
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Неделава, повикувајќи се на трудот објавен неодамна во Nature Physics, хрватски Клик извести дека научниците откриле докази за патување низ времето. Но, пред да почнете да ги барате временските патници во вашето опкружување, има една “разочарувачка” страна од веста – во основа истражувањето ја исклучува можноста (барем засега) дека некој некогаш да патува назад во времето. Но, иако во макросветот времето во вселената тече само во една насока, на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер ...
Навивачите на Евертон добија можност да „ѕирнат“ во внатрешноста на новиот клупски стадион, кој ќе биде готов следната година, а кој со нетрпение го очекуваат фановите ширум Англија. Стадионот на речните докови е целосно изграден, а моментално се работи на неговата внатрешност. Евертон на тој начин ќе го замени својот досегашен Гудисон парк со најмодерниот стадион во Англија, на брегот на реката Мерси, што му дава дополнителен шарм на ...
Компанијата Coca-Cola започна еколошки тест на пазарот во Велика Британија, така што привремено ќе ги отстрани етикетите од шишињата на пијалакот Sprite. Се работи за дел од пробната иницијатива чија цел е да го поедностави рециклирањето и да ја намали количината на материјал што се користи за пакување. Новите амбалажи од 500 милилитри ќе го вклучуваат логото на брендот, изведено во релјеф на предната страна од пластичните шишиња. На задната ...
Оптшина Кочани од сопствениот буџет ќе издвои 1,9 милиони денари за субвенционирање на 50 отсто од цената на билетот за јавниот градски превоз на патници. Финансиското учество во трошоците ќе се реализира во наредните две години, а во тек е постапката за избор на давател на услугата кој ќе ја одржува линијата број 8. Согласност на одлуката за висината на субвенционирањето даде Советот на Општината, со што на секои 10 денари што ќе ги плати ...
Започнувајќи од понеделник, па се до исцрпување на средствата за кастрација и стерилизација на бездомни мачки, Општина Карпош финансиски ја поддржува оваа акција која ќе се спроведе на нејзината територија. Ветеринарната амбуланта „Др. Виктор Груев ДВМ ДР. Јасминка ван дер Филер ДВМ“, во соработка со ЗЗЖ „Феникс петс“ Скопје, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки. Предвидено е оваа акција да се изврши на околу 150 ...
Учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип ќе добиваат бесплатен топол оброк, соопшти денеска градоначалникот Драган Анастасов. Посочи дека проектот, кој е во рамки на социјалните мерки за 2024 што ги усвои Општината, започна со реализација овој месец, и како што рече, позитивно е прифатен од учениците и родителите. – Оваа мерка се воведува по проектот за обезбедување на бесплатни униформи за сите учесници во основните ...
Вработените во ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните утрешниот ден да го искористат за да го посетат стационарот, доколку сакаат да си вдомат миленик. Моментално таму се згрижени 105 кучиња подготвени да добијат дом, љубов и семејство, чие вдомување е сосема бесплатно. Оттаму објаснуваат дека многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто тие се на улица, а најголемата причина за тоа е човечкиот фактор, ...
Финер сега ќе ја евидентира тежината на своите патници како дел од своите „пресметки за рамнотежа на авионите, објави То Вима. Авиокомпанијата бара од патниците да се измерат со рачниот багаж на портата на поаѓање за да може авиокомпанијата да ја евидентира просечната тежина како што бара управата за цивилно воздухопловство. „Ние ги користиме податоците за мерење за просечните пресметки потребни за безбедно спроведување летови, а собраните ...
Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама. Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат ...
Родителите поитаа да ги вакцинираат децата по најавите дека ќе биде прогласена епидемија поради растот на заболените од голема кашлица. Поради голем интерес, вакциналните пунктови ќе почнат да работат во две смени. Од Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје информираа дека од изутрината е зголемен интересот за вакцинација. До 11 часот вакцинирани се околу 60 деца, кои ги пропуштиле дозите од редовната вакцина. Пред сѐ станува збор за деца над ...
Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни. – Има појава, одат од градот за нагоре и ...
Невообичаено благата зима и суша ги уништуваат посевите и ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците во Италија, предупреди водечкото земјоделско лоби Колдирети. Зимата беше исклучително блага низ јужна Европа. Шпанија го забележа најтоплиот јануари во историјата на мерењата, што следеше по долготрајната суша во Каталонија и Андалузија, пренесува Ројтерс. Топлата зима предизвика мешаница во природата, предупреди здружението на италијански ...
Во Министерството за економија, но во извештаите од пазарните инспектори нема поплаки за зголемени цени на белите печива, порача министерот за економија Крешник Бектеши, прашан дали во целост се почитуваат замрзнатите цени и дали е запознат со податокот дека и покрај тоа што и брашното е во групата на замрзнати производи, граѓаните реагираат дека има зголемување на цените на белите печива? – Кај нас нема такви поплаки, а такво нешто не сум видел ...
Цените на какаото се искачија на највисоко ниво на сите времиња оваа недела. Лошите временски услови негативно влијаат на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство. Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од почетокот на годината до денес, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња во текот на денот од 5.874 долари за метрички ...
