МЗТ Скопје го задржа своето најголемо домашно оружје за новата сезона, откако официјално ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Обновувањето на договорите со двајцата искусни репрезентативци било еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Најтрофејниот македонски кошаркар ќе има можност да ја нападне ...

Матеј Гаштаров стави потпис на нов тригодишен договор со Црвена Звезда. Младиот македонски фудбалер ги мина подготовките за новата сезона со првиот тим и веројатно се наметна, па управата го награди со продолжување на соработката. По потписот Гаштаров доби и убаво изненадување во организација на медиа тимот на Црвена Звезда. Тој доби видео-повик од македонските легенди на клубот Дарко Панчев и Илија Најдоски. Двајцата му го честитаа потписот, ...

Франција обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство 2026, откако со 2-0 го совлада Мароко, но селекторот и навивачите со нетрпение ќе ги чекаат вестите околу здравствената состојба на Килијан Мбапе. Ѕвездата на Реал Мадрид го отвори резултатот и стигна до осмиот погодок на Мундијалот, иако претходно не успеа да реализира удар од белата точка. Сепак, во самиот финиш беше заменет поради болка во десниот зглоб, а грижа предизвикаа ...

Генералниот менаџер на Милвоки Бакс, Џон Хорст, првпат јавно проговори за одлуката клубот да се раздели со Јанис Адетокумбо, кој по 13 години ја напушти франшизата и кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит. Хорст призна дека станува збор за една од најтешките одлуки што ја донело раководството, но потенцира дека клубот ја искористил можноста за нов почеток и градење на нов тим. „Никој денес нема да каже дека сме подобар тим по трејдот на ...

Новиот англиски премиерлигаш Ипсвич Таун, го урна клупскиот трансфер рекорд и го ангажираше бразилскиот напаѓач Емерсон како најскапо засилување во историјата на клубот по враќањето во Премиер лигата. 21-годишниот Бразилец потпиша петгодишен договор, и иако клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, британските медиуми објавија дека Ипсвич му платил отштета на француски Тулуз во износ од 24 милиони фунти. Емерсон, кој е поранешен ...

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, успешно дебитираше на клупата на тетовскиот тим, откако неговите избраници со убедливи 5-0 ја совладаа Европа на гостински терен во Гибралтар, во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. По натпреварот, Положани изрази задоволство од резултатот, но нагласи дека тимот има простор за напредок. „Очекувавме тежок натпревар, но кога ќе победите со 5-0, мора да им честитам ...

Екипата на Силекс направи подвиг и со победа на неутрален терен против Динамо Минск (0-1) тргна во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако важеше за нефаворизиран тим на хартија, Куп-освојувачот на Македонија беше подобар од ривалот и на домашен терен ќе брка следна рунда. Еден погодок го реши мечот на теренот во Стара Загора, Бугарија. Лидерот во белорускиот шампионат мораше да игра на неутрален терен заради војната која се води ...

Фудбалската селекција на Франција е првиот патник во полуфиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, откако во репризата од битката за финалето од пред четири години, одново совладан беше тимот на Мароко со 2-0 (0-0). Ѕвезди на вечерта во Бостон беа Килијан Мбапе и Усман Дембеле, кои беа автори на головите за Франција. На тој начин елиминирана беше единствената африканска селекција која што по вторпат во низа на Мундијалите ...

Килијан Мбапе се искупи за промашениот пенал против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство. Напаѓачот на Реал Мадрид во првото полувреме од дуелот во Бостон не реализира удар од единаесет метри, но на стартот од вториот дел покажа класа и ѝ донесе водство за својата селекција. Се играше 60 минута кога Мбапе на велемајсторски начин го пронајде патот на топката до противничката мрежа и погоди за заслужена предност на „триколорите“ од ...

Битолски Пелистер продолжува интензивно да го комплетира тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а денес клубот официјално претстави уште трите нови засилувања. Зелено-белиот дрес во новиот шампионат ќе го носат Данаил Тасев, Максим Славков и Давид Илоски. Дваесет и четиригодишниот играч за врска Данаил Тасев во Битола пристигнува од редовите на Тиквеш, каде што настапуваше во изминатиот период. Нов член на ...

Килијан Мбапе го изведе можеби најлошиот пенал во својата кариера, и тоа во момент во кој најмалку требаше да го направи тоа. Во четвртфиналето од Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Франција доби најстрога казна по стартот на Мазрауи токму врз Мбапе. Асот на Реал Мадрид ја презеде одговорноста и ја намести топката на белата точка, но шутираше толку лошо, што Боно без многу проблеми ја фати жива. Mbappé just Messi-ed his penalty? ...

