Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На средбата стана збор за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Се разговараше за потребата за зголемување на платите, но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри. „Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението на новинари на Македонија на тема „ЗНМ, Јавно обвинителство, МВР – Заеднички напори за институционална заштита на медиумските работници“. Тошковски потенцираше дека новинарите претставуваат чувари на демократијата и во општество во кое има слобода на говор, истражувачко новинарство, сигурни и ...

Експертите за здравје ги предупредуваат луѓето да внимаваат на два симптоми кои се појавуваат во текот на ноќта, бидејќи тие можат да бидат знаци на потенцијално фатална болест. Ако некој редовно ги има овие необјаснети проблеми, тие може да укажуваат на рак. Според Cancer Research UK, несоница и обилно ноќно потење може да бидат симптоми на рак. Сепак, важно е да се напомене дека многу луѓе страдаат од овие проблеми без да имаат рак бидејќи ...

Неколкудецениската соработка на Русија со Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) во Женева е при крај, јави во неделата dpa, истакнувајќи дека научниците од таа европска институција соработувале и со Русија за време на Студената војна. Беате Хајнеман, директор на одделот за физика на честички во германскиот истражувачки центар Електронски синхротрон (DESY) во Хамбург, изјави за dpa дека повлекувањето на Русија ќе има голем број ...

Интересна анализа на фудбалската репрезентација на Југославија, која во форма на „поранешна држава“ не постоеше веќе во 1994 година поради војната. Странците сметаат дека доколку земјата не се распаднеше, квалитетот бил таков што сигурно ќе беше светски шампиони на Мундијалот во САД. За Балканот често се зборува дека тоа е место каде растат фантастични фудбалери, но дека „секогаш нешто недостасува“ за репрезентациите од овие простори да ...

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координира акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица беа приведени и против нив е донесена наредба за спроведување истражна постапка. Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело злосторничко здружување и продолжено кривично дело одавање службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле и кривично дело ...

Фенербахче го доби дербито од 11. коло од турскиот шампионат на гости кај Трабзонспор со 3:2 со голот на Софијан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување. Тренерот на победничкиот тим Жозе Мурињо бурно ја прослави победата во мечот со бројни пресврти, пет гола, 19 корнери и дури 34 удари кон противничкиот гол. После тоа критикуваше некои работи во турскиот фудбал. Да потсетиме, гостите поведоа во 42. минута со голот на Фред, но ...

Претседателските кампањи на двајцата кандидати на претседателските избори во САД денеска го имаат последниот ден, а и двајцата ќе го искористат за да одржат неколку митинзи на места кои ги сметаат за клучни за победата на изборите во вторник. Американските гласачи остануваат поделени меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, при што анкетите покажуваат неизвесна трка, особено во седум клучни држави кои се очекува да го ...

Пицата е еден од најомилените оброци ширум светот, а оваа верзија носи свеж и крцкав пресврт што ќе ги воодушеви вашите вкусови. Совршена е за секој што сака брзо и вкусно решение за вечера, а рецептот можете да го прилагодите со вашите омилени додатоци. Идеален е за семејна вечера или забава со пријателите. Потребни состојки: Подготовка: Првиот чекор е да го расукате лиснатото тесто на набрашнета површина. Целта е да добиете тенка, изедначена ...

Златото е добро засолниште на средства бидејќи претставува осигурување во случај на животни тешкотии. Затоа, не е чудно што голем број Швајцарци имаат злато. Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сент Гален покажа дека 65,2% или две третини од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно. Всушност, златото е еден од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но ...

Група членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните партнери меѓу независните производители го одложија планираното зголемување на понудата до почетокот на следната година по проценките за послаба побарувачка. Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман доброволно ја намалуваат понудата за 2,2 милиони барели дневно, а во текот на летото најавија дека ќе вратат приближно ...

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година, за министерот за животна средина Изет Меџити, се само трошок и губење време оти Владата е стабилна. На предвремени избори минатата недела, на седница за пратенички прашања, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го предизвика премиерот Христијан Мицкоски, кој прифати и од говорницата во Собранието предложи тие да се одржат веќе в година заедно со редовните локални избори. „Од 90-тите досега ...

Пицата е еден од најомилените оброци ширум светот, а оваа верзија носи свеж и крцкав пресврт што ќе ги воодушеви вашите вкусови. Совршена е за секој што сака брзо и вкусно решение за вечера, а рецептот можете да го прилагодите со вашите омилени додатоци. Идеален е за семејна вечера или забава со пријателите. Потребни состојки: Подготовка: Првиот чекор е да го расукате лиснатото тесто на набрашнета површина. Целта е да добиете тенка, изедначена ...

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција. Филипче беше прашан за понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните. „Тоа што има најава за предвремени избори само 3 месеци по формирањето, значи дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренска анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Граѓаните не се задоволни и од ...

Синоќа во Битола се одигра долгоочекуваниот натпревар под рефлектори, и тоа најголемото македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар. Битолчани го наполнија реновираниот стадион под брдото Тумбе Кафе, кој сега се вика „Петар Милошевски“, а атмосферата ја зачинија и вардаровите Комити кои беа сместени на дел од старата трибина. Атмосферата беше феноменална и конечно македонскиот клупски фудбал беше сведок на дерби како од некоја странска лига. На ...

