Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во Карпош, полициски службеници лишија од слобода две лица меѓу кои и малолетничка, откако кај нив се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од ...
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...
Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило со брзина од 204 километри на час на автопатот А1, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Како што информира Министерството за внатрешни работи, синоќа во 21:26 часот, кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола на патниот сообраќај со радар, констатирале дека ...
Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, кој ...
Полицијата пронајде кокаин и марихуана при претрес во Карпош. На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е задржано во ...
Ракот на простата кај поранешниот американски претседател Џо Бајден се проширил на неговите коски и предизвикува силна болка, изјави неговиот син Хантер Бајден за Би-Би-Си. „Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и пошироко“, изјави Хантер Бајден за програмата „Newsnight“ на Би-Би-Си, според снимка објавена онлајн во петокот. „Многу е болно и во многу погледи многу исцрпувачко“, додаде тој. Портпаролот на 83-годишниот демократ одби ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат ...
Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција. На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го ...
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...
Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Резултатите го потврдуваат позитивниот ...
До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела ...
OВЕН Денеска ќе барате средби со други луѓе и нема да сакате да останете на едно место. Комуникацијата ќе ве стимулира и ќе ве исполни со позитивна енергија. Доколку сте на забава или излегувате со пријатели, веднаш ќе привлечете интерес со вашата духовитост и ќе внесете свеж здив во друштвото. БИК Ве очекува мирен ден, погоден за релаксација и пријатни разговори. Дури и доколку одлучите да работите, тешко дека ќе можете да се концентрирате, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Тоа е иднината која ...
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер може да го пропушти Мастерсот во Синсинати кој е последна подготовска пред УС Опен поради повреда на десното колено. Од неговиот тим порачаа дека здравјето останува главен приоритет во пресрет на последниот Грен слем во сезоната. Настапот на Синер во Синсинати ќе зависи од неговата состојба во наредните денови, а конечната одлука се очекува непосредно пред почетокот на турнирот. Доколку ...
Поранешниот фудбалер Њукасл, и репрезенаттивец на Бразил, Бруно Гимараеш, го комплетираше својот трансфер во екипата на Арсенал откако беше промовиран официјално како нов играч на англискиот фудбалски шампион Целиот трансфер е околу 87.5 милиони евра, а Гимараеш се обврза на верност до 2030 година. Гимареш ќе игра со број 39 во чест на својот татко, кој бил таксист во Рио де Жанеиро, а бројот 039 бил неговиот официјален број на возилото кое ...
Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ ќе се бори за светската титула во тешка категорија во верзијата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), а противник ќе му биде Мозес Итаума. Мечот ќе се одржи на 29 август во арената „О2“ во Лондон. Ова ќе биде втор обид на Хрговиќ да стане светски шампион во тешка категорија. Првата шанса ја имаше пред две години, но изгуби од Даниел Дибоа. Дваесет и едногодишниот Британец Итаума е 13 години помлад од ...
Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално го потврди најголемото засилување досега – Торнике Шенгелија, кој пристигнува по раскинување на договорот со Барселона. Грузискиот репрезентативец реши да го напушти каталонскиот гигант и да се пресели во Дубаи, клуб кој очигледно има високи амбиции и следната сезона не се задоволува само со учество, туку сака борба за плејофот, па можеби и повеќе. Минатата сезона Шенгелија во просек бележеше 12,4 поени, ...
Во периодот од 12 до 15 август 2026 година ќе се одржува традиционалниот Меѓународен ракометен турнир Струга, 54-ти по ред. Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ – Струга. Организаторите го објави целиот распоред на мечеви, на првиот ден (12 август) од 18.30 часот РК Вардар 1961 ќе игра со РК Прилеп, во 20.00 часот е свеченото отворање на турнирот, а од 21.15 часот домаќинот РК Струга ќе игра со бранителот ...
Македонската репрезентативка Андреа Илиќ во новата сезона ќе има прв интернационален предизвик во кариерата. Илиќ ја напушта Македонија и се сели во Чешка, каде што ќе го брани голот на Плзен. Плзен е дел од регионалната МОЛ лига, натпреварување во кое покрај чешките настапуваат и најдобрите словачки екипи. Во последната сезона тимот го заврши првенството на десеттото место. За Илиќ ова претставува ново поглавје во кариерата и прв ...
Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација загуби со 55 поени разлика од силната Хрватска во натпревар од ЕП (Дивизија Б) во Гевгелија – 112:57. Дион Шабани беше најефикасен во македонскиот состав со 16 поени и осум скока. Котевски реализираше уште 10 во нашата селекција. Нашите кадети в недела ќе го имаат слободниот ден на ЕП, а во понеделник од 18.30 часот, повторно во салата „26. Април“, ќе ја бараат втората победа во групата ...
Симеоне зборуваше за медиумите во Сеул и, како што се очекуваше, се задржа на иднината на Хулијан Алварез во клубот. “Ситуацијата е многу јасна, клубот донесе одлука која Мигел Анхел добро ја објасни. Многу сме задоволни од Хулијан. Од спортска страна ќе му помогнеме да продолжи да расте, да се подобри и повторно да ни го даде она што ни го даде во овие две години, што беше извонредно.” “Поминавме низ неколку ситуации, видовме што се случи со ...
Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб. Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето. Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата меѓу двата клуба. Наполи и Фенербахче треба да седнат на ...
Марк Касадо и Руни Бардагџи, исто како Роналд Араухо, нема да патуваат со првиот тим на Барселона на турнирот во Удине, што дополнително ги засили шпекулациите дека двајцата би можеле да го напуштат клубот. Касадо утрово се појавил во спортскиот комплекс „Жоан Гампер“, но ја напуштил базата пред тимот да замине за Италија. Според шпанските медиуми, Барселона сака да го продаде 21-годишниот играч за врска и да заработи значителна сума. Во ...
Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени таму. Толпата нетрпеливо го чекала познатиот фудбалер и неговата партнерка Џорџина Родригез, пишува Jornal da Madeira. Венчавка навистина се одржувала во катедралата, но наскоро се појавиле сомнежи дека младенците, сепак, не се Роналдо и Џорџина. Додека наводната церемонија требаше да се одржи, Џорџина ...
Архивска снимка од Зорица Брунцлик од 1979 година, кога таа, како млада пејачка, дала изјава за тогашната ТВ Белград, повторно се шири на социјалните мрежи. Видеото, кое е снимено на почетокот на нејзината кариера, привлече големо внимание, пред сè затоа што Зорица изгледа речиси непрепознатливо во споредба со имиџот по кој е позната со децении. Во кадарот, таа се појавува со природна темна коса, без впечатливата розова нијанса што е нејзин ...