Компактниот телефон на OnePlus ќе биде заснован на моментно најмоќниот мобилен процесор, Snapdragon 8 Elite, и ќе има OLED екран од 6,31 инчи. OnePlus работи на нов флегшип телефон со компактни димензии, наменет за кинескиот пазар, според извештај од доверливиот извор Digital Chat Station. Овој модел ќе биде опремен со чипсетот Snapdragon 8 Elite и OLED екран со резолуција од 1.5K. Разликата помеѓу OnePlus и Oppo Find X8 Mini моделот Иако Oppo ...

Некои корисници преферираат испраќање гласовни пораки наместо пишување, додека други го избираат спротивното, а сега апликацијата WhatsApp понуди многу корисно решение. Станува збор за функција која овозможува транскрипција на гласовни пораки, претворајќи ги во текст. Од WhatsApp велат дека гласовните пораки ќе бидат претворени во текст „за корисниците да можат да останат во тек со разговорот без разлика што прават истовремено“. „Транскриптите ...

Honor 300 серијата донесува компактен дизајн, моќни перформанси и ултратенки рамни екрани, со достапни опции за различни кориснички потреби. Компанијата Honor официјално потврди дека следната Honor 300 серија ќе има дизајн со рамен екран, со што се отфрлија сомнежите за изгледот на телефоните. Овој избор е спротивен на закривените екрани, кои во последните години станаа популарни. Информацијата ја објави Џианг Хаиронг, главен маркетинг директор ...

Дека Apple следната година ќе го претстави iPhone SE 4 е веќе позната информација, но се чини дека тоа ќе се случи порано од првично најавеното. Според најновите информации, iPhone SE 4 официјално ќе биде претставен во март, еден месец порано од претходната најава. Според извори од синџирот на добавувачи, MacRumors тврди дека смартфонот е практично потврден за првиот квартал од 2025 година и дека ќе биде опремен со 5G модем на Apple. Важно е да ...

Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку проектот „Одржлив и рамномерен регионалн развој“ фаза 2 во чии рамки се купија три специјални возила, опрема, а во функција ќе биде ставена и мобилна апликација за рана дојава на пожари, соопштија од Министерството за локална самоуправа. Министерот за локална самоуправа, ...

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ гордо ја освои наградата за најдобра Cloud трансформација на престижниот самит FUTURE OF AI & CLOUD 2024, одржан на 13-ти ноември во Истанбул Организиран од FUTURE OF CONSULTANCY во соработка со CXO Medya, самитот собра водечки фигури од индустријата и иноватори за да го прослави напредокот во вештачката интелигенција и Cloud решенијата. Натпреварувајќи се во категоријата Cloud Transformation, иновативниот проект на HALK ...

НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба. Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за ...

Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина Третата T Business конференција на Македонски Телеком, под мотото „За дигитални хоризонти“, се одржа во Скопје, пред повеќе од 300 посетители од деловниот свет и институционални корисници. Целта на конференцијата е да се објават најновите продукти од Македонски Телеком и да се поттикне користењето дигитални решенија за побрз напредок во дигиталната трансформација на бизнисите и на ...

Компанијата Microsoft наскоро ќе го подобри Copilot и во различните Office апликации. На конференцијата Ignite на Microsoft, софтверскиот гигант го претстави Copilot Actions, нов начин за корисниците на Microsoft 365 Copilot да автоматизираат повторливи задачи. Microsoft, исто така, додава AI агенти на SharePoint, овозможувајќи PowerPoint да преведува цели презентации и подобрувајќи го функционирањето на Copilot во Outlook за наоѓање најдобро ...

Оваа функција им овозможува на корисниците на Android да пренесат податоци од друг уред во било кое време, дури и по иницијалното подесување. Google објави дека револуционерната Android функција, моментно достапна само на Pixel 9 уредите, ќе биде воведена и на другите смартфони со нивниот оперативен систем во 2025 година. Оваа функција им овозможува на корисниците да пренесат податоци од друг уред во било кое време, дури и по иницијалното ...

Оние кои го поседуваат PlayStation Portal, наскоро ќе можат да го користат без PlayStation 5, но со неколку ограничувања. Речиси една година откако Sony го претстави PlayStation Portal, преносна конзола со функцијата PS Remote Play, донесена е одлука да може да се користи и без PlayStation 5. Оваа одлука ја посакуваа многу играчи со месеци, бидејќи за користење на Portal досега беше неопходно да се има и актуелната конзола на Sony. Сепак, треба ...

Ултракопактните 1.13 мм тенки микрозвучници Sycamore, од компанијата xMEMS обезбедуваат звук со полн опсег без потреба од затворено куќиште. xMEMS, компанијата што го создаде првиот звучник базиран на процесот за производство на микрочипови, се подготвува да ја пушти во продажба својата следна серија мали звучници. Микрозвучниците познати како Sycamore се најновиот модел, со дебелина од само 1,13 мм и тежина од само 150 милиграми. Тие се ...

Основачот и директор на компанијата SpaceX, Елон Маск е уверен дека во 2026 година ќе ги лансира своите ракети Starship кон Марс, а дел од товарот ќе бидат неговите роботи Optimus и електричните пикапи Cybertruck. Идеално би било на Марс да се воспостават автономни системи за производство на гориво и кислород, така што овие ресурси ќе бидат подготвени за доаѓањето на астронаутите, кои се очекува да тргнат на патување до Црвената планета во 2028 ...

Во духот на нашата поддршка за македонскиот спорт, Комерцијална банка обезбеди дополнителна финансиска поддршка од 2.000.000 денари за македонскиот фудбал со цел да го награди успехот на репрезентацијата во Лигата на нации. Комерцијална банка ѝ честита на македонската фудбалска репрезентација за освоеното прво место во Лигата на нации и за пласманот во поквалитетна група. Успехот на фудбалерите како спортско достигнување е инспирација за сите ...

