Ракометарите на Алкалоид со победа го отворија подготвителниот период, откако во Маврово славеа против Прилеп со убедливи 44-28 на првиот контролен натпревар пред новата сезона. Дуелот беше одигран во специфичен формат, по договор на двата стручни штаба, наместо во две полувремиња се играше во три третини од по 25 минути, со цел тренерите да добијат подобар увид во формата и подготвеноста на своите играчи. Алкалоид уште од самиот почеток го ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов остави одличен впечаток во дресот на Погон Шчечин и на најдобар можен начин ја оправдува довербата што полскиот клуб му ја укажа со неговиот ангажман во летниот преоден рок. Чурлинов се запиша меѓу стрелците веќе на својот втор настап за новиот тим, постигнувајќи гол во 17. минута од натпреварот против Лублин за водство на Погон од 1-0. Голот падна по една одбранета топка на противничкиот голман ...

Џејдон Санчо некогаш важеше за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, а денес, на само 26 години, е без клуб и се поставуваат сериозни прашања за неговата иднина. По одличните настапи во Борусија Дортмунд, каде што на 137 натпревари забележа дури 114 голови и асистенции, Манчестер јунајтед во 2021 година плати 73 милиони фунти за неговиот потпис. Наместо да стане една од новите ѕвезди на „Олд Трафорд“, Санчо влезе во серија ...

Шпанскиот возач Хорхе Мартин триумфираше на спринт-трката во рамките на Големата награда на Велика Британија, дванаесеттата рунда од овогодинешниот Мото ГП шампионат. Возачот на Априлија од самиот старт ја презеде контролата врз трката на патеката „Силверстон“ и не ја испушти водечката позиција до самиот крај, со што стигна до својата трета победа во спринт-трките оваа сезона. Со овој успех, шпанскиот мотоциклист ја прекина доминацијата на ...

Девин Букер откри кои пет кошаркари би ги избрал во својата идеална НБА петорка, а вниманието особено го привлече едно големо име кое не се најде во изборот на ѕвездата на Феникс. Букер беше дел од еден голф турнир, каде што доби задача да одбере најдобра петорка во историјата на НБА лигата. Без премногу размислување, бекот на Феникс ги избра Стеф Кари, Коби Брајант, Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Шекил О'Нил. Devin Booker lists his All-Time ...

Бруно Гимараеш и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Бразилскиот репрезентативец го напушта Њукасл по четири и пол години, а „топџиите“ за неговиот трансфер ќе издвојат 87,5 милиони евра. Гимараеш успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на четиригодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона. „Ова е неверојатен чекор во мојата кариера. Арсенал е клуб со голема традиција и шампионски амбиции и среќен сум што ...

Новак Ѓоковиќ се присети на еден од најтешките порази во кариерата, кога во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година загуби од Хуан Мартин дел Потро. Српскиот ас тогаш беше светски рекет број еден и во фантастична форма. Само неколку седмици претходно го освои Ролан Гарос и го комплетираше кариерниот Грен слем, а во Рио пристигна со сите четири големи трофеи во своја сопственост. Сепак, Дел Потро, кој тогаш беше 141. ...

Македонската женска кадетска репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата Б, откако убедливо ја совлада селекцијата на Норвешка со 67-41 во натпревар од групата за пласман. Избраниците на селекторот Виктор Петровски одиграа одличен натпревар, а клучот на успехот беше перфектното прво полувреме во кое Македонија целосно доминираше на теренот и изгради висока предност што рутински ја задржа до самиот крај. Ива ...

Екипата на Челзи извојува убедлив триумф над италијанскиот Милан (3-0) во пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Бунг Карно“ во Џакарта. Англискиот премиерлигаш одигра далеку подобро и сосема заслужено славеше победа над седумкратниот европски шампион. По првите 45 минути беше 1-0 за „сините“, откако стрелаше Жоао Педро, а истиот фудбалер погоди и за 2-0 по само една минута игра во вториот дел. Конечните 3-0 беа дело на Мојзес Каиседо, ...

Македонија застанува на страната на фудбалот. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дава комплетна поддршка на УЕФА по турбуленциите кои се јавија во светскиот фудбал, заради првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој имаше предлог за пренесување на сопственички удели од Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Политичката битка во светскиот фудбал станува сè поинтензивна во пресрет на изборите за ...

Македонската репрезентативка и една од капитените на националниот тим, Александра Марковска, во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот клуб Хајмана Спор Кулубу. Искусната фудбалерка од средниот ред и официјално потпиша договор со турскиот клуб за сезоната 2026/27, со што ќе започне нов предизвик во својата кариера по настапите за Љуботен и ќе биде дел од Суперлигата. Хајмана обезбеди место во елитата преку плеј-офот. Марковска е една од ...

