Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Србија, откако во натпреварот од второто коло загуби од Франција со 36-25. Со овој неуспех избраниците на селекторот значително си ги намалија шансите за пласман во главната рунда, иако расплетот во групата ќе зависи и од останатите резултати. Македонија успеваше да одржи чекор во воведните минути. По почетните 4-4, ривалот првпат се ...
Брзилскиот репрезентативен фудбал минува низ тешки моменти. Бразилската фудбалска конфедерација најави организирање на проштален натпревар за напаѓачот Нејмар со репрезентацијата. Иницијативата сè уште е во прелиминарна фаза на дискусија. 34-годишниот фудбалер претходно го објави своето повлекување од бразилската репрезентација. Неговиот прв натпревар за петкратните шампиони беше во 2010 година. Тој одигра 130 натпревари за репрезентацијата ...
Селекторот Арамис Наглиќ за претстојните квалификациски натпревари на Австрија повика поширок список од 28 кошаркари, предводен од НБА центарот Јакоб Поелтл од Торонто Репторс. Во конкуренција се и искусните Силвен Ландесберг, Лука Брајковиќ, Ерол Ерсек, Тимо Ланмилер, Томас Клепеис, како и повеќе интернационалци кои настапуваат во Германија, Србија, Словенија и австриското првенство. Првиот собир пред новиот ФИБА „прозорец“ ќе го имаат на ...
Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ се адаптира на атмосферата и средината во тимот на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла со клубот потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања. „Изненаден сум колку градот е жив, колку живее за ракомет и навистина ми се допаѓа се откако дојдов нема ниедна маана, се е супер, од соиграчи до тренер. Не треба да трошам зборови за Лино ...
По слободното прво коло, машката сениорска репрезентација на Македонија квалификацискиот циклус во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 ќе го започне на 30 август, кога ќе гостува кај Австрија. Натпреварот ќе се одигра во Виена со почеток од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“ и ќе претставува прв сериозен тест за избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во битката за првото место во групата „Ф“, во ...
Македонскиот вицепрвак Шкендија ќе се обиде да го надомести минималниот пораз од првиот натпревар против словенечки Браво и да обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци во првиот натпревар во Словенија долго време имаа контрола врз играта и водеа, но поради дефанзивни грешки на крајот загубија со 2-1. Сепак, во клубот владее оптимизам дека со поддршката од трибините можат да направат пресврт и да се ...
Второлигашот Брера Струмица загуби на меѓународниот пријателски натпревар во Бугарија од косовски Феризај со резултат од 2-0. До стартот на новата сезона, кој е закажан за 15 август, останува период кога секој од второлигашите ќе одигра два до три контролни натпревари, а се очекува во следните неколку дена поголема активност на трансфер пазарот за ангажман на нови засилувања. Инаку, летниот трансфер период е отворен до 6 септември, период до ...
Еден од најдобрите стрелци од минатата сезона во ВМФЛ, Иван Глигоров е повратникот кој ќе го засили офанзивниот ред во Брегалница. После одличниот учинок минатата сезона во Охрид, Глигоров беше на мета на многу фудбалски клубови од првата лига. Тој го послуша своето срце, се врати во својата природна средина, ја одбра својата “прва љубов” - Брегалница! Своите фудбалски почетоци, Иван ги имаше во италијанската IMS фудбалска академија, од каде ...
Второлигашите активно продолжуваат со екипирање на ростерите, а паралелно со тоа тече и одигрувањето на пријателски натпревари за проверката на формата. Тимот на Кожуф од Гевгелија се засили со двајца млади играчи. Нови фудбалери се Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ, кои доаѓаат од третолигашот Победа од Валандово. Ашовалиев е 20 годишен играч кој низ неговата кариера настапуваше за Вардарски, Дојранско Езеро, Беласица и Брера Струмица. Тој ...
Манчестер Сити го означи Педро Нето како една од главните опции за засилување на крилната позиција доколку Савињо до крајот на летниот преоден рок се пресели во Тотенхем. Спарси веќе подолго време преговараат за бразилскиот репрезентативец, а Сити е подготвен да го пушти за сума од околу 60 милиони фунти. Сепак, клубот сака прво да има подготвена замена, а изборот би можел да падне на Нето. Португалецот нема целосно загарантирано место во ...
