Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој информира дека на терен се ангажирани сите расположливи сили и ресурси за справување со пожарот. Во гаснењето учествуваат екипи на ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица од Прилеп, ...

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците од негово понатамошно ширење. Како што информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на состанокот присуствувале претставници од сите надлежни институции, служби и субјекти кои можат да се вклучат во справувањето со ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...

Жестока битка со пламените јазици цела ноќ се водеше во прилепскиот дел на Мариово за да се спасат селата Чаниште и Крушевица. Пожарникарите од Битола и Прилеп заедно со доброволците од Кочани и Виница и тимовите на ДЗС, поддржани од четири пинцгауери но и багери кои правеа засеци успеаја да го запрат огнот на клучното место, покрај патот. Утрово продолжи гаснењето и обидот пожарот да се локализира, но таму гори сува висока трева а ...

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се сите надлежни служби, пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, полицијата, инспекциските служби, мештаните и лица со механизација кои помагаат во справувањето со пожарот. Во гаснењето се вклучени екипи од ТППЕ ...

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој посочи дека особено критична била состојбата околу Крушевица во текот на вчерашниот ден, но со помош на механизација е направен заштитен појас со кој е спречено ширењето на пожарот кон ...

Хаос и неорганизираност во пожарот во Мариово – тврди Методија Костоски, меѓународен пожарникар и советник во Општина Прилеп. На вонредната седница што синоќа во 23.30 часот започна во Советот на Општината Прилеп, советникот Методија Костоски сподели искуство и опсервации од организацијата во гаснењето на пожарот во Мариово. Костоски, кој рече дека е пожарникар со меѓународно искуство, забележа на неорганизираност на терен и лошо информирање. ...