
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Голготата на новинската агенција Мета.мк за да добие одговори за причините за смртта на жирафата Каспер, за бројот на угинати животни во Зоолошката градина Скопје и за причините зошто установата го изгуби кандидатскиот статус во ЕАЗА, траеше точно 2,5 месеци Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина – Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да ...
Деветнаесет тимови од Скопје, Кочани, Штип и Тетово со над 180 учесници ќе бидат дел од натпреварот за едукативна роботика, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 16 години што ќе се одржи денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип со почеток во 9 часот. Натпреварот за едукативна роботика, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 10 години преку FIRST LEGO League Explore (FLLE) и од 9 до 16 години преку FIRST LEGO League ...
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје. Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза. -Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната ...
На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 161 мерка за прекршоци од областа на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 15 санкции за брзо возење, осум мерки за возење без возачка дозвола и исто толку за користење на мобилен телефон за време на возењето, седум санкции за поминување на црвено светло и четири санкции за управување под дејство на алкохол. ...
Меѓународниот тим од научници во јужна Кина открил прв комплетен фосил од воден рептил долг пет метри од периодот тријас, кој припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има многу долг врат, објави „BBC“. Фосилот припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“, кој првобитно бил идентификуван уште во 2003-та година. Ник Фрејзер од Националниот музеј во Шкотска, кој бил дел од ...
Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. „Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, ...
Веројатноста да се заразиме додека се возиМЕ со јавен превоз зависи од тоа колку добро е проветрен просторот, покажува новото истражување кое користело компјутерски симулации на ширење на вирусот. Автобус со активна вентилација претставува значително помал ризик од инфекција отколку затворена просторија со мала вентилација, заклучува студијата на научниците од Универзитетот во Касел во Германија. „Главното откритие е дека вентилацијата е ...
Икањето понекогаш знае да биде многу заморно и непријатно, но тоа е состојба што секому му се случила барем еднаш во животот. Кога почнуваме со икање, тоа обично трае неколку минути, но во потешки случаи може да трае и неколку часа. Колку подолго трае икањето, толку луѓето стануваат понервозни бидејќи не можат да престанат. Но, има причина зошто икаме. Како што пишува New York Post, икањето е неволна и брза контракција на дијафрагмата и ...
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која беше киднапирана и убиена во декември минатата година – останува во притвор. Одлуката е донесена од Апелациониот суд Скопје откако таму вчера се одржа јавна седница на која се расправаше по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор. Барањето за укинување на притворот Апелација го одби како неосновано и дополнително го потврди решението од Кривичниот суд со кое на ...
Доколку претстојниот викенд ја посетувате скопската Зоолошка градина, донирајте за лекувањето на младиот скопјанец Лео! – ЗОО Скопје се приклучува на акцијата на Град Скопје, а на влезот поставени се две кутии каде што сите хумани граѓани може да донираат и да ја покажат својата хуманост, велат од ЗОО-Скопје. Сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта под капата на Град Скопје од денес започнаа хуманитарна ...
Центарот за одржлив развој „Алка“ со цел зголемување на свеста на населението за потребата од правилно одлагање и рециклирање на отпадот, како еден од најважните сегменти за зачувување на животната средина, во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“, спроведува едукативна кампања. Препознавајќи ја потребата за едукација уште од најрана возраст, како и за примена на здрави навики, Центарот одлучи да одржи две едукативни работилници во ...
Во делот на младите музичари инструменталисти, имаме иднина и тоа многу светла, посочи Бобан Мирковски, пијанист и професор во средното музичко училиште во Скопје, во интервју за Слободен Печат. „Се надевам дека тие деца, особено оние што јас ги познавам и јас ги учам, а верувам дека и моите колеги работат со многу деца, имаме неколку ученици кои се навистина екстремно талентирани и способни и работат и среќен сум што покажуваат интерес. ...
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, денеска организираше настан од информативен карактер на тема „Повеќе зеленило, подобар град!“ во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“. Регионалниот координатор на проектот, Ива Петрунова вели генералниот проблем во Скопје е големата урбанизација, односно како што рече, на секоја празна парцела се гледа да се стекне профит уништувајќи го зеленилото, ...
По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје. Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза. Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве ...
Брисел стана платно за многубројни белгиски, но и меѓународни уметници. Токму овие артисти од градот направија еден живописен простор исполнет со многу мурали, графити и разноразни уметнички дела, се вели во објавата на Црнобело. Многумина за Брисел велат дека е галерија на улична уметност, и тоа на отворен простор. Без разлика во кој дел се наоѓате, бидете подготвени да налетате на ѕидови суптилно разубавени или огромни површини пропратени ...
Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет, а старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови, информираат од општината. Од локалната самоуправа посочуваат дека децата добиле нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, како и нова клупа за следење на детската игра. Градоначалникот на ...
По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи и придружници в сабота организира бесплатен разглед на градот Скопје. Од Асоцијацијата информираат дека разгледот ќе се одржи во два термини со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза. -Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во ...
Дали се сеќавате на првата 10 денарка? Или на црвената 25 денарка? Или пак можеби на 10 илјадарката? Старите македонски банкноти и монети од периодот 1992 до 2016 година се вистинска слика на историските и културните промени во Македонија. Од тврдите ковачки денари до шарените банкноти со претстави на историски личности и културни монументи, се вистински колаж на 30 годишната историја. Секоја банкнота и монета носи со себе приказна за еден ...
Хуманитарни акции во кои се собираат средства за помош на Леонид Индов и неговото опоравување и лечење се организираат низ 23 основни и средни скопски училишта. Ова не се први акции од учениците за Леонид. Тие веќе одржаа неколку базари со рачни изработки. Како што велат, нема ни да се последни. Во моментот активни се и телефонски броеви преку кои јавноста може да донира, како и жиро сметка за донации и Go fund me страница за донации од ...
Два договори со вкупна сума од 8.400.000 денари или 136.000 евра склучил градоначалникот на општина Кисела Вода на почетокот на феврурари годинава. Според информациите на страната на јавни набавки двата договори се склучени на 09.02.2024 година, а поединечната вредност е 4.200.000 денари, времетраењето е една година или пак до исцрпување на количините. Нема појаснување ниту за какви услуги би се ангажирале лица, ниту пак на кои позиции. ...
Иако сите сме родени со силно чувство на самодоверба, тоа се намалува кај многу луѓе во текот на нивниот живот. Ниското ниво на самодоверба може да ве направи нетолерантни кон туѓите критики или да имате потешкотии да верувате во себе и на другите. Сепак, добрата вест е дека самодовербата може да се подобри, а еве како можете да го направите тоа: Пронаоѓањето на причината може да помогне да се изгради поздрава и попозитивна самопочит. За да ја ...
Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица сезонава, нема регистрирано мали сипаници, овие податоци се заклучно со 22 февруари, потврди доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. Дека е зголемен интересот за вакцинација против пертусис, народски позната како голема или магарешка кашлица, потврди вчера заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во ...
Конзерваторското мислење е поништено вчера, а денеска решението е испратено до Општина Карпош и до инвеститорите. Од Општина Карпош до овој миг нема одговор како ќе се постапи понатаму. Тие вчера ја чекаа одлуката на Конзерваторски, а, како што дознаваме, ќе се произнесат откако ќе го разгледаат извештајот. Конзерваторски центар Скопје вчера го поништи позитивното конзерваторско мислење издадено за заштитениот простор во близина на Воена болница ...
Најниска температура од – 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип. Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ...
Во малку познатата планинска област наречена долина Хунза, која се наоѓа на далеку на север од Пакистан, изгледа дека луѓето и пркосат на медицината. Тоа првенствено е дом на народите Бурушо и Ваки, кои со векови преживувале и напредувале во оддалечени села, со минимални основни здравтсвени услови. Истражувањата покажале дека тау просечниот животен век е околи 100 години. Еве неколку нивни навики кои им помагаат на луѓето таму да живеат подолго. ...
Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД). Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите ...
Излевањето на кафе на вашиот тепих може да изгледа како ноќна мора, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали станува збор за свежо истурено кафе или постара дамка. Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брз одговор, дамките од кафе може да се исчистат. Постојат неколку начини да ги отстраните дамките, а наједноставен и најбрз е со помош на состојка која сите ја имаме дома – алкохолниот оцет. Како да ги ...
Европа е дом на многу земји кои важат за најчисти во светот. Според извештаите кои ги рангираат земјите според различни фактори на животната средина и одржливоста, европските земји генерално ги заземаат првите места. Но, зошто Европа е толку чиста? Во Европа се некои од најбогатите земји во светот, граѓаните овде се грижат за климатските промени но исто така и владите посветуваат особено внимание на природното богатство и ресурсите за ...
Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, 71-годишниот Љ.Н. од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот 57-годишниот Р.Л. од Скопје, извести МВР. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н, а повреди заработил и сопственикот на кучето Р.Л. откако се обидел истото да го отргне од неговиот сосед кои биле констатирани во една од приватните болници во Скопје. Од МВР велат дека се ...