Вселенското летало Juno на американската вселенска агенција NASA помина огромна далечина во период од пет години за да стигне во орбитата на Јупитер, а долгото патување се исплатеше. Од 2016 година, инструментот JunoCam на леталото Juno снима спектакуларни фотографии од гасовитиот џин, а најновите фотографии не се исклучок и може да се каже дека се меѓу најдобрите досега. Фотографиите вклучуваат придонес од научници и вселенски ентузијасти, кои ...

Компанијата најави низа подобрувања за својата апликација Facebook Messenger. Messenger конечно доби HD видеоповици, како и потиснување на позадинскиот шум и изолација на гласот со цел да се овозможат појасни и поквалитетни повици. Мета вети дека повиците на Messenger ќе нудат квалитет како лицето со кое корисникот разговара да е во истата просторија. HD ќе биде овозможен по дифолт за повици воспоставени преку Wi-Fi мрежа, додека ќе може рачно ...

На 28 ноември во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на главниот град. На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати, кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, музички групи и артисти што ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на Баги Комуникации и е уникатна можност да ...

Следниот Galaxy Ultra модел на Samsung може да биде поскап од актуелниот Galaxy S24 Ultra. На тоа укажуваат нови информации од Кина, кои покажуваат дека цената на компонентите за Galaxy S25 Ultra ќе биде повисока за најмалку 110 долари. Според изворот, компанијата може да го компензира овој пораст со зголемување на цената на финалниот уред во некои региони. Сепак, цената во Кина најверојатно ќе остане иста поради големата конкуренција на тој ...

Треба да се искористи огромната компјутерска моќ за да се заштити и обезбеди веродостојноста на американската национална нуклеарна програма без нуклеарни тестирања. Американската национална лабораторија Лоренс Ливермор (LLNL) во соработка со Националната администрација за нуклеарна безбедност (NNSA), Hewlett Packard Enterprise и AMD, официјално го претставија El Capitan, најмоќниот суперкомпјутер во светот и првиот егзаскален систем посветен на ...

Компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенскиот брод Starship од Тексас. На промоцијата присуствуваше поранешниот и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. НАСА планира да користи Starship за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Artemis, објави Ројтерс. – Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не ...

До 2030 година, Исланд би можел да стане првата земја во светот која ќе добива енергија од фотоволтаици директно од вселената. Пионерскиот проект изнедрен од соработката помеѓу British Space Solar и локалните компании Reykjavik Energy и Transition Labs, има за цел да ги надмине границите на традиционалната технологија (тука на Земјата), а пред сè, да ја елиминира интермитенцијата предизвикана од временските услови. Системот ќе собира сончева ...

Продажбата на најкористениот веб-прелистувач во светот е нешто што американските обвинители му го предлагаат на Google, за компанијата да се прилагоди на легалните пазарни услови и да го намали монополот. Пресудата донесена во август годинава, со која се потврдува дека Google дејствувал монополиски, сигурно ќе има далекусежни последици за оваа компанија. Тоа беше познато уште тогаш, кога започнаа шпекулациите дека Google, поради незаконското ...

Виталиа и оваа година продолжува со својата традиција на поддршка за заедницата преку донации. Со средства собрани од годинешната Детска трка, компанијата обезбеди помош за домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, носејќи радост и создавајќи нови можности за младите корисници на оваа институција. Донацијата вклучува училишни материјали, но и опрема која ќе ја подобри секојдневната функционалност на домот. Обезбедени се нови фрижидер, ...

Овие реклами исто така ќе таргетираат корисници врз основа на возраст, пол и локација, а некои од нив нема да можат да се прескокнат неколку секунди. Исто така, Meta ќе ја намали цената на претплатата за некои европски корисници. Meta Platforms планира да им понуди на корисниците на Инстаграм и Фејсбук во Европа помалку персонализирани реклами. Новата опција е воведена на барање на регулаторните тела на Европската унија. Во наредните недели, ...

Во време кога светот е поделен повеќе од кога било, Телеком ја започнува својата Новогодишна кампања со пораката „Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат“. Кампањата инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето да се обидат да допрат до другите затоа што, и покрај разликите, сепак можеме да најдеме заеднички јазик. Иако светот е поврзан повеќе од кога било, луѓето се сѐ повеќе поделени, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, ...

Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено ...

Естонската финтек групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista) покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада. Листата на “шампиони” во долгорочен стабилен раст се состои од 300 компании кои покажале континуиран раст во приходите на годишно ниво, успешно надминувајќи ...

Без разлика дали сте новинар, дизајнер, професор или претприемач, Al е тука да jа зголеми вашата продуктивност, да ги отвори вашите креативни потенциіали и да ве подготви за иднината Долгогодишниот професионалец во ИТ индустријата, Суад Сефери, ја објавува првата книга за вештачка интелигенција на Балканот, „The AI Journey“, со цел да едуцира како луѓето ефикасно да ја користат вештачката интелигенција (ВИ). Во време на неверојатен технолошки ...

Компанијата OpenAI во февруари најави дека нејзиниот ChatGPT добива можност за паметење, што му овозможува да се „сети“ на претходните разговори со корисникот, а сега Google воведе нешто слично за Gemini. Корисниците сега можат да побараат од Gemini да ги запамети нивните интереси и преференции, што ќе му помогне на chatbot-от да понуди „уште покорисни и порелевантни одговори приспособени на потребите на корисникот“, соопштија од Google. Сега ...

Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
44%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
7.72
57%
1010
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Софија

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.72
54%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
98%
1008
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
57%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
61%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
91%
1008
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
78%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59333