Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во ...
Уганданскиот фудбал е обвиен во црно откако капитенот на Вила и репрезентативец, Давид Овори, почина како резултат на брутален напад во Кампала. Според полицијата, Овори бил нападнат во близина на неговиот дом кога им се спротивставил на разбојниците кои се обиделе да му го украдат мобилниот телефон и други лични работи. Сведоци тврдат дека група напаѓачи го претепале со камења пред да избегаат, оставајќи го во несвест. Фудбалерот бил итно ...
Десетици здравствени работници кои работат во епицентарот на епидемијата на ебола во Конго денеска штрајкуваа и организираа протести, барајќи исплата на платите, поради што неколку здравствени установи ја прекинаа работата, а помошта на болните е отежната. Американските медиуми пренесуваат дека здравствените работници протестираат пред седиштето на покраинската влада во Бунија, главниот град на покраината Итури, која сочинува речиси 90 ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. -По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...
Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува ...
По 50 часа активност заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, соопшти Националниот институт по вулканологија. Властите информираа дека повеќе од 1.700 евакуирани жители почнале да се враќаат во своите домови. Фуего, најактивниот вулкан во Централна Америка што се наоѓа на околу 35 километри од главниот град Гватемала, еруптираше во понеделникот. Активноста се засили во текот на ноќта кон вторник, кога од кратерот почнаа да се слеваат ...
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата Воро во областа Кајама, во сојузната држава Квара, како и 145 ...
Речиси 16.000 странски волонтери од 72 земји служат во вооружените сили на Украина, изјави денеска украински воен функционер, пренесе ДПА. Речиси 40 отсто од странските борци во украинските редови доаѓаат од латиноамериканските земји, изјави воениот омбудсман Олха Решетилова. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина бројат околу 880.000 војници. Доскорешниот министер за одбрана Михајло Федоров во јуни објави ...
Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, посочува Сергеј Попов, пратеник на ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави. Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство. Беше оценето ...
По неколкудневните тренинзи во Скопје кои беа воведни во подготвителниот процес за претстојната сезона, ракометарите на РК Алкалоид се преселија во Маврово каде што во многу подобри, пред сѐ временски услови ги полнат батериите за активностите што ќе ги очекуваат ракометарите кога на ред ќе дојде натпреварувачкиот дел. Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките. – Задоволен сум од почетокот на подготовките, имаме добра ...
Сека Алексиќ е главна тема во јавноста во последните недели откако на своите настапи се појави видливо послаба. Иако промената не се случи преку ноќ, многумина дури сега ја забележаа трансформацијата на пејачката, а таа оттогаш откри дека имала сериозни здравствени проблеми и морала да ги намали своите животни навики. Сека сега ги спакува куферите и отпатува со блиски пријатели до една од најубавите европски дестинации – езерото Комо во ...
Општина Аеродром продолжува со инвестиции за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, ...
Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...
Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Но, денес се ...
Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби, општинските служби интервенираат на повеќе локации. Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена е ...
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Јапонската влада соопшти дека Пјонгјанг лансирал нешто што би можело да биде балистичка ракета. Лансирањето следи по серијата ракетни тестови во текот на оваа година, вклучувајќи ги и балистичките ракети со краток дострел, ракетната артилерија и друго оружје насочено кон зајакнување на воените ...
Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона. Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во изминатиот период беа реализирани ...
На 05.08.2026 во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настнала пожар во стан на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на Г.С.(36). -Екипа на Територијалната противпожарна единциа Гостивар го изгаснале пожарот, а поради вдишување на чад на преглед во Ургентен центар Гостивар се јавиле Х.Џ. од Гостивар и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар кои помагале при интервенцијата, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир ...
Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...
Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. -Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...
Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови. Црвеното ниво на предупредување го издава владата во Рим кога има екстремна топлина во комбинација со висока влажност. Ова значи дека постојат акутни здравствени ризици не само ...
Американската компанија „Дизни“ склучи договор со платформата „ТикТок“, овозможувајќи им на корисниците легално користење исечоци од најпознатите филмови и серии на „Дизни“ во своите кратки видеоснимки. Овој новитет ќе биде спроведен најпрво во САД, а подоцна и во други држави. Во договорот ќе бидат опфатени стотици наслови и франшизи, како „Марвел, „Војна на ѕвездите“, Пиксар и други. На платформата „Дизни плус“, компанијата за првпат ќе ...
Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез, здруженијата ...
Парис Хилтон вели дека раната слава ја доживеала како траума. Правнука на основачот на хотелскиот синџир Конрад Хилтон, таа се здобила со слава како личност од високото општество кон крајот на 1990-тите, пред да се занимава со манекенство и да стане ѕвезда на ријалити шоуа. Животот под постојан надзор на јавноста си го земал данокот, и таа признава дека сè уште ѝ е тешко да им верува на луѓето. Зборувајќи во подкастот „Hayu Presents…“, Хилтон ...
Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки – Таа во моментов е во студио – рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си. Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ќе објават заеднички албум. ...
Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дали раководството на СДС и Филипче ...
За време на концертот во Опатија, Јаков Јозиновиќ ја замоли публиката да престане да ги фрла мобилните телефони на сцената бидејќи тоа го одвлекува вниманието од неговиот настап. „Не ги фрлајте вашите телефони. Тоа е некој нов тренд. Пеам и ве гледам, а вашите телефони постојано ми паѓаат пред нозете“, рече пејачот на публиката. Во еден момент, тој го зеде телефонот од подот и му се обрати на сопственикот: „Знаеш, во моментов лесно би можел ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...