Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВРЕДИ што го пренесуваме интегрално. „Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина ...
Еден од највпечатливите млади вокали на македонската музичка сцена, Тамара Грујеска, пристигнува со нов музички проект кој носи силна емоција, врвна продукција и порака што останува долго по првото слушање. „Нема да бегам“ е новата песна на Тамара – композиција која ја покажува нејзината зрелост како изведувач и нејзината желба преку музиката да раскажува искрени приказни. Со моќен вокал, модерна продукција и впечатлив видео запис, песната ...
Бојан Стојноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ објави статус за бројките и факти наспроти кампања на талогот и „економски експерти“ од СДС., на својот фејсбук профил. Во продолжение интегрално го пренесуваме: „Неколку јасни бројки за „економските експерти“ на СДСМ. Особено за тие кои седум години водеа важни ресори во владата и ги координираа сите економски текови во Македонија и ја оставија убедливо закована на дното. Зошто е важно на талогот да ...
Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0.1 % Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0.1 %. Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, ...
Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Туркије. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на ...
Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...
По асфалтирањето на улица „Козара“ градежната оператива денеска асфалтираше уште две улици кај Здравствениот дом во Битола. Станува збор за улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“ во вкупна должина од 220 метри. Претходно се изврши реконструкција на водоводната и канализационата мрежа со средства од Министерството за транспорт. Асфалтирањето и уличното осветлување е со средства од Општинскиот буџет во висина од 4.487.000 денари за ...
Вкупно 1.990 објекти од културното наследство и 2.625 културни институции во Украина се оштетени или уништени од почетокот на војната со Русија, објави денеска украинското Министерство за култура. Според податоците на министерството, само 90 објекти се додадени на листата на штети, пренесува Суспилне. Од вкупниот број оштетени места од културното наследство, 192 имаат статус на споменици од национално значење, 1.605 се од локално значење, ...
Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, ...
Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на ЕП од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75. Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките. Најдобра кај Македонија беше Ива Колева со 18 поени, ја следеше Теа Трајковска со ...
Се е подготвено за 54-тото издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2026“. Од 12 до 15 август РК Струга повторно ќе угости повеќе екипи кои низ турнирските натпревари ќе ја подигнуваат формата за претстојната, нова сезона. За да го задржи префиксот „меѓународен“ турнир, стружани годинава ќе угостат само една екипа од странство. Тоа е српскиот тим на Дубочица од Лесковац која заедно со домаќинот Струга и екипата на ГРК ...
Денеска и утре во Прилеп ќе се спроведе втората фаза од од адултицидната дезинсекција против комарци на целата територија од Општината. Прскањето против комарци ќе почне вечер од 22 па че трае до 5 часот наутро. Дезинсекцијата ќе ја изврши Центарот за јавно здравје од Скопје, а стручен надзор над спроведувањето на дезинсекцијата ќе врши прилепскиот Центар за јавно здравје. Денеска и утре во Прилеп ќе се спроведе втората фаза од од ...
Денес околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека повредата ...
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот. Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е втора последователна ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, потенцираат од министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...
Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност, објави градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема ...
Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата е дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Гаши изразил благодарност за ...
Машката македонска кадетска ракометна репрезентација со победата над Португалија со 26:25 се избори и утре ќе игра во натпреварот за 9.место на Европското првенство во Белград. По трите порази во групата, македонските кадети во дуелите за пласман постигнаа четири победи против Италија, Турција, Фарски острови и Португалија. Денешниот натпревар мина во знак на македонскиот тим, иако во завршницата постоеше опасност и да го загубиме дуелот. Во ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 11. седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за надоместоци на избирачките одбори и општинските изборни комисии во општините со блокирани жиро-сметки. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ појасни дека дополнувањето се однесува на претходно донесената одлука за финансирање на надоместоците за спроведувањето на локалните избори во 2025 ...
Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија, велат од општината. Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој ...
Пред нас е викенд исполнет со промени, нови средби и неочекувани пресврти. Саботата носи посилна потреба за стабилност и сигурност, додека неделата е повеќе посветена на емоциите, семејството и блиските односи. Астролошката атмосфера ги поттикнува хороскопските знаци да не брзаат со одлуките, туку добро да размислат пред да направат важен чекор. ♈ ОВЕН Овој викенд конечно можете да почувствувате дека работите се движат во посакуваната насока. ...
Ќерката на познатиот готвач Џејми Оливер, Попи Хани Оливер, наскоро ќе се мажи. Среќната вест ја сподели сопругата на Џејми, Џулс Оливер, која во среда сподели фотографии и видеа од свршувачката на нивната најстара ќерка на Инстаграм. Долгогодишното момче на Попи, Бен, ѝ предложи брак по пет години врска. Пресреќната Џулс напиша емотивна порака покрај објавата: „Ова е веројатно една од моите омилени фотографии што некогаш сум ги објавил. ...
Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) на својот програмски конгрес презентираше нов контроверзен план: доколку се вратат на власт, имаат намера да ги депортираат сите невработени Украинци на „воена возраст“, односно на возраст меѓу 25 и 60 години. Предлогот беше презентиран на јавноста за време на конгресот, одржан под слоганот „Ајде да одиме кон новата влада“, од Тобијаш Бочењски, член на Европскиот парламент од партијата ПиС. ...
До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули, информираа денеска од Општината. Оттаму соопштија дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетувања на покриви, како и штети на возила предизвикани од откорнати делови од кровови и ...
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во полицијата во 13:40 часот, а се случила на крстосницата на булеварот „Јане Сандански“ со сервисна улица. Во несреќата учествувале автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П. (47) од село Ново Село, и „форд фокус“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ј. (55) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната В.В. од Скопје, која била ...
Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне лишија од слобода 51-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен ...
Антонио Бандерас (65) откри дека е сè уште многу близок со својата поранешна сопруга Мелани Грифит (68), иако помина повеќе од една деценија од нивниот развод. Актерот вели дека ја смета Грифит за една од своите најдобри пријателки и дека редовно се гледаат. Тој зборуваше за нивната врска пред премиерата на филмот „Тони“, биографска драма за готвачот Ентони Бурден, пишува „Пипл“. Бандерас и Грифит се венчаа во мај 1996 година, а во септември ...
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила во скопски Бутел. Од МВР информираат дека денеска добиле пријава за случена сообраќајка на улицата „Радишанска“. – Денеска во 12:12 часот пријавено е дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, ...