Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Поранешната мисица Оливија Кулпо стана мајка во јули оваа година, а сега призна дека поминала низ мала криза на идентитетот по породувањето. Оливија беше гостинка во подкастот „The Squeeze“ и зборуваше за родителството. „Тоа е целосна промена. Без разлика дали ви се допаѓа или не, имате некој кој е физички зависен од вас, па нема да ги разубавувам работите. Страшно е“, рече Оливија. Како што истакна, тоа можеби бил уште поголем шок за неа, со ...
Германија ќе испрати тројца воени офицери за поддршка на следењето на прекинот на огнот во Газа, а тие ќе дејствуваат во рамките на координативен центар во Израел предводен од САД, објави германското Министерство за одбрана. Германскиот воен персонал ќе служи невооружен, со цел да придонесе за спроведување на мировниот план, пишува TRT World. „Германската влада го поддржува планот од 20 точки и мировниот процес за Газа со тоа што ќе помогне во ...
Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, се наведува во соопштението. Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени ...
Ханси Флик полуде на каталонското дерби кое се играше во деветтото коло од Ла Лига. На крајот од регуларниот дел и при резултат Барселона – Џирона 1:1, судијата Хесус Хил Манзано му сигнализираше на судијата дека ќе се играат четири минути продолженија. Тренерот на Барселона се налути на тоа, поради што доби два жолти картони. Судијата го испрати Флик на трибините, но Роналдо Араухо постигна гол во четвртата, последна минута од судиското ...
Во астрологијата, постојат комбинации кои се хранат едни со други со страст, интензитет и длабочина. Ваквите парови се привлекуваат едни кон други речиси магнетски, а нивната динамика не остава простор за рамнодушност. Тие или се еден за друг, или се повлекуваат кога тоа станува премногу. Овие хороскопски комбинации често стануваат незаборавни и за двајцата партнери и за сите околу нив. Шкорпија и Овен Ова е комбинација од силна волја, ...
Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми. View this post on Instagram A post shared by Regionalna informativna novinska agencija (RINA) (@_rina.rs) Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според ...
Невообичаена одлука донесоа челниците на Голден Стејт Вориорс пред почетокот на новата НБА сезона. Клубот од Сан Франциско одлучи да се раздели со Сет Кари, помладиот брат на најголемата ѕвезда на франшизата, Стеф Кари, само 18 дена откако тој потпиша договор со тимот. Како што објавија бројни медиуми во Соединетите Американски Држави, причината за оваа одлука е од финансиска природа, бидејќи Вориорс моментално се на врвот на „втората линија“ ...
Пејачката Џесика Симпсон се појави на премиерата на серијата „All’s Fair“ и ги остави сите во сенка со своето модно издание. Не е тајна дека Џесика ужива во провокациите, а неодамна откри дека конечно е подготвена за нова врска. Сепак, сето тоа е помалку важно кога ќе го погледнете нејзиното најново модно издание. Можеби се обратила на Ким Кардашијан за инспирација, со оглед на тоа што и таа глуми во оваа серија, но севкупно, ова е нејзината ...
Израелските воздухопловни сили извршија напади врз цели на Хамас во Појасот Газа, а првичните извештаи сугерираат дека ескалацијата се случила кратко откако Хамас го прекршил прекинот на огнот со испукување противтенковска ракета кон Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави „Ерусалим пост“. Според извештаите од терен, нападот на Хамас бил директен повод за брзиот одговор на израелската војска. Терористичката организација прва испалила ...
Големото дерби во Русија, дуелот меѓу градските ривали Локомотив и ЦСКА заврши со победа на „железничарите“ (3:0). Доминацијата на домашниот тим на овој натпревар беше очигледна, но сите зборуваат за она што го направи напаѓач Дмитриј Воробјов. Во втората половина од првото полувреме, тој изведе нешто што досега во историјата на фудбалот, веројатно му успеа само на Роберто Карлос. Тој успеа да ја испрати топката директно во голот на ЦСКА, од ...
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам сè уште се смета за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Тој често објавува провокативни фотографии од теретана на социјалните мрежи, а неговата сопруга Викторија обично ги прави неговите фотографии. Сепак, овој пат ситуацијата беше малку поинаква. Дејвид беше вклучен во реклама каде што зборуваше за најлесниот начин да се добијат билети за Светското првенство, но сите го гледаа во лицето многу повеќе ...
До ДИК, до 11 часот и 15 минути не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори на терен или некои поголеми непријатности, известија од Државната изборна комисија. До 11 часот и 15 минути пристигнати се податоци за одѕивот на граѓаните на Локалните избори од 3139 избирачки места, од вкупно запишани 1 645 583 гласачи, на овие избирачки места гласале 154 275 односно 9,38 проценти, соопштија од ДИК. ...
Француската министерка за култура Рашида Дати потврди дека се случил грабеж во музејот Лувр во Париз – еден од најпознатите музеи во светот. Таа објави на социјалните мрежи: – Нема повредени. Јас сум на лице место со музејските екипи и полицијата. Истрагата е во тек, рече таа. Un braquage a eu lieu ce matin à l’ouverture du @MuseeLouvre. Pas de blessés à déplorer. Je suis sur place aux cotés des équipes du musée et de la police. Constatations ...
Францускиот кошаркарски клуб, Асвел од Вилербан би можел да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите по завршувањето на оваа сезона. Клубот од предградието на Лион ќе аплицира за Лигата на шампионите на ФИБА со цел да стане дестинација за проектот НБА Европа во иднина. Според весникот „Ле Прогрес“, Асвел има намера да игра во Лигата на шампионите од следната сезона и со тоа да испрати сигнал дека клубот е заинтересиран за ...
