Слаткиот туризам сè повеќе ја освојува Европа, а помалку познатите градови како Торино, Перуџа или Салцбург нудат музеи, фабрики и фестивали на чоколадо, привлекувајќи посетители кои сакаат да уживаат во слатки искуства подалеку од преполните и класични дестинации. Сè повеќе патници се вртат кон необични дестинации, а чоколадото станува главна причина за кратки и слатки пролетни патувања. Наместо класични избори како Париз и Брисел, во преден ...

Полицијата поднесе кривична пријава против С.А. (24) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“. Според информациите, на 12 април 2026 година, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон. Претходно, на 9 април, од женско лице одзел чанта со пари, додека на 11 април во аптека од вработена одзел мобилен телефон. ...

Вековна мистерија конечно е решена - точната локација на единствениот дом на Вилијам Шекспир во Лондон. Откритието фрла нова светлина врз неговите последни години и го поставува прашањето дали тука се напишани завршетоците на неговите најпознати драми. Новооткриена мапа од XVII век даде важни сознанија за животот на Вилијам Шекспир во Лондон. Обожавателите на познатиот писател веќе знаат дека тој потекнува од Стратфорд на Ејвон, но својата ...

Вежбањето на празен стомак е една од клучните препораки на модерната фитнес култура. Иако има голем број придобивки, експертите истакнуваат дека советите на социјалните медиуми честопати се претерани, а тие разјаснија што всушност се случува со вашето тело. Идејата е едноставна: Ако не сте јаделе од претходната ноќ, вашето тело мора повеќе да се потпира на складирана енергија кога трчате, пешачите или кревате тегови. Физиолошки, има вистина ...

Поради воените тензии со Соединетите Американски Држави постоеше загриженост дека Иран, репрезентацијата што обезбеди место на турнирот, нема ни да патува на турнирот. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сега ги отстрани сите сомнежи и јасно стави дознаење дека Иран ќе се натпреварува на Мундијалот. Зборувајќи во Вашингтон, Инфантино нагласи дека нема сомнение за учеството на иранската репрезентација и дека тие дефинитивно ќе бидат на ...

Honor моментално тестира батерија со капацитет од 11.000 mAh или дури и повеќе. Honor Win и Win RT беа првите паметни телефони што добија батерии од 10.000 mAh, по што следеше Honor Power2, кој имаше малку поголема единица од 10.080 mAh. Сепак, новите информации сугерираат дека компанијата работи на уште поголема батерија за претстојниот уред. Добро познатиот советник Digital Chat Station тврди дека Honor започнал пробно производство на нова ...

За време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“ помеѓу Баерн и Реал Мадрид, дојде до вербален судир помеѓу гостинските играчи Винисиус и Џуд Белингам. Имено, камерите на телевизијата Movistar снимија судир помеѓу двајцата играчи за време на шанса за Реал Мадрид откако Упамекано лошо ја прими топката. Винисиус се стрча во шеснаесетникот, Белингам бараше додавање, но Бразилецот лошо ја контролираше топката, што му ...

Секојдневните обврски и долгите листи на чекање може да доведат до занемарување на здравствените симптоми, но има пет предупредувачки знаци кои жените никогаш не треба да ги игнорираат. Д-р Џејн Бенџамин, матична лекарка и раководителка на одделот за женско здравје во примарна здравствена заштита на HCA UK, разговараше со Independent на оваа тема. Невообичаено вагинално крварење „Еден од предупредувачките знаци на кои треба да се внимава е ...

Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите од Баерн Минхен несомнено ќе предизвика нов период на нестабилност во шпанскиот клуб, а позицијата на тренерот Алваро Арбелоа ќе биде прва што ќе биде погодена. 43-годишникот беше назначен за замена на Чаби Алонсо дури во јануари, но природата на работата во Мадрид е таква што поразот од Баерн по хаотичниот реванш на Алијанц Арената речиси сигурно значи дека ќе биде заменет, иако би можелo ...

Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите од Баерн Минхен несомнено ќе предизвика нов период на нестабилност во шпанскиот клуб, а позицијата на тренерот Алваро Арбелоа ќе биде прва што ќе биде погодена. 43-годишникот беше назначен за замена на Чаби Алонсо дури во јануари, но природата на работата во Мадрид е таква што поразот од Баерн по хаотичниот реванш на Алијанц Арената речиси сигурно значи дека ќе биде заменет, иако би можел ...

Пилешкото и мисиркиното месо се одлични извори на посни протеини и обезбедуваат клучни хранливи материи како витамини од групата Б, цинк и селен во речиси еднакви количини. Иако двата вида месо се хранливо богати и ги поддржуваат мускулите, коските, метаболизмот и здравјето на имунитетот, се поставува прашањето дали едното е всушност подобар избор од другото. Мисиркините гради содржат малку повеќе протеини, но исто така и помалку калории и ...

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12°C, а максималната ќе достигне од 17 до 23°C. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на улицата Капештец 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска во периодот од 8:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата 1519, населба Каменик во Кисела Вода – позади ...

Многу луѓе мислат дека една шолја јако кафе може да им помогне против упорната главоболка, меѓутоа експертите сметаат дека кафето може и да ја влошат главоболката. Дали ќе се случи тоа зависи од фактори што се специфични за вас и вашите навики. Пред да тргнете кон кујната да направите кафе кога ќе почне да ви пулсира главата, разгледајте неколку работи. Има само неколку случаи во кои кофеинот може да ја реши главоболката. „Да бидеме јасни, ...

Остануваат уште три дена до првиот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Западната конференција помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс, кој ќе се игра во сабота (21:30 часот). Тренерот на Тимбервулвс, Крис Финч, има големо почитување кон Никола Јокиќ, истакнувајќи дека е многу тежок за чување, без оглед на фактот што во своите редови го има Руди Гобер. „Чувањето на Јокиќ е многу тешка работа. Тој го става Руди во ситуации во кои не ...

Кинеската компанија Agibot, сериозен играч во светот на роботиката, потврди дека ги распоредила своите хуманоидни роботи во реален производствен погон. Remote video URL Распоредувањето на роботот Agibot G2 во производителот на електроника Longcheer Technology со седиште во Шангај означува чекор кон реални индустриски апликации на отелотворени AI системи. Единиците Agibot G2 сега работат на мултимедијално интегрирани тест станици, каде што ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе ...

Историска пресвртница за фудбалот во Сан Марино. Во понеделникот во прес-салата на стадионот „Сан Марино“ беше презентиран проект што ги ажурира сите поглавја од историјата на фудбалот во најслабата европска фудбалска нација. За тоа што долго се зборуваше, сега станува реалност: Сан Марино ќе има сениорска женска фудбалска репрезентација. Претседаваше со конференцијата жената што ќе го води проектот: првата селекторка, поранешната италијанска ...

Будењето ноќе е искуство што ги погодува многу луѓе, без оглед на возраста или начинот на живот. Иако често се смета за безопасно, честото нарушување на сонот може да има значително влијание врз физичкото здравје, менталната состојба и секојдневното функционирање. Постојат многу причини за будењето ноќе, од стрес и анксиозност до лоши навики за спиење, па сè до здравствени проблеми. Разбирањето на причините и ефектите од овој феномен е првиот ...

Аргентинскиот стратег и по завршениот двобој го провоцираше Ламин Јамал, а видеото како го испраќа на спиење стана вирално. Атлетико се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од 2:1 од Барселона во четвртфиналниот реванш. Клучна беше победата на Атлетико од 2:0 на гости во првиот натпревар, што им донесе вкупна предност и место меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Барселона го отвори реваншот брилијантно, со ...

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на претстојниот мастерс турнир во Мадрид, објавија организаторите на натпреварувањето. По поразот во осминафиналето на Индијан Велс, Ѓоковиќ одлучи да ги пропушти мастерсите во Мајами и Монте Карло и ќе се врати на теренот кон крајот на април. „Подготовка, фокус и стил. Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мадрид опен“, се наведува во најавата за четвртиот мастерс во годината. Покрај Ѓоковиќ, на ...

