Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во машка сениорска конкуренција во 2034 година. Ова беше потврдено на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија, каде претседателот Божидар Ѓурковиќ откри дека веќе се одржани неколку состаноци меѓу претставниците на трите федерации и дека е постигнат начелен договор за заеднички настап во трката за домаќинство. ...
Челзи летово потроши огромни средства на засилувања, но најважното засилување за Чаби Алонсо можеби пристигна без да облече дрес. Лондонскиот клуб го ангажираше Остин Мекфи, специјалист за прекини кој претходно работеше во Астон Вила. Со неговите идеи, тимот од Бирмингем постигна дури 74 гола по прекини. Мекфи најголемо внимание привлече во сезоната 2023/24, кога Астон Вила постигна 25 гола на овој начин. Неговата работа потоа го однесе и во ...
Арина Сабаленка претрпе неочекувана елиминација во осминафиналето на ВТА турнирот во Торонто од серијата 1.000. Подобра од Белорусинката беше Екатерина Александрова со 2-1 по два ипол часа битка. Русинката поведе по првиот тај-брејк (7-3), а потоа Сабаленка одговори со 6-4. Сепак, со истоот тој резултат Александрова го затвори мечот во своја корист. Со ова дополнително е разнишана нејзината позиција на врвот во светскиот тенис. Иако по овој ...
Вардар и Шкендија уште во второто коло ќе го одиграат првото големо дерби во новата сезона на ПМФЛ. Актуелниот шампион денеска од 17:00 часот ќе ја пречека Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, во дуел на двата најголеми кандидати за титулата. Посебен мотив ќе има голманот на Вардар, Давор Талески, кој во минатото го бранеше голот на тетовскиот тим. Сега, сепак, е целосно фокусиран на успех со „црвено-црните“. „Нѐ очекува дерби ...
Скопје го очекува нов тежок предизвик во Првата македонска фудбалска лига. Новиот прволигаш по поразот од Шкендија во премиерното коло денеска ќе се соочи со уште еден сериозен кандидат за висок пласман, Струга Трим Лум. Стружани убедливо ја отворија сезоната со победа над Шкендија Арачиново, но искусниот Кристијан Наумовски верува дека Скопје може да го изненади фаворитот. „Не нѐ помилува распоредот на стартот од првенството, и во првото ...
Струга Трим Лум со убедлива победа над Шкендија Арачиново ја отвори новата сезона, а денеска ја очекува нов дуел со нов прволигаш. Тимот од Струга гостува кај Скопје во второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани се фаворити, но Бесмир Бојку предупредува дека неговиот тим мора максимално сериозно да му пристапи на натпреварот. „Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто ...
Аргентинскиот репрезентативец Тијаго Алмада е официјално најскапиот фудбалер во историјата на аргентинската лига, откако реализираше рекорден трансфер во домашниот шампионат. Алмада потпиша договор со аргентинскиот гигант Ривер Плејт до 2029 година. Зделката изнесува точно 20 милиони евра, сума која Ривер му ја исплати на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид за 100% од неговите права. Со оваа сума, 25-годишниот Алмада го собори минатогодишниот ...
Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, вторпат во клупската историја го освои престижниот Докерти Kуп, триумфирајќи изутринава во финалето во Мелбурн со 3-1 над големиот ривал од грчката заедница Хајделберг Јунајтед. Финалето, кое се одигра пред преполни трибини на стадионот „Лејксајд“ и под засилени безбедносни мерки, донесе тензии на теренот од самиот почеток, а Престон Лајонс до триумфот дојде ...
Дербито на второто коло од Првата македонска фудбалска лига ќе биде одиграно на Националната арена „Тодор Проески“, каде што силите ќе ги одмерат најтрофејниот македонски клуб и актуелен првак Вардар и тетовска Шкендија. Двете екипи ја отворија новата сезона со победи Вардар со 2-0 против Брегалница, а Шкендија убедливо со 3-0 над Скопје, па во меѓусебниот дуел ќе влезат со максимална самодоверба и желба за рано наметнување во трката за врвот ...
Коритиба славеше со 2-1 против Чапекоенсе во натпревар од 22. коло на бразилската Серија А. Сепак, овој дуел го одбележа неверојатна сцена во која во главната улога беше домашниот капитен Џејси. Тој постигна гол и во славјето успеа да се повреди и тоа на неверојатен начин. Џејси во финишот на првото полувреме погоди со глава и веднаш тргна кон трибината за да го прослави голот со навивачите. Во еуфоријата го прескокна рекламниот панел, но не ...
