Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...
Иако најчесто се поврзува со постарите лица, деменцијата може да се појави и кај помладите луѓе без други здравствени проблеми, при што раното препознавање е клучно за утврдување на причината, поставување соодветна дијагноза и навремено започнување со третман, предупредуваат експертите. Симптомите можат да бидат различни во зависност од видот и причината за болеста. Еден таков специфичен облик е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која ...
Најновото лансирање на кинеската ракета „Лонг марч 7А“ (Long March 7A) заврши неуспешно откако леталото експлодираше само 85 секунди по полетувањето од вселенскиот центар Венчанг во провинцијата Хаинан, соопштија кинеските медиуми. Зад мисијата стои кинеската државна корпорација за аерокосмичка наука и технологија (China Aerospace Science and Technology Corporation – CASC). Според достапните информации, во текот на овој лет ракетата требало ...
Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата. Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат заборавени, ниту да живеат на маргините на општеството, туку ќе добијат вистинската грижа од државата за безгрижни пензионерски денови, вели Дијана Илиевска, пратеник ...
Влеговме во темната фаза на Месечината, пред да се случи целосното затемемнување на Сонцето на 12 август. Предавството е темната лунација во Рак која носи емоционален пресврт. Темната Лунација во моментов е на 17⁰ во Рак и како што видовте се случи огромен земјотрес во Колумбија, 7.1, која има Марс на 17 степени во Рак. А диспозитор е Уран во Шкорпија (на сликата долу) кој владее се земјотресите. Просто неверојатно колку е точно и прецизно. ...
Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ), моменталниот застој е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен рок. -Мора да се укаже дека проблемот произлегува од ...
Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Таа политика излезе на виделина ...
Во најголемиот дел од Англија во сила се портокалови предупредувања за опасност по здравјето поради високите температури, додека сушните услови веќе зафатија 71,3 отсто од нејзината територија и засегаа околу 45 милиони луѓе, соопштија британските метеоролошки и здравствени служби. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) предупреди дека се очекуваат значителни последици врз здравствениот и социјалниот сектор, ...
Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. ...
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, денеска од прес-конференција побара Венко Филипче и Рената Младеновска да одговорат зошто, како што тврди, со години молчеле за проблемот со загадената вода во Гостивар. Андоновски оцени дека оние кои, според него, имале политичка и институционална моќ во изминатиот период, денес се обидуваат да ја префрлат одговорноста за состојбата. „Филипче и Рената ...
Според британското списание Which?, Кефалонија е прогласена за најдобар грчки остров за 2026 година, благодарение на недопрената природа, мирната атмосфера и разновидната туристичка понуда. Широките песочни плажи на островот, недопрените предели без високи згради и можноста да се избега далеку од толпите ѝ го обезбедија на Кефалонија првото место во годишното истражување на списанието за потрошувачи, пишува Greek Reporter. Во истражувањето, ...
Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќин на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. На првенството учествуваат 130 пилоти од 38 земји. Заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани со натпреварувањето. Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, ...
Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти. Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 ...
Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме, објави Валентин Манасиевски во реакција на прес-конференцијата на СДСМ, од страна на Андреј Жерновски. „Од СДС директно се против прославата на независноста која сите заедно сме ја создале. Тие се против се што е добро за државата и даваат се од себе, Македонија да не успее. ...
Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во Тетово, Клиничка болница во Штип, ...
Осаменоста е поврзана со тишина, тага и изолација. За разлика од неа, модерната осаменост е сè само не тивка. Ако се пронајдете во овие зборови и ако овие реченици го опишуваат вашето секојдневие, мора да размислите добро што правите и ако е потребно да побарате помош. Нарачување храна во стан или на работа. Прв состанок без разговор, со телефони во раце. Слушалки на ушите веднаш штом ќе се качите во автобус. Слушање на истата плејлиста. ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно ја напуштил Турција со воено-транспортен авион, додека Белата куќа тврдела дека тој патува со претседателскиот „Ер Форс 1“ (Air Force One), а воената операција за измама била преземена поради веродостојна иранска закана за атентат, објави ексклузивно „Вашингтон пост“. Трамп на самитот на НАТО во Анкара допатувал со неодамна преуредениот авион што Катар им го донираше на САД. Меѓутоа, ...
Бурни реакции во романската јавност предизвика неодамнешниот случај на напад врз возило на Службата за итна медицинска помош, со повици и за целосна забрана на социјалната платформа „ТикТок“ во земјата. Јавноста во Романија се разбранува откако завчера во селото Речја-Кристур во округот Клуж, во северозападниот дел на Романија, локално население нападнало со секири и камења екипа на Службата за итна медицинска помош, при што било искршено ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека се обезбедени прочистувачи на воздух во сите детски градинки на територијата на општината, со цел да се подобрат условите за престој на децата и да се обезбеди почиста и поздрава средина. Според Стефковски, децата поминуваат голем дел од денот во градинките, поради што локалната самоуправа има обврска да создаде безбедни и квалитетни услови за нивниот раст и развој. ...
На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с.Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото. -Во врска со настанот, на ...
Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото. Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни институции за олеснување на овие ...
Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 ...
Општина Кисела Вода ќе додели бесплатен анатомски ранец и училишен прибор за секое прваче. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека со оваа мерка ќе опфатат околу 530 ученици кои од септември тргнуваат во прво одделение во сите осум општински основни училишта. -Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Обезбедуваме сè што им е ...
Во Ајдахо, на 8 август, најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис, Талула го кажа судбоносното „да“ на Џастин Ејси. Венчаницата изработена за 712 часа е една од првите креации на Пјерпаоло Пичоли, креативен директор на „Баленсијага“. Двојката свршувачката ја објави на 23 декември, споделувајќи ја радоста со обожавателите на интернет. (МИА) Во Ајдахо, на 8 август, најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис, Талула го кажа судбоносното „да“ на ...
Нов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти. Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација). Собјанин првично објави дека ...
Глобалната гејминг заедница веќе со месеци се наоѓа во незапаметена треска. Излегувањето на Grand Theft Auto VI (GTA 6) не е само обична премиера на игра, туку еден од најголемите поп-културни настани на деценијата. Студиото Rockstar Games вети искуство кое ги поместува сите граници на модерната технологија, а интересот кај фановите е на историско максимално ниво. Во продолжение ви го претставуваме сублиматот од најважните, официјално ...
Неопходно е татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори: 1. Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на којшто родителите ги почитуваат децата, секако и преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе. 2. Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа ...
Актерката продава костими од филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, во соработка со аукциската куќа Кристи. Откако, две децении подоцна, ја оживеа легендарната Миранда Присли на големото платно, Мерил Стрип им нуди на обожавателите можност да станат сопственици на оригиналните костими од филмот „Ѓаволот носи Прада 2“. Трикратната добитничка на Оскар започна онлајн добротворна аукција на гардеробата од продолжението на култниот филм, која ќе се одржи ...
Второ прскање против комарци на територијата на општина Неготино ќе се врши утре и задутре, соопштија од локалната самоуправа. – Утре против комарци ќе се прска во сите населени места, додека во четврток прскањето ќе се одвива во градот и околината. Прскањето утре и задутре ќе започне и ќе се врши во раните утрински часови, кога и фреквенцијата на луѓе и возила е сведена на минимум – додадоа од локалната самоуправа. Одгледувачите на пчели се ...