
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Општина Карпош обезбеди 300.000 денари за набавка на комплети играчки и дидактички материјали, кои ќе бидат распоредени низ сите 13 објекти на детските градинки кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Оваа практика Општината ја спроведува континуирано од 2012 година со цел да се обновува и унапредува фондот на играчки и дидактички материјали, но досега за оваа намена се издвојувале околу 100.000 денари годишно од општинскиот буџет. ...
Двајца мажи може да бидат среќни што останаа живи откако автомобилот со кој се превезувале пропаднал во голема дупка којашто се отворила во коловозот рано утрото во средата во неаполската населба Вормеро. Двајцата мажи кои се враќале од прослава ги спасила војската, стационирана во близината во рамките на операцијата „ Strade Sicure“ (Сигурни патишта), пишува службената новинска агенција Ansa. Во дупката пропаднал и автомобил паркиран во ...
Главните градови често, иако не секогаш, се најпознатите претставници на секоја земја. Некои се познати на целиот свет, за нив се пишуваат книги и се снимаат филмови, се на листата на желби на многу светски патници. Други се во сенка на попознатите градови во нивните земји или попознатите соседни земји. Што би рекле ако некој ве праша кој е главниот град на Јужна Африка? Некој ќе каже Кејптаун, други ќе го споменат можеби најпознатиот град на ...
„Белград е голем и убав град, но нема ниту еден престижен хотел, му упати критика царот на Етиопија Хаиле Селасие на својот голем пријател Јосип Броз Тито, при неговата посета на Југославија во 1961 година.“ Една урбана легенда вели дека оваа забелешка, велат, толку го налутила претседателот на тогашната држава СФРЈ, што веднаш наредил да започне изградбата на нов угостителски објект според највисоките европски стандарди во хотелиерството, ...
Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена ...
Педесет и петгодишен охриѓанец вчера попладне со „југо“ прегазил двајца малолетници. „На 21.02.2024 во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од СВР ...
Таткото на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска, Александар денеска пред Апелациониот суд на јавна седница побара да му се укине мерката притвор. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка. Ѓорчевски пред судот изјави дека не познава никој од осомничените, вели за Телма неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Седницата беше јавна, но во последен момент бил известен и Туфегџиќ. Љупчо ...
Тетовската полиција вчера околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го привеле 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“. Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација ...
Популарниот Тошо Малерот дава поддршка за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски. Васко Тодоровски, актерот кој го глумеше Тошо Малерот кажа дека Пендаровски е единствениот кој се сетил на К-15. „К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна емисија во телевизиската историја на Македонија. Тоа е факт. А Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за К-15. И тоа е исто факт“, рече Тодоров. ...
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави денес лидерот на партијата, Али Ахмети. Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“ Тој ги повика граѓаните тогаш кога ќе се отвори Уставот заради Бугарите, да се внесе и измена со која ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека конзерваторското мислење е вратено до Конзерваторскиоот центар од кој се очекува да го поништи. – Не е точно дека намерно се одолговлекуваше преиспитувањето на позитивното конзерваторско мислење. Јас го добив извештајот од работната група што работеше на случајот и во него е наведено дека мислењето не е во согласност со Правилникот за заштита на културното наследство, изјави ...
Деталниот урбанистички план кој советниците на општина Ѓорче Петров го изгласаа на вонредна седница и тоа во сабота, предизвика низа реакции и незадоволство кај градските власти па и револт кај граѓаните кои живеат во општина Ѓорче Петров и Карпош. „Не сме за изградба на комплекс згради која е предвидено со новиот Детален урбанистички план кој беше изгласан од советниците„ вака коментираа жителите на општина Ѓорче Петров во видео анкета што ја ...
Ако сакате да патувате некаде, каде е сончево и топло оваа пролет, но не сакате да се оддалечите премногу од Европа, овој шпански град за кој сигурно сте слушнале треба да биде на врвот на вашата листа. Новата анкета во која гласале повеќе од милион посетители покажува дека градот Марбела во Шпанија ги победила местата како Фиренца, Рејкјавик и Лондон и станала најдобра европска дестинација во 2024 година, пренесува „Метро“. Париз, градот на ...
Универзалната сала ќе се реконструира на постојното место, со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед. Kонечниот изглед беше промовиран за време на мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов. Изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“. По една недела откако багери влегоа и почнаа да го расчистуваат просторот кај Универзална сала од целото ѓубре и од градежниот отпад оставен две ...