Италијанскиот клуб Удинезе е победник на првиот турнир кој самиот го организираше во својот дом. Шпанскиот првак Барселона загуби од Удинезе со 1-0 на пријателскиот натпревар одигран во рамките на новоформираниот „Фриули Куп“. Турнирот беше триаголник меѓу Удинезе, Барселона и Нотингем Форест, каде секој натпревар траеше само 45 минути. Победничкиот погодок за италијанскиот тим го постигна Вакун Исуф Бајо во последната минута од мечот. Пред ...
Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија и Кристијан Јанев и Ерион Незири се победниците во конкуренција на двојки на турнирот „Неопком опен 2026“ што се одржува на терените на ТК Југ. Турнирот е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години. Митевска и Глушкова без поголеми проблеми со само еден загубен гем го добија финалето против Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија со 2-0 во сетови (6-0, 6-1) и ја ...
Поранешниот НБА кошаркар Марио Чалмерс повторно се вклучи во вечната дебата околу тоа кој е најдобриот кошаркар на сите времиња. Иако со години беше соиграч со Леброн Џејмс во Мајами, Чалмерс нема дилема - за него, број еден е Мајкл Џордан. „Човекот има 6-0 во финалињата. Целосно доминираше во деведесеттите. Да, Брон има девет последователни финалиња, но не доминираше како Џордан, кој практично ја одбележа целата декада. Во деведесеттите само ...
Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Алкорта, изјави дека главната причина поради која Винициус Жуниор и Килијан Мбапе сè уште не успеале да воспостават вистинска соработка на теренот е нивното его. Мбапе пристигна во Мадрид во 2024 година со огромни очекувања, но партнерството со Винициус не се разви онака како што се очекуваше. Според Алкорта, проблемот не е во квалитетот на двајцата фудбалери, туку во тоа кој ќе има главна улога ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стави крај на шпекулациите за иднината на Хулијан Алварез и порача дека клубот нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач ова лето. Во последниот период се пишуваше дека Алварез сака да го напушти клубот, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажуваше Барселона. Во игра наводно беа и Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ. „Ситуацијата е многу јасна. Клубот донесе одлука и веќе беше објаснето каков ...
Интер го совлада Јувентус со 2-1 на пријателскиот натпревар во Перт, но тренерот на „нероаѕурите“, Кристијан Киву, не беше целосно задоволен од изданието на својот тим, особено во второто полувреме. Романскиот стратег даде искрена изјава и најави дека неговите играчи треба уште да поработат за да ја достигнат потребната физичка форма пред почетокот на сезоната. „Секогаш можеме подобро. Добро е што турнејата ја завршуваме без повреди, но сè ...
Лоренцо Пелегрини официјално стави потпис на нов договор со Рома, со кој останува на „Олимпико“ до 2027 година, потврди денеска римскиот клуб. Пелегрини е еден од фудбалерите кои речиси целата кариера ја минаа во Рома. Италијанскиот играч за врска е продукт на клупската академија, а досега има забележано повеќе од 300 настапи во дресот на „волчицата“. „Како фудбалер кој ги помина сите младински категории во академијата на Рома, Пелегрини ќе ...
Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа од 2-1 против Ференцварош во пријателски натпревар одигран во рамките на летните подготовки за новата сезона. Тимот предводен од Жозе Мурињо стигна до втор триумф во подготвителниот период, по претходната победа над Леганес и ремито против Фиорентина. „Кралевите“ поведоа во 41. минута преку младиот Марио Ривас, кој донесе предност за мадридскиот состав пред заминувањето на полувреме. Само четири ...
Екипата на Пелистер со пораз го заврши циклусот на контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако денеска беше совладан од албанскиот Поградец со 4-2. Битолчани одиграа израмнето прво полувреме и на паузата се замина со резултат 1-1. Стрелец на погодокот за Пелистер во првиот дел беше Христов. Во продолжението беа постигнати уште четири гола, а Поградец успеа да ја искористи својата ефикасност и да стигне до победата. Вториот ...
Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, се обрати во пресрет на дерби-натпреварот против Вардар во второто коло од Првата македонска фудбалска лига и нагласи дека тимот е целосно подготвен и во Скопје патува со единствена цел, освојување на трите бода. Најпрво, тој се наврати на својот настап против Хибернијан во Конференциската лига, Рамани истакна дека во Шкендија секој играч мора да биде подготвен кога ќе добие шанса. „Во клубот сме 25 ...
