Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Tокму затоа психолозите истакнуваат дека одредени модели на размислување можат значително да влијаат на квалитетот на животот, односите со другите и чувството на лично задоволство. Луѓето кои со насмевка се осврнуваат на своите животи во старост генерално имаат едно заедничко нешто – научиле да не се грижат за неважни работи и да ја ...

Денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д. премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со јајца, откако претходно од говорницата повторно побара ...

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги отворите очите, причината не мора да биде само недостаток на сон. Квалитетот на утрото може да биде под влијание на навиките што ги имате пред спиење, како и начинот на кој го започнувате денот. Една од најчестите грешки е одложувањето на алармот. Иако може да изгледа како да ќе добиете уште неколку минути одмор, повторното заспивање ...

Фиоката за детергент го крие она што повеќето луѓе никогаш не го гледаат. Тоа е фиоката за детергент и омекнувач, но не е само делот што го вадиме секој ден. Проблемот лежи под неа, на задната страна и во внатрешноста на куќиштето во кое влегува. Со текот на времето, таму се акумулираат детергент, омекнувач, влага и црни наслаги. Кога ќе ја извадите фиоката и ќе го погледнете дното, често можете да видите сиви или темни дамки што создаваат ...

Кеса млеко против вошки е евтина и достапна за сите, а розите на терасата умираат затоа што се нападнати од вошки. Август е најлошиот месец за ова, и тука повеќето од нас прават грешка трчајќи до продавницата за инсектицид кој ги гори ливчињата побрзо отколку што ги убива инсектите. Млекото против вошки ја врши работата без тој ризик, но само ако го разредете правилно. Суровите препарати за прскање на розите оставаат кафеави дамки на рабовите ...

Жителите на градот Солер на шпанскиот остров Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против масовниот туризам, две недели по големиот митинг против прекумерниот туризам одржан во градот Палма де Мајорка. Жителите протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со домувањето што произлегува од тоа на шпанскиот медитерански остров. Две недели по големиот протест во главниот град Палма против она што ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да наметнува такси за премин низ Ормутскиот теснец и дека ќе дозволи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем што постоел пред конфликтот, објавува Б92. Венс нагласи дека САД ќе го оценуваат Техеран според неговите постапки, а не според неговите ветувања. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот ...

Сегашните околности се најдобра можност за постигнување договор со другата страна и решавање на отворените прашања преку преговори, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, додавајќи дека Техеран нема да ги прифати барањата на другата страна доколку нема напредок во преговорите. „Верувам дека сега е најдобро време за постигнување договор, бидејќи во земјата има кохезија, сила и единство“, рече Пезешкијан, објави Ал Џезира. Тој ...

Оваа сабота, на денот кога почина Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, секој што е барем малку запознаен со нивната семејна приказна го тврди истото – без таков татко, немаше да го има најдобар фудбалер на светот. Некогашниот талентиран фудбалер кој го напушти фудбалот поради повреда на тетивата се посвети на своето семејство уште од најраното детство на Меси. Тој не беше само татко и менаџер на еден од најдобрите играчи во историјата, туку и ...

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила. Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ...

Во воведниот натпревар од денешната програма во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Тиквеш попладнево извојува висока победа на гостувањето во Куманово над Башкими со 5-0 (2-0). До својата втора победа во новата сезона, кавадаречкиот прволигаш дојде со головите на Висдом (36 минута), Лавал (42, 72), Попзлатанов (81) и Ацковски (88). Саботната програма вечерва ќе ја заокружат Брегалница и Арсими. Вчера, Шкендија Арачиново и Силекс ги ...

Договорот меѓу Иран и Оман за нов механизам за регулирање на пловењето на бродовите низ Ормуската теснина нема нужно да доведе до повторно отворање на овој клучен морски пат, соопшти денеска Техеран, цитиран од ДПА. Пред теснината да биде отворена повторно, САД мора да ги исполнат барањата на Иран, изјави портпарол на влијателниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, цитиран од иранска новинска агенција. Тој го повика Вашингтон да не се ...

Водечкиот во генералниот пласман на Светскиот шампионот во Мото ГП, шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин (Априлија) триумфираше во денешната спринт трка за Големата награда на Велика Британија во Силверстон. Мартин водеше од првиот до последниот круг и ја мина целта 1,53 секунди пред второпласираниот Јапонец Аи Огуре (Трекхаус), а за 3,97 секунди беше побрза од својот италијански колега Марко Безеки. Актуелниот светски првак, Шпанецот Марк ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот, но нагласи дека САД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред ...