Појавувањето на Меган Маркл на Неделата на модата во Париз привлече големо внимание од јавноста, со оглед на тоа што долго време не е видена во Европа. Сите беа изненадени кога ја видоа Меган Маркл на Неделата на модата во Париз. Таа ја гледаше ревијата на Пјерпаоло Пичоли од првиот ред и ги воодушеви сите со своето модно издание. Ова појавување на Меган Маркл беше повеќе од изненадување, а самиот Пјерпаоло откри како дошло до тоа. „Меган и јас ...
За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, ...
Американскиот Стејт департмент денес предупреди за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестинските цивили во Газа. „Овој планиран напад врз палестинските цивили би претставувал директно и сериозно кршење на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат од медијаторите“, соопшти Стејт департментот. САД соопштија дека ги информирале покровителите на мировниот план за Газа за ...
Моли О’Калахан го собори светскиот рекорд на 200 метри слободно во 25-метрски базени. Австралијката рекордот го постави рекордот на вториот ден од митингот на Светскиот куп во Вестмонт, САД. Таа ја запре штоперката на 1:49,77 и стана првата дама во историјата што ја завршила оваа делница за помалку од 1:50 секунди. Претходниот светски рекорд го држеше Сјобан Хоги од Хонг Конг, која исплива време од 1:50,31 на планетарското првенство во Абу Даби ...
Мали трикови, големи ефекти: три едноставни навики што можат да ви го продолжат животот и да ви донесат чувство на целосна рамнотежа. Понекогаш дури и здравиот начин на живот не оди непречено. Така Емили А. Франсис, сега позната авторка и експерт за велнес, доживеа целосен пресврт на само 25 години. Таа држеше часови по фитнес со години, но потоа анксиозноста и нападите на паника ја презедоа контролата. Стигна до точка каде што повеќе не можеше ...
Протераниот руски олигарх, Михаил Ходорковски изјави дека Владимир Путин му сигнализира на Доналд Трамп дека е подготвен да постигне договор за Украина, но предупредува дека цената на таков мир може да биде отстапување територија на Русија, објави Скај њуз. Појавувајќи се во емисијата „Sunday Morning with Trevor Phillips“, Ходорковски рече дека верува оти секој договор може да вклучува отстапување територија на Русија. Exiled Russian oligarch ...
Познатата српска пејачка Милица Павловиќ ги воодушеви сите на својот последен настап во Белград кога уште еднаш покажа дека секогаш дава максимум кога е во прашање работата. Со оглед на тоа што секогаш сме навикнати на провокативните костими на Милица, таа не разочара ниту овој пат. Убавата пејачка веќе неколку пати нè остави без здив, а нејзините фотографии во бикини беа главна тема цело лето. Сега, Милица го замени бикинито со ефектен ...
Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа избирачко место, се гласа без уредот за биометриска идентификација, известија од ДИК. „Согласно Изборниот законик, ДИК донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користиње на уредот за биометриска идентификација. Не сакавме да се губи времето, затоа одлучивме на ова избирачко место ...
Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на картел во јужниот дел на Карибите, покрај брегот на Венецуела. Според американските разузнавачки служби, бродот не бил вистинска подморница, како што претходно тврдеа некои официјални лица, туку полу-нурнат брод што се движел по позната шверцерска рута кон САД. Бродот, според Пентагон, носел голема количина нелегални дроги, ...
Принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин секогаш се главна тема кога се појавуваат заедно на некој настан, без разлика дали станува збор за нивните модни изданија или гласините што ги следат. Иако наводно сè е далеку зад нив, многумина сè уште не веруваат баш дека убавата принцеза Шарлин ги надминала сите свои проблеми. На последниот настан, Шарлин од Монако блесна во одело од кашмир кое го комбинира класичното и модерното. Кројот е прав, ...
Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побара целосна контрола врз Донецк, стратешки клучен регион во источна Украина, како услов за завршување на војната. Информацијата беше потврдена за „Вашингтон пост“ од двајца високи функционери запознаени со деталите од разговорот. Путин безуспешно се обидува да ја освои областа веќе 11 години, но секој пат е одбиен од ...
Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој извести дека само во едно место, село во општина Прилеп, гласањето започнало подоцна. Министерот очекува мирна, демократска и фер изборна атмосфера. „Ги повикувам сите граѓани да ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои ГРАН ПРИ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025. – Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран ...
Седум милиони луѓе, според организаторите, се собраа вчера во Соединетите Американски Држави на повеќе од 2.700 мирни собири против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ен-би-си Њуз. Од Њујорк до Сан Франциско, преку Чикаго, Њу Орлеанс и мали градови во централниот дел на Соединетите Американски Држави, околу седум милиони луѓе учествуваа на повеќе од 2.700 собири, соопштија организаторите. Коалицијата обединета под ...
Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем. На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани. Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако ...
Компанијата EA имаше исклучително бурен месец – а бројките зборуваат сами за себе. Пред неколку недели, компанијата потврди договор за приватизација од 55 милијарди долари, а сега е објавено дека Battlefield 6 продала повеќе од 7 милиони примероци во првите три дена од објавувањето. За време на празничниот викенд, Battlefield 6 забележа повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, додека играчите гледаа повеќе од 15 милиони часа содржина на ...