По двата порази на стартот од подготовките, битолски Пелистер конечно се израдува на првиот триумф пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Шкендија Арачиново, реванширајќи ѝ се на екипата која во мај годинава ги елиминираше во баражот за опстанок во Првата лига. Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 59. минута, кога искусниот стопер Кире ...
Второлигашот Пелистер минимално славеше на пријателскиот меч против прволигашот Шкендија Арачиново во гости со резултат од 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Кире Ристевски кој погоди во 59. минута од средбата. Инаку, токму Шкендија Арачиново во баражот славеше над Пелистер и со тоа битолчани испаднаа во Втора лига, а тимот од Арачиново обезбеди историски влез во елитата. Пелистер новата сезона ја отвара против Камјани на домашен терен ...

