Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 42,07 поени, односно за 0,46%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната ...
Објавени се номинациите за годинашното издание на MTV Video Music Awards, а на врвот на листата се Мадона и Тејлор Свифт. Поп-иконата Мадона има најмногу номинации – вкупно 11, додека Тејлор Свифт е веднаш зад неа со девет. По нив следуваат Аријана Гранде и Сабрина Карпентер, кои добија по седум номинации, пренесува „People“. Свеченото доделување на наградите е закажано за недела, 27 септември, а церемонијата ќе се пренесува во живо од Лос ...
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос. Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на екскурзивното пловење, објавува „Катимерини“. На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот. По пристанувањето во пристаништето, четворица од повредените биле пренесени со сопствен ...
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете документите? За резултатите на вашата влада не треба многу зборови. Граѓаните ги гледаат секој ...
Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), по повод која во градот ќе се одржат повеќе активности. На 19 и 20 август, со почеток во 16 часот, на просторот кај Офицерскиот дом ќе се реализираат вежбовни активности, на кои граѓаните ќе имаат можност да проследат дел од професионалноста, подготвеноста и вештините на припадниците на ЕБР. Централниот настан е закажан за 22 ...
Осум земји надвор од Европската Унија се приклучија на најновиот пакет санкции на ЕУ против Белорусија поради нејзината поддршка на руската агресија во Украина. Ова ќе ги усогласи нивните политики со мерките усвоени од Советот на ЕУ на 23 јули, објавува „Euronews“. Како што објави Европската Унија во вторникот, тоа се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина. Брисел ја поздрави ...
Времето утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...
Фудбалската федерација на Сенегал објави дека Патрик Виеира е назначен за нов селектор на сениорската репрезентација. Виеира ќе ја преземе репрезентацијата на Сенегал од Папа Тјав, кој беше отпуштен по Светското првенство оваа година каде што Сенегал беше елиминиран во осминафиналето. „Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалската федерација на Сенегал да воспостави систем на професионална работа од врвен квалитет, ...
Колумбиската музичка ѕвезда Шакира ја посети една од најтешко погодените области од разорниот земјотрес што ја погоди нејзината татковина и најави голема акција за враќање на децата во училишните клупи. Пејачката пристигна во Кибдо, главниот град на департманот Чоко на пацифичкиот брег на Колумбија, заедно со американскиот филантроп Хауард Бафет. Посетата следува една недела по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени што на 10 август го ...
Седум последователни земјотреси ја погодија Гранада денес, предизвикувајќи евакуација на трговски центри, хотели и станбени згради. Најсилниот земјотрес имаше магнитуда од 4,8 степени со епицентар во Гохар. Три лица беа полесно повредени, а сите неитни медицински прегледи и операции беа привремено прекинати низ целата покраина. Оваа серија потреси следеше по земјотрес со магнитуда од 5 степени што го погоди истото подрачје во саботата, ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од улицата Христо Татарчев во близина на автопералната, општина Сопиште; – Во период од 11.30 до 14.30 часот, корисниците од улицата Александар Мартулков, општина Ѓорче Петров. Текстот Утре без струја делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН ...
Жозе Мурињо официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, започнувајќи го својот втор мандат на клупата на шпанскиот гигант. Португалскиот стручњак потпиша договор за три сезони и ќе го води тимот до 30 јуни 2029 година. Свечената церемонија се одржа во тренинг центарот на „кралскиот клуб“, а Мурињо беше пречекан од претседателот Флорентино Перез. На презентацијата присуствуваше почесниот претседател на Реал, Хозе Мартинез ...
Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој информира дека на терен се ангажирани сите расположливи сили и ресурси за справување со пожарот. Во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица од Прилеп, ...
Финансиската поддршка за онколошките пациенти кои ги исполнуваат условите е исплатена, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На јавниот повик се пријавиле повеќе од 1.200 пациенти, а повикот и натаму останува отворен. „Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени Постојат моменти кога зборовите не се доволни. Моменти кога човечноста не се мери со тоа што ќе го кажеме, туку со тоа ...