Повозрасен велосипедист е тешко повреден откакако бил прегазен во скопско. – На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопшти полицијата во ...
Сепак има надеж за некои стари занаети во Старата скопска чаршија, неколкуте работилници за ковање, околу пет колку ги имаше на број сепак имаат работа и секој дневно кај нив се појавуваат муштерии кои бараат да им се поправа некое парче железо или пак бараат алати за работни. Занаетот на ковачите која со години се врши во една од уличките на Старата скопска чаршија, уште е живо и железото се калаисува и се обработува, еден од тие кои уште го ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи имал состанок со сите вработени во нашите 60 дипломатски преставништва во странство за да се мобилизираат и да им излезат во пресрет на тие што ќе се најдат затечени во странство по 12 фебруари. Според Османи во нашите преставништва има зголемен притисок за издавање пасоши поради паниката предизвикана од шпекулациите дека нашите иселеници таму ако останат со невалидни пасоши можат да изгубат работни ...
Во земјава досега се евидентирани 22 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје. Од Министерството за труд вчера најавија дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките во Скопје дали децата се вакцинирани со вакцината ДТП за заштита од големата кашлица. Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис, попознат во јавноста како голема или магарешка кашлица. ...
Назми Абдурахмани Ете, ни дојде Ел Нињо и ни го затопли времето, а со тоа ни се појавија и чувствата на пролет среде зима. Но, ако сакате да се прошетате, речиси секое скопско попладне, загадувањето на воздухот е тука да ве потсети како шлаканица дека, сепак, ние сме Мумбај, но без нејзината индустрија. Воздухот во Скопје, особено во попладневните часови, има свој уникатен мирис. Сличен на мешавина од препечен асфалт, гориво и гуми. Заправо, ако ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка поради сомнение за психичко и физичко насилство врз тригодишно дете. „Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето ...
Паметните светилки, бесплатниот интернет и изнајмувањето велосипеди и тротинети, односно ветувањата и заложбите за попаметна општина стануваат реалност и тоа за прв пат во Аеродром. Општината Аеродром преку повик за јавно – приватно партнерство ја избра компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“ која во следниот период има обврска да го спроведе проектот „Смарт Аеродром“. Станува збор за конзорциум составен од успешни, домашни и меѓународни ...
Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна. -Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила, потврдија за МИА од ...
Во Берово утрово е најстудено, -4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Претор, Попова Шапка, Лазарополе, два во Дебар, Маврови Анови и Крушево и три степени во ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Сојузот на синдикати на вработените на универзитетот бараат итна средба во рок од три дена со премиерот Талат Џафери, во спротивно вработените на Универзитетот и Синдикатот ќе преземат соодветни мерки за заштита и остварување на своите права, загарантирани со Уставот и законите, се вели во вчерашните заклучоците на Ректорската управа на УКИМ. -Ве известуваме дека Сојузот на синдикати на ...
Жените се колнат во овој трик кој ги спречува нивните алишта да не се изгужваат после перење! Пеглањето е домашна работа која на многу луѓе не им се допаѓа. Потребно е многу време, а искусните домаќинки пронајдоа трик кој, како што велат, „функционира“. Тие на интернет тврдат дека немаат потреба да ги пеглаат алиштата, бидејќи алиштата не се туткаат. Сè што треба да направите е да направите две или три топчиња со големина на тениско топче од ...
Сликата на поларна мечка која дреме, свиткана на санта мраз, ги освои срцата на гласачите и стана добитник на овогодинешната награда за избор на луѓе за фотографија на дивиот свет. Британскиот аматерски фотограф Нима Сарихани рече дека е почестен што ја освои наградата за сонувачката сцена „Ледениот кревет“, снимена на норвешкиот архипелаг Свалбард, велејќи дека сликата „побудила силни емоции“, како што е надежта, кај оние што ја виделе. „Иако ...
Познато е дека Австралија е една од најголемите земји во светот со површина од 7,6 милиони km2, поради што нема единствена клима. Но, се случува во одредени северни делови од земјава да има над 300 сончеви денови. Дури и јужните делови, како што е државата Викторија или Јужна Австралија, со различна клима, имаат доволно сонце за оваа земја да започне со развој на сончевата енергија. Од вкупното производство на електрична енергија во 2022 година, ...
Австралијаните наскоро ќе можат да останат на мира, далеку од својот шеф, воопшто да не одговараат доколку им се јави надвор од работното време. Австралија треба да воведе закони кои ќе им овозможат на работниците да игнорираат неразумни повици и пораки од нивните шефови надвор од работното време. „Правото на исклучување“ е дел од серијата промени за вработување кои федералната влада ги предлага за заштита на правата на работниците. Слични ...
Исчекорот е динамична вежба која вклучува многу мускулни групи, подобрувајќи ја силата на долниот дел од телото и кардиоваскуларната кондиција. Оваа ефикасна вежба исто така промовира губење на тежината бидејќи согорува значителен број калории. Фитнес тренерот Читареш Натесан тврди дека изведувањето на оваа вежба 30 минути може да резултира со просечна потрошувачка од 180 до 240 калории. Објасни дека за правилно да извршиме се како што треба, ...