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ужива во одличен период во Атина, а според грчките медиуми наскоро ќе добие и награда за своите добри настапи. Јовиќ е пред продолжување на договорот со АЕК за уште три години, што ќе биде логичен потег за двете страни. По доаѓањето во клубот, тој повторно ја пронајде вистинската форма и голгетерскиот инстинкт под водство на тренерот Марко Николиќ. Минатата сезона српскиот фудбалер имаше фантастичен учинок - ...
Претседателот на Управниот одбор на Спартак Варна, Алекс Илиев, со емотивна порака на социјалните мрежи се обрати до навивачите по заминувањето на македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски од тренерската функција. Илиев истакна дека разделбата е пријателска и порача дека нема да има никакви потреси во клубот, иако заминувањето на искусниот тренер доаѓа само неколку дена по историската победа од 3-0 над градскиот ривал Черно Море. „Почитувани ...
Иако настапува во петтата италијанска лига, Таранто доби стадион на кој би му позавиделе и бројни клубови од Серија А. Новиот дом на италијанскиот клуб има капацитет од 20.000 гледачи и важи за еден од најмодерните во земјата. Стадионот е изграден за потребите на Медитеранските игри, а по нивното завршување ќе го користи Таранто за своите домашни натпревари. Со современата инфраструктура и модерен изглед, објектот претставува едно од ...
Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека постои можност актуелната сезоната да не биде завршена во Катар и Абу Даби, доколку безбедносната состојба на Блискиот Исток не се подобри. Иако двете последни трки во календарот засега се потврдени и интересот за нив е голем, конечната одлука за нивното одржување ќе биде донесена во септември. „Доколку ситуацијата остане нестабилна, ќе мора да најдеме решение во Европа. Не можеме да ...
Германскиот Шалке 04 официјално потврди дека на 16 август ќе го пречека Реал Мадрид во пријателски натпревар што ќе се одигра на „Фелтинс Арена“. Средбата ќе биде организирана по повод 25-годишнината од отворањето на стадионот во Гелзенкирхен, а почетокот е закажан за 17:00 часот. „Среќни сме што летните подготовки ќе ги завршиме против клуб со ваков углед. Веруваме дека навивачите ќе уживаат во вистински фудбалски спектакл на нашиот ...
Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас, јавно го критикуваше првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, по неговата објава на социјалните мрежи во која ја бранеше работата на Светската фудбалска организација. Инфантино претходно на Инстаграм порача дека ФИФА го организирала „најголемиот спортски спектакл во светот“, притоа застанувајќи во одбрана на судиите и обвинувајќи ги критичарите дека шират невистини и негативна атмосфера. Тебас ...
Бразилецот Савињо е сè поблиску до заминување од Манчестер Сити. Според најновите информации од Англија, крилниот напаѓач веќе им соопштил на челниците на клубот дека сака да ја промени средината поради ограничената минутажа. 22-годишниот фудбалер не е задоволен од својата улога во тимот и смета дека за својот развој му е потребен клуб каде ќе игра редовно. Најсериозен интерес за неговиот потпис покажува Тотенхем, кој веќе подолго време ја ...
Нотингем Форест заврши важна работа пред стартот на новата сезона, откако го продолжи договорот со Ибрахим Сангаре. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се обврза на верност со „шумарите“ до 30 јуни 2029 година. Дефанзивниот играч за врска пристигна во Нотингем од ПСВ во 2023 година, а досега запиша 77 настапи и постигна два гола. Минатата сезона беше еден од стандардните првотимци со 43 настапи во сите натпреварувања и помогна ...
Црвена Звезда без никакви проблеми го завери пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако на „Рајко Митиќ“ го декласира Ларн со 5-0. Белграѓани двомечот против шампионот на Северна Ирска го завршија со убедливи 9-0. Домаќинот тргна фуриозно и поведе уште во третата минута. Милош Вељковиќ со глава ја испрати топката кон Александар Катаи, кој излезе пред голот и рутински реализираше за 1-0. Катаи погоди и во 16. ...
Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Мануел Нојер, официјално потврди дека ќе стави крај на професионалната кариера во јуни 2027 година. Тоа значи дека претстојната сезона ќе биде последна за легендарниот германски чувар на мрежата, кој на заминувањето ќе има полни 40 години. Нојер остави огромен белег во светскиот фудбал, како со Баерн Минхен, така и со репрезентацијата на Германија. Со својот уникатен стил на игра целосно ...
