Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот. Без вода денеска од ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе интересна одлука за натпреварот меѓу ПСЖ и Астон Вила, кој во 2026 година ќе се одигра на „Ред Бул Арена“ во Салцбург, Австрија. За првпат во историјата на ова натпреварување, мечот ќе го суди арбитар кој не доаѓа од европска конфедерација. Главен судија ќе биде Сомалиецот Омар Артан, со што ќе стане првиот неевропски арбитар што ќе ја води оваа пресметка во нејзиното 51. издание. Целиот судиски тим ...
Конор Мек Грегор потврди во објава на социјалните мрежи дека операцијата на која беше подложен откако ги скина менискусот и предниот вкрстен лигамент на десното колено била успешна. Славниот Ирец сними видео во кое ја откри веста за неговата состојба и колку е сериозен во врска со враќањето во октагонот и да ја одработи последната борба од договорот со УФЦ. Неговата цел е јасна: да се врати за време на Меѓународната недела на борбите во ...
Легендарниот НБА-играч, Каваи Ленард, повторно се најде во центарот на вниманието по новите информации за наводни тајни договори со Лос Анџелес клиперс. Новинарот Пабло Торе откри детали за компанијата „Дарктроникс“, која наводно му исплаќала милиони на Ленард преку договор што бил поврзан со Клиперс. Според сведоштвата, Каваи бил лице на компанијата, иако таа претходно немала практика да плаќа на познати личности за промоција. – Станува збор ...
Mек Мекланг, конечно, реши да ја напушти развојната НБА-лига и првпат во професионалната кариера ќе игра во Европа. Трикратниот победник на НБА-натпреварот во забивање потпиша едногодишен договор со Жирона, клуб чиј претседател е легендарниот Марк Гасол. Дваесет и седумгодишниот бек, и покрај неверојатните атлетски способности, никогаш не успеа да се избори за сигурно место во НБА. Откако не беше избран на драфтот, играше за Чикаго, Лос ...
Маркус Рашфорд добива нова шанса во Манчестер Јунајтед откако по разговорите со менаџерот Мајкл Карик, англискиот репрезентативец добил уверување дека е дел од плановите на клубот за новата сезона. Фудбалерот ги одбил понудите од Фенербахче и Саудиска Арабија, откако не успеа да остане во Барселона, каде минатата сезона постигна 14 гола на позајмица. За Јунајтед има 426 настапи, 138 голови и 79 асистенции, а договорот му важи до 2028 година. ...
Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирана клаузула за отпуштање. Вредноста на трансферот се проценува помеѓу 7.000.000 и 8.000.000 евра. Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за ...
Нејмар би можел да направи трансфер во Интер Мајами на почетокот од следната година. Ова го објави неговиот поранешен репрезентативен соиграч Фелипе Мело, кој е близок пријател со бразилската ѕвезда. Нејмар би можел така повторно да се обедини со Меси и Суарез, со кои играше во Барселона од 2014 до 2017 година каде во тој период постигнаа тројцата вкупно 363 гола. Нејмар се врати во Сантос во јануари 2025 година, по неуспешната епизода во Ал ...
Слеб Сити е населба во калифорниската пустина, изградена на бетонските плочи на напуштена воена база. Нема електрична енергија, водоснабдување, канализација или собирање ѓубре. Нема ниту кирија, бидејќи земјиштето е во државна сопственост, а сите што живеат таму се формално нелегални станари. Во лето, таму престојуваат околу стотина луѓе, а во зима има неколку илјади. Населбата е создадена од она што го оставила војската. За време на Втората ...
Доколку ви е потребен едноставен и вкусен десерт за роденден или посебна пригода, оваа торта со бисквити е одличен избор. Се прави брзо, не бара печење, а по вкус може да се спореди дури и со поскапите торти купени од продавница. Состојки: – 10 жолчки – 15 лажици шеќер – 200 гр темно чоколадо – 125 гр путер – 400 мл слатка павлака – бисквити по ваш избор – можете да користите шлаг, матени белки или рендано чоколадо за декорација. Подготовка: ...
Алек Болдвин на шега ѝ предложи на сопругата Хилари уште едно дете, Холивудскиот актер Алек Болдвин (68) повторно ги насмеа своите следбеници на социјалните мрежи откако ѝ предложи уште едно дете на сопругата Хилари (42) во едно смешно видео. Нејзината реакција набрзо стана хит меѓу фановите. Имено, во заедничка објава на Инстаграм, тој се пошегува за проширувањето на своето веќе големо семејство. Во видеото Хиларија Болдвин (42), која седи ...
