Претставувањето на ова возило се очекува во текот на 2026 година, кога ќе бидат објавени повеќе информации за него. Bentley направи прв чекор кон електрификација кон крајот на минатата деценија, кога го претстави својот прв хибриден автомобил. По Bentayga Hybrid, компанијата претстави и хибридни верзии на моделите Continental GT и Flying Spur, а сега дознавме нешто повеќе информации за нивниот прв целосно електричен автомобил. Овој автомобил ...

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо наведува дека iPhone 18 Pro серијата ќе добие камера со променлив отвор на блендата. Помалку од два месеца по лансирањето на iPhone 16 серијата, јавноста веќе го насочи вниманието на идните модели. Покрај iPhone 17 серијата која треба да излезе следната година, почнаа и разни најави за iPhone 18 серијата. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо наведува дека камерите на iPhone 18 Pro серијата ќе добијат значајни промени ...

Netflix неодамна претстави нова функција за мобилната верзија наречена Highlights, што во слободен превод би значело „најдобри моменти.“ Поради ограничувањата на DRM (Digital Rights Management), екраните од Netflix се затемнети освен ако ова ограничување не е заобиколено на веб или мобилната верзија. Меѓутоа, новата опција „Highlights“ им нуди алтернатива на корисниците. Оваа функција овозможува корисниците на мобилни телефони да означуваат ...

Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон. Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во ...

Со Стартап пакетот на ПроКредит Банка новоотворените бизниси отсега имаат дополнителна поддршка што ќе им овозможи сеопфатно решение за да напредуваат и да го градат својот бизнис на следно ниво. Пакетот содржи сет финансиски и нефинансиски услуги кои го прават вистински избор за сите нови претприемачи. Уникатниот бенефит на стартап пакетот е 2 години бесплатно одржување на сметка и неограничени бесплатни трансакции во земјата. Пакетот вклучува ...

Скопје ќе биде домаќин на експерти од големи светски компании Сѐ е подготвено за 7. издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential”. Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената ...

Имаме нешто ново што ќе ве воодушеви! Нептун сега ви нуди компјутерски компоненти – совршени за сите кои сакаат да склопат моќен гејминг компјутер или ултра-брз сетап. Од врвни процесори и графички картички, до брзи RAM мемории и SSD уреди, бескомпромисни матични плочи и моќни напојувања – сè е тука и сè е подготвено за вашата следна авантура. А најдобриот дел? Со лојалната програма на Нептун добивате ексклузивни понуди и можност за купување до ...

Продадени се 77,7 милиони игри во последниот квартал, што претставува зголемување од 10 милиони во споредба со минатата година. Набрзо по лансирањето на моделот PlayStation 5 Pro, Sony откри дека до крајот на вториот квартал во 2024 година, продал вкупно 65,5 милиони конзоли PlayStation 5. Иако продажбата на конзоли се намалила за 1,1 милион примероци во споредба со истиот период лани (и вкупно се намалила за 2 милиони единици во 2024 година), ...

Европската комисија (ЕК) презеде мал чекор кон создавање на сопствена суверена интернет констелација, која ќе биде конкурент на Starlink на Илон Маск. ЕК во соопштение за медиумите објави дека пред крајот на годината ќе му додели 12-годишен договор за IRIS2 (Инфраструктура за отпорност, меѓусебно поврзување и безбедност преку сателит) на конзорциумот SpaceRISE, група од сателитски компании со седиште во ЕУ, меѓу кои се Eutelsat, Hispasat и SES, ...

МКЦ го најавува 49-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 15 до 21 ноември, со театарски настани, претстави, работилница кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ – овската мрежа која со страст е создавана изминативе децении. Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Иако се осамени ...

Желбата на Google да постигне ниска цена за Tensor чипсетот ја покажува сериозноста со која компанијата пристапува кон Google Pixel серијата. Google Pixel 6 беше првиот уред кој го започна патот на компанијата со Tensor чипсетот, чијшто наследници веднаш беа вклучени во поновите модели. Компанијата од Маунтин Вју се соочи со сериозни критики за фаворизирање на сопствените чипсети во однос на Qualcomm, што доведе до тоа овие скапи водечки ...

