Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според информациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид која утринава беше пријавена за исчезната, е пронајдена. Од полицијата за Курир потврдуваат дека малолетничката е предадена на родителите. -Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Во ...
Три зрна од огнено оружје биле пронајдени вчера на две улици во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово. Вчера во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето увид, Д.К. од истата улица пријавила дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. Двете зрна биле пронајдени и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. – На состанокот се разговараше за динамиката на ...
Девет пожари на отворен простор се активни во повеќе делови од земјава, покажуваат последните информации на Центарот за управување со кризи до 13:00 часот денеска. Од вкупно 13 регистрирани пожари, девет се активни, два се ставени под контрола, додека два се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Новаци, Крива Паланка, Могила, Велес, Македонски Брод, Битола, Прилеп и Струга. Во Студеничани пожарот е над селата Моране, ...
Каде и како за првпат настанал животот на Земјата? Тоа прашање е во центарот на истражувањето на Институтот за молекуларна еволуција при Универзитетот „Хајнрих Хајне“ во Дизелдорф, чии научници пронашле докази дека најраните едноклеточни организми можеби настанале двапати, независно едни од други. Меѓународен тим биолози ги објави новите сознанија во списанието „Science Advances“, кои фрлаат светлина врз мрежата на хемиски реакции што ...
Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор — историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на ...
Јужнокорејскиот гигант Samsung официјално ја претстави новата генерација на премиум преклопни паметни телефони — Galaxy Z Fold 8. Со низа хардверски и софтверски подобрувања, новиот модел носи поелегантен дизајн, значително помоќни перформанси и подобрена автономија. Елегантен дизајн и супериорен екран Galaxy Z Fold 8 носи уште потенок профил од своите претходници — во отворена состојба дебелината изнесува само 4.5 mm, додека тежината е ...
На 12.08.2026 во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(63) и С.Н.(32), двете од Тетово. -Според пријавеното, С.Н. била повикана во Центарот за социјални работи Тетово во врска со претходно пријавено семејно насилство и во 11.15 часот отишла заедно со нејзината мајка М.Н. и веднаш започнале агресивно да се однесуваат кон две вработени, им се заканувале и се обиделе физички да ги нападнат, информира ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните, изјави на прес-конференција Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Како потврда за оваа определба, годинава за здравството се обезбедени рекордни повеќе од една милијарда евра, што ...
Денес, на свечената седница на Владата, беше одбележана 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Министерот за правда, Јетон Шасивари, порача дека ова е историски момент што ѝ даде на нашата земја нов пат кон мирот, стабилноста и соживотот. -Како министер за правда, на оваа годишнина гледам не само како на можност да се потсетиме на минатото, туку пред сè како на одговорност за иднината. Охридскиот договор не е само документ од нашата ...
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. – ...
Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија. Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а преку музика, поезија, глума и танц пред многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните низ приказната за ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна дека СДС, како што вели, повторно шири паника меѓу граѓаните со тврдења дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. „Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење“, вели Петрушевски. Од партијата велат дека ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска остварил прва официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбија. Како што самиот информираше на неговата Фејсбук-страница, на средбата било разговарано за можностите за унапредување на соработката и реализација на заеднички иницијативи, со посебен акцент на младите, развојот на младинските центри и креирањето нови можности за нивно активно ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Денеска, во Владата на Република Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата. Говорејќи за значењето на јубилејот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека 25-годишнината ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека државата треба да гледа кон иднината со зрелост, одговорност и почит кон различностите. „Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби кои со години се користеа како замена за резултати“, порача Мицкоски. Во ...
Напаѓачот на белгиската репрезентација, Ромелу Лукаку, го коментираше својот трансфер од Наполи во Фенербахче. – Чест и привилегија е да се приклучам на овој клуб. 100 проценти сум подготвен да започнам ново поглавје. Ова е емотивен момент. По многу години, се враќам во Турција – земјата каде што живеев како дете и каде што од мојот татко бев запознаен со професионалниот фудбал уште на рана возраст, рече Лукаку во порака до навивачите на ...
Во Салцбург, 210 златни статуи исчезнаа за време на изложбата посветена на 270-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт, објавија организаторите во среда. На 15 јули, Фондацијата Моцартеум претстави вкупно 320 фигури, високи 50 сантиметри, кои го прикажуваат Моцарт со неговото куче. Автор на инсталацијата е германскиот концептуален уметник Отмар Хорл, а скулптурите беа распоредени во градината пред поранешната куќа на композиторот, ...
Работна средба на членовите на Кризниот штаб на општина Неготино се одржа денеска, беше констатирано дека состојбата со пожарите на територија на општината е стабилна и во интерес на заштита на општите добра, ќе се преземат мерки и активности така и да остане, информираа од локалната самоуправа. – На состанокот беше нотирана потребата од внимателност и будно и континуирано следење на состојбите на терен од страна на сите релевантни установи. ...
Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...
Британскиот актер Ентони Хопкинс денеска најави дека на 21 август ќе го објави својот дебитантски албум со класична музика „Животот е сон“, збирка од 12 композиции што ги создавал во текот на шест децении. На снимањето во лондонската палата Александра во април учествувал Филхармонискиот оркестар под диригентската палка на Густаво Дудемел, а албумот ќе го објави дискографската куќа „Дека рекордс“, пренесува АП. „Мојата прва љубов, или подобро ...
Антологиската серија „Чудовиште“ добива четврта сезона која ќе прикаже еден од најпознатите нерешени случаи во американската криминална историја, убиствата на Ендру и Аби Борден во 1892 година. Под насловот „Чудовиште: Приказната за Лизи Борден“, серијата ќе го долови случајот на многу впечатлив и драматичен начин. „Во август 1892 година Ендру и Аби Борден биле пронајдени мртви во нивниот дом во Фол Ривер, Масачусетс. За нивните убиства била ...
Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...
Пари Сен-Жермен е блиску до потпишување на нов договор со тренерот Луис Енрике. Според некои француски медиуми, страните веќе се договориле за најважните услови, но останува да се средат неколку детали. Новиот договор на шпанскиот тренер со парискиот клуб ќе важи до 2030 година, исто како и договорот на спортскиот директор Луис Кампос. Продолжувањето беше одложено поради зафатен период: враќањето на играчите од Светското првенство, ...
Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...
Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина ...