WhatsApp работи на нова функција која сега е достапна на неговиот Android бета канал, а тоа е обратно пребарување на фотографии. Во основа, станува збор за можност за брзо онлајн пребарување на фотографијата што корисникот ја добил, со цел да ја потврди нејзината автентичност доколку е потребно. Процедурата е едноставна. Кога корисникот ќе допре на фотографијата што ја примил, во менито „три точки“ кое се наоѓа во горниот десен агол ќе ја најде ...

Корисниците на Samsung Galaxy кои сакаат најдобро гејмерско искуство можеби ќе бидат заинтересирани за неодамнешните информации за претстојното ажурирање One UI 7 Според Chuvn8888, доверлив извор со историја на прилично точни информации за ажурирањата на Samsung, One UI 7 би можел да воведе скриена опција за целосно исклучување на термичкото ограничување. Термичкото ограничување е безбедносна функција која автоматски го забавува процесорот кога ...

Научниците откриле огромна количина водена пареa околу квазарот APM 08279+5255, оддалечен 12 милијарди светлосни години Во новооткриениот дел од вселената, каде што астрономијата помага во навигација низ незамисливите длабочини на вселената, е направено неверојатно откритие на најголемиот познат резервоар на вода. Количината на водата е 100 билиони пати поголема од вкупната количина на океаните на Земјата и се наоѓа околу активен квазар наречен ...

Оppo планира да ја претстави Reno13 серијата само шест месеци по Reno12 моделот, со батерија од 5.900 mAh, 80 W полнење и 50 MP телеобјективна камера. Оppo планира да ја претстави Reno13 серијата на 25 ноември, само шест месеци по лансирањето на Oppo Reno12 моделот во Кина. Според информациите што ги сподели Digital Chat Station, новата средна класа на телефони ќе има поголем капацитет на батеријата. Оppo традиционално ја обновува Reno серијата ...

Microsoft тврди дека Windows 11 Copilot+ PC компјутерите нудат до пет пати подобри перформанси и 3 пати подолго траење на батеријата во споредба со најпопуларните уреди стари 5 години Microsoft вложува големи надежи во Windows 11 Copilot+ PC, кои, според нивните тврдења, ја претставуваат иднината на персоналните компјутери. Иако Copilot+ уредите имале одредени потешкотии во однос на AI функциите на самиот почеток, Snapdragon платформата сепак ...

Иако претходно се зборуваше дека поевтиниот Vision Pro ќе излезе во 2025 година, изгледа дека тоа нема да биде случај. Долгогодишниот аналитичар Минг-Чи Куо наведува дека Apple го одложил неговото излегување на пазарот до 2027 година Apple Vision Pro не доживеа голем комерцијален успех, делумно поради високата цена од 3.500 долари, а делумно поради ограничената достапност на пазарот. Сепак, се очекува дека Apple следната година ќе го претстави ...

Изминатиов викенд над 50 учесници и 20 ментори се обединија за подобро и похумано општество на 13тото издание на Startup Weekend Social Innovation Skopje 2024. Со голем ентузијазам и несекојдневни идеи, 10 тимови работеа со цел да креираат иновативни решенија. Оваа година, темата беше насочена кон социјалните инвации што значи дека сите идеи беа фокусирани на справување со актуелни општествени предизвици преку креативност и соработка. Решенијата ...

Нова гласина сугерира дека Apple развива 90Hz технологија на дисплеј која би можела да се појави во идните верзии на Studio Display, iPad Air и 24-инчниот iMac, кои моментно имаат стапка на освежување од 60Hz. Според информациите првично објавени од 9to5Mac, до кој стигна анонимен извор кој го контактираше популарниот tech подкаст насловен Upgrade, Apple работи на „LCD дисплеј со поголема брзина на освежување и нова liquid motion панел ...

Дали сакате да „побегнете“ од некого на социјалните мрежи, обично можете да го блокирате за да нема пристап до вашиот профил. Сепак, на платформата X, правилата ќе се променат, па криењето ќе стане потешко. Нова промена на социјалната мрежа X, некогашен Twitter, кога станува збор за следење и блокирање корисници. Досега блокирањето на таа социјална мрежа функционираше како и на сите останати – кога сакавте да „побегнете“ од некој кориснички ...

Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема. Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа со лиценца и воедно првиот регистриран давател на шема за електронска ...

Сонувате за незаборавно патување? Се замислувате како го истражувате раскошот на Јапонија, динамиката на Кореја или мистиката на Индија. Ви се чини дека тие дестинации се далечни и недостижни? Сакате да го проширите своето знаење и да се доедуцирате и да стекнете нови вештини и знаења кои ќе ве издвојат? Без разлика дали станува збор за обука во странство, учење нов јазик или надградување на професионалните способности – овие можности се чекор ...

Hisense, еден од водечките брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, влезе во своето прво официјално партнерство со FIFA World Cup 2025™. На објавувањето на партнерството во познатата Шангајска кула присуствуваа претседателот на FIFA, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и претседателот на Hisense групацијата, Џиа Шаокиен. „Среќни сме што Hisense, како еден од глобалните лидери, е официјален партнер на FIFA ...

Продажбата на PlayStation 5 Pro почнува на 7. ноември, а за оние кои планираат да ја купат освежената верзија на конзолата, Sony најави листа од повеќе од 50 игри, односно нивни подобрени верзии. Конзолата ќе донесе разни графички подобрувања како системот PlayStation Spectra Super Eesolution, поддршка за Wi-Fi 7, како и голем 2TB SSD. На листата се модерни наслови како Baldur’s Gate 3, The Last of Us Part II Remastered, Marvel’s Spider-Man 2 и ...

Неколкудецениската соработка на Русија со Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во Женева е при крај, јави во неделата ДПА, истакнувајќи дека научниците од таа европска институција соработувале и со Русија за време на Студената војна. Беате Хајнеман, директор на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Електронски синхротрон (DESY) во Хамбург, изјави за dpa дека повлекувањето на Русија ќе има голем број ...

Nubia Z70 Ultra примери на фотографии со камерата – уште еден флегшип телефон со врвни карактеристики и Snapdragon 8 Elite. Високо претставник на компанијата ZTE овозможи прелиминарен увид во она што може да се очекува од најновиот телефон Nubia Z70 Ultra и неговиот висококвалитетен систем на камери. Уредот, кој го напојува Snapdragon 8 Elite, ќе има примарна камера од 35 мм, како и нов телефото сензор, кој на прв поглед прави импресивни макро ...

Realme го претстави својот најнов флегшип смартфон во Кина, а станува збор за GT7 Pro базиран на премиум чипсетот Snapdragon 8 Elite. Телефонот се истакнува со Eco2 OLED Plus екран со дијагонала од 6,78 инчи, густина на пикселите од 450 пиксели по инч, стапка на освежување до 120 херци и осветленост од 6000 нита. Има поддршка за HDR10+ и Dolby Vision, како и отвор за 16MP селфи камера. Покрај најмоќниот чипсет во моментот, телефонот располага со ...

Во подвиг на современата алхемија, научниците користеле зрак од испарен титаниум за да создадат еден од најтежките елементи на Земјата – и веруваат дека овој нов метод би можел да отвори пат кон уште потешки хоризонти. Ова е прв пат новата техника – при која парче редок изотоп титаниум 50 се загрева на речиси 1650 °C за да се ослободат јони што се насочуваат кон друг елемент – успешно да произведе супертежок елемент, ливермориум. Ливермориум прв ...

Huawei кон средината на овој месец (ноември) ќе ја претстави серијата уреди Mate 70. Станува збор за четири модели: Mate 70, Mate 70 Pro, Mate 70 Pro+ и Mate 70 Ultimate Design, ако може да му се верува на дојавувачот DigitalChatStation. Шемата на претставување е идентична на ланската серија Mate 60, која се состоеше од моделите Mate 60, Pro, Pro+ и Ultimate Design. Очекувањето е дека новите уреди „ќе ја видат светлината на денот“ на 19 ноември, ...

Тројца кинески астронаути донеле дома 34,6 килограми вселенски примероци, објавија во понеделникот државните медиуми. Пристигнувањето на примероците во Пекинг ја означува седмата серија на научни експериментални примероци од кинеската вселенска станица Тиангонг. Капсулата се спуштила во текот на ноќта во оддалечена област за слетување во кинмескиот регион на Внатрешна Монголија. Астронаутите се вратија откако добија замени минатата недела, три ...

Веќе подолго време се шпекулира дека Samsung ќе претстави подостапен стартен модел во својата Z серија уреди, но речиси е сигурно дека тоа нема да биде преклопниот Z Fold во стилот на „книга“. Новите гласини навестуваат дека изборот паднал на Z Flip, кој би можел да пристигне заедно со претстојниот Galaxy S25 Slim во април. Новиот извештај не открива детали за спецификациите и цената на очекуваниот Galaxy Flip FE, но се совпаѓа со лансирањето на ...

Комуникацискиот кориснички терминал, развиен од лабораторијата Lincoln на MIT, се подготвува за историски прелет на Месечината. Во 1969 година, астронаутот на мисијата Аполо 11, Нил Армстронг, зачекори на површината на Месечината. Три години подоцна, Аполо 17 стана последната мисија на НАСА во која беа испратени луѓе на најсветлиот и најголемиот објект на нашето ноќно небо. Оттогаш, ниту еден човек не ја посетил Месечината, главно поради промени ...

