По успешниот настап на Европското првенство и освоеното деветто место, денес машката кадетска репрезентација на Македонија беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Претседателот Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни ...

Еден од најдобрите стрелци во Првата ракометна лига, Јован Атанасовски, во новата сезона ќе има нов предизвик. Тој го напушта штипски Текстилец и кариерата ќе ја продолжи во Вардар Неготино. Атанасовски во изминатите неколку сезони се наметна како еден од најопасните стрелци во Првата лига, а квалитетот го потврди и минатата сезона. Во дресот на Текстилец на 22 натпревари постигна 160 голови, односно во просек повеќе од седум погодоци по ...

Македонскиот шампион Вардар во дербито против Шкендија на Арената „Тодор Проески“ му даде шанса на еден од најголемите таленти во својата школа, а 16-годишниот Огнен Јаков со тоа се запиша во клупската историја. Јаков, кој на крајот на јуни наполни 16 години, го имаше своето деби за првиот тим на „црвено-црните“ и доби можност да го покаже својот потенцијал на најголемата сцена во македонскиот фудбал. Тренерот Кристијан Фабијани му укажа ...

Македонскиот првак Вардар ќе добие нов тренер, откако по поразот во дербито со Шкендија, клубот и Кристијан Фабијани спогодбено го раскинаа договорот. Аргентинецот дојде во Македонија со високи амбиции, но по елиминацијата од Европа, следеше пораз во дербито со Шкендија кое му пресуди на неговиот престој во Македонија. Авантурата му траеше неколку месеци, откако дојде како наследник на Гоце Седлоски. Кристијан Фабиани е поранешен аргентински ...

Шкендија оствари важна победа против Вардар со резултат 0-2 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скоpje, во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Сенегалецот Фабрис Тамба беше апсолутен херој во големото дерби на македонскиот фудбал. Тој влезе како резерва и со два гола донесе победа за Шкендија. По натпреварот не го криеше задоволството од перфектното попладне. „Ова беше тежок натпревар поради временските ...

Словенечкиот кошаркар Ален Омиќ во интервју за „Basketball Sphere“ говореше на повеќе теми, а меѓу нив се најде и името на македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Поточно, се работи за периодот во Црвена Звезда, во кој за Омиќ, негов најдобар соиграч бил толку Македонецот. „Кога би можел да издвојам еден човек кој баш ми се допаѓаше тоа беше дефинитивно Перо Антиќ. Се грижеше за мене, ми даде многу, секогаш ми помагаше, така да за мене ...

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. „Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден. Сепак, имавме ...

Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Нелсон остави длабока трага во НБА-лигата, особено како тренер, а во кариерата освои бројни признанија и постави рекорди. Нелсон 12 години го држеше рекордот во НБА по бројот на победи, со 1.335 триумфи, пред во 2022 година да биде надминат од Грег Попович. Во тренерската кариера ги предводеше Милвоки Бакс, Њујорк Никс, Далас ...

Италијанскиот прволигаш Каљари официјално го потврди ангажманот на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој пристигнува од Аталанта. Трансферот е реализиран како едногодишна позајмица вредна еден милион евра, со условна задолжителна опција за откуп во висина од осум милиони евра плус дополнителен милион преку бонуси. Доколку клаузулата биде активирана, 24-годишниот фудбалер ќе потпише договор на пет сезони. Синот на легендарниот Паоло ...

Ренџерс доживеа домашен пораз од Хибернијан со 1-2 во второто коло од шкотската Премиер лига. Овој натпревар се одигра само неколку дена пред реваншот на Хибернијан со Шкендија во Скопје во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Гостите на „Ајброкс“ поведоа во 11. минута преку Џош Кембел од пенал, откако судијата покажа на белата точка по прекршок во шеснаесетникот. Ренџерс израмни во 85. минута со автогол на Чаива, но Хибернијан до ...

Несекојдневна сцена се случи во Уругвај, каде што фудбалска топка директно предизвика сообраќајна незгода за време на натпреварот меѓу Уругвај Монтевидео и Пајсанду од втората лига на тамошниот фудбал. Во 25. минута домашниот дефанзивец силно ја исфрли топката надвор од теренот обидувајќи се да го запре противничкиот контранапад, но таа заврши на прометната улица веднаш покрај малиот терен „АНКАП Парке“. Двајца возачи закочија навремено, ама ...