Нова опција во најновата верзија на оперативниот систем на Apple може да го отежни отклучувањето на iPhone за полицијата и крадците. iPhone уредите со iOS 18.1, откако ќе бидат заклучени четири дена, автоматски се рестартираат, што го отежнува нивното отклучување со алатки за пробивање на лозинки. Медиумската куќа 404 Media извести во четвртокот дека полициските службеници ги предупредувале едни со други дека телефоните кои се чуваат за ...

Наместо цемент кој се пече од глина и варовник, ова е ново врзивно средство (цемент) за правење бетон што се добива од ракови и алги. Но, тука не е крајот на неговото пријателство со околината Во последно време многу се пишува и се зборува, а уште повеќе се работи за да се замени стариот добар цемент со нешто друго. Клинкерот (од кој се добива цемент со мелење и рафинирање) се пече во ротациони печки на температура од 1450 стешени Целзиусови, ...

Уште едно истражување потврди дека добриот сон е клучен за нашето долгорочно здравје. Сега е откриено и колку часа сон дневно се потребни за поквалитетно стареење. Нова студија, спроведена од Медицинскиот универзитет Венжу во Кина, открива дека повеќе од седум часа сон секоја ноќ може да биде клучно за стареење без големи здравствени проблеми. Студијата вклучи 3306 возрасни лица на возраст од 45 години и постари, чијашто навика за спиење била ...

Стриминг сервисот Max планира да воведе построги правила против споделување лозинки, а ја разгледува и можноста за зголемување на цената на претплатата, следејќи го примерот на други сервиси. Стриминг сервисот Max, претходно познат како HBO Max, планира во наредните месеци да воведе мерки против споделување лозинки, известува The Verge. Во последниот извештај за заработка, матичната компанија Warner Bros Discovery соопшти дека корисниците ...

Обновениот Windows Hello подобро одговара на современиот дизајн на Windows 11. Ова е направено со цел да се поедностави процесот на најавување и автентикација. Windows Hello, функцијата за биометриска автентикација на Microsoft, која им овозможува на корисниците на Windows 11 да се најавуваат на своите уреди и апликации со препознавање на лице, отпечаток од прст или ПИН код, добива нов изглед. Промената доаѓа во претходна верзија на бета ...

Samsung Galaxy S24 се најде на листата на десетте најпродавани паметни телефони во САД во третиот квартал од 2024 година, што е првпат од Galaxy S9 за овој период Counterpoint Research штотуку ја објави својата листа на десет најпродавани паметни телефони во третиот квартал од 2024 година во САД, а изгледа дека Samsung има повеќе причини да биде задоволен со овој извештај. Компанијата извести дека Samsung Galaxy S24 се најде на престижната ...

Експериментите со ткиво на црниот дроб планирани за Меѓународната вселенска станица можат да обезбедат алтернатива на црн дроб за трансплантација. Досега завршените експерименти покажуваат дека уникатните услови на ниска орбита на Земјата, на оддалеченост од 1.900 километри од Земјата, ќе им помогнат на ткивата на црниот дроб самостојно да се соберат со подобрена функционалност во споредба со методите базирани на Земјата. – Ова е клучен чекор ...

Планираното лансирање на MacBook Air со OLED екран се соочува со значителни одложувања поради високите трошоци за производство и предизвиците во синџирот на снабдување. Планираното објавување на MacBook Air со OLED екран од страна на Apple би можело да доживее значителни одложувања, потенцијално поместувајќи го лансирањето надвор од првично очекуваната временса рамка за 2027 година, известува The Elec. Извештајот открива дека до одложувањето ...

Портрет на Алан Тјуринг, нацртан од робот, на аукција достигна цена од повеќе од 960.000 евра. Ai-Da Robot е првиот робот-уметник чие дело е продадено во голема аукциска куќа. Ултра реалистичен робот дизајниран да изгледа како жена е создаден од тим предводен од Ајдан Мелер. Ai-Da има камери во очите и користи вештачка интелигенција за цртање, сликање и вајање. Неговото дело високо 2,2 метри направено со помош на алгоритми на вештачка ...

Врвна фотографија со продолжена експозиција пристигнува од орбитата, каде што астронаутот на NASA, Дон Петит ја искористи новата фотографска опрема и направи многу атрактивен кадар, видлив само оттаму. Астронаутот на NASA, Дон Петит не само што е квалификуван за вселенски летови и работа на Меѓународната вселенска станица, туку е и талентиран фотограф. Неговото последно дело, снимено од ISS пред неколку дена, брзо стана вирално на социјалните ...

