Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, ...
Името Вера е едно од најубавите традиционални женски имиња, кое сè уште е популарно во Македонија. Кратко, едноставно и многу моќно, ова име носи длабока симболика и порака што ги надминува генерациите. Родителите кои го избираат името Вера често го сакаат поради неговото убаво значење, нежниот звук и поврзаноста со важни животни вредности како што се верата, надежта и довербата. Потекло на името Вера Името Вера има словенско потекло и е ...
Кога станува збор за музика, низ годините се опеани бројни феномени во општеството, а во преден план се појави и вештачката интелигенција. Новата песна на бугарската пејачка Галена се вика „ChatGPT“, а во видеото дури се појавуваат и хуманоидни роботи. Имено, Галена објави песна наречена ChatGPT, која всушност зборува за љубовта. Како вештачката интелигенција се вклопува во ова, покажува рефренот кој, преведен вели: „Прашај го ча-ча-ча ...
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска добија наредба за евакуација, а повеќе од 500 летови се откажани поради приближувањето на тајфунот „Делфин“. Тајфунот од прва категорија, проследен со силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови, полека се приближува кон островскиот појас меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ударите на ветерот наместа достигнуваат брзина и до 198 ...
Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен поради сомнение дека наредил уништување докази што можеле да помогнат во истрагата по случајот со исчезнувањето на 43 студенти од учителската школа Ајоцинaпа во 2014 година. Агире кој претходно негираше каква било вмешаност, е осомничен за попречување на правдата и присилно исчезнување, изјави државната обвинителка, Ернестина Годој. Случајот со исчезнувањето на ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов изнесува ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера потпиша два нови извршни укази со кои се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање, соопшти Белата куќа, Едниот од указите има цел да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство за деца родени во САД чии родители немаат американско државјанство, како што се деца на странски владини функционери и претставници и лица со статус на „непријателски ...
По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. ...
Актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид ја поттикнаа љубопитноста на јавноста откако пред неколку дена беа забележани заедно во Париз со прстени на левата рака. Тие биле фотографирани додека шетале низ градот, со прстени со сличен дизајн. Двојката била видена и како се држи за раце по излегувањето од теретана, каде што прстенот на Хадид бил особено забележлив. Јавноста на големо зборуваше за нивната венчавка, но ѕвездите по ова ...
Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
ОВЕН Денеска е одлично време да се зафатите со вашите лични финансии или со некое парично прашање што влијае на членовите на семејството. Некои од вас може да добијат пари што ќе имаат позитивно влијание врз семејниот буџет. Добро планирајте ги вашите трошоци и водете се од вашите планови за блиска иднина. БИК Денеска играјте на сигурно и не експериментирајте непотребно. Ќе се стремите кон повеќе мир и удобност, а овој ваш став ќе ги води и ...
Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ? се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Тропар Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде ...
Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште ...
Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...
САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...
Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на ЕП од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници. Селекторот потенцираше дека има простор за напредок, особено во контролата на топката, и дека тимот веќе ги насочува подготовките кон вториот натпревар во групата, против селекцијата на Исланд. „Добар прв чекор. Како што кажав и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот во германскиот град Лајпциг. Ѓорческа во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Тетовката во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...
Организаторите бараат 60.000 волонтери за спортскиот спектакл, а пријавувањето е отворено за сите полнолетни граѓани со познавање англиски јазик. Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 ги отвори апликациите за волонтери, а Македонскиот олимписки комитет упати покана до сите заинтересирани граѓани од Македонија да станат дел од олимпиското движење. Пријавувањето се врши преку официјалниот портал на ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер има нов играч, станува збор за Камрон Мекдауел (23). Овој американски бек-шутер, висок 196 сантиметри доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Во пет сезони во колеџ-лигата Мекдауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 асистенции на 92 натпревари. Неговиот севкупен просек е 16,5 поени, 3,4 скока и 2 асистенции во 26,8 минути во игра. ...
УЕФА, која прва реагираше на овие најави, продолжува да врши притисок и најавува дека бојкотот на натпреварувањето на ФИФА е можен и покрај фактот што Инфантино се откажа од својата идеја. На Џани Инфантино не му помогна да се откаже од идејата да ги запознае инвеститорите со сопственичките структури на светилиштето на фудбалот. Не му помогна ниту тоа што го направи тоа во раните утрински часови. А дури ни вчерашниот состанок во Мароко. УЕФА ...
Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ претходно успешно го водеше Ал-Аин, а сега треба да ја преземе најодговорната функција во тамошниот репрезентативен фудбал. Далиќ ќе заработува околу пет милиони евра годишно, без пресметани бонуси, со што ќе стане најплатениот хрватски фудбалски тренер досега. Со ангажманот на Далиќ, Федерацијата очекува репрезентацијата да ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги одбројува последните десет дена до настапот на ЕП во атлетика, кое од 15 до 17 август ќе се одржи во Бирмингем, Обединетото Кралство. Ивановски ќе настапи на 16 август во 08:10 часот во својата најсилна дисциплина, маратонот, како единствен македонски атлетичар кој обезбеди норма за континенталниот шампионат во 2026 година. Ова ќе биде неговиот 55. настап во дресот на македонската репрезентација, ...