Пари Сен Жермен го официјализираше враќањето на Лука Дињ, кој по повеќе од една деценија повторно ќе го носи дресот на францускиот гигант. Францускиот репрезентативец стави потпис на тригодишен договор со актуелниот европски шампион, кој за неговите услуги плати седум милиони евра. ПСЖ ја активираше излезната клаузула во договорот на Дињ со Астон Вила, па искусниот дефанзивец повторно ќе заигра на „Паркот на принцовите“. Неговата улога ќе ...

Бруно Гимараеш и во Арсенал ќе го носи бројот 39, кој со години е негов заштитен знак во професионалната кариера. Таа бројка ја носеше и во Њукасл Јунајтед, па сега продолжува и во Лондон. Зад необичниот избор стои семејна приказна. Таткото на бразилскиот репрезентативец повеќе од две децении работел како таксист, а неговото возило го носело токму бројот 39. Кога Гимараеш започнувал професионално да игра фудбал, сакал да го избере бројот 97, ...

Еквадорскиот напаѓач Енер Валенсија е нов фудбалер на Бока Јуниорс, откако 36-годишниот напаѓач потпиша договор со аргентинскиот клуб до крајот на 2027 година. Валенсија во Бока пристигнува од мексиканската Пачука. Во богатата кариера настапуваше и за Фенербахче, Евертон и Вест Хем, а еден од најискусните репрезентативци на Еквадор сега ќе го продолжи патот во аргентинскиот гигант. Бока Јуниорс има проблематичен старт на Клаусура лигата во ...

Фудбалерите на Вараждин го совладаа Славен Белупо на гости со 1-4 во натпревар од второто коло на Првата лига во Хрватска. Стрелец на единствениот гол за домаќинот Славен беше македонскиот интернационалец Илија Несторовски. Прилепчанецот се најде на вистинската позиција по топка од Дабро и ја испрати топката во мрежата за да намали на 1-3 во тој момент. Несторовски беше најдобар поединец во својот тим според оценката, но не успеа да помогне ...

Екипите на Ливерпул и Арсенал претрпеа порази во подготовките за новата сезона, откако „црвените“ загубија од Монако со 3-2, додека Борусија Дортмунд беше подобра од „топчиите“ со идентичен резултат. Ливерпул одлично го започна натпреварот и по само 29 минути имаше предност од 2-0. Александар Исак погоди по асистенција од Рајан Гравенберг, а потоа шведскиот напаѓач му асистираше на Флоријан Вирц за вториот гол. Ливерпул - Монако 2-3: Сепак, ...

Навивачката група „Комити“ испрати јасна порака до фудбалерите по поразот од Шкендија (0-2) во второто коло на ПМФЛ. Самиот неуспех не е спорен, поразите се составен дел од фудбалот, ама навивачите им замеруваат на фудбалерите поради незалагањето и лошиот перформанс. „Комити“ го критикуваа пристапот на играчите на Вардар и нагласија дека на мечот со Шкендија не виделе ништо од она што треба да го краси тимот. „Ние секогаш сме за тимот, а вие ...

Шкендија го зададе првиот удар во битката за првенството. Во рамки на втората рунда на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), тетовчани славеа на гостувањето кај Вардар (0-2) во рамки на првото дерби оваа сезона во македонскиот фудбал. Вардар покажа доста слабости иако можеше да постигне гол пред да му се случи поразот со предизвикувачот за круната. По крајот на дербито, имаше и физичка пресметка на фудбалери од двата табора, за што допрва ...

Големото македонско дерби меѓу Вардар и Шкендија, кое заврши со победа на тетовскиот тим од 2-0, беше засенето од немили сцени по последниот судиски свиреж на арената во Скопје. По завршувањето на натпреварот дојде до тензии меѓу фудбалерите на двете екипи, кои прераснаа во физичка пресметка на теренот. Дел од играчите влегоа во меѓусебни конфликти и се бркаа низ тревникот, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидуваа ...

Шкендија го зададе првиот удар во битката за првенството. Во рамки на втората рунда на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), тетовчани славеа на гостувањето кај Вардар (0-2) во рамки на првото дерби оваа сезона во македонскиот фудбал. Вардар покажа доста слабости иако можеше да постигне гол пред да му се случи поразот со предизвикувачот за круната. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ почна со доста промени во таборот на Шкендија. Имаше ...

