Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и апликации за комуникација во текот на вчерашниот ден испраќаа пораки дека во водата во скопскиот градски водовод е пронајдена бактерија ешерихија коли. -Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново соопштение во кое прашува каде се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека седми ден е на одмор во Грција, во друштво на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата тврдат дека Филипче на 6 август со мотор ја напуштил државата преку граничниот премин „Богородица“, по што, како што наведуваат, заминал кај Заев. „Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август ...

Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин. „Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението. Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и ...

Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...

И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна ...

Ако барате лесен, здрав и вкусен оброк, оваа салата со лосос е идеален избор. Комбинацијата од свеж зеленчук, сочен лосос и лимонов дресинг создава совршен ручек или вечера, а подготовката е брза и едноставна. Потребни состојки: 250 г филе од лосос 1 зелена салата или микс зелени салати 1 краставица 10 чери домати 1 авокадо (по желба) 2 лажици маслиново масло сок од половина лимон сол и црн бибер свеж копар или магдонос Подготовка: Лососот ...

Романија во текот на ноќта подигнала два борбени авиона „Ф-16“ откако воените радари регистрирале група воздушни цели во близина на границата со Украина, при што една од нив потоа навлегла во романскиот воздушен простор. Според романското Министерство за национална одбрана, радарскиот систем ноќеска во 1:27 часот регистрирал група од пет воздушни цели во областа на украинскиот град Измаил, во непосредна близина на границата долж реката Дунав. ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Во изминатиот период целосно се ...

ОВЕН Постои можност денеска да се впуштите во ситуација и да направите грешка, па затоа нема да биде излишно да покажете малку повеќе здрав разум. Трпението нема да ви биде силна страна, но во ваша полза е да се обидете да го покажете, и кон себеси и кон луѓето од вашето непосредно опкружување. БИК Денеска можете да сметате на помош и поддршка од најблиските и пријателите, а на работното место од колегите и партнерите. Ќе имате среќа и во ...

Италијанската пливачка Сара Кертис постави светски рекорд во полуфиналето на трката 50 метри грбно на Европското првенство во водени спортови во Париз. Деветнаесетгодишната Кертис патеката ја исплива за 26,63 секунди. Претходниот рекорд, поставен во октомври 2023 година од Австралијката Кејли МекКеон, беше 26,86 секунди на Светското првенство во Будимпешта. Во 2024 година, Кертис стана светска шампионка на кратки патеки во мешана штафета ...

Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...

Претставниците на венецуелската влада и опозицијата се согласија да започнат процес што води кон судска реформа и да ги здружат силите за враќање на замрзнатите средства на земјата во Банката на Англија, објавија двете страни во заедничка изјава доцна синоќа по рундата разговори како дел од нивниот национален дијалог. Владата и опозицијата – кои се состанаа под покровителство на Вашингтон седум месеци по апсењето на претседателот Николас ...

Во американските воздушни напади извршени минатата година врз бунтовниците Хути во Јемен биле убиени 153 цивили, покажува извештај на Пентагон. Објавувањето на податоците од американското Министерство за одбрана доаѓа во услови на зголемена загриженост поради цивилните жртви во воените операции под раководство на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Некласифицираните податоци до кои дошле медиумите, биле доставени до Конгресот на ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, ги повика членките на Американската коалиција против картелите (ACCC) во Јужна Америка да се повлечат од Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го тој суд за поткопување на националниот суверенитет на државите. „Силно ги поттикнувам сите членови на ACCC да го напуштат МКС и да ги отфрлат нивните обиди да им го одземат суверенитетот на вашите влади и судови“, рече Хегсет доцна синоќа за време на ...

Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота. ...

На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...

Оклахома Сити му честиташе на плејмејкерот Расел Вестбрук за пензионирањето. Кошаркарот играше 18 сезони во НБА-лигата. – Расел! Легенда на и надвор од теренот, честитки за пензионирањето и ти благодариме за сè што направи за овој град, објави прес-службата на Тандер на социјалните мрежи. Вестбрук беше избран од Оклахома Сити како четврти пик на НБА драфтот во 2008 година. Во 2019 година, тој се префрли во Хјустон, а потоа играше за ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да и продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија„ Си-Ен-Ен“ Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за „Патриот“. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти својата позиција на крајот на август и додаде дека таа ќе остане „влијателен глас“ во рамките на Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека Ливит одлучила да ја напушти прес-службата на Белата куќа за да „поминува повеќе време со децата и семејството“ ...

Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите. Од РЦУК информираат и за планирани прекини во снабдувањето со ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829 г. – 842 г.) Евдоким беше млад офицер во војската. Но и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше да зборува со која и да е жена освен со мајка му; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Мото ГП пристигнува во еден од најпознатите градови во светот, откако Рио де Жанеиро беше избран за домаќин на официјалното отворање на сезоната 2027 година. Главниот настан е планирано да се одржи на плажата Ботафого, во спектакуларен амбиент со планината Шугарлоуф во позадина Најавата доаѓа по исклучително успешното враќање на Мото ГП во Бразил во 2026 година. Тогаш, распродадениот викенд во Гојанија привлече речиси 150.000 гледачи, ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, откако доживеа пораз од Русинката Варвара Паншина. Ѓорческа во мечот влезе со фаворитската улога, пред сè поради подобриот пласман на ВТА-листата, но Паншина одигра одличен натпревар и заслужено стигна до победата. Паншина до победата стигна за еден час и 35 минути игра и направи изненадување со оглед на разликата во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54