Ракометниот клуб Радовиш ги потпиша првите договори со играчите кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона. Дел од ракометарите кои настапуваа во ланскиот шампионат и во изминатата сезона остануваат дел од тимот, а особено значајно за Радовиш е што потпишани се договори со неколку перспективни млади ракометари од сопствената школа, кои со својата работа и посветеност заслужија место во сениорскиот состав. Во новата сезона Радовиш ќе се ...

Екипата на Шкендија забележа убедлива победа на гостувањето кај Европа во Гибралтар (5-0) во рамки на првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА и само чудо ќе ја спречи од пласман во следната квалификациска рунда. Црвено-црните демонстрираа сила против ривалот, иако играа на вештачка трева. Избраниците на новиот тренер Артим Положани одиграа тактички одличен дуел и покажаа ефикасност која скоро и да им гарантира патување во ...

Репрезентациите на Франција и Мароко ќе ја отворат четвртфиналната програма на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а селекторите веќе ги одредија стартните состави за мечот. Франција (4-2-3-1): Мењан; Кунде, Упамекано, Салиба, Дињ; Коне, Рабио; Дембеле, Олисе, Дуе; Мбапе Мароко (4-2-3-1): Боно; Хакими, Диоп, Мазрауи, Салах-Едине; Буади, Ел-Ајнауи; Талби, Оунахи, Ел Канус; Диаз Натпреварот меѓу двете селекции стартува од 22:00 ...

Екипата на Силекс направи подвиг и со победа на неутрален терен против Динамо Минск (0-1) тргна во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако важеше за нефаворизиран тим на хартија, Куп-освојувачот на Македонија беше подобар од ривалот и на домашен терен ќе брка следна рунда. Еден погодок го реши мечот на теренот во Стара Загора, Бугарија. Лидерот во белорускиот шампионат мораше да игра на неутрален терен заради војната која се води ...

Фудбалскиот клуб Арсими продолжува со засилувањата во летниот преоден рок, откако официјално го промовираше колумбискиот напаѓач Диего Контрерас како нов член на тимот. Контрерас кој има 22 години пристигнува од редовите на албански Партизани, а претходно настапуваше и за Јагуарес во најсилното првенство на Колумбија. Колумбискиот офанзивец беше едно од најпријатните изненадувања во изминатата сезона, кога со своите настапи во дресот на ...

Екипата на Шкендија дојде до предност на гостувањето кај Европа во Гибралтар во рамки на Конференциската лига на УЕФА, со погодок кој падна во средината на првиот дел. Погодокот во мрежата на домашниот тим падна во 28. минута. Стрелец беше најистурениот напаѓач Фахд Ндезенге, кој го совлада домашниот голман. Асистент на голот за тетовчани беше Ване Крстевски. Екипата на Шкендија дојде до предност на гостувањето кај Европа во Гибралтар во ...

Фудбалскиот клуб Пелистер ги засили своите редови со три повратници пред почетокот на новата сезона. Во зелено-белиот дрес повторно ќе настапуваат Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски. Битолскиот клуб официјално потврди дека тројцата фудбалери повторно ќе бидат дел од тимот, со што дополнително ќе се зголеми конкуренцијата во составот за претстојните предизвици. Љамчевски, Христов и Наумоски добро ја познаваат клупската средина ...

Екипата на Силекс дојде до предност во натпреварот против Динамо Минск од Белорусија (0-1) пред крајот на првото полувреме во Конференциската лига, со погодок од пенал. Во казнениот простор невнимателен беше Туре, кој стартуваше остро врз Пановски. Судијата без размислување покажа на белата точка. Првиот европски гол за Силекс оваа сезона беше дело на новото засилување во нападот, Есмир Хасукиќ, кој стрела во 42. минута од мечот на ...

Вимблдон оваа година ќе добие чешка шампионка, откако Каролина Мухова и Линда Носкова обезбедија пласман во големото финале на најпрестижниот тениски турнир. Ова ќе биде трет пат во последните четири години трофејот во женска конкуренција да заврши во рацете на чешка тенисерка. Минатата година титулата ја освои Полјачката Ига Швјонтек, додека претходно шампионки беа Чехинките Барбора Крејчикова и Маркета Вондроушова. Линда Носкова, која е 12. ...

Кристијан Ериксен е решен повторно да се врати на фудбалските терени, иако лекарите го предупредиле дека со таква одлука сериозно го ризикува своето здравје. Данскиот репрезентативец веќе започнал индивидуална програма за рехабилитација во татковината и се надева дека повторно ќе биде подготвен за настап. Ериксен пред извесно време повторно колабираше за време на натпревар, овојпат од пријателски карактер против Украина и беше итно пренесен ...

