
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Фудбалот е ништо без навивачи, е ставот кој навивачите во Германија сакаат да го потенцираат. Тоа чувство беше особено присутно минатиот викенд бидејќи посетеноста во 2-та Бундеслига (втор ранг на натпреварувањето) за првпат беше побројна од Бундеслигата (прв ранг на натпреварувањето). Ширум Германија се актуелни протестите на навивачите кои се противат на предлогот на тамошниот фудбалски сојуз за приватно инвестирање во маркетиншки приходи, па ...
Речиси еден месец од назначувањето на новиот директор на МКЦ, Бени Шаќири, првата новина е неговата одлука да се тргне написот „Ние сме од Скопје“ кој беше поставен во 2018 година на предната страна од зградата на МКЦ. Оваа одлука ја донел тајно а написот бил демонтиран доцна синоќа кога в недела никој не е на работа. Според извори блиски на редакцијата, досега не е собран Уредничкиот колегиум, не се работи на програмата и неизвесно е дали ќе ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои се заканија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз. Не може некој да излезе на 15. во месецот и да рече нема плата, нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз, рече Арсовска, на новинарско прашање по денешната прес-конференција за новиот Детален ...
Во мисијата „ЧАПЕА 2“, којашто би требало да почне пролетта 2025 година, четворица избрани ќе бидат сместени во 3-Д печатено живеалиште од 158 квадратни метри во Хјустон, Тексас, САД. Комплексот со назив „Марс дјун Алфа“ се наоѓа во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА и е изграден заради подготовки и симулирање на животот и сѐ она што би можело да го очекуваат идните истражувачи на „Црвената Планета“, каде што околината и условите се сурови, а ...
Некогаш дали од недоволно информираност или нешто друго или од довербата што ја стенкаа граѓаните во кабинетот, очекуват да имам реакции и за градоначалници и за пратеници што е надвор од моите ингеренции, вели за Градска.мк Славица Грковска, вице-премиер задолжена за политики и добро владеење. „Моите ингеренции исклучиво се на министрите и на сите оние функсионери што ги бира или ги именува Владата. Ние и минатата година и ова посветивме многу ...
Од 1 јануари годинава, заклучно со 15 февруари, во државата се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица. Тоа е драстично повеќе во однос претходите четири години кога се регистрирани вкупно 9 случаи Речиси 5.000 деца од Скопје (4.991) ја пропуштиле вакцинацијата за пертусис (голема кашлица), согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив, информираат од таму, во ...
Почитувани граѓанки и граѓани на Руската Федерација, Со тешко срце, жалиме за смртта на Алексеј Навални, лидер на борбата за демократија и човекови права, кој стана жртва на безмилосниот режим на еден геноциден диктатор. Иако телото на Навални подлегна на бруталноста на режимот, неговото наследство живее, овековечено во срцата и умовите на илјадници храбри руски граѓанки и граѓани кои, во чествувањето на неговиот живот, се соочуваат со ...
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски остро се спротиставија на новодонесениот Детален урбанистички план на Ѓорче Петров, со кој се предвидени 31 зграда, високи и до 21 кат, а покрај дргугото предвидени се и индустриски капацитети меѓу кои и хемиски фабрики. Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови ...
За да го спречат уништувањето на природната убавина на Сардинија и околните острови во екот на туристичката сезона, Италијанците ги прошириле своите правила. На една од најубавите плажи во Сардинија, бројот на посетители е ограничен на 60 дневно, местата се резервираат, а се плаќа и надомест од три евра за користење на плажата. Архипелагот Мадалена на крајбрежјето на Сардинија во Италија е дом на бројни прекрасни плажи. Кала Коричио на ...
Партијата Нова Алтернатива на градоначалничката Данела Арсовска, ќе учествува на парламентарните избори во сите шест изборни единици. Ова денеска го истакна лидерката на партијата. На прашањето дали Арсовска ќе биде кандидат за претседател, градоначалничката децидно одговори со „не“. -Кој ќе биде кандидат за претседател или кои ќе бидат луѓето, органите на партијата ќе го кажат. Треба да се разговара. Ќе учествуваме на овие избори со сите ...
Повеќе европски држави, дел од нив членки на Шенген-зоната, дозволуваат влез и излез на нивните гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија, покажува праксата од изминатите неколку дена, вели доброупатен дипломатски извор за „360 степени“. Станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а нивниот пример не е исклучено да го следат и други држави во Европа. Во овие земји има бројна дијаспора од Македонија, која е со ...
Петте најнеразвиените региони во Европа според Индексот на човечки развој се на Балкан, додека Југоисточниот регион во земјава (0,722) е најнеразвиената област во цела Европа. Најразвиените области на Европа се наоѓаат во западната половина на континентот, каде највисок индекс има Цирих (0,989). Индексот за човечки развој е композитен индекс на Канцеларијата за извештаи за човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и се ...
Во самото срце на Скопје, Кејот на Вардар стои како споменар на вековните истории и животните причини на градот. Ова вековно шеталиште, приспособено на потребите на времето и љуѓето, е една од најзначајните локации во градот, што го спојува својата историја, култура и социјален живот. Кејот на Вардар остана не само географска точка, туку и откривање на различни епохи во историјата на Скопје. Прегледувајќи го периодот, од традиционален пешачки ...
Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг. Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација ...
Авион на „Marathon Airlines“, авиокомпанијата која врши летови за Air Serbia, принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи. Во авионот во тој момент имало 106 патници, а штетата настанала при полетувањето од белградскиот аеродром кога удрил во светлосната сигнализација на крајот од пистата. Според неофицијални ...
