Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Фудбалската федерација на Казахстан соопшти дека постигнала договор со холандскиот стратег Џон ван 'т Шип за преземање на функцијата селектор на националната репрезентација. Официјалниот договор ќе биде потпишан откако именувањето ќе добие зелено светло од Извршниот комитет на Федерацијата. Искусниот 62-годишен тренер во сезоната 2024/25 беше привремен предводник на Ајакс, а потоа накратко ја водеше и репрезентацијата на Ерменија. Во својата ...
Управата на Манчестер Јунајтед потврди дека турскиот голман Алтај Бајиндир до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во Селта Виго. 28-годишниот чувар на мрежата пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година, а во изминатата сезона забележа шест настапи за англискиот клуб. Вкупно, дресот на Јунајтед го носеше на 17 натпревари. Пред трансферот во Англија, Бајиндир бранеше за Анкарагучу и Фенербахче, каде се етаблираше како еден од ...
Сопственикот на Формула 1, „Либерти Медиа“, ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2026 година, кои покажуваат значителен пад на приходите поради промените во календарот предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток. Според извештајот, во првите шест месеци од 2026 година се одржале три трки помалку во споредба со истиот период лани, што директно се одразило врз финансиските резултати. Иако уште пред почетокот на сезоната беа ...
Аргентинската фудбалска асоцијација го прогласи 15 јули за Ден на националните фудбалски селекции, со намера овој датум во иднина да ја одбележува победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство 2026. Аргентина во драматичен натпревар славеше со 2-1 и обезбеди место во финалето, каде што беше поразена од Шпанија со 1-0. Средбата во Мексико Сити беше проследена со силни тензии поради долгогодишното ривалство меѓу двете земји. Со ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби силна поддршка од членовите на Советот на организацијата и испрати јасен сигнал дека ќе се кандидира за уште еден четиригодишен мандат. По седницата одржана во Рабат, ФИФА соопшти дека „раководството едногласно стои зад актуелниот претседател“. Во соопштението се наведува дека членовите на Советот ја потврдиле довербата во Инфантино како лидер избран од сите 211 национални федерации, додека тој ...
Германскиот тенисер Александер Зверев стана вториот играч кој официјално обезбеди место на Завршниот АТП турнир за сезоната 2026, по завршувањето на Мастерсот во Монтреал. Зверев, кој оваа сезона ја освои титулата на Ролан Гарос и играше во финалето на Вимблдон, по деветти пат во кариерата ќе настапи на престижниот турнир на осумте најдобри тенисери во светот. Тој му се приклучува на светскиот рекет број еден, Јаник Синер, кој претходно го ...
Политичката битка во светскиот фудбал станува сè поинтензивна во пресрет на изборите за претседател на ФИФА, кои се закажани за март следната година. По контроверзиите околу проектот „FIFA Forward Enterprise“ и одлуката на Џани Инфантино да се откаже од него, сè поголем број национални фудбалски федерации јавно го соопштуваат својот став дали актуелниот претседател сè уште ја има нивната доверба. Меѓу федерациите кои се изјаснија против нов ...
Шпанскиот репрезентативец Родри кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Барселона, откако ја одбил понудата на Реал Мадрид и ја соопштил својата одлука на раководството на „кралскиот клуб“. Според шпанскиот „АС“, Реал неодамна му претставил финансиски многу атрактивна понуда, но играчот никогаш не покажал јасна желба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Поради тоа, во Мадрид ја прифатиле неговата одлука без поголемо изненадување. Во Реал ...
Норвешката фудбалска федерација побара претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата по контроверзите кои ја следеа Светската фудбалска организација во изминатиот период. Претседателката на норвешкиот сојуз, Лисе Клавенес, изјави дека Инфантино повеќе нема доволна институционална поддршка за да продолжи да ја предводи ФИФА, особено по спорните планови поврзани со продажба на права за големи фудбалски натпреварувања на ...
Кристал Палас официјално го потврди потписот со јапонскиот фудбалер Такехиро Томијасу, кој пристигнува во лондонскиот клуб со повеќегодишен договор. Деталите од соработката не се објавени, но англискиот премиерлигаш добива искусен дефанзивец кој може да покрива повеќе позиции во одбраната. Томијасу минатата сезона го носеше дресот на Ајакс во вториот дел од сезоната, а пред тоа беше дел од Арсенал, Болоња, Сент Труиден и јапонскиот клуб ...