Екипата на Скопје приреди изненадување и како домаќин на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ успеа да извлече бод против фаворизираната Струга Трим Лум (1-1). За „пиратите“ од Автокоманда ова е прв бод по враќањето во Првата македонска фудбалска лига, во рамки на втората рунда. Струга играше офанзивно уште од стартот и беше екипата која главно создаваше шанси на дуелот на тренинг-центарот на ФФМ. Се нижеа шанси како на филмска лента, ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на АТП Мастерс турнирот во Синсинати, откако италијанскиот тенисер официјално се повлече поради повреда. Организаторите на турнирот потврдија дека светскиот тениски ас има проблеми со коленото, поради што нема да може да настапи на престижниот турнир во САД. Веста беше објавена преку официјалните канали на АТП Мастерс Синсинати на социјалната мрежа „Х. Отсуството на Синер претставува голем ...

Искусниот црногорски ракометар Мирко Радовиќ има нов клуб и во новата сезона ќе биде нов член на екипата на Будуќност Подгорица. Едно од најпознатите имиња во црногорскиот ракомет и поранешен капитен на репрезентацијата на Црна Гора зад себе има богата и успешна кариера. Во дресот на Ловќен беше лидер на тимот и еден од неговите најважни играчи. Радовиќ во текот на кариерата стекна и значајно интернационално искуство, настапи во странство, на ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе интересна одлука за натпреварот меѓу ПСЖ и Астон Вила, кој во 2026 година ќе се одигра на „Ред Бул Арена“ во Салцбург, Австрија. За првпат во историјата на ова натпреварување, мечот ќе го суди арбитар кој не доаѓа од европска конфедерација. Главен судија ќе биде Сомалиецот Омар Артан, со што ќе стане првиот неевропски арбитар што ќе ја води оваа пресметка во нејзиното 51. издание. Целиот судиски тим ...

Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство, откако во последниот натпревар славеше убедлива победа над Израел со 39-29. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски до триумфот стигнаа благодарение на одличното второ полувреме, во кое целосно го надиграа противникот. Воедно, младите македонски ракометари по вторпат за неколку месеци покажаа дека се подобри од Израел, откако претходно славеа и во ...

Екипите на Вардар и Шкендија ќе го одиграат првото дерби во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во рамки на 2. коло од шампионатот, а тренерите ги одредија стартните состави. Кристијан Фабијани и Артим Положани ги имаат адутите за мечот во Скопје. Вардар: Талески; Јанкулов, Матиќ, Велковски, Цветковски; Николов, Бабунски; Родригеш, Кастанеда, Пулејо; Омерагиќ Шкендија: Рамани; Трумчи, Мељичи, Манев, Ислами, Зејнулаи, ...

Возачот на Трекхаус, Раул Фернандез, триумфираше на Големата награда на Британија, 12. трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, која се возеше на патеката „Силверстоун“. Шпанецот ја запиша својата втора победа во кралската класа и прва по триумфот на „Филип Ајланд“ во октомври минатата година. Воедно, Фернандез стана 12. различен победник на британското Гран При во последните 12 изданија на трката. Фернандез низ целата трка беше недостижен за ...

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 3-1 против Атлетико Мадрид во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона. Шпанскиот тим имаше предност по првото полувреме благодарение на погодокот на Домингез, кој стрелаше по асистенција на новото засилување Јулман. Сепак, избраниците на Енцо Мареска во вториот дел целосно ја презедоа контролата и направија пресврт. Главна фигура беше Омар Мармуш, кој постигна два гола во период од само ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го заврши настапот на Европското првенство од Б-дивизијата во Тулчеа, Романија, со пораз од селекцијата на Естонија со 76-64. Естонките имаа подобар почеток на натпреварот и по првата четвртина стекнаа предност од 21-13. Македонските кошаркарки се обидуваа да се вратат во игра, но противничката селекција успеа да го контролира резултатот во текот на целиот меч и на крајот ...

Паоло Малдини откри дека Пеп Гвардиола бил сериозен кандидат за нов селектор на Италија и дека договорот бил на чекор од реализација. Во интервју за „Кориере дела Сера“, легендата кој на функцијата прв оперативец на Фудбалскиот сојуз на Италија се задржа многу кратко, раскажа дека заедно со Леонардо отпатувале во Барселона на разговор со Гвардиола. „Тој најдобро ја отелотворуваше нашата визија. Преку пријатели дознавме дека размислува за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58