Актерот Андрија Милошевиќ е во фаза каде што е подготвен да експериментира со својот изглед. Откако извесно време ја избели косата, за да има црвена боја, сега се појави со нова фотографија од фризерскиот салон. Актерот, кој некое време ја има вратено црната, природна коса, сподели фотографија на која се подготвува за нова трансформација. Покрај тоа што пушти мустаќи, Андрија има и виклери во косата, што дефинитивно укажува дека неговиот нов ...
Кога станува збор за заштита од сонце, клучно е да се користи производ со заштитен фактор (SPF) од најмалку 30, но се поставува прашањето дали крема или спреј е подобар избор. Иако двата производи се подеднакво ефикасни ако се нанесат правилно, дерматолозите истакнуваат дека кремите често се покажуваат како подобар избор во пракса. Причината е едноставна – луѓето често го нанесуваат спрејот нерамномерно и во недоволна количина, што го ...
Група туристи во Боцвана доживеале вистинска драма за време на сафари кога одеднаш биле бркани од огромен нилски коњ, принудувајќи го капетанот на бродот да забрза за да избегне опасност. Целиот настан бил снимен со камера и набрзо станал вирален на социјалните мрежи. Видеото ги прикажува туристите како мирно гледаат осамен мажјак во водата на почетокот. На почетокот, капетанот го забавил бродот за да не го вознемири животното, но набрзо ...
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 годишнината од независноста во Македонија вечерва започна од Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Во 11 градови преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. На 11 ...
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо, Дон Нелсон, мирно отиде да биде со Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружија со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасните спомени“, се вели во соопштението на семејството. Hall ...
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигра во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0. Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигра во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0, а можеа тетовци да слават и многу поубедливо Сенегалецот, беше стрелец и на ...
Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на Кина. Во ...
На 08.08.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ.(20) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, информира ...
Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, се соочи со неколку смртни закани за време на последното Светско првенство во Северна Америка. Како што објави американското ФБИ (Федерално истражно биро), за време на Светското првенство, било планирано убиство на капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина. ФБИ, во соработка со Меѓународниот центар за полициска соработка (IPCC), регистрираше неколку смртни закани. ...
Додека вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме и создава страв дека многу работни места би можеле да исчезнат, европскиот пазар на труд покажува поинаква слика. Најголемиот проблем на компаниите повеќе не е недостатокот на работни места, туку недостатокот на луѓе кои можат да ги пополнат, објавува BIZlife. Од индустриски работници до ИТ специјалисти, од здравствени работници до наставници – Европа во 2026 година не бара ...
Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време 2:08:26, ...
Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. – Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. Имавме и пациент кој учествувал во ...
На 08.08.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„4 Јули“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Џ.(22) од с.Црвивци, кичевско и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(32) од с.Долно Свиларе, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.А., а со телесни ...
Фудбалскиот свет со тага ја прими веста за смртта на таткото на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, Хорхе кој почина на 68 годишна возраст. Дека таткото на Лео е тешко болен, првпат беше откриено за време на Светското првенство. По загубата на животната битка на неговиот татко, Лионел беше забележан во моментот кога пристигнал на аеродромот во Росарио, местото од каде што го започна своето патување низ историјата со ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветото место на Европското првенство, откако на последниот натпревар го победи Израел со 39-29. Првото полувреме не беше најдобро, противникот ја имаше иницијативата водеше и со четири гола разлика (10-14). Полсе негативата од 19-20 на одморот следеше фуриозна игра. Веднаш на стартот на вториот дел, Македонија поведе со 22-20, по што полека, но сигурно ја зголемуваше позитивата. ...
Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи се огласи со коментар за видеото „Силно светнал ден, 35 години независност“, велејќи дека се што било позитивно во овие 35 години носи потпис на СДСМ. Филипче вели дека во видеото се прикажани најголемите успеси на Македонија во 35 годишната незавиност, а тоа го прeпишува на СДСМ. Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Х, каде првиот човек на СДСМ го објави својот став, му порачаа ...
Без плаќање во готовина ќе се патува од утре во автобусите од јавниот превоз во кавадаречката општина. Од Јавното претпријатие „Градски превоз – Кавадарци“ информираа дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта – персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка. – До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со минимален кредит од 300 денари, ...