Во срцето на трговскиот центар Bliss Mall во Битола е отворена нова IQOS зона, специјализирана област за сите полнолетни пушачи кои сакаат да го истражат светот на производите без чад. Оваа нова зона, втора надвор од главниот град ќе работи од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот и во недела од 10 до 20 часот и истата е дизајнирана со цел да им овозможи уникатно и пријатно искуство на возрасните пушачи заинтересирани за подобра алтернатива, ...

Apple потврди дека присилното затворање на апликации на iPhone може да потроши повеќе батерија отколку оставањето на апликациите во позадина. Ако сте навикнати да ги затворате апликациите на вашиот Apple телефон за да заштедите батерија, можеби ќе сакате да ја промените таа навика. Иако изгледа нелогично дека оставaњето на апликациите отворени ќе заштеди батерија, Apple тврди дека всушност тоа е вистина. На официјалниот форум на Apple за ...

Како што напредува вештачката интелигенција (AI), постои глобален притисок врз луѓето да научат како да работат со неа за да можат да го следат нејзиното брзо прифаќање во личните и професионалните средини. Неодамнешна студија на Центарот за колективна интелигенција на MIT (Massachusetts Institute of Technology Center for Collective Intelligence, MIT CCI) откри дека, иако соработката меѓу луѓето и вештачката интелигенција може да биде корисна, ...

Thunderbird е можеби најинтересниот проект со отворен код за мејл клиент. Сега, по повеќе од две години развој на верзијата за Android, решението е веќе завршено, за радост на фановите на бесплатниот софтвер со отворен код. Веб-базираните клиенти за електронска пошта обично се фокусираат на поедноставено искуство. Microsoft Outlook е на спротивниот пол, а за луѓето кои едноставно сакаат да имаат поголема контрола врз пораките, Thunderbird за ...

Најновото истражување на Counterpoint Research покажува дека лани iPhone 15 е најпродаваниот паметен телефон на светот во периодот од јули до септември оваа година Според истражувањето на пазарот што го спроведе Counterpoint Research, iPhone 15 беше најпродаваниот мобилен телефон на светот во третиот квартал од оваа година. Незначително зад него се наоѓаат модели од истата серија, iPhone 15 Pro Max и iPhone 15 Pro. И покрај тоа, Samsung доминира ...

Станува збор за релативно нов мобилен веб-прелистувач кој нуди неколку интересни можности и кој до неодамна беше достапен само на iOS, но сега може да се користи и на паметни телефони со Android во рана верзија. Компанијата The Browser Company е технолошка фирма основана во 2019 година во САД, која од самиот почеток си поставила за цел создавање на веб-прелистувач кој би требало да го замени Chrome (и други веб-прелистувачи), нудејќи малку ...

Што содржи визијата на Градот за одржлив развој 2007-2025 година, како Љубљана успева неколкупати да биде прогласена за најзелена европска метропола, кој беше клучен фактор за да се добие тој примат, како е организиран јавниот превоз и системот за одржување на јавната хигиена, како сите овие области се третираат во Законот за локалната самоуправа и како е извршена поделбата на ингеренциите помеѓу Градот и Општините? Ова беа само дел од темите на ...

Референца на нешто што се нарекува “Windows Intelligence” е забележена од корисниците во најновите верзии на Windows 11 По инвестицијата од неколку милијарди долари во OpenAI, Microsoft се вклучи длабоко во областа на вештачката интелигенција, интегрирајќи ја оваа технологија низ целиот свој технолошки екосистем и претставувајќи го Copilot (порано познат како Bing Chat) во февруари 2023 година. Од тогаш, овој AI четбот претрпе значајни измени, ...

Google започна со воведување на редизајн на приказот на прочитаните пораки во апликацијата Messages Google користи различни ознаки за да прикаже четири состојби на пораката: испраќање, испратено, примено и прочитано. Овие состојби се прикажуваат преку тајмер, единечна проверка, двојна проверка и двојна проверка во боја. Во тековната верзија на апликацијата Google Messages ознаките обично се наоѓаат под балонот за пораки, помеѓу времето и иконата ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
78%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
93%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.94
61%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
98%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
55%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
65%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
65%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
92%
1007
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
78%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59333