Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Пари Сен Жермен конечно успеа да постигне договор со Монако во врска со трансферот на младиот Магнес Аклиуш. Преговорите меѓу клубовите траеја со недели, а според француските медиуми, Монако се согласи на петтата понуда на актуелниот европски шампион. Француски медиуми тврдат дека Монако се согласил да го продаде својот млад крилен напаѓач за 50 милиони евра, што е за пет милиони повеќе од последната понуда на ПСЖ. На неговото доаѓање ...
Џакарта, главниот град на Индонезија и еден од најголемите градови во светот, полека исчезнува пред очите на своите жители – земјата под градот тоне сè побрзо и побрзо секоја година. Во некои делови од Северна Џакарта, земјиштето тоне и до 25 сантиметри годишно, поради што околу 40 проценти од градот е веќе под нивото на морето. Ова е проблем што трае со децении, а последиците стануваат сè повидливи. Многу згради се навалуваат, патиштата се ...
Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години, додаваат од партијата, граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана. „Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни ...
Најдобриот млад играч на Ла Лига минатата сезона е новото засилување на Реал Мадрид. Реал Мадрид доцна синоќа, го извести Леванте дека ќе ја кативира клаузулата за откуп на 21-годишниот напаѓач. „Кралскиот клуб“ за Еспи плати 25 милиони евра. Минатата сезона, Еспи, минатата сезона постигна 11 голови во дресот на Леванте. Foto/ EPA Би можело да ве интересира Најдобриот млад играч на Ла Лига минатата сезона е новото засилување на Реал ...
Доколку верувате во астрологијата или едноставно сакате денот да го започнете со доза инспирација, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за 31 јули. На некои знаци им претстојат професионални успеси, други ќе имаат интересни љубовни средби, а кај дел од нив акцентот ќе биде ставен на одморот, здравјето и подобрата организација. *Напомена: Хороскопот е од забавен карактер и не треба да се смета за сигурно предвидување на иднината.* Овен ...
Шпанија одлучи да испрати војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти впливаа на територијата од Мароко. Министерството за внатрешни работи на Шпанија објави дека вооружените сили ќе обезбедат поддршка на Цивилната гарда во одржувањето на безбедноста во Сеута, откако локалните власти побараа итна помош од Мадрид поради преоптоварените прифатни центри и толпите на граничните ...
Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде, велат од СДСМ. „Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто ...
Еден ден откако ФИФА ја објави намерата Светското првенство во иднина да има приватен партнер, во светот на фудбалот се крена голема бура. УЕФА и КОНКАКАФ одлучија да ја бојкотираат ФИФА, а иста одлука наскоро се очекува да донесе и Азиската конфедерација. Според почетната позиција, европските репрезентации нема да учествуваат на Светското првенство во 2030 година доколку претседателот Џани Инфантино ја спроведе својата идеја. Земјите од ...
Во време кога брзото темпо на живот, работните обврски и секојдневниот стрес оставаат сè помалку простор за квалитетно време со партнерот, психолозите сè почесто препорачуваат практика позната како „relationship check-ins“ – редовни разговори меѓу партнерите кои имаат за цел да ја зајакнат врската и да спречат поголеми недоразбирања. За разлика од разговорите што се водат дури кога ќе избие кавга или ќе се појави сериозен проблем, ...
Физичката состојба на адолесцентите и децата во Европа е на најниско ниво во последните 60 години, што може да има сериозни последици по нивното здравје, според најновата студија на научници од Универзитетот во Сарагоса. Како што е наведено во истражувањето објавено во списанието Sports Medicine – Open, младите луѓе не го достигнуваат потребното ниво на кондиција во однос на силата, флексибилноста и составот на телото, пишува „Јуроњуз“. ...
Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...
Кога станува збор за здравјето на мозокот, повеќето луѓе најчесто размислуваат за генетиката и стареењето. Сепак, невролозите предупредуваат дека секојдневните животни навики имаат огромно влијание врз когнитивното здравје, а една од најпотценетите е редовната консумација на алкохол. Иако штетноста на пушењето е добро позната, експертите посочуваат дека алкохолот често се доживува како безопасен бидејќи е општествено прифатен. Но, според ...
За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, реагираат од Левица. Ревизијата, додаваат ...
Глобалните испораки на персонални компјутери паднаа за речиси 5 проценти на 68,2 милиони единици, според истражувачката фирма IDC. Ова е прв пад за две години и доаѓа по девет последователни квартали раст. Сè започна кон крајот на 2025 година. Тоа е приближно времето кога глобалната криза со меморијата се претвори од мала пречка во целосен колапс. Секој што ја следи технолошката индустрија ја знае причината за падот. Тоа е недостаток на ...
