објекти што немаат никаква врска со војната“, напиша тој на Телеграм. Украинскиот претседател, кој верува дека ...
Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис Северна Македонија“. Жирито кое ќе одлучува за наградите во секоја категорија е во ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси. Се разговараше за реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови. -Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција ...
Северина ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии, но и со најава за песна што би можела да привлече големо внимание од јавноста. Пејачката позираше на улиците на градот во провокативно црно боди, а со фотографиите го најави својот нов музички проект. Станува збор за песната „Позови ме ти“, или „(Анксиозно)“, која е закажана да биде објавена на 6 август. Заедно со најавата за новата песна, Северина сподели и текстови во ...
Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...
Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од ...