Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.. -СДС ...

КК Пелистерци денеска го објавија и седмото ново име и засилување во нивната екипа за наредната сезона. Станува збор за уште еден млад македонски кошаркар, Лука Савичевиќ. 24-годишниот Савичевиќ доаѓа во Битола од екипата на Феникс во која играше во вториот дел од минатата сезона, во која претходно настапуваше шпанската кошаркарска академија (СБА). Лука има и искуство од американската универзитетска НЦАА лига, настапувајќи за тимовите на ...

Според „Диарио Спорт“, станува збор за Жил Кунде, кој се најде на трансфер – листата на англискиот шампион Арсенал и ќе замине во Барселона. Раководството на Барселона не ја исклучува можноста за негова продажба, бидејќи евентуалниот трансфер би ослободил значителни средства за планираните засилувања на Родри, Хулијан Алварез и Жоао Кансело. Прв приоритет на Арсенал бил англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила. Сепак, клубот од ...

Ракот на дебелото црево станува сè почест кај луѓето во 50-тите години, но и кај помладите, а научниците сè повеќе се загрижени поради зголемената отпорност на болеста кон хемотерапијата. Сепак, ново откритие на тим научници од Белфаст може да донесе надеж за пациентите, откако истражувачите го идентификувале механизмот поради кој третманот станува помалку ефикасен. Според истражувачите од Универзитетот „Квинс“ во Белфаст, клетките на ...

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Либанскиот парламент денеска донесе историска одлука за целосно укинување на смртната казна, со што Либан стана првата арапска држава што ја воведе оваа радикална законска измена. Смртната казна во иднина ќе биде заменета со доживотен затвор проследен со извршување исклучително тешка принудна работа. – Ова е историски чекор за нашата земја – изјави министерот за правда Адел Насар за време на парламентарната седница. За укинувањето гласаше ...

Во рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување, информираат од локалната самоуправа. На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови ...

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна ...

Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на Косово да бидат конституирани без ...

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ. -Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската армија употребила севернокорејски балистички ракети во нападот врз градот Запорожје во јужна Украина, во кој во текот на ноќта загинаа најмалку шест лица. „Градот беше погоден од севернокорејски балистички ракети, руски ракети „Циркон“ и наведувани воздушни бомби“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, осудувајќи го, како што рече, „бруталниот напад чија цел е да се ...

На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани ...

Нашиот одговор мора да биде единство, надеж, работа и верба! Кога водилка ти е ширење омраза, поделеност и дефетизам меѓу народот, тогаш целта е да се избрише вербата во системот, вербата во луѓето, вербата во Македонија и најопасно од сè, вербата во самите себе, објави Душко Иванов, Пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип. -Бришењето на надежта не е случајност, тоа е проект кој со ...

Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите. Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува во повеќе процеси, прекумерното консумирање сол може да биде штетно за срцето. Се ...

Американскиот федерален апелациски суд ги отфрли жалбите на компаниите „Мета“ и „ТикТок“ против одлуките на пониските судови, со што правосилно овозможи да продолжат постапките по повеќе од 3.000 тужби во кои се тврди дека социјалните мрежи им нанесуваат сериозна штета и предизвикуваат зависност кај младите корисници. Тричлениот совет на Апелацискиот суд на САД за Деветтиот округ со седиште во Сан Франциско пресуди дека нема надлежност во ...

Ако сакаме да влијаеме врз иднината, мора да работиме и да ја уредиме сегашноста, а младите активно да бидат вклучени во процесите на одлучување и во креирањето на политиките во општеството, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната дискусија со млади на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“ во претседателската вила „Билјана“ во Охрид. На средбата организирана од Советот за млади ...

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, конечните решенија за прием на 31 август, а запишувањето на примените ...

Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување на ...

На 10.08.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во 16:20 часот на регионален пат од с.Ињево кон Радовиш, на место викано Горен пат, товарно возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(21) од село Ињево, радовишко, излетало надвор од патот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ј.(22) од село Воиславци, радовишко, констатирани во Клиничката болница во Штип, а со телесни повреди се здобил возачот Н.Н, ...

Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и превентивните и казнените механизми. Ова го истакна министерката ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на ...

Инфлацијата во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 отсто на годишно ниво, што е значително пониско од просекот во Европа од 2,9 отсто, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Според Стојаноски, податоците за движењето на инфлацијата од март до јули годинава покажуваат јасен тренд на намалување. Во март инфлацијата изнесувала 4,9 отсто, во април ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат да ...

Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија. -Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за ...

Во последниве години хељдата стана сè почест избор за оние кои сакаат поздрави оброци, а експертите истакнуваат дека нејзината редовна консумација може да донесе голем број придобивки за телото. Богата со влакна, растителни протеини, витамини и минерали, хељдата може да има позитивен ефект врз варењето, здравјето на срцето и регулирањето на телесната тежина. Токму затоа многу нутриционисти ја препорачуваат како дел од балансирана исхрана, ...

Повеќето луѓе без многу размислување ги чуваат јајцата во фрижидер, често во пластичните држачи на вратата, бидејќи токму таму производителите предвидуваат место за нив. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто во продавниците јајцата најчесто стојат надвор од фрижидерите? Дали тоа значи дека и дома можеме да ги чуваме на собна температура? Подолга свежина Општото правило е дека јајцата остануваат свежи подолго кога се чуваат во фрижидер. Во ...

Советот на Општина Карпош заседаваше по 16-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 13 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците ја поддржаа Одлуката со која се дава согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува збор за проект којшто е подготвен како резултат на отворениот јавен повик од страна на ГЕФ ...

На 10.08.2026 во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото. -Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за ...

Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата ...

Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) создаде ласерски уред кој ги детектира и убива комарците. Системот е комбинација од „ЛИДАР“ (LiDAR) сензори, ВИ технологија и напредни алгоритми за обработка на сигнали. На овој начин тој може да го препознае комарецот и веднаш да го убие. Системот располага со повеќе заштитни механизми, а ласерското зрачење автоматски се исклучува доколку наиде на човек. Комарците можат да бидат детектирани ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54