Пожарите во Франција и Шпанија изложија милиони луѓе на штетен квалитет на воздухот во текот на изминатите неколку дена, велат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачи што го намалуваат квалитетот на воздухот дури и на стотици километри оддалеченост. Научниците рекоа дека се особено загрижени за емисиите на честички PM2.5, кои се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и тешкотии со дишењето. ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Мароко. Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија, напиша Антонио Тајани на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека ја осудува „нерегуларната и неконтролирана имиграција“, пренесува „Хина“. Мигрантите ја преплавија ...
Времето денеска, сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топол бран до крајот на ...
Европската Унија започнува една од најамбициозните технолошки иницијативи досега, со која планира да изгради до седум гигафабрики за вештачка интелигенција, вредни вкупно до 30 милијарди евра. Европската комисија веќе го отвори тендерот за избор на индустриски конзорциуми што ќе ги изградат новите високотехнолошки центри, со цел Европа да го намали заостанувањето зад САД и другите глобални лидери во областа на вештачката интелигенција. ...
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека е потврден новиот состав на Извршниот комитет на организацијата, при што за генерален секретар е избрана Елена Ивановска, а за потпретседателки Ане Лашкоска и Ленче Нелоска. Митева оцени дека новиот тим претставува „нова енергија и силен кадровски потенцијал“ составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. „Нова енергија и ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс, на која биле разгледани економските приоритети, реформските процеси и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД. Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на одржување стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со буџетските средства и креирање ...
Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и ...
Компанијата Disney Cruise Line во 2027 година за првпат ќе ги донесе своите европски крстосувања со луксузниот брод „Disney Wish“, а меѓу новите дестинации ќе се најдат и два хрватски града. Особено внимание привлекува фактот што Задар за првпат ќе биде дел од рутата на еден крузер на Дизни. Една од најатрактивните понуди ќе биде осумдневно крстосување што започнува од Чивитавекија, пристаништето во близина на Рим, а потоа продолжува кон ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Охрид утревечер ќе биде во знакот на хип-хоп музиката, бидејќи во „Егоист Бич Бар“ пристигнува GOAT TOUR – спектакуларната турнеја на Џала Брат и Буба Корели, која ова лето ги полни концертните простори низ регионот. Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија, врвна продукција и настап што ќе понуди повеќе од три часа аудиовизуелно шоу, збогатено со импресивни сценски ефекти и најголемите хитови на популарното музичко дуо. Покрај ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР. Според прогнозата на Управата за ...
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптира по повеќе од три недели затишје. Од кратерот Вораџине се издигнал голем облак од вулканска пепел, а пепелта паднала и врз градот Бронте. Поради ерупцијата, вулканската пепел привремено предизвикала ограничувања на воздушниот простор над вулканот, но работата на Меѓународниот аеродром во Катанија продолжила без нарушувања, соопштија локалните власти. Текстот Етна ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека продолжуваат интензивните активности за подобрување на инфраструктурата во општината. Меџити посочи дека во повеќе населби се реализираат проекти за унапредување на подземната инфраструктура, изградба и реконструкција на улици, тротоари и јавни површини. „Во секоја улица, во секоја населба, во целиот Чаир се работи. Инвестираме во инфраструктурата, градиме и реконструираме улици, ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се реализирани повеќе координирани акции низ државата, при што се запленети над 43 килограми марихуана, а приведени се 241 лице. Според МВР, во изминатиот месец бил пресечен и меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“, како дел од активностите ...
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека бил сменет затоа што се обидел да воведе реформи и поголема транспарентност во системот за воени набавки. Во интервју за „Украинска правда“ тој тврди дека неговите напори предизвикале отпор од моќни интересни групи, кои, според него, вршеле притисок и ширеле негативни информации. Федоров беше разрешен по само шест месеци на функцијата, а претседателот Володимир Зеленски ...
Атлетико Мадрид официјално ја пријави Барселона во Шпанската фудбалска федерација (RFEF), обвинувајќи го каталонскиот клуб за несоодветен и нелегален пристап до нивниот напаѓач Хулијан Алварез. Аргентинскиот интернационалец има договор со Атлетико до летото 2030 година, но тој навести за време на Светското првенство дека сака да го напушти клубот. Тоа дополнително го поттикна интересот на Барселона, која го гледа Алварез како едно од ...