Во последното деноноќие имало 31 пожар на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, вчера биле регистрирани 12 пожари во Скопје, два во Тетово, по четири во Битола и во Штип, по еден во Струмица и во Велес и шест пожари во Куманово. ...
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. Од денеска се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија. Дополнително, во ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се ...
Стариот метод за „сушење“ на влажен телефон во ориз не е добра идеја, вели „Apple“. Компанијата неодамна објави цел документ за опасностите од чувањето на телефонот во ориз. Во документ за поддршка, технолошкиот гигант рече дека чувањето на влажниот „iPhone“ во чинија со ориз „ќе дозволи малите честички од ориз да го оштетат вашиот iPhone“. „Apple“ не ги елаборираше овие тврдења, но се смета дека предупредувањето има за цел да ја заштити ...
Општина Битола ќе го реши проблемот со бездомните кучиња и тоа ќе биде направено согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, соопштија од тамошната локална самоуправа. Во завршна фаза е адаптацијата на соодветните услови во прифатилиштето, согласно добиени насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство чија екипа изврши проверка на состојбата со прифатилиштето, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола. -Во ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Сојчевска денеска се обрати на чествувањето на 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од каде што се испрати единствената порака: „Јазиците се важни!“. „Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик, е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието. Заштитен, недопирлив, единствен. Изминатиот период Институтот ...
Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166 000 патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1 процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз. Во четвртото ...
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија. Дополнително, во Петок ...
Еве ги сите начини на кои тротинетот може да биде одличен за вашето дете – и како да го заштитите додека го користи. Одличен начин да бидат физички активни Охрабрувањето на вашите деца да се физички активни секој ден е важно, но не е секогаш лесно во нашиот дигитално примамлив свет преполн со телевизори, компјутери и таблети. Користете тротинет за мали деца како природен начин за ограничување на времето поминато на екранот. Ништо не е ...
Израелскиот парламент (Кнесет) денеска одлучи да не го признае формирањето палестинска држава. За одлуката гласаа 99 пратеници, додека против беа деветмина, пренесува „Ерусалим Пост“. „Израел ќе продолжи да се противи на едностраното признавање на палестинската држава. Таквото признавање по масакрот на 7 октомври ќе биде голема награда за тероризмот што беше без преседан и ќе претставува пречка за секој иден мировен договор“, се наведува во ...
Голем пожар избувна на патот од Желино кон Сиричино во кој горат автомобилски гуми, што создаде и густ црн чад кој се забележува низ целиот тетовски регион. Според првичните информации пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути. – Територијалната противпожарна единица Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино (Општина Желино). Гаснењето е отежнато поради големата количина на ...
Сајбер – насилството кај младите сѐ повеќе се зголемува, а жртвите насилството побрзо би го пријавиле кај соучениците, отколку кај наставниците и стручните служби, ова беше истакнато на денешниот настан посветен на зајакнувањето на младите за справување со сајбер – безбедноста и сајбер – насилството. Проектниот експерт Маја Христовска рече дека овој проект има за цел да ги зајакне капацитетите кај младите, односно учениците за примена на мерки ...
Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години, а нејзината поправка започнува денеска, порачаа од Министерството за култура. – Да го најавиме започнувањето на реконструкцијата на Универзална сала – архитектонски и културен симбол на Скопје. Министерството за култура презеде обврска во наредните три години непречено да го реализира проектот, затоа што имаме обезбедено финансиски средства и комплетна документација. Владата и ...
Од 20 дена во февруари само во пет дена немало загаден воздух, односно имало надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 во текот на 15 денови. Со оглед дека во јануари среднодневните концентрации во 22 дена биле над дозволените 50 ПМ10, веќе е надминат светскиот здравствен стандард што вели дека во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. -Овие бројки се показател на она што постојано го ...
Видеата на учителката Тори станаа вистински хит на TikTok. Секое од видеата има милиони прегледи, а Тори ги доловува креативните, но погрешни одговори на своите ученици. Во тестовите што Тори им ги дава на децата има различни слики кои симболизираат животни, предмети и слични поими за кои децата треба да напишат што се. Така, едно момче, за кое Тори напиша дека се вика Брајс Т, напиша дека желката е анимираниот лик од Покемон Squirtle, и дека ...