Македонскиот суперлигаш Кожув продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави српскиот кошаркар Стефан Симиќ како нов член на тимот. Станува збор за 30-годишен бек висок 193 сантиметри, кој во Гевгелија пристигнува со богато искуство стекнато на регионалната сцена. Во текот на кариерата настапуваше за неколку познати клубови од Србија, меѓу кои Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а дел од својата кариера ...

Македонската репрезентативка Андреа Илиќ во новата сезона за првпат во кариерата ќе настапува надвор од Македонија, откако потпиша договор со чешкиот клуб Плзен. Трансферот денеска официјално го потврди и клубот од Чешка, кој во 25-годишната голманка препозна квалитет и потенцијал за дополнително засилување на составот. По речиси десет години минати во Вардар, Илиќ реши да направи значаен чекор во својата кариера и да се испроба на ...

Фудбалерите на Интер го совладаа големиот ривал Јувентус во пријателската средба одиграна во Перт со конечен резултат 2-1. Првото сезонско „Дерби на Италија“ се одигра надвор од европско тло, а како поуспешни се покажаа „нероаѕурите“, кои го остварија триумфот со головите на Федерико Димарко и Енди Диуф. Двајцата стрелаа по еднаш во двете полувремиња, а почесниот погодок за Јувентус го постигна Франциско Консеисао, кој ги постави конечните ...

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Велика Британија, 12. трка во сезоната во Мото ГП шампионатот. Шпанецот на патеката „Силверстоун“ стигна до својата прва пол-позиција со Априлија, поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:56.160 минути. Мартин беше побрз од Раул Фернандез од Трекхаус за само 21 илјадитинка од секундата. Првиот стартен ред целосно ќе биде во знакот на Априлија, бидејќи ...

Македонскиот ракометар Дарио Петровски се врати во позната средина во Германија. 28-годишникот се врати во редовите на Звицкау чиј член беше пред две сезони. Минатата година Петровски настапуваше за Ландшут во Четвртата лига, а сега со Звицкау ќе се натпреварува во Оберлига Сахсен, лига која е во рамките на петтиот ранг во германскиот ракомет. View this post on Instagram A post shared by ZHC_Grubenlampe (@zhcgrubenlampe) Во својата кариера ...

Беласица и Работнички ќе го одиграат последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига против Работнички Од струмичкиот клуб потврдија дека дуелот ќе се одигра в недела од 19:30 часот на стадионот „Благој Истатов“, што ќе биде последен тест за екипите пред новата сезона. Беласица се реши за популарен потег и средба под рефлектори, иако се работи за пријателски дуел. Од клубот најавуваат дека ...

Семејството на Лионел Меси доживеа трагедија, бидејќи на 68-годишна возраст почина неговиот татко Хорхе. Човекот кој што му беше и најблизок соработник и официјален агент починал вчера вечер во родниот Росарио по подолга борба со болест. Хорхе имаше огромна улога во фудбалскиот пат на Лионел уште од најмладите години. Таткото беше покрај својот син во периодот кога Меси играше за Њуелс Олд Бојс, а учествуваше и во обезбедувањето на терапијата ...

Арсенал официјално го потврди ангажманот на Бруно Гимараеш, кој по четири и пол години во Њукасл ќе ја продолжи кариерата во Лондон. Бразилскиот репрезентативец потпиша долгорочен договор со „топџиите“ и веднаш ќе им се приклучи на новите соиграчи. Во Арсенал ќе го носи дресот со број 39, а за неговите услуги тимот од „Сент Џејмс Парк“ ќе инкасира повеќе од 87 милиони евра. Our warrior. Welcome to The Arsenal, Bruno Guimaraes — Arsenal ...

Сосема два различни почетоци на сезоната имаа денешните меѓусебни ривали во пресметката во Куманово. Башкими во пресметката со Тиквеш влегува „ранет“ по шесте примени гола во Кратово против Силекс, додека кавадарчани со убедлив триумф од 5-1 над Арсими ја стартуваа новата сезона. И покрај тоа што важат за големи фаворити во денешниот меч, Тиквеш влегува со максимален респект кон противникот, без потценување во обидот да дојде до нова победа ...