Snap Inc., сопственикот на платформата за социјални медиуми Snapchat, денеска соопшти дека отпушта околу 16 проценти од својата глобална работна сила, што значи дека околу 1.000 вработени ќе ги изгубат своите работни места во најновата рунда отпуштања. Во поднесокот стои дека цената на намалувањата, вклучувајќи ги отпремнините и поврзаните трошоци, ќе биде помеѓу 95 и 130 милиони долари. „Намалувањата на бројот на вработени се дизајнирани за ...

Лососот е една од намирниците што многу луѓе уживаат да ги подготвуваат, а оброците во едно тенџере одговараат на зафатениот животен стил и желбата за здрави, но практични оброци. Авторката на книгата со рецепти Ејми Шепард сподели рецепт за едно од нејзините омилени јадења со лосос на нејзиниот TikTok. При подготовка на ова јадење, сите состојки одат во иста тава, а за кожата на лососот да биде крцкава, клучно е да го исушите лососот со ...

По испаѓањето на Барселона од Атлетико, Рафиња остро го критикуваше судењето и предизвика голема бура во фудбалската јавност. Иако поради повреда не играше синоќа на „Метрополитано“, бразилскиот крилен напаѓач беше на трибинбите и гледаше, а дури даде и изјава по натпреварот. Во интервју за бразилските медиуми, тој отворено изјави дека неговиот тим е оштетен: „Ова беше грабеж, многу проблематично судење. Одлуките што ги донесоа беа ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково ...

Благодарение на специфичните услови на дното на езерото, артефактите останале речиси недопрени, давајќи им на научниците редок увид во трговијата, бродоградбата и секојдневниот живот во римскиот период. Во Швајцарија, во езерото Нешател се откриени повеќе од 1.000 исклучително добро сочувани римски предмети, што го прави ова откритие едно од најважните подводни археолошки откритија во Европа во последните децении. Археолозите пронајдоа ...

Атлетико ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите со серија сомнителни судиски одлуки што го одбележаа двомечот. Каталонците двата натпревара ги завршија со играч помалку - на „Камп Ноу“ исклучен беше Пау Кубарси, а на „Ванда Метрополитано“ иста судбина го снајде Ерик Гарсиа. И двајцата беа најстрого казнети за тоа што ги срушија своите ривали како последни одбранбени играчи - само што синоќешната одлука на Клемон ...

Светскиот шампион во тешка категорија во бокс, Олександр Усик, коментираше за долгоочекуваната борба помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Украинецот се има борено и со двајцата. Тој го победи Фјури еднаш, а Џошуа двапати. „Ако Тајсон Фјури и Ентони Џошуа сакаат да се борат еден против друг, се повлекувам. Кој ќе победи? Џошуа. Тој е идниот неоспорен шампион“, изјави Усик за BBC. Ентони Џошуа ја стави на чекање долгоочекуваната борба против ...

Xiaomi веќе интензивно го развива HyperOS 4, а првите протечени податоци на интернет ги откриваат клучните промени што нè очекуваат. Судејќи според информациите, ова нема да биде само обично ажурирање, туку сериозен чекор напред со фокус на визуелниот идентитет и интеграцијата на премиум палетата на бои Leica. Информацијата доаѓа од кинески инсајдер со прекар Smart Pikachu, кој тврди на Weibo дека HyperOS 4 носи значајни промени во самата ...

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Иго Екитике, претрпе сериозна повреда која практично ја заврши неговата сезона, според првичните извештаи од клубот и медиумите. Повредата се случи на „Енфилд“, каде што Ливерпул беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите по поразот од 2:0 од Пари Сен-Жермен. Сепак, резултатот брзо исчезна во втор план по загрижувачката сцена, кога Екитике во болки и на носила го напушти теренот, а реакциите ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.23
35%
1008
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
41%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
39%
1010
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
8.23
36%
1009
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
9.83
30%
1008
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
55%
1010
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
5.66
60%
1008
weather icon

Тирана

31ᴼ / 24ᴼ
3.09
50%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
45%
1009
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
5.81
24%
1005
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
38%
1010
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
4.12
66%
1008
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Платина

56231.66

Паладиум

41828.12

Сребро

2096.79

Калај

56.46

Цинк

0.00

Злато

141161.07

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Бакар

13.19

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.26

Иридиум

252383.36