Кадетската репрезентација на Македонија го забележа првиот неуспех на Европското првенство Б дивизија, кое се одржува во Гевгелија. Нашите млади кошаркари загубија од Исланд со 87-75, во натпревар во кој противникот речиси во текот на сите 40 минути ја контролираше играта и резултатот. Исланѓаните уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и бргу создадоа двоцифрена предност. Македонската селекција тешко ги реализираше нападите, а ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер успешно ја отворија серијата контролни натпревари пред почетокот на новата сезона, откако со убедливи 36-24 ја совладаа репрезентацијата на Катар. Тимот од Битола уште во првото полувреме го наметна своето темпо и на одмор замина со предност од 18-12. Во продолжението избраниците на Лино Червар не дозволија изненадување, постепено ја зголемуваа разликата и на крајот заслужено стигнаа до убедлив триумф. Дуелот ...
Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ја објави анализата на судењето на натпреварот од второто коло во ПМФЛ помеѓу Шкендија Арачиново и Силекс. Дуелот заврши со конечен резултат 1-1, а на натпреварот беа издвоени три клучни судиски одлуки. Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. ...
Косовскиот прволигаш Феризај објави дека постигнал договор со македонскиот фудбалер Кристијан Тошевски, кој е најавен како големо засилување за новата сезона. Тошевски веќе беше претставен во новиот клуб, каде доаѓа од екипата на албанскиот Поградец. Има богато искуство во регионалниот фудбал, а во минатото беше дел од Тетекс, Пелистер, Вардар, Тирана и Шкупи. tosevski-ferizaj-2026.jpg Игра како десен бек, но може да се активира и како ...
Третолигашот Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона со цел експресно враќање во Втората македонска фудбалска лига. „Рударите“ испаднаа во Трета лига регион 3 и ќе бидат главен фаворит за враќање во вториот ранг по мак-фудбалот. Каменица Саса ќе биде предводена од тренерот од минатата сезоnа, Сашо Велиновски, а доведени се и засилувања. Од Осогово во Каменица пристигнаа Стојанче Тренчев и Марко Соколов, а од Брегалница Делчево ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига - жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената ...
Управата на Бадел 1862 објави дека тренерот Дарко Димитријевиќ потпиша нова соработка која ќе трае до крајот на следната сезона. Димитријевиќ зад себе има одлична сезона на клупата на Бадел 1862. И покрај играчките проблеми со кои тимот се соочуваше во текот на минатата сезона, успеа да создаде тим кој се бореше до самиот крај и стигна до финалето на плеј-офот. На патот до финалето, Димитријевиќ и Бадел 1862 успеаја да елиминираат ...
Фудбалерите на Силекс не ја оправдаа фаворитската улога и ремизираа против Шкендија Арачиново со конечни 1-1 (1-0) во натпреварот од второто коло на Првата македонска лига. Првото полувреме започна со малку поголема иницијатива на кратовчани, кои имаа две полушанси за отворање на резултатот, но без конкретна завршница. Шкендија повеќе мислеше на одбраната, а првата посериозна прилика ја имаше по дваесеттата минута, кога се закани Аритон ...
Францускиот гигант Олимпик Марсеј се наоѓа во тешка финансиска состојба, поради што раководството е подготвено да разгледа понуди за речиси сите фудбалери во тимот. Клубот кој во 1993 година ја освои Лигата на шампионите има долг од околу 150 милиони евра, а според моменталната ситуација, следното лето би можел да се соочи и со опасност од административно исфрлање во понизок ранг. Најголем дел од критиките се насочени кон спортскиот директор ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе распредели вкупно 3,3 милијарди евра меѓу клубовите кои ќе настапуваат во нејзините натпреварувања, но убедливо најголемиот дел од средствата ќе заврши кај учесниците во Лигата на шампионите. За Лига Европа се предвидени 565 милиони евра, што претставува нешто повеќе од 17 проценти од вкупниот награден фонд, додека Лигата на шампионите ќе добие околу 2,48 милијарди евра, односно повеќе од 74 проценти од ...
Фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжуваат летната турнеја во Азија, а на денешниот натпревар во Хонг Конг забележаа триумф над англискиот премиерлигаш Астон Вила со конечни 2-1. Баварците до предност стигнаа во 37. минута. По асистенцијата на Бишоф, Ким Мин-Јае се најде на вистинското место и го совлада противничкиот голман за водство од 1-0. Германскиот тим ја зголеми предноста во второто полувреме. Во 73. минута Аријон Ибрахимовиќ испрати ...
По убедливата победа над Кипар на стартот од шампионатот, избраниците на селекторот Дејан Стојановски посакуваат нов позитивен резултат и продолжување на успешниот почеток. Во пресрет на натпреварот, закажан за 18:30 часот, во салата „26.април“ во Гевгелија, Стојановски потенцира дека фокусот е целосно насочен кон следниот предизвик и дека клучот за успехот ќе биде контролата на скокот. „Веќе го анализираме следниот противник. Сакаме да го ...
Дресовите на клубовите од Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе изгледаат поинаку не само поради новите дизајни, туку и поради промената на највредниот рекламен простор. По долгогодишната доминација на компаниите за спортско обложување, во центарот на вниманието сега влегуваат технолошки фирми, финтек компании и партнери поврзани со државни инвестициски фондови. Оваа промена произлегува од договорот што сите премиерлигаши го постигнаа уште во ...
Шампионот на АБА лигата, Дубаи, официјално го ангажираше грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија, кој ја напушти Барселона откако, според информациите, самиот ја активирал неговата откупна клаузула вредна околу еден милион евра. Искусниот крилен центар во каталонскиот клуб помина само една сезона, но остави солиден впечаток. Во Евролигата одигра 34 натпревари со просек од 12,4 поени и 4,6 скока, а во шпанското првенство запиша уште 40 ...
Еден од најдобрите ракометари во последната деценија, Домагој Дувњак, полека се приближува кон крајот на својата блескава кариера, но сè уште не размислува целосно да се раздели со ракометот. Капитенот на Кил најави дека по истекот на договорот со германскиот гигант во 2027 година ќе се врати во Хрватска заедно со своето семејство, каде што би можел да одигра уште неколку сезони. Дувњак ја напушти татковината во 2009 година, кога од Загреб се ...
Главната фаза на подготовките на Алкалоид во Маврово е особено важна за играчите кои минатата сезона имаа пехови со повреди. Еден од нив е Никола Костески кој имаше пауза, но сега тоа е минато, а тој без никакви ограничувања работи на тренинзите. „Најбитно е што се вратив по долга пауза, тоа беше сериозна повреда. Но, мило ми е што сега сум од почеток на подготовките здрав и спремен за тренинзи. Тоа е најбитното, сите да сме здрави и да сме ...
Светската ракометна федерација (IHF) им укажа нова доверба на македонските судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски, делегирајќи ги за полуфиналниот натпревар меѓу репрезентациите на Шпанија и Египет на Светското првенство за кадетки во Романија. Полуфиналната средба ќе се одигра денеска во Питешти, додека во второто полуфинале ќе се сретнат селекциите на Данска и Црна Гора. Божиновски и Начевски досега на првенството судеа на три ...
Град Струга е подготвен за претстојното 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“, кој ќе се одржи од 12 до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Настанот во градот крај езерото се најави на прес-конференција, на која спортскиот директор и член на организацискиот одбор на Струга, Милчо Чакарески, се заблагодари на сите кои помогнале да продолжи традицијата. „Чест ми е што во име на ...
Кадетската репрезентација на Македонија забележа нова победа во разигрувањето за пласман на Европското првенство (ЕП), ја совлада Португалија (26-25) и се пласира меѓу десетте најдобри селекции на Стариот континент. Нашиот национален тим предводен од селекторот Горан Кузманоски уште еднаш покажа дека поседува квалитет и потенцијал за иднината. Во еден борбен дуел, ракометните кадети дојдоа до триумфот, а клучниот гол го постигна Костов пред ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на Европското првенство од Дивизијата Б во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 73-75. Нашата селекција игра за разигрување за пласман од 17. до 20. позиција на шампионатот, а првиот натпревар од таа група го отвори со пораз од Азербејџанките. Мисијата да се избегне „фенерот“ продолжува во следниот натпревар против ...