Динамо Загреб продолжува со политиката на ангажирање млади и перспективни фудбалери, а најново име во тимот е францускиот тинејџер Ноа Нсоки. 19-годишниот офанзивец во Загреб пристигнува од Пари Сен Жермен, каде што ги мина последните шест години од својата кариера. Динамо не плати обештетување за неговиот трансфер, но ПСЖ се заштити со договорна клаузула според која ќе му припадне половина од сумата при следната продажба на Нсоки. ...

Фудбалскиот клуб Брегалница влезе во подготовките за новата сезона меѓу последните клубови во ПМФЛ. На денешната прес-конференција која ја организираше штипскиот прволигаш, анализа на ситуацијата даде тренерот Никола Кузманов. Тој говореше за подготовките, новите имиња во тимот и она што следува во следниот период. „Оваа година Брегалница имаше задоцнување со подготовките. Бевме изненадени со стартот на сезоната во ПМФЛ на крајот на јули, а ...

Арсими ќе бара поправен резултат по неуспешниот старт на сезоната, а капитенот Арѓент Гафури очекува неговиот тим да одигра многу подобро на гостувањето кај Брегалница во второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Овој тим го очекува сериозен предизвик, но Гафури смета дека периодот меѓу двете кола бил доволен за анализирање на пропустите и подобрување на одредени сегменти од играта. „Не го започнавме првенството онака како што ...

Башкими во второто коло на ПМФЛ има задача да се „оддолжи“ за убедливиот пораз од Силекс (6-0) на стартот на сезоната. Сепак, во Куманово доаѓа екипа која остави силен впечаток, а тоа е Тиквеш кој славеше со Арсими (5-1). Домаќинот меѓу двете стартни рунди направи многу промени, бидејќи промовира дури десет нови фудбалери. Од Башкими очекуваат новите засилувања брзо да се вклопат и да донесат квалитет плус во тимот. Рахман Асани пред ...

Стадионот „Черноморец“ во Одеса беше погоден во руски ракетен напад во петокот попладне, само еден ден пред планираниот натпревар од украинското првенство меѓу Черноморец Одеса и Колос Коваливка. Нападот се случил околу 15:00 часот во јужниот дел на Украина, а цел на ракетниот удар била спортската арена која е една од најголемите во земјата и собира повеќе од 34.000 гледачи. Силната експлозија предизвикала сериозни оштетувања на стадионот. ...

Максим Тренчев од Струмица е еден од најинтересните млади фудбалски таленти од Македонија, а неговите бројки на само 12 години се навистина импресивни. Младиот напаѓач досега постигнал повеќе од 1.800 гола во својата кариера. Тренчев е роден на 15 јануари 2014 година во Струмица, а фудбал почнал да тренира на само пет години. Дел е од платформата „Некст Фудбал Старс“ (NFS), а во досегашната кариера настапувал за Брера од 2019 до 2024 година, ...

Нов скандал го тресе Џани Инфантино, откако британскиот „Телеграф“ објави дека УЕФА исплатила шестцифрена сума на поранешна вработена. Тука немаше да биде ништо спорно, ако за неа не тврдеа дека била во наводна љубовна врска со актуелниот претседател на ФИФА додека тој беше генерален секретар на европската фудбалска организација. Според информациите на британскиот весник, жената во тој период била унапредена на раководна позиција, а нејзината ...

Македонската репрезентација за играчи до 16 години загуби од Исланд на стартот на Европското првенство - Б дивизија. „Црвено-жолтите“ имаа свои моменти, но не успеаја да одговорат на физичкиот пристап на противникот. Селекторот Дејан Стојановски смета дека еден од клучните проблеми бил токму во адаптацијата на играта на Исланѓаните, но и во недисциплинираниот напад. Дополнителен проблем биле грешките при ротациите во зонската одбрана, поради ...

Ливерпул постигна вербален договор со Барселона за позајмица на Роналд Араухо. Договорот меѓу двата клуба е усогласен и одобрен од спортскиот директор на Барселона, Деко. Араухо ќе биде ново засилување за одбраната на Ливерпул, во потег кој претставува големо изненадување на трансфер-пазарот. Уругваецот во новата сезона ќе има можност да заигра во Премиер лигата, по повеќегодишниот период во каталонскиот гигант. Веќе сите детали се ...

Првиот човек на Ф1 Мерцедес, Тото Волф, најави дека тимот подготвува нов пакет надградби за болидот во вториот дел од сезоната, но истакна дека тие ќе бидат воведувани внимателно за да се задржи предноста во шампионатот. Мерцедес одлично се снајде со новите технички правила за 2026 година и сезоната ја отвори доминантно, но во меѓувреме Мекларен и Ферари успеаја да го намалат заостанувањето. „Мораме стратешки да пристапиме. Ќе ги воведеме ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76