Бешикташ работи напорно ова лето и во тековниот преоден рок е јасно дека сака да се врати на шампионскиот трон. Ако доаѓањето на Тросар беше најава за големи амбиции, а трансферот на Душан Влаховиќ предизвика земјотрес на Босфорот, Бешикташ сега сака уште едно звучно засилување. Станува збор за Николас Гонзалез од Јувентус. Аргентинецот минатата сезона ја мина како позајмен играч во Атлетико Мадрид. Турскиот гигант веќе испрати првична ...
34-годишната Драгана Антешевиќ од Котор Варош загина во катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето од Локва Рогозница до Омиш во ноќта помеѓу 13 и 14 август. Таа отишла во Хрватска да работи сезонава, заедно со нејзината помлада сестра Николина Славниќ. Николина го преживеа пожарот, но последниот пат кога ја виде сестра си беше среде пламен и запалени автомобили на Јадранската магистрала. Во шокантна исповед за Слободна Далмација, таа ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. „Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната ...
По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. „Честит 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес оддаваме ...
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. „При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни ...
Малцинските сопственици на Челзи, Тод Боели и Марк Валтер, преговараат со своите партнери во конзорциумот на клубот, „Клирлејк“, за продажба на своите акции. Мнозинскиот сопственик на Челзи, „Клирлејк Капитал“, поседува 61,5 отсто од клубот, додека Тод Боули и Марк Валтер држат по 12,8 отсто. Сепак, двајцата беа во преговори да ги продадат своите акции на „Клирлејк“, кој го предводат Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано. Боели беше лицето на ...
Високата сметка за електрична енергија за многу домаќинства претставува непријатно месечно изненадување. Иако вниманието често е насочено кон ситните уреди што остануваат приклучени во струја, најголемиот дел од потрошувачката вообичаено доаѓа од апаратите со голема моќност кои работат со часови, а некои и практично непрекинато. Меѓу најголемите потрошувачи во домот се електричните котли за греење, бојлерите, клима-уредите и греалките, ...
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, на која се разговараше за важноста од зајакнување на заемната соработка и унапредување на односите меѓу двете земји. Значаен дел од разговорот беше посветен на прашањата поврзани со безбедноста во земјата и регионот, имајќи ја предвид важноста на стабилноста и општествената кохезија за европската перспектива на ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше пред натпреварот со Малага, а едно од главните прашања беше за иднината на Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради шпекулациите за можно заминување од Мадрид, но Симеоне јасно стави до знаење дека клубот смета на него. „Мигел Анхел е сопственик на клубот. Не може да биде појасно од тоа. Како кога судијата дава пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно е ...
Со текот на годините, грижата за здравјето на коските станува сè поважна, а покрај редовното движење и разновидната исхрана, многумина во своето мени вклучуваат и традиционални домашни мешавини од семки, житарки и мед. Еден од рецептите што долго време се пренесува меѓу љубителите на природната исхрана е хранлива смеса од ленено семе, сусам, тиква, сончоглед, пченица, суво грозје и мед. Состојките природно содржат различни хранливи материи, ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рече на својот севернокорејски колега дека нивните земји работат на воспоставување „нов и праведен светски поредок“ откако Пјонгјанг ѝ помогна на Москва да ги избрка украинските сили од рускиот регион минатата година. Во порака до севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи, Лавров ја потврди заложбата на Москва да ја зајакне соработката во сите области и да придонесе ...
Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, попладнево извести дека има уште еден смртен случај на заболен од западнонилска треска. Пациентот бил на лекување на Инфективна 27 дена. Како што соопшти директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој на клиниката бил донесен во исклучително лоша состојба со невроинвазивна форма на болеста. Кај него бил потврден вирусот „West Nile“, а имал и пропратни заболувања. Тој е ...
Заштитниот знак на Боде/Глимт, Патрик Берг, би можел, по четири сезони во тимот од северот на Норвешка, да замине во странство и да игра за Севилја, која има намера да ангажира двајца играчи до крајот на преодниот рок. Андалузискиот клуб едвај успеа да го зачува својот елитен статус на крајот од минатата сезона, но остана без неколку играчи во централниот дел од теренот. Според „Естадио Депортиво“, нов лидер во редот за врска би можел да ...
Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација на стадионот, со посебен акцент на тревната површина и спортската инфраструктура. По периодот во кој стадионот беше запуштен, а зелените површини и дел од инфраструктурата беа во лоша состојба, беа преземени ...