Чешката тенисерка Каролина Мухова е првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон, откако по голема битка ја совлада Коко Гоф со 2-1 во сетови (6-2, 1-6, 7-6). Деветтата тенисерка на светот до победата стигна по повеќе од два и пол часа игра, во меч во кој двата први сета минаа во целосна доминација на едната, па на другата тенисерка. Мухова убедливо го доби првиот сет, а Гоф возврати со идентична игра во вториот, па патникот во финалето се ...

Матеј Гаштаров не мрда од Црвена Звезда, откако веројатно остави одличен впечаток на подготовките за новата сезона. Младинскиот репрезентативец на Македонија стави потпис на нов договор со важност до 2029 година со белградскиот клуб. Гаштаров пристигна во Црвена Звезда во 2024 година како малолетно момче, а сега тропа на вратата на првиот тим. Тој веќе постигна и гол во пријателските натпревари ова лето и се надева на минутажа во новата ...

Фудбалерите на Шкендија допатуваа во Гибралтар како фаворит во дуелот со Европа во првото претколо на Конференциската лига на УЕФА. Ова ќе биде официјано деби за тренерот Артим Положани на клупата на тетовските „црвено-црни“. Тој го одбра стартниот состав и се потпре на проверени сили, оставајќи ги сите новајлии освен Бојан Димоски на клупата за резерви. Стартни состави за натпреварот: Европа (3-5-2): Де Лука; Валес, Висенте, Драмех, Кармона, ...

Фудбалерите на Силекс ќе го предизвикаат Динамо Минск во првиот натпревар од првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Во нешто потешки и врнежливи услови во Стара Загора екипата од Кратово ќе се судри со белорускиот ривал кој ја одбра Бугарија за домаќин на својот европски настап. На нешто повеќе од еден час тренерите Алиаксандр Шаноика и Александар Васоски ги открија картите. Во таборот на кратовци играат четворица ...

Македонската фудбалска репрезентација веројатно веќе од следниот циклус ќе добие големо засилување за бековските позиции од Турција. Станува збор за Казимчан Караташ, лев бек кој настапува за екипата на Галатасарај. 23-годишниот фудбалер беше младински репрезентативец на Турција, играше за селекциите до 17, 19 и 21 година, а имаше и повик во сениорскиот тим во 2023 година. Сепак, се работеше за пријателска средба против Јапонија и Караташ ...

Второлигашот Камјани продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е Бесарт Реџепи, кој ќе го носи бело-зелениот дрес во претстојниот шампионат. Реџепи е производ на младинската школа на Шкендија, а во досегашната кариера настапуваше и за Борец во сезоната 2021/22, како и за Арсими, каде што минатата сезона беше дел од прволигашката конкуренција. Реџепи во новата средина доаѓа со големи амбиции и желба да го даде својот ...

Капитенот на Норвешка, Мартин Одегард, порача дека пријателството со своите клупски соиграчи од Арсенал ќе остане на страна во пресрет на четвртфиналниот дуел против Англија на Светското првенство. Норвешкиот плејмејкер во сабота во Мајами ќе се соочи со Деклан Рајс, Букајо Сака, Нони Мадуеке и Еберечи Езе, но нагласи дека во моментов е целосно фокусиран на натпреварот. „Немаше многу шеги. Разменив по некоја порака со неколкумина од нив за ...

Фудбалската федерација на Мексико и официјално го назначи Рафаел Маркез за нов селектор. Легендарниот поранешен дефанзивец потпиша договор до 2030 година и го наследи Хавиер Агире на клупата на „сомбреросите“. Маркез од 2024 година беше помошник на Агире, а по елиминацијата на Мексико во осминафиналето на Светското првенство и заминувањето на искусниот стратег, очекувано доби унапредување, нешто што одамна се најавуваше. „Назначувањето на ...

Повратникот во Пелистер, Мартин Мирчевски, ги сподели своите први впечатоци по враќањето во матичниот клуб, испраќајќи јасна порака дека е подготвен да го даде својот максимум за експресно враќање на битолчани во Првата македонска фудбалска лига. „Како играч, ќе го дадам својот максимум за да му помогнам на клубот повторно да расте и да се развива по вистинскиот пат. Ми се допадна проектот што ми беше претставен и верувам дека, доколку сите ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.05
23%
1015
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.13
31%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.57
25%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.07
24%
1016
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.58
24%
1016
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.48
42%
1015
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
33%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
5.68
15%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.84
19%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
3.13
38%
1016
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
21%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
6.16
40%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Бакар

13.37

Калај

55.95

Родиум

269262.50

Платина

56295.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.23

Иридиум

252383.36

Злато

133030.14

Сребро

1954.91

Кобалт

56.29

Паладиум

43242.75

Рутениум

53852.50