Македонскиот прволигаш Башкими испрати поддршка до својот голман Бесјан Алиу, кој заработи повреда на раката за време на денешниот натпревар против Тиквеш. Од клубот му посакаа брзо и успешно закрепнување на младиот чувар на мрежата, со надеж дека што поскоро ќе се врати на терените и повторно ќе му помогне на тимот. „Му посакуваме брзо закрепнување на нашиот талентиран голман Бесјан Алиу, кој се повреди на раката на денешниот натпревар ...
Во текот на летото многу се зборуваше за францускиот Асвел, особено по најавите дека клубот ќе располага со буџет од неверојатни 59 милиони евра и дека ќе донесе серија звучни засилувања. Сепак, плановите не се одвиваа според очекувањата, а најзвучното летно засилување, Силвен Франциско, реши да го напушти францускиот клуб и да потпише за Панатинаикос. Асвел во меѓувреме го продолжи договорот со Евролигата за следните десет години, но ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го забележа вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата, кое се одржува во Македонија, откако беше поразена од селекцијата на Хрватска со убедливи 112-57. Избраниците на селекторот имаа солидно прво полувреме и успеваа да одржуваат резултатски приклучок, иако хрватската репрезентација во најголем дел од тој период ја контролираше играта. На паузата противникот имаше предност од ...
Екипата на Брегалница Штип извојува победа над Арсими 1973 со убедливи 4-0 (2-0) во натпреварот од второто коло на Првата македонска фудбалска лига, со што ги впиша првите три бода во новата сезона. Домаќинот многу подобро го започна мечот и бргу покажа дека е мотивиран за добар резултат. Методи Максимов беше постојана закана за гостите, се пробиваше по сите страни од теренот, а потоа и асистираше за Мартин Стојанов, кој погоди за 1-0 во ...
Македонскиот тренер Един Нурединоски има нов предизвик во кариерата. Нашиот фудбалски стратег потпиша договор со екипата на Ал-Рамтха од Јордан - трикратен шампион на оваа држава., каде ќе работи во стручниот штаб. Нурединоски влезе во тренерските води во 2020 година. Активната играчка кариера ја започна во Вардар, а заврши во Арис Лимасол. Покрај Вардар, го бранеше голот и на други македонски клубови, како Слога Југомагнат, Победа, ...
Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, почина во мај годинава на 29-годишна возраст, а сега се откриени и деталите од медицинскиот извештај за неговата смрт. Според канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес, Кларк починал како последица на комбинираното дејство на хероин и кокаин, а смртта е класифицирана како несреќен случај. Кларк бил пронајден без свест во спалната соба на 11 мај, а лекарите констатирале смрт во ...
Начинот на кој Њукасл Јунајтед се збогуваше со Бруно Гимараеш предизвика големо внимание во Англија. Наместо емотивна порака за капитенот и еден од најважните играчи во новата ера на клубот, соопштението беше прилично „студено“ и најмногу се фокусираше на финансискиот аспект од трансферот. Клубот истакна дека станува збор за една од десетте најголеми трансферни отштети во историјата за играч на 28 или повеќе години, како и за рекордна сума за ...
Манчестер Јунајтед одигра нерешено (1-1) против актуелниот европски шампион, ПСЖ, во пријателскиот натпревар во шведскиот Гетеборг. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а англискиот тим остави солиден впечаток против силниот француски ривал. ПСЖ дојде до предност уште во втората минута, кога Ембаје, по асистенција од Фернандез, го совлада Хитон за 1-0. Јунајтед израмни половина час подоцна. Мбеумо доби топка на левата страна, влезе ...
Рома доживеа убедлив пораз од Брајтон (3-0) во последниот натпревар од подготовките на англиско тло, што е уште еден сигнал дека тренерот Џанпјеро Гасперини има многу работа пред стартот на новата сезона. „Волчицата“ не воодушеви со настапите на Островот, а покрај резултатите, загрижува и фактот што тимот сè уште не ги спроведува идеите на новиот тренер на посакуваното ниво. Дополнителен проблем е што на составот му се потребни и нови ...
Екипата на ГФК Тиквеш си ја заврши задачата и запиша нова убедлива победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадарчани како гости славеа над Башкими (5-0) и остануваат на врвот на табелата. По убедливиот триумф над Арсими, тимот славеше и над Башкими со висока разлика. Тимот си ја заврши задачата и одигра доминантен натпревар, во кој од почетокот до крајот имаше контрола и исходот против еден од тимовите кои се очекува да одат во ...