Хајдук има одлична предност пред реваншот со Пафос во второто квалификациско коло од Лига Европа, откако на „Пољуд“ славеше со 2-0. Сепак, без оглед на исходот од двомечот, постои можност овие две екипи повторно да се сретнат ова лето. Правилата на УЕФА не забрануваат клубови кои веќе играле меѓусебе во квалификациите за едно натпреварување повторно да бидат споени во друго. Така, Хајдук и Пафос теоретски би можеле повторно да се сретнат во ...
Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) застана на страната на УЕФА и нема намера да го поддржи предлогот на ФИФА за влез на приватен капитал во комерцијалното управување со Светските првенства. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предложи формирање нова компанија во која приватни инвестициски фондови би купиле малцински удели за околу 4,2 милијарди долари. Компанијата би управувала со медиумските права, спонзорствата, лиценците и продажбата на ...
Премиерлигашот Брентфорд официјално објави дека постигнал договор со Џордан Хендерсон за прекин на соработката. Искусниот англиски репрезентативец по само една сезона го напушта клубот. 36-годишниот ветеран пристигна во Брентфорд во јули 2025 година од Ајакс и минатата сезона одигра 34 натпревари во сите конкуренции. По разделбата, тој му се заблагодари на клубот за укажаната можност и истакна дека му било важно повторно да игра во англиската ...
Ракометарите на Вардар го дознаа комплетниот распоред и термините за натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона. „Црвено-црните“ европската авантура ќе ја започнат на 10 септември со гостување кај Мелсунген од 20:45 часот. Шест дена подоцна следува првиот европски спектакл пред домашната публика, кога во Скопје ќе гостува француски Нант. Потоа Вардар ќе одигра два последователни натпревари со Висла Плоцк, на 8 ...
Бадел 1862 започна со формирањето на екипата за новата сезона, а првиот потег носи добро познато име. Поранешната македонска репрезентативка Сандра Лазареска повторно ќе го облече дресот на клубот. Лазареска по паузата поради мајчинство одлучи повторно да се активира и да се врати на кошаркарските терени. Нејзиното искуство и квалитет треба да бидат значајно засилување за Бадел, а може да одговори на позициите бек и крило. Од клубот со големо ...
Еурофарм Пелистер во Малик Татар доби сериозно засилување за новата сезона. Најдобриот стрелец во словенечкото првенство со нетрпение го очекува своето деби пред битолската публика и првите натпревари во зелено-белиот дрес. Словенечкиот ас е задоволен од првите денови во новата средина и вели дека добро знае што значи ракометот за Битола и какви се очекувањата од ракометарите на Еурофарм Пелистер. „Атмосферата е супер, сите имаме иста цел. ...
Шкендија в четврток од 20:00 часот во Скопје ќе го пречека Браво во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Словенечкиот претставник има минимална предност по победата од 2-1 на првиот натпревар, но тетовци веруваат дека можат до пресврт и пласман во следната фаза. Тренерот Артим Положани е задоволен од начинот на кој неговиот тим одиграл во Словенија, но потенцира дека овојпат реализацијата мора да биде на повисоко ...
Шкендија се подготвува за реваншот против Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига, во кој тетовскиот состав ќе се обиде да ја надополни негативата од 2-1 од првата средба во Словенија. Во пресрет на дуелот во Скопје, Дрилон Ислами истакна дека атмосферата во екипата е одлична и дека единствена цел е победа и продолжување на европскиот пат. „Атмосферата во групата е многу добра и нашата цел е само победа за да продолжиме ...
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со формирањето на ростерот и го потврди ангажманот на репрезентативецот на Гвинеја, Секоу Сила, кој пристигнува по одлична сезона во шведски Кепинг Старс. Станува збор за центар кој минатата сезона во најсилната шведска лига бележеше импресивни 21,6 поени и 10,7 скока по натпревар, со што во просек остваруваше „дабл-дабл“ учинок. Сила зад себе има богато интернационално искуство. Во кариерата ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) остро реагираше на плановите на ФИФА за создавање нова инвестициска структура поврзана со најголемите натпреварувања, предупредувајќи дека фудбалот не смее да биде средство за профит на поединци и партнери. Според информациите, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им поставил рок до 19 септември на 211-те членки на организацијата да го поддржат предлогот, кој вклучува еднократна финансиска помош од 20 до 40 ...