Македонската репрезентативка Катерина Ацевска постигна денеска голем успех на сениорското Светско првенство во џиу – џицу кое се одржува Абу Даби, освојувајќи го сребрениот медал. Со вицешампионската титула, Ацевска се искачи скала погоре на пиедесталот, во споредба со минатото Светско првенство во Тајланд и се зацврсти на првото место на светската ранг-листа во својата категорија над 70 килограми во џиу – џицу фајтинг. Ацевска на патот до ...

Повеќе од 178.000 африкански имигранти ја напуштија Јужна Африка во последните месеци поради мерките на властите против нелегалната миграција и понекогаш насилните антиимиграциски протести. Повеќе од 115.000 луѓе се вратија во соседна Зимбабве од крајот на мај, а повеќе од 56.000 се вратија во Малави. Според податоците од Нигерија, Гана, Мозамбик и Лесото, повеќе од 1.000 граѓани се вратија од Јужна Африка во секоја од овие земји. Вратените ...

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде ...

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Оттаму наведуваат дека во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли ...

Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се одржи промоција на графички роман – стрип со наслов „Беше еднаш на истокот“ од авторот Бобан Пешов, виничанец кој живее и работи во Италија. Романот е во издание на „Бункер“ кој веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар. Во „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се распаѓа, а насекаде никнуваат ...

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство. На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште ...

Прво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент, пишува во реакцијата на прес- конференцијата на СДС Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во ...

Благодарение на брзата реакција и координираното постапување на Министерството за здравство (МЗ), Владата, Службата за општи и заеднички работи и медицинските тимови, пациент од Скопје со сериозна повреда на ’рбетниот мозок е безбедно транспортиран од Турција и примен на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ, информира МЗ. Пациентот, како што посочуваат, се здобил со повредата при несреќен случај на тобоган, за време на одмор во турското ...

Познатиот пејач Рики Мартин го прослави 18-тиот роденден на своите близнаци, а на социјалните мрежи сподели ретка фотографија од своите деца. На фотографијата од семејната архива, близнаците скокаат во базенот изведувајќи го таканаречениот скок „cannonball“ , пишува People. Мартин напиша порака на шпански јазик под фотографијата, откривајќи дека ја поминал целата недела славејќи ги родендените на „оние што владеат со моето срце“. „Цела недела ...

Брод бил погоден од непознат проектил на 18 наутички милји источно од брегот на Оман, а на бродот избувнал пожар, кој веќе е изгаснат, соопшти денеска Британската организација за поморска трговија. Организацијата соопшти дека бродот и екипажот се безбедни и дека нема информации за последиците врз животната средина. Не е наведено за каков брод станува збор ниту неговото име. Брод бил погоден од непознат проектил на 18 наутички милји источно ...

На социјалните мрежи се појави видео од спонтана изведба на хитот на Оливер „Прати ме кроз снове“ од крчмата Бата на Корчула. Песната ја извеле Јаков Јозиновиќ и Нина Бадриќ, во придружба на Анте Гела на гитара, а сè се случило кратко по завршувањето на настанот „Трага во бесконечноста“ во Вела Лука. На видеото се гледа како Гело свири на гитара, додека Јозиновиќ и Бадриќ пеат, а други гости од ресторанот им се придружуваат во изведувањето на ...

Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски компании. Според изворите, Генералната управа на ...

Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на ...

Прилеп достоинствено одбележа 25 години од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак. Прилеп и Македонија никогаш нема да ги заборават своите херои, во спротивно, ги губиме корените. Нивното херојско дело е врежано во нашата меморија, а нивната жртва нѐ обврзува, беа дел од пораките испратени од централното чествување во Прилеп. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески порача дека на 8 август 2001 година во ...

Актерката Хали Бери деновиве ќе го прослави својот шеесетти роденден, а со најновите објави од семејниот одмор, таа покажa дека годините немаат никакво влијание врз неа, бидејќи и денес изгледа сензационално. Хали Бери сподели фотографии од одморот на приватен остров на Фиџи, каде што помина време со својот вереник Ван Хант и нејзините деца. Насмеаната Бери, со пуштена коса и цвет во косата, позираше за камерата носејќи заводлива, широко ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
43%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
5.8
31%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
83%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.57
56%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.36
33%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
60%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
93%
1015
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Бакар

13.17

Злато

149009.07

Платина

60379.10

Кобалт

56.29

Сребро

2214.40

Паладиум

42824.79

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Калај

56.14