Општеството сака да живее во општество каде што има демократија и владеење на право, ама ако може да затвориме едно око, кога нас ни оди во полза. Лидерот на опозицијата (Христијан Мицкоски) вика дека не работат телефоните, затоа е виновен СДСМ, ама јас закажав термин (за патни исправи). Како закажа термин ако не работат телефоните? Значи има посебен список за нив и го прави министерот. Тоа е владеење на право?, праша вицепремиерот за економски ...
Просечниот Европеец кој живее во стан под кирија троши околу половина од својот приход на кирија, а во некои градови тоа чини значително повеќе. Проверивме како се движат цените за изнајмување во главните градови на земјите од нашето пошироко опкружување и каков е односот помеѓу киријата и платите. Становите во Скопје никогаш не биле поскапи.Стан од педесетина квадрати се продава за 115 илјади евра.Оние од над осумдесет квадрати одат и до ...
Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, најверојатен претседателски кандидат од републиканците, на саем за спортска облека во Филаделфија промовираше своја марка на патики. Со висок врв и позлатени патиките се продаваат по цена од 399 долари. Настанот се случи ден по одлуката на Врховниот суд на Њујорк да побара од Трамп исплата од околу 350 милиони долари парична казна поради тоа што неговите компании правеле децениски махинации со ...
Филмот „Опенхајмер“ е најголемиот хит годинава на доделувањето на филмските награди „БАФТА“ во Лондон, Велика Британија, победувајќи во седум категории, меѓу нив и за најдобар филм, машка главна улога и режисер. Одличјето за најдобар филм го презеде брачната двојка Ема Томас и Кристофер Нолан (режисер), кои заедно со Чарлс Ровен беа продуценти, а ирскиот глумец Килијан Марфи го понесе признанието за најдобар глумец за улогата на Џеј Роберт ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 15 ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции. Како што соопшти МВР, изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 26 мерки за управување под дејство на алкохол и две санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло. Сообраќајните контроли ...
Хотелот изграден во 80-тите години на минатиот век, во кој се вложени 700 милиони евра, никогаш не примил гости, па поради тоа го добил и не толку посакуваниот прекар „Пропадната инвестиција“. Отворањето на хотелот беше темпиран да се совпадне со Светскиот младински и студентски фестивал во 1989 година – со дизајнерите кои имаат за цел да го соборат рекордот за највисок хотел во светот, титула што во тоа време ја држеше Јужна Кореја. Но, и ...
Една од најстарите катедрали во Велика Британија е домаќин на две „тивки дискотеки“ со тема од деведесеттите. Потег кој се покажа како популарен меѓу фановите, но предизвика и реакции кај дел од христијаните кои велат дека за дискотека нема место во катедрала, пренесува Си-Ен-Ен. Стотици луѓе танцуваа до доцна во ноќта во катедралата Кантербери во Кент, осветлена од шарени светла, држејќи светлечки стапчиња и носејќи слушалки за да слушаат ...
Претставници на ЦИВИЛ утре точно напладне, во знак на протест по повод смртта на Алексеј Навални , пред руската амбасада во Скопје ќе прочитаат протестно писмо. -Со овој чин, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, се придружува кон илјадниците граѓанки и граѓани низ целиот свет кои изразија протест против диктаторскиот режим на Путин, чија жртва е големиот руски борец за демократија, Алексеј Навални – велат од ЦИВИЛ. -На 16 ...
Езе, прегрнато од планини и кој се се наоѓа на Азурниот брег, е француско село којшто одблескува со својата вековна убавина. Со плетени улички и каменчиња, Езе шетка по тесните улици преку кои зрачи средновековна чар. Од врвот на селото, погледите се шират во бескрајот на Средоземното Море, создавајќи идилска атмосфера. Градска редакција низ фотографии ви го пренесува ова прекрасно село. Старинските камени куќи и тесните улички креираат убавина ...
Кога луѓето со психопатија замислуваат дека другите доживуваат, мозочните региони поврзани со емпатија и грижа за другите не успеваат да се активираат или да се поврзат со областите на мозокот вклучени во емоционалната обработка и донесувањето одлуки, известуваат истражувачите. Психопатите обично се опишуваат како со недостаток на емпатија, а новата студија ја открива невролошката основа за овој недостаток на чувства. Кога луѓето со психопатија ...
Бодигардот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., во раните утрински часови се степал со колега полицаец кој во моментот извршувал работни обврски. Ивица Б. Веднаш е лишен од слобода, а од Министерството за внатрешни работи стигна и потврда за информацијата. Според нив настанот се случил доцна синоќа, во 00:40 часот по полноќ, во угостителски објект на подрачје на општина Центар, при што веднаш интервенирале припадници на ...
Евтин и еколошки градски превоз треба да биде новиот јавен превоз во Струмица. Превозот на граѓаните низ градот и населените места под Општина Струмица ќе се организира со нови електрични автобуси, а цената на возен билет би требало да биде околу 30 денари. Според јавното претпријатие „Струмица транспорт“ превозот е замислен да го олесни животот и движењето на струмичани, но и да се намали емисијата на штетни гасови. Јавното општинско ...
Ќе помине речиси една година откако беа оштетени во пожар, но и по толку време ниту мостот Беласица е саниран, ниту новите цевки за парно се поставени. По мостот се вози само по една лента. Ознаките дека се извршуваат градежни активности со месеци стојат таму. Не се знае точно ниту кога ЕСМ ќе ги завршат работите со новиот топловод коj исто така беше оштетен во пожарот, а е значаен за парното во Скопје. Во изминатиот период содржината во нивните ...
Градоначалникот Александар Стојкоски на Фејсбук, веднаш по седницата се пофали дека со изгласувањето на овој план овој дел од општината ќе стане модерно и урбано место за живеење, дека ќе се изгради и ново училиште и градинка и парк, но заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните. На вонредна седница, која се одржа вчера, ...