Без плаќање во готовина ќе се патува од утре во автобусите од јавниот превоз во кавадаречката општина. Од Јавното претпријатие „Градски превоз – Кавадарци“ информираа дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта – персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка. – До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со минимален кредит од 300 денари, ...

Германија се соочува со секојдневни напади од хибридна војна од странство, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добриндт по сомнителниот обид за напад со дрон наполнет со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале. Добриндт изјави за „Билд ам Зонтаг“ дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв. „Ние не сме во војна, но сме секојдневна цел на хибридна војна“, рече Добриндт. ...

Хуманизмот е помагање на другиот и на народите, а делото на Светите браќа Кирил и Методиј и на Светите Климент и Наум и денес им помага на многу народи, порача поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кому денеска во Охрид му беше врачена Големата повелба на хуманизмот по повод 40-годишнината од неговото замонашување. Заблагодарувајќи се за признанието, архиепископот Стефан пред присутните ...

Жозе Мурињо ја процени ситуацијата и веднаш воведе промени. Заклучи дека на клупскиот центар му се потребни построги правила и негов личен печат. Воведе построга контрола врз сите аспекти што влијаат на формата на играчите, од исхраната и закрепнувањето до точноста на пристигнувањата во кампот, објавува Ас. Ова го потврдува и неодамнешната клупска фотографија каде целиот тим и тренерскиот персонал ручаат заедно што досега не беше обичај. ...

Поп-ѕвездата Аријана Гранде одлучи да се повлече од јавниот живот некое време откако ја заврши својата тековна турнеја „Eternal Sunshine“, беше потврдено за списанието People. Како што истакна нејзиниот претставник, пејачката сака да направи пауза од работните обврски и вниманието, по периодот во кој беше под постојан притисок од медиумите и јавноста. Исто така, беше потврдено дека Гранде нема да учествува во новата продукција на познатиот ...

Раул Фернандез ја оствари својата доминантна победа на трката за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун, која беше 12-та од вкупно 22 трки во сезоната 2026. Возачот на Trackhouse Aprilia го поправи впечатокот од спринтот и низ целта помина со предност од 2,5 секунди пред лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин. Априлиа го комплетираше подиумот откако Марко Бецеки успеа да го одбие притисокот од Алекс Маркез од тимот на Gresini ...

Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76. Најефикасна во македонскиот состав беше Трајковска со 13 поени, на кои додаде четири скока и три асистенции. Освен 11 поени, Колева имаше и осум асистенции и четири скока. Со овој натпревар македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на ЕП од Дивизијата „Б“ во Тулчеа. Во последниот натпревар од ...

Шпанскиот трофеен фудбалер Серхиo Роберто е нов играч на ЛА Галакси. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше важен дел од некои од најдобрите тимови од ...

Вчера во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во возилото и ...

Полициски службеници лишиле од слобода 19- годишник, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и и испраќал навредливи пораки. На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата ...

Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи. “Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме ...

Четириесет и четиригодишен жител на село Љубојно рано изутринава починал откако изгубил контрола врз моторот што го управувал и излетал од патот. МВР соопшти дека во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од село Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од село Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од ...

Специјализирана нуркачка екипа од „тигрите“ трага по исчезнат рибар кој вчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро, и не излегол од водата. Според информациите на МВР, вчера 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му ...

Индонезиските власти запленија 1,3 тони кетамин во вредност од околу 100 милиони евра на брод со странско знаме, соопшти денеска индонезиската агенција за борба против наркотици. Според властите, ова е една од најголемите заплени во историјата на земјата. Уште во февруари, властите добија информации дека бродот „Кинг Сан“ отпловил од источен Тајланд кон Индонезија со „сомнителен товар“. Во следните месеци, бродот бил под надзор. На 7 август, ...

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...

Јаткастите плодови се познати како здрава ужина, а ф’стаците се издвојуваат поради нивната висока содржина на влакна, здрави масти, протеини, витамини, минерали и антиоксиданси. Нивната редовна консумација може да придонесе за здравјето на срцето и дигестивниот систем, а исто така може да помогне во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта, пишува Health.com. Ф’стаците содржат растворливи и нерастворливи влакна, кои играат важна улога ...

Вториот по големина град во Узбекистан, Самарканд, идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција. Како што денеска објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“. Македонската шаховска ...

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. На 8 септември годинава одбележуваме 35 години од независноста. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на ...

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...

Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала, вели романскиот министер за одбрана Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала што пристигнуваат на територијата на земјата, изјави министерот за одбрана Раду Мируца во интервју за телевизијата Диџи 24. Воената одлука за соборување на беспилотно летало означено како ...

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...

Вечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“ Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се ...

Денес во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност. Завршницата ќе биде на 8 септември со настап на Давид Гета на градскиот стадион. „Силно светнал ден! 35 години независност!“ напиша во објавата на Фејсбук претседателот на Владата , Христијан Мицкоски. Денес во 20.30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“ по ...

Комесарката на WNBA, Кети Енгелберт, испрати меморандум до клубовите во кој се осврна на актуелните разговори за учеството на трансродови спортистки во женската кошарка. Објавата на Енес Кантер и Ројс Вајт, двајца поранешни NBA кошаркари кои сакаат да играат во WNBA, ја разбранува светската спортска јавност. Се огласи и синдикатот на кошаркарките во најсилната женска кошаркарска лига во светот, а потоа и комесарката на WNBA испрати јавен ...

Каталонските извори тврдат дека спортскиот директор Деко сака да го вклучи Де Јонг во договорот со Сити, кој не сака да настапува за Барселона. Де Јонг би можел да се согласи на заминување, бидејќи Ханси Флик веќе нема иста доверба во него како порано. Во исто време, Де Јонг одбил да оди на операција и сака да го залечи коленото со конзервативни методи. Де Јонг сигурно ќе паузира до крајот на 2026 година, па Сити ќе мора добро да размисли ...

На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. – При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило ...

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела, сторителите се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш ...

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, рече Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат ...

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола, велат од ВМРО-ДПМНЕ „За разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат секој ден… сè е поскапено.“ На 22 април отиде уште ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
43%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
5.8
31%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
36%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
83%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.57
56%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.36
33%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
60%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
93%
1015
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Цинк

0.00

Платина

60379.10

Сребро

2214.40

Злато

149009.07

Калај

56.14

Паладиум

42824.79

Алуминиум

3.25

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36

Бакар

13.17

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29