Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, Општина Чаир организира Недела на учење пливање за деца, која ќе започне на 15 август. Програмата е бесплатна и има за цел децата да ги совладаат основните техники на пливање, истовремено поттикнувајќи здрави животни навики и физичка активност. Наставата е наменета за деца од следните возрасни групи: 7–8, 9–10 и 11–12 години. Групите ќе бидат мешани (девојчиња и момчиња), со максимум 30 ...

Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот Исток ги повикаа американските државјани да бидат внимателни и подготвени за евентуално заминување поради можност од „непредвидена ескалација“ на регионалниот конфликт. Безбедносното предупредување било објавено од американските мисии во Каиро, Аман, Ерусалим и Багдад. Во него се наведува дека Американците во регионот треба да размислат за напуштање на областа или да бидат подготвени ...

Шумски пожари денеска беснеат во повеќе делови на Грција, вклучително и во близина на Атина, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето и евакуацијата на загрозеното население. Грчките власти издадоа предупредувања за опасност од пожари во неколку области во регионите Атика и Евиа. Од вчераутро низ земјата се пријавени повеќе од 70 шумски пожари, а високите температури, сувото време и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење. ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите меѓу селата Слатина и Грешница и од селото Девич кон Самоков во општина Македонски Брод, меѓу селата Делогожда и Татеши во струшко, кај селото Борино во Крушево и кај селото Баранци во битолско. Под контрола ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови. -Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои од денеска ќе имаат станови што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро изграден објект тука во Дебар, изјави Николоски. Тој посочи дека станува збор за лица ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, најголемиот дел од мигрантите кои нелегално влегле во шпанската енклава Сеута се вратени назад во Мароко. Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарала со европскиот комесар за миграции Магнус Брунер и комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица за состојбата во малата шпанска енклава во ...

Оскаровката Гвинет Палтроу официјално се приклучи на TikTok, а нејзиното прво видео за кратко време привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Актерката се претстави со динамична видео-монтажа снимена на повеќе локации низ Европа, но најмногу реакции предизвика сцена во која позира во кревет покриена само со бела постелнина. Во видеото, 53-годишната актерка на различни јазици ја повторува реченицата: „Само момент, снимам TikTok“. ...

Израелската војска денеска уби двајца Палестинци и уништи два магацини со лекови во близина на болница во Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Здравствените служби на Газа информираа дека двајца Палестинци биле убиени во воздушен напад врз населбата Шеик Радван во градот Газа. Израелската војска соопшти дека станувало збор за членови на Хамас, но не објави дополнителни детали. Во текот на ноќта, израелски воздушен напад ...

На 1 август 1981 година започна нова ера во светската музичка индустрија. Точно во 00:15 часот, со официјалното стартување на MTV (Music Television), светот доби телевизиски канал што засекогаш го промени начинот на кој музиката се создава, промовира и доживува. Првиот музички спот што беше емитуван на новата телевизија беше легендарната „Video Killed the Radio Star“ на британската група The Buggles. Изборот на оваа песна не беше случаен – ...

Неколку илјади луѓе вчера се собраа во Киев на протест под мотото „Марш за дијалог и реформи во одбраната“, барајќи од украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно да го именува Михајло Федоров за министер за одбрана. Протестот се одржа 16-ти ден по ред откако Федоров беше разрешен од функцијата. Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите, иако засега нема најава дека Зеленски ќе ја преиспита својата одлука. За разлика од ...

Основачот и извршен директор на „Мета“, Марк Закерберг, верува дека вештачката интелигенција наскоро ќе стане неразделен дел од секојдневниот живот на милијарди луѓе. Според неговата визија, во следните пет години речиси секој корисник ќе има личен AI агент кој ќе ги разбира неговите цели и ќе работи во негово име 24 часа дневно. Говорејќи за време на кварталниот разговор со инвеститорите, Закерберг изјави дека ваквиот развој на ...

Унгарската нуклеарна електрана Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно нискиот водостој на Дунав, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според него, четирите реактори од руско производство во моментов работат со само една четвртина од вкупниот капацитет од 2 гигавати, а доколку нивото на Дунав продолжи да паѓа, следната недела би можеле целосно ...

Наизглед безопасна конзерва со храна може да претставува сериозна закана за здравјето доколку покажува одредени знаци на оштетување, предупредува неврологот д-р Баибинг Чен. Иако најчесто вниманието е насочено кон составот и рокот на траење на храната, експертот истакнува дека кај конзервираните производи постои уште една опасност која, иако ретка, може да има и фатални последици. Во изјава за „Daily Express“, д-р Чен предупредува дека ...

Наташа Пирц Мусар се здобила со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера додека се враќала од годишен одмор во Хрватска. По превентивно задржување во болница, денеска е пуштена на домашно лекување. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, додека претседателката патувала кон Коменда, каде што требало да присуствува како почесна покровителка на почетокот на тридневна велосипедска манифестација посветена на словенечкиот ...