Вградените сензори за отпечатоци од прсти станаа стандард во речиси сите Android паметни телефони, и сега, по пет години чекање, конечно гледаме дека ултразвучните сензори стануваат широко користени на повеќе уреди. Сензорите за отпечаток од прст постојат во три основни форми. Постојат физички капацитивни сензори кои долго се користат, на пример, на задната страна на уредите на Samsung и Google Pixel, и се уште се користат во многу флексибилни ...

Новинарот на Bloomberg потврди дека MacBook Pro веројатно ќе добие целосен редизјан во 2026 година. Според новинарот Марк Гурман од Bloomberg, Apple ќе објави „целосно редизајниран“ MacBook Pro во 2026 година. Apple традиционално користи четиригодишен циклус на дизајн за MacBook Pro, но изгледа дека ажурирањето со M5 ќе биде само надградба со нови чипови – и ќе треба да почекаме уште една година за комплетно редизајнирање. Во викенд-изданието на ...

Apple планира да го објави iOS 18.2 за iPhone во првата недела од декември, според Марк Гурман од Bloomberg во најновото издание на неговиот билтен Power On. Apple веќе потврди дека ажурирањето ќе биде објавено во текот на декември, а сега имаме малку поконкретен временски период. Ажурирањето на софтверот вклучува дополнителни функции на Apple Intelligence за моделите iPhone 15 Pro и сите модели на iPhone 16, вклучувајќи Genmoji за создавање на ...

Samsung сè уште не се откажа од концептот наменет за оние кои ја сакаат флегшип Galaxy S серијата, а не сакаат да платат премногу, поради што направи нова поволна варијанта на смартфон. Galaxy S24 FE веќе пристигна кај нас и веднаш го испробавме, споредувајќи го со минатогодишниот модел, но и со премиум Galaxy S24 уредите. Јужнокорејската компанија направи неколку помали измени со Galaxy S24 FE, кои во комбинација претставуваат значително ...

PS5 Pro ќе има 16,7 TFLOPS GPU со 16 GB наменска GDDR6 VRAM меморија и дополнителни 2 GB DDR5 системски RAM. Конзолата PlayStation 5 Pro треба да биде лансирана на 7 ноември оваа година, по цена од 699 американски долари, односно околу 642 евра. Sony ја оправдува оваа цена со подобрената резолуција преку AI upscaling и PlayStation Spectral Super Resolution (PSSR) и стабилно играње на 60 fps, но многу корисници сметаат дека овие подобрувања не се ...

Мозаикот со висока резолуција и подобрени бои, објавен од американската вселенска агенција NASA, претставува неверојатен поглед на кратерот Језеро на Марс. Овие фотографии се направени од роверот Perseverance со помош на инструментот Mastcam-Z за време на искачувањето на западниот ѕид на кратерот. Мозаикот покажува многу места кои роверот ги посетил за време на својата трииполгодишна мисија во кратерот именуван по општината во Република Српска. ...

Најновите податоци на IDC покажуваат дека таблет уредите и понатаму се атрактивни за купувачите. Во третиот квартал оваа година забележан е раст од над 20 проценти во бројот на нивните глобални испораки. Според извештајот на Меѓународната организација за податоци (IDC), во третото тримесечје на 2024 година забележан е раст од 20,4 проценти во бројот на испорачани таблети низ целиот свет, со вкупно 39,6 милиони испорачани уреди. Apple и натаму ...

Наредната година изгледа дека не очекува мала, но значајна промена за смартфоните на Apple. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, барем еден од моделите на iPhone 17 ќе биде опремен со Wi-Fi 7 чип, развиен од Apple. Сите актуелни модели на iPhone користат комбиниран Wi-Fi и Bluetooth чип, испорачан од Broadcom, но Куо очекува Apple да користи сопствен Wi-Fi чип за речиси сите свои производи во наредните три години. Аналитичарот истакнува дека овој ...

Мистериозен Google чипсет се појави во листата на GeekBench резултати со моќни спецификации – дали ова е новиот Tensor G5? Има многу интересни факти поврзани со потенцијалниот развој на идните Google Tensor процесори. Недавно се појавија многу прелиминарни информации за Tensor G5 и G6 чиповите, според кои TSMC ќе ја преземе производството на чиповите од Samsung. Tensor G5, конкретно, ќе го носи кодното име „лагуна“, ќе биде произведен на 3nm N3E ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
78%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
93%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.94
61%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
98%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
55%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
65%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
65%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
92%
1007
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
78%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59333