Според податоците објавени од истражувачката компанија „Нумбео“ за порастот на насилството во Европа и светот се открива кои земји се најбезбедни. Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија. Во топ 10 листата се и Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија. На другиот крај од листата, како најбезбедни земји во Европа се Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија. Македонија е рангирана на ...

Џордан Егберт е блогер за патувања и американски авантурист кој споделува искуства од патувањето на своите профили на социјалните мрежи, а во едно од своите најнови видеа ја откри најбизарната земја што ја посетил. Американскиот авантурист Џордан Егберт заедно со неговата сопруга го продале целиот свој имот за да патуваат низ светот. Досега посетил 130 земји во светот, а во едно неодамнешно видео откри која од тие 130 ја заслужува титулата за ...

Силината на пасошите на државите од Балканскиот Полуостров е рангирана според VisaGuide Passport Index во најновото рангирање за февруари 2024 година. Според силината, најдобро стои пасошот на Грција кој е на 21. место во светот, а со тоа и прв на Балканот. Следуваат пасошите на Хрватска и Словенија, 24. и 25-ти во светот. Потоа се оние на Романија на 36. место и на Бугарија на 40-тото. Голема разлика има во однос на оние држави што не се членки ...

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари (петок) во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“. На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија ...

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите граничните ...

Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На територија на РЦУК Скопје и РЦУК Тетово изгаснати биле по четири пожари, а на територија на РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три пожари. На територија на РЦУК Струмица изгаснат е еден пожар на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на ...

Oдделението за управни работи Куманово, од почетокот на годинава до вчера, издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи, информираа денеска од СВР Куманово. – Од почетокот на 2024 година до вчера, биле издадени 10. 596 патни исправи, 9. 607 лични карти, 4. 068 возачки дозволи, а дневно службите можат да процесираат околу 700 барања, велат од СВР Куманово. Одделението за управни работи Куманово работи во две смени ...

Возрасните мажи може да го продолжат својот животен век со умерени физички активности на чист воздух. Таков едноставен рецепт им препорачале британските доктори на пензионерите во земјата. Смртноста меѓу претставниците на машкиот пол од третото доба може сериозно да се намали. За таа цел се што е потребно е повозрасните мажи да минуваат барем половина час во прошетки или работа во градината. Британските медицински лица дошле до таков резултат ...

Се санира и уредува пешачката патека покрај брегот на Дојранското Езеро во должина од пет километри од плажата „Калдрма“ во Нов Дојран до одморалиштето „Црвен крст“ во Стар Дојран, објави денеска градоначалникот Анго Ангов. Како што напиша тој на неговиот фејсбук-профил, почнала реализацијата на проектот за расчистување, санација, уредување и поставување на нова урбана опрема на пешачката патека покрај брегот на Дојранското езеро. Проектот е ...

Вештачката интелигенција, како и сите технологии, може да се искористи за добро, но и да се злоупотреби. Од ноември 2022 година, кога ChatGPT беше достапен на јавноста работите во областа на државната матура кај нас се сменија драстично. Во разговор со оценувачи на државната матура откривме дека голем дел од есеите по англиски јазик биле напишани со помош на ChatGPT. Друг проблем е како воопшто матурантите дошле до оваа технологија кога некој ги ...

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја доби мнозинската поддршка од 15 советници од Карпош, според која тој и стручните служби на Општината ќе поведат постапка пред Уставен Суд, за оспорување на предметниот ДУП СЗ 16 кој неодамна го донесе Општина Ѓорче Петров. Имено, мнозинството советници гласаа позитивно за Предлог – Мислењето кое беше доставено пред нив на денешната вонредна 43. седница, кое воедно претставува и акт на противење на начинот и ...

Познатиот шеф Филип Чаловски и неговиот FJ Culinary Consultants од денес се домаќини на извонреден кулинарски настан, „Денови на грчката кујна“, во кој учествуваа четири шефови од Грчката Алијанса на готвачи. Од денес, па сѐ до петок, кулинарското училиште предводено од познатиот наш шеф Чаловски на неговата локација во Скопје, ќе биде домаќин на неколку мастер класови и завршна вечера. Овој специјален настан ќе ги прикаже талентите на славните ...

Иако има речиси два метри разлика меѓу нив, највисокиот маж на светот и најниската жена на светот најдоа заеднички јазик кога се сретнаа оваа недела. Султанот Косен ја запозна својата колешка Гинисова рекордерка, Џиоти Амге, висока нешто повеќе од 62,8 см, кога се сретнаа во Калифорнија во понеделникот. Седејќи со скрстени нозе заедно на подот, не можеше да биде поочигледен нивниот драстично различен раст. Едното стапало на г-дин Косен е 36,5 ...

Кутикулите се еден од најдосадните козметички проблеми и не можете да ги обвинувате оние што често ги кубат. Овие парчиња „искината“ кожа, кои се појавуваат покрај ноктот, често се фаќаат за облека и накит и можат да изгледаат неуредно. Експертите за кожа предупредуваат дека постојаната желба да се излупи кожата може да биде знак за едно ментално здравје. Повторената желба да се чепка по сопствената кожа е знак на болеста наречена ...

Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Крени глас против врсничко насилство“. Основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилниците кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со причините, последиците како и со начините на кои што ...

На едно четиричлено семејство да го помине февруари потребни му се 57.467 денари, покажува синдикалната кочница. Споредено со минатиот месец, животот во февруари е поскап за 313 денари. Најмногу пари на граѓаните им се потребни за прехранување. Според Сојузот на Синдикати, за четири лица да се прехранат во месецот потребни се 21.219 денари или 36,9% од целокупниот буџет. Сметките за вода, струја и греење, според ССМ, изнесуваат 10,5% од буџетот ...

Астрономи го открија можеби најстариот објект во вселената – квазар со црна дупка во центарот, која расте толку брзо што дневно проголтува материја еквивалентна на Сонцето. Рекордниот квазар сјаје со светлина 500 трилиони пати појака од нашето Сонце. Црната дупка која е во центарот на квазарот е 17 милијарди пати поголема од сонцето, објави тимот астрономи од Австралија. Студијата е објавена во списанието Nature Astronomy. Според описот на ...

Скопската чаршија не е само градски простор, туку вистински лавиринт што ја води својата аудиенција низ времето и културата на Македонија. За странците, особено туристите од регионот, ова прекрасно место е неодоливо заведување за истражување и искуство на автентичноста на македонската култура. Антикварни продавници со своите ретки находи, занаетчии со своите уметнички дела, и традиционални дуќани креираат уникатна симфонија на културата. За ...

Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16.35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во ...

Во новиот извештај на платформата за сајбер безбедност Nordlayer анализира 108 земји кои се најпогодни за дигиталните номади врз база на социјалните и инфраструктурни фактори. Анализата покажала дека Европа била далеку најдобар континент за работа на далечина во 2023 година. Имено, сите први десет места на листата со најдобри земји за дигитални номади се европски земји. Глобалниот индекс за работа на далечина за 2023 година собрал податоци од ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени. ...

Вработен во Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија го поставил својот телефон за да сними спасување животно, но љубопитна лисица му го украла уредот и побегнала со него. Бен Фицкоста пристигнал во шума близу англиското село Багшот поради дојава дека има лисица со повредена нога. Тој ја забележал лисицата и го поставил телефонот за да го сними видеото од фаќањето. „Всушност, има две лисици во шумата. Некој ни ...

Најверојатно пилотите се виновни за инцидентот што синоќа се случил на белградскиот аеродром. Пилотите прво ја згрешиле позицијата, а свесни дека немаат доволно место за полетување, сепак го кренале авионот во воздух, при што удриле во антена на земјата… Како бил оштетен авионот на Air Serbia? Авионот требало да лета на релација Белград – Дизелдорф, а во моментот на инцидентот во него имало 106 патници. За среќа, за време на принудното слетување ...

Тројно поскапеа дел од катастарските услуги. При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, инфомира Сител телевизија. Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те ...

Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат дека поради неодговорното однесување на локалната ...

Полицијата вчера санкционираше 209 возачи во Скопје. Од нив 24 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за користење мобилен телефон при управување, осум мерки за некористење на сигурносен појас… „Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да ...

Можеби мислите дека за парите не треба да се разговара со децата, но тоа е сосема погрешно. Децата можат да ги разберат основните концепти за парите уште на шестгодишна возраст, а истражувањата покажуваат дека тие формираат навики поврзани со управувањето со пари уште на седумгодишна возраст. Учењето како да управувате со парите и да планирате за нивната финансиска иднина може да помогне да се обезбеди нивната иднина и целокупната благосостојба. ...

Министерството за транспорт и врски тврди дека не носи урбанистички планови и не се меша во развојот на општините, а градончалникот на Ѓорче Петров вели нема три нов хемиски фабрики, туку развој на постојната. Овие одговори односно реакции се по обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која смета дека во саботата донесениот ДУП во споменатата општина, е небезбеден и донесен со многу прекршувања на законите. „Данела ...

Генетски модифицирана банана, отпорна на разорните габични болести, доби одобрение за одгледување во Австралија и Нов Зеланд. Модифицираната „кавендиш“ банана, дизајнирана за борба против ширењето на сојот габи фисариум, познат како TR4, доби лиценца од Канцеларијата на регулатори на генетска технологија во Австралија. Прехранбените регулатори во Австралија и во Нов Зеланд дополнително ги одобрија генетски модифицираните банани како безбедни и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
49%
1018
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 13ᴼ
0.0
67%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.99
56%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.0
91%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
7.2
45%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
28%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
50%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
50%
1020
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
68%
1016
Currency

61.535

Currency

52.1808

Currency

71.7254

Currency

34.2831

Currency

38.2897

Currency

66.066

Currency

7.26712

Currency

0.66321

Currency

0.3642

Currency

0.5251

Currency

1.30603

Currency

0.60876

Алуминиум

2.60

Иридиум

142561.04

Кобалт

42.99

Никел

15019.00

Рутениум

22280.47

Калај

34.00

Сребро

1168.61

Злато

107689.66

Бакар

10.25

Паладиум

3568.73

Платина

43516.05

Родиум

176025.34

Цинк

2.76