Јавните финансии се реализирале во согласност со планираните фискални цели, со редовно и навремено сервисирање на сите законски обврски кон граѓаните и стопанството, како и со реализација на значајни капитални инвестиции што придонесуваат за економски раст и подобрување на инфраструктурата, покажува Завршната сметка на Буџетот на РС Македонија за 2025 година, која беше изгласана во Собранието. Образложувајќи ја Завршната сметка пред ...

Во Гостивар продолжува процесот на хиперхлорирање на водата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро граѓаните да добијат вода која ќе може да се користи и за пиење и готвење. „Во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие Водовод Скопје. Секој ден се земаат различни примероци, се испитуваат и веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека Србија се соочува со сериозни последици од екстремните горештини и нискиот водостој на Дунав, оценувајќи дека дополнителен пад на нивото на реката би можел да предизвика големи проблеми. „Ако се спушти уште 30 сантиметри, готови сме. Во земјите што имаат нуклеарни електрани зависни од водостојот проблемот е уште поголем. Во секој случај, проблеми има безброј, а најголемиот е во Војводина, ...

Големиот шумски пожар што се шири низ југоисточниот дел на Франција се доближи до познатиот имот Château Miraval, луксузната винарија и лозја што некогаш ги поседуваа заедно Бред Пит и Анџелина Џоли, а денес се во центарот на нивниот долгогодишен судски спор. Над лозјата во близина на селото Коренс се издигнуваат густи облаци од сив и кафеав чад, додека пламените јазици по зајдисонцето го обоија небото во црвени и портокалови нијанси. Токму ...

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...

Лидерите на 22 земји-членки на Европската Унија, на иницијатива на Италија и Данска, испратија писмо до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ, во кое бараат итен и координиран европски одговор по неодамнешните случувања на надворешната граница во шпанската енклава Сеута. Во писмото се бара итно одржување видеоконференција на министрите за внатрешни работи за да се процени состојбата и да се договорат ...

Венчавката на Бруклин Бекам и Никол Пелц, која во април 2022 година беше претставена како совршено спојување на две влијателни семејства, зад затворени врати била проследена со бројни тензии, недоразбирања и емотивни моменти. Според новите откритија во книгата „Brand Beckham“ на авторката Алисон Босхоф, токму оваа свадба го означила почетокот на сериозниот раздор меѓу семејствата Бекам и Пелц. Иако свадбените фотографии оставаа впечаток на ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува ...

Во вториот квартал од годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 договори за закуп, што е за 17 проценти помалку во однос на првиот квартал. И покрај падот на бројот на закупи, вкупната месечна закупнина достигнала 1,2 милиони евра, што претставува раст од 9 проценти на квартално ниво. Најголем дел од закупите се однесуваат на деловни простори – 935 или 44 проценти од вкупниот број. Следуваат становите со 630 закупи (29 ...

Јеменските хути соопштија дека принудиле осум саудиски танкери со нафта да го сменат курсот како дел од, како што ја нарекуваат, поморската блокада на саудискиот извоз на енергенси. Според нив, танкерите ќе мора да пловат околу ’Ртот на Добрата Надеж‘ во Јужна Африка за да стигнат до своите дестинации во Азија, што значително би го продолжило времетраењето на транспортот. Саудиска Арабија засега не ги потврди овие тврдења. Хутите минатата ...

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС – БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD. Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во ...

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. „Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови“, велат од УХМР. Институтот за јавно здравје упатува ...

Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и ...

Педесет и едногодишната Викторија Стелас од Велс секојдневно се соочува со губење на меморијата и епилептични напади, откако по убод од крлеж за време на летување во Грција во 2019 година развила крлежен менингоенцефалитис (КМЕ) – сериозна вирусна инфекција што предизвикува воспаление на мозокот. По враќањето од грчкиот остров Сирос, кај неа најпрво се појавиле симптоми слични на грип, а потоа и ноќни напади. Лекарите долго не можеле да ја ...

Британската рок легенда Род Стјуарт повторно ги воодушеви своите обожаватели, само неколку недели по серијата здравствени проблеми и откажани концерти. Осумдесет и едногодишниот музичар настапи на хуманитарен настан во Саутемптон, во Хемптонс, каде со енергичен настап покажа дека повторно е во одлична форма. Стјуарт беше главната ѕвезда на добротворната вечер организирана во луксузна вила, во поддршка на фондацијата TeachRock, основана од ...

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.99
51%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
0.99
69%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.02
69%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.84
65%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.54
67%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.73
90%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.77
46%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.22
55%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.16
51%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.11
99%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Кобалт

56.29

Злато

139395.99

Родиум

278103.96

Платина

56231.66

Паладиум

43274.90

Цинк

0.00

Алуминиум

3.28

Сребро

2050.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

13.27

Калај

56.26