Израел формално ги извести Обединетите нации дека го откажува договорот што ги регулира неговите односи со главната организација на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) од 1967 година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Минатиот месец израелскиот парламент усвои закон со кој се забранува УНРВА да работи во Израел и ја прекинува соработката на израелските власти со организацијата, која обезбедува помош и образовни ...

Здравјето на цревата е исклучително важно бидејќи влијае на остатокот од телото. Сепак, симптомите не се секогаш очигледни, па затоа најдобро е да посетите општ лекар за да бидете сигурни во дијагнозата и понатамошниот третман. Нутриционистката Клои Вилијамс сподели кои симптоми никогаш не треба да ги игнорирате бидејќи можат да бидат знак дека нешто не е во ред со здравјето на цревата. Надуеност после појадок Надуеноста после појадок може да ...

На 20 декември (петок), арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на Прагма продукција, на 20 декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски ...

Експертите веќе подолго време предупредуваат да бидеме повнимателни во кујната, бидејќи начинот на кој ги миеме садовите, па дури и типот на даската за сечење, лажицата или жицата за матење, потенцијално го загрозуваат нашето здравје. Сепак, постои специфичен прибор кој многумина од нас го имаат во кујнските фиоки од кој треба да се ослободиме. Станува збор за предмети направени од црна пластика. Во 2018 година, Ендрју Тарнер, биохемичар на ...

Серхио Рамос ја напушти Севиља по завршувањето на сезоната. Не доби нов договор од клубот во кој ја започна кариерата. Искусниот фудбалер сѐ уште е без клуб, откако одби неколку понуди од Саудиска Арабија и САД, а шпекулациите дека би можел да се врати во Реал се покажаа како неточни. Серхио Рамос последниот натпревар го одигра на 26 мај во дресот на Севиља. Според медиумите во последните седум дена е во преговори со Бока Жуниорс и како што ...

Како што се приближува зимата и сезоната на грип, многумина се прашуваат како да го спречат тоа и да си го зајакнат имунитетот. Додека некои луѓе се потпираат на додатоци, други можат да се потпрат на избалансиран избор на храна. Според нутриционистот Кајл Кроули од Protein Works, клучот е во рамнотежата и на храната и на додатоците. Тој вели дека мешавината на сезонски прилагодувања на исхраната и прилагодениот внес на додатоци може значително ...

Во текот на ноќта во НБА лигата се одиграа три натпревари во кои победи забележаа Далас, Атланта и Детроит. Далас Маверикс го совлада Орландо Меџик со 108:85, а Лука Дончиќ го предводеше тимот до рутински триумф. Одличниот Словенец мечот го заврши со 32 поена, 9 скока и 7 асистенции, додека на другата страна најефикасен беше Франц Вагнер со само 13 поени. Remote video URL Атланта Хокс го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 126:111 благодарение на ...

На крајот од кампањата, Доналд Трамп неуморно повторува дека имигрантите се закана за Американците, наведувајќи насилни криминални случаи и обвинувајќи ја Камала Харис за тие злосторства. Тој го повторува ова и покрај фактот што сериозните истражувања покажуваат дека имигрантите не вршат повеќе злосторства од просечната американска популација. „Нема да дозволам да се пролее уште една капка американска крв“, рече тој, повикувајќи на смртна казна ...

Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов. Водена руска бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади и врз Харков, погодувајќи ги помалку населените области. ...

Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2°C до 8°C, а максималната ќе достигне од 14°C до 21°C. Во Скопје утрото ќе биде постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ...

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија денеска без електрична енергија ќе бидат следните корисници: · во период од 9 до 14 часот Општина Зелениково, нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево; · од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Исаија Мажовски“ во Општина Ѓорче Петров; · од 9 до 14 часот улица „Копенхагенска“, улица „Бриселска“ и дел од улиците ...

Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка состојба, изјави на 3 ноември српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Во гостувањето на РТС, Дачиќ рече дека последиците од несреќата биле такви бидејќи бетонската настрешница била исклучително тешка. Во несреќата што се случи на 1 ноември загинаа 14 лица, а причината за падот на настрешницата сè уште не е позната. ...

Речиси и да нема човек кој не доживеал ненадеен грч пред или за време на спиењето и да почувствувал како да пропаѓа. Дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова? Овој феномен е познат како Хипнотички грч. Најчесто се јавува кога мускулите на нозете (иако тоа може да се случи во кој било друг мускул) почнуваат брзо да се стегаат. Иако сè уште не е целосно разбрано зошто тоа се случува, претходните истражувања покажуваат дека хипничниот грч ...

Вчера во 17:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило Honda Civic со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден удрило во пешакот В.Н. (78) од село Марино. Возачот по сообраќајката го напуштил местото на настанот. Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош ...

Жоел Ембиид физички нападнал новинар по натпреварот помеѓу Филаделфија 76ерс и Мемфис Гризлис. Инцидентот се случил во Филаделфија, по убедливиот пораз од домашната екипа, објави НБА инсајдерот Шамс Чаранија и додаде дека НБА веднаш покренала истрага. Тој изјави дека Ембиид и засега неименуваниот новинар, односно колумнист, прво влегле во вербален конфликт поради текст во кој се споменуваат синот и починатиот брат на камерунскиот кошаркар. ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
0.51
69%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.75
71%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1029
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
80%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
